IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4849505152 61>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2010 во 08:35
Вест Хем убедлив против Јунајтед, Арсенал славеше над Виган
Вест Хем со убедливи 4-0 го совлада Манчестер Јунајтед, Арсенал сигурно со 2-0 го победи тимот на Виган во рамките на 1/4 финалните натпревари од Карлинг Купот.
Манчестер Јунајтед доживеа дебакл на Аптон Парк, Вест Хем победи со убедливи 4-0 и се пласираше во 1/2 финалето од Карлинг Купот.

Сер Алекс Фергусон настапи без речиси целиот прв тим, оние кои излегоа на теренот мораа да дадат повеќе.

Вест Хем го отвори резултатот во 22та минута кога Џонатан Спектор со глава постигна гол за водство од 1-0.

Во 37та минута Спектор постигнува нов гол за сигурно водство на Чеканите од 2-0.

По десет минути игра во второто полувреме, Карлтон Кол реализира за 3-0, истиот фудбалер во 67та ги постави конечните 4-0.

За разлика од Манчестер Јунајтед, Арсенал ја оправда улогата на фаворит и го победи Виган со 2-0.

Топџиите поведоа со автоголот на Алкараж во 41та минута, Никлас Бендтнер во 65та погоди за 2-0.

Арсенал остана единствениот тим од големата четворка да се бори за трофејот во Карлинг Купот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2010 во 12:23

ФИФА денеска ќе ги објави домаќините на мундијалите во 2018 и 2022

 
Светската Фудбалска Федереција (ФИФА) денеска ќе го објави домаќините на мундијалите во 2018 и и во 2022 година.

Англија, Белгија, Русија и заедничка кандидатура на Шпанија и Португалија, ова се претендентите за светското фудбалско првенство во 2018 година. Според кружниот систем во кој домаќините на мундијалите ротираат редоследно од различен континент секои четири година, во 2018 редот и е на Европа. Англија се смета за најсериозен кандидат. Во предизборието таборите на Англија и на Русија влегоа во тешка војна на зборови во кој имаше серија меѓусебни обвинувања и неумесни квалификации.
Списокот кандидат за Светското првенство во 2022 е многу поколоритен. Во трката се САД, Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Катар.
Земјите кандидатки од вчера ги почнаа презентациите на нивните програми. Се очекува домаќините на мундијалите во 2018 и во 2022 да бидат објавени околу 16 часот по македонско време. Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер тогаш ќе ги отвори пликоата со имињата на организаторите.
Наредното Светско фудбалско првенство во 2014 ќе биде одржано во Бразил.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2010 во 12:45
Што мислиш кој ќе ги изберат?
Мое мислење е дека за 2018 ќе биде Англија, помали се шансите за Белгија... а за 2022размислување Сад
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2010 во 12:57

За 2018 мислам дека ќе биде Англија ,а за 2022 Катар.



Изменето од емил - 02.Декември.2010 во 12:58
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2010 во 17:01

Русија 2018-та и Катар 2022-ра

Русија Катар се организатори на Светското првенство во фудбал во 2018-та и 2022-ра, одлучија 22-та извршни членови на ФИФА на гласањето во Цирих. Освен Русија во конк*ренција за Мундијалот во 2018-та, беа Англија,  и заедничките кандидатури на Шпанија и Португалија, и Белгија и Холандија.

Во конк*ренција за Светското 2022-ра, освен Катар беа и Австралија, САД и Јужна Кореја.

На гласањето му претходеше и суспензија на двајца од 24-та членови на ФИФА, Нигериецот Амос Адамау и Рејналд Темари од Тахити, кои беа обвинети дека се подготвени да ги продадат своите гласови.

Претседателот на ФИФА иако ги отфрили контроверзиите околу поткупливоста на членовите, тој призна дека веројатно е грешка што истовремено се гласа за домаќините на двете првенства.

Англија, која последен пат беше домаќин на Светското во 1966-та, беше главен фаворит за организирање на Мундијалот во 2018-та, но по скандалот со гласањето и агресивната руска кампања во деновите пред гласањето, нејзините шанси беа сериозно намалени.
Шпанија и Португалија исто така се сметаа за сериозни кандидати за домаќини, додека Холандија и Белгија од почеток беа аутсјдери.

На денешната презентација, пред гласањето, Англичаните се обидоа да ја засилат својата позиција со ангажирањето на Принцот Вилијам, премиерот Дејвид Камерон и Дејвид Бекам, кои ја презентираа кандидатурата на Англија, пред членовите на ФИФА. Освен овие тројца, Англичаните во Цирих донесоа и цела серија славни личности и спортски ѕвезди. Шансите на руската делегација беа сериозно намалени, откако Путин го откажа говорот во Цирих, порачувајќи дека "ФИФА е жртва на негативна кампања и организацијата треба да се остави на мир да ја донесе својата одлука".

Денес први се претставија Холандија и Белгија, по нив следуваа Шпанија и Португалија, Англија беше трета, а Русија четврта. Откако заврши Русија, членовите на ФИФА се повлекоа и започна тајното гласање.

Кандидатите за Светското во 2022-ра, последните презентации ги направија во средата а за најголем фаворит од четворицата се сметаше САД. Освен поранешниот претседател Клинтон, за кандидатурата на САД зборуваше и актерот Морган Фримен. Австралиската кандидатура беше претставена од претседателот на австралискиот фудбалски сојуз и супер-моделот Ел Мекферсон. Главна ѕвезда во таборот на Катар беше Зинедин Зидан, додека Корејците го имаа играчот на Манчестер Јунајтед, Парк Ји-Сунг, кој вети серија технолошки чуда доколку неговата земја ја освои кандидатурата.

Процесот на гласање, предвидува 30 минутни презентации од сите земји кандидати. На 1-ви декември своите финални презентации ги имаа кандидатите за Мундијалот 2022-ра, а на 2-ри декември кандидатите за организатори во 2018-та. Откако ќе завршат сите презентации, 22-та членови на извршниот комитет одат на тајно гласање во седиштето на ФИФА. За да победи еден од канидатите, потребно е да има апсолутно мнозинство - над 12 гласови. Доколку е нерешено, одлучувачкиот глас го има претседателот на ФИФА, Сеп Блатер. По ова, резултатите се ставаат во два оделни пликоа и се носат во ФИФА центарот во Цирих, каде Блатер ги објавува победниците.

Извршниот комитет на ФИФА е составен од:

Претседател: Сеп Блатер (Швајцарија)
Години: 74, живее во Цирих.
Поранешен фудбалер, кој работел и како новинар и адвокат, а се приклучул во ФИФА во 1975 година. Во јуни, 1998 година беше избран за осми претседател на организацијата.
Го има решавачкиот глас при евентуален нерешен резултат од гласањето.

Извршен потпретседател: Жулио Грондона (Аргентина)
Години: 79, живее во Буенос Аирес

Основач на аргентинскиот фудбалски клуб Арсенал, хоби му е спортски менаџмент. Омилен играч му е Диего Марадона, но тоа не го спречи да му врачи отказ по елиминацијата од СП 2010 година.

Потпретседатели 6:

Иса Хајату (Камерун)
Години: 64, живее во Јаунде.
Беше претседател на Африканскиот фудбалски сојуз цели 23 години и член на организацискиот комитет на СП 2010.

Монг Јун Чунг (Јужна Кореја)
Години: 59, живее во Сеул
Претседател е на фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја, а говори англиски, Германски, Јапонски и кинески. Неговиот татко е основач на автокомпанијата Хјундаи, а тој сега е главен акционер.

Џек Ворнер (Тринидад и Тобаго)
Години 67, живее во Ароука

Анхел Марија Виљар (Шпанија)
Години:60, живее во Мадрид
Водечка фигура во кандидатурата на Шпанија и Португалија за домаќин на СП 2018

Мишел Платини (Франција)
Години: 55, живее во Лион
Претседател на УЕФА, поранешен одличен фудбалер кој со својата земја го освои Европското првенство во 1984 година.
Познат по слободните удари, за Франција постигна 41 голови во 71 настапи.

Џеф Томпсон (Англија)
Години: 65, живее во Честерфилд

Претседател на Фудбалскиот сојуз на Англија од 1999 до 2008 година и поранешен менаџер на Донкастер.

Членови 14:

Мишел Хо (Белгија), Рикардо Тешеира (Бразил), Мохамед Бин хаман (Катар), Сенеш Ерзик (Турција), Чак Блејзер (САД), Ворави макуди (Тајланд), Николас Леос (Парагвај), Јунџи Огура (Јапонија), Мариос Лефкаритис (Кипар), Жак Анума (Брегот на Слонова коска), Франц Бекенбауер (Германија), Рафаел Салгуеро (Гватемала), Хани Або Риба (Египет), Витали Мутко (Русија)

Суспендирани: Рејналд Темариј (Тахити), Амос Адаму (Нигерија)
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2010 во 02:28

Снајдер: Подготвен бев и да умрам за Мурињо



Несомнено е дека ѕвездените моменти во својата кариера Весли Снајдер ги доживеа под водство на Жозе Мурињо на клупата на Интер.

Минатата сезона заедно стигнаа до шампионските титули во Серија А и Лигата на Шампионите и беа победници во италијанскиот Куп.

Познато е дека Мурињо по успешната сезона се пресели на клупата на Реал Мадрид, кој во понеделникот го забележа првиот пораз, и тоа од Барселона со 5-0, во дваесеттиот меч под менаџерската палка на Португалецот.

Се чини дека Снајдер и понатаму памети какво убаво чувство било да се работи со стратегот кој знае меѓу фудбалерите да ја врати вербата во сопствените можности.

Еднаш ми рече дека изгледам заморно и ме испрати на одмор во кругот на семејството. Многу тренери во такви моменти говорат за тренинзите, а тој ме испрати на плажа.“

Заминав на Ибица на неколку дена, а кога се вратив бев подготвен да умрам и да убијам некого за него.“ - изјави Снајдер.
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2010 во 03:26
Бекам поради Јунајтед неможе да се пресели во Евертон

%20Откако менаџерот на Евертон Дејвид Мојс најави дека ќе се обиде во својата екипа да го донесе Дејвид Бекам од ЛА Галакси како позајмен до крајот на ваа натпреварувачка сезона се огласи и Бекам за медиумите од САД.

 

„Секогаш е убаво кога знаеш дека некој те следи и се обидува да те ангажира, без разлика дали станува збор за трансфер или за позајмица. Ја почитувам работата на Мојс но јас сум фан на Манчестер Јунајтед едноставно е невозможно да се преселам таму, пред се поради фановите кои ги сакам и ценам.“ - изјави Бекам.

 

Предводникот на „Карамелите“ очигледно ќе мора да најде ново име кое би се преселило како позајмен во Евертон во Јануари. Се шпекулира со имињата на Бентнер, Мачеда и Мауро Зарате од Лацио.
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2010 во 04:50
Катар со ултрамодерни стадиони


Воодушевен што неговата држава ја доби честа да ги нагости најдобрите фудбалери на светот во 2022 година владетелот на Катар, шеикот Мохамед бин Хамад Ал Тани, изрази благодарност и истакна дека неговите сонародници ќе ги исполнат сите очекувања.
- Ви благодарам што верувавте во промени, што одлучивте да придонесете за развој на фудбалот и во овој дел на светот и што му дадовте голема шанса на Катар. Можам да ветам дека ќе се гордеете со нас и со целиот Блиски Исток. Што се однесува до претераната горештина, верувајте ми, тоа воопшто нема да биде проблем, ниту бил некогаш, истакна Хамад Ал Тани.

Катар со само 1.7 милиони жители е убелдиво најмалата земја што ќе организира светско првенство, но со годишен приход од дури 83.000 долари по жител е јасно дека со пари е можно да се решат сите проблеми.

Тропските температури домаќинот ќе ги реши со инсталирање клима-уреди на соларен погон што ќе ја спуштаат температурата од околу 50 степени на пријатни од 19 до 22 Целзиусови. Ултрамодерните стадиони и хотели, како и фантастичната инфраструктура што Катар планира да ги направи во наредните 12 години, гарантираат дека подготвен ќе го дочека Мундијалот и големиот број навивачи кои со нив ќе пристигнат на брегот на Заливот.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 00:37

Фудбал без пиво и голи навивачки

Одлуката на ФИФА за новите домаќини на Светското фудбалско првенство, Русија во 2018 и Катар 2022 година, предизвика спротивставени мислења кај фудбалските експерти, новинари и навивачи ширум светот.

Одлуката за Светското првенство 2018 најмногу беше критикувана од Англија, која очајнички сакаше да се најде на местото на Русија.

Но, Катар предизвика поголема рекација кај германскиот селектор и навивачите, кои освен фудбалот во оваа прилика уживаат и во ладното пиво и разголените жени.

Имено, германски "Bild" ги изнесе сите негативни карактеристики поради кои организацијата во Катар би наишла на потенцијални проблеми.

Селекторот на германската репрезентација, првиот стрелец на златниот гол во историјата на фудбалот, Оливер Биерхов, воопшто не е задоволен со домаќинот за 2022 година.

"Сметам дека целокупното расположение на домаќниот е многу важно.

Во овој случај Катар не е оптимално решение", изјавува Биерхов. Според "Bild" катарското првенство ќе биде досадно, а голем проблем со кој ќе се соочат фудбалските навивачи ќе бидат огормните температури кои достигнуваат и над 40 степени.

Но, можеби и оваа пречка ќе биде надмината доколку во Катар се дозволи конзумирањето на доброто ладно пиво. Имено, пиењето алкохол во земјата е строго забрането, освен во хотелите.

Покрај топлите температури и без ладното пиво можеби фудбалските фанови ќе уживаа во разголените девојки, но и тука не е се дозволено.

Лариса Рикелме може да се збогува со својата популарност во 2022 година бидејќи во Катар разголените девојки сеуште се табу тема, па така секси навивачки нема да бидат дозволени на стадионите.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 01:27
     
Англичаните понижени што фудбалот не се враќа дома



Во својата кампања Англија вложи 15 милиони фунти, но не успеа да ја реализира мисијата

Тагата е голема во секоја земја што поднесе своја кандидатура за организација на СП 2018 и во СП 2022, но во ниту една не владее толку жал како во Англија која беше убедена дека ќе добие прилика да ги нагости најдобрите светски фудбалски репрезентации.

Кога Сеп Блатер прочита „РУСИЈА“, некои Англичани во првиот момент сакаа да веруваат дека претседателот на ФИФА се збуни бидејќи вистината беше горчлива за нив. Во земјата завладеа разочарување, гнев, а одлуката на ФИФА беше дочекана со солзи во очите.

Англија фигурираше како најдобра меѓу заедничките кандидатури на Шпанија и Португалија и Белгија и Холандија и самостојната на Русија. Сепак, епилогот не беше како што очекуваа нејзините граѓани. Сите британски медиуми излегоа со наслови дека Англија е поразена од Русија во гласањето, но според информациите од Цирих, кандидатурата од Островот не го мина ниту првиот круг. Тоа сега е малку важно за Англичаните, а за овој губитокот на СП некои ќе ги обвинат англиските новинари кои два дена пред гласањето објавија приказна за корупција во редовите на членовите на ИО на ФИФА.

„Слушнавме дека сме испаднале уште по првиот круг. Може само да и' честитаме на Русија која имаше фантастична кандидатура. Тешко е да се проголта сето ова. Момците кои говореа за нашата кандидатура беа чудесни, не можеа да бидат подобри. На крајот денот не беше успешен иако дадовме се од себе“, рече поранешниот англиски напаѓач, Алан Ширер, една од многуте познати личности во гламурозната кампања.

„Сан“, „Гардијан“, Би-Би-Си и многу други пишуваат дека „фудбалот за осум години нема да се врати дома“ и дека во Цирих доживеаја понижување.

Без сомнение, острите британски новинарски пера во деновите што следат ќе бидат насочени кон ФИФА и нејзините членови бидејќи сметаат дека кандидатурата на Англија била подобра од сите останати. Сепак, 15 милиони фунти вложени во кампањата очигледно не беа доволни за радост на најголем дел од Островот.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2010 во 02:16

СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО ВО АБУ ДАБИ

Пандев во финалето

Горан Пандев и неговиот Интер утре ќе имаат можност да ја заокружат извонредната година со титула на Светското клупско првенство, откако лесно го совладаа јужнокорејски Сеонгнам со 3:0 во второто полуфинале во Абу Даби. Македонскиот репрезентативец го одигра целиот натпревар на десната страна во нападот, но не се запиша во листата на стрелците, туку победата ја обезбедија Дејан Станковиќ (3'), Хавиер Занети (32') и Диего Милито (73').
По подолго време, тренерот Рафа Бенитес можеше да смета на најдобрата постава, со Пандев, Милито и Ето во навалниот ред, но тоа траеше кратко, бидејќи Весли Снајдер настрада во еден дуел уште во втората минута и, по се изгледа, го пропушта саботното финале со африканскиот шампион Мазембе.
- Да се изгуби Снајдер толку рано, не беше лесно. Моравме да се прегрупираме и приспособиме. Тој има истегнат мускул и не верувам дека ќе може да игра во финалето. Она што ми олесна и мене и на другите е што Милито се врати како ударна игла во нападот - изјави шпанскиот стратег.
На спротивната страна, 90 минути одигра Австралиецот со македонски корени Саша Огненовски, но тој нема да може да го предводи Сеонгнам во мечот за третото место со бразилски Интернасионал бидејќи го доби вториот жолт картон на турнирот.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2010 во 20:10
Nesto otupel spicot na Milito...
Aj, kje bide podobro ponataka...

Nego, informacija koj e proglasen za najdobar fudbaler?
Incredible Blue
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2010 во 06:39
Ето избран за фудбалер на Африка по рекорден четврти пат
Ето%20избран%20за%20фудбалер%20на%20Африка%20по%20рекорден%20четврти%20пат
Напаѓачот на Интер, Самуел Ето ја доби наградата за Најдобар Фудбалер на Африка за 2010 што е негов рекорден четврти трофеј

Интернационалецот од Камерун немаше голем успех со својата земја на Светското Првенство и Африканскиот Куп на Нации но уживаше во добра сезона со Интер каде што стигна до тројната круна.

Во гласањето за Најдобар Фудбалер на Африка за 2010, Ето успеа да ги победи Дидие Дрогба од Челзи и Асамоа Гиан од Сандерленд за да стигне до оваа награда по рекорден четврти пат.

“Задоволство е што повторно ја добив оваа награда.” – рече Ето. “Особено што ја добивам оваа награда по четврт пат помеѓу волку топ конк*ренција.”

“Африка сега има многу добри фудбалери и многу талентирани допрва ќе доаѓаат, па можеби ова е мојата последна шанса.”

Победникот, кој беше прогласен на церемонија во Каиро, беше одбран преку гласање на селекторите на 53те земји членки на Конфедерацијата на Африканскиот Фудбал.

Вечерва исто така беше прогласен и Најдобриот Тренер во Годината, а наградата му припадна на екс-селекторот на Гана, Милован Рајевац, кој беше во конк*ренција со тренерот на Мазембе, Ламине Н’Диае и селекторот на Египет, Хасан Шехата.

Селекцијата на Гана беше прогласена за најдобра селекција пред Алжир и Египет а Мазембе, кој стигна до финалето на Светското Клупско Првенство беше прогласен за најдобар клуб од Африка.

Играчот од средниот ред на Удинезе, Квадво Асамоа беше прогласен за најдобар млад фудбалер на Африка.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 17:19

Фудбалерите бараат зимско СП 2022 во Катар


Светското здружение на фудбалери (ФИФПро) смета дека Светското првенсто во Катар во 2022 година треба да се одржи на зима, а не за време на летото, бидејќи тогаш температурите во оваа земја се превисоки.
- Не е разумно да се организира турнир во земја во која во јуни и јули просечната температура е 41 степен, а до пладне, со помош на голема влажност на воздухот, температурата достигнува и 50 Целзиусови, се вели во соопштението на ФИФПро, во кое се додава:
- На туристите им се советува за време на летото да не патуваат во Катар, а жителите масовна ја напуштаат оваа земја во тој период. Поради тоа сметаме дека Катар нема да пружи соодветни услови за фестивалот на фудбалот какво што е Светското првенство.
Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер неодамна ја поддржа можноста Мундијалот во Катар да биде во јануари 2022 г.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4849505152 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.