|
ЈАС ЗНАМ , НАУЧИ И ТИ..... |
Внеси реплика | страница <1 56789> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Информации за оризотОризот е стар околу 5,000 години, а за негова колевка се сметааат Индија и Кина, од каде што е пренесен во Сирија и источна Африка. Поголемото одгледување на оризот во Европа започнало во VIII век, иако како благодарение на Александар е донесен во IV век п.н.е. Оризот во митологијата на Далечниот исток (Кина, Јапонија) завзема песебно место. Се смета за дар од боговите, односно во некои земји владетелот го сметале за бог на зреењето на оризот. Оризот е производ кој во текот на историјата има нахрането многу луѓе, повеќе од било која земјоделска култура. Денес оризот успешно се одгледува во целиот свет, а највеќе во топлите предели на Азика, Африка и во Средна и Јужна Америка. Енергетска и нутрициона вредност на оризот Покрај пченицата, оризот е највредната житарка во светот и претставува производ кој речиси нема место на светов каде што не се употребува. Во споредба со останатите житарки, оризот има најголема енергетска вредност. Во 100 грама ориз во просек има 12,6% вода, 0,6 гр. масти и 79,5 гр. јаглени хидрати. Богат е со скроб, а сиромашен е со протеини. Од витамини и минерали содржи: пантотенска киселина, тиамин, витамин Б6, рибофлавин, манган, селен, фосфор, цинк, магнезиум и железо. Кафениот или интегрален ориз има поголема прехрамбена вредност од белиот. Содржи повеќе хранливи материи, 3,5 повеќе магнезиум, 4 пати повеќе витамин Б1,5 пати повеќе никотинска киселина и 1,6 пати повеќе фолна киселина од белиот ориз. Лековити својства Оризот се вбројува во диеталните производи. Хранлив е и лесно се вари. Оризовиот скроб во устата помешан со плунката се претвора во шеќер, а во желудникот останува само два часа. За тоа време скоро целиот се разградува. Го регулира крвниот притисок, ја зголемува еластичноста на крвните садови, ја намалува нервозата, штити од артериосклероза, инфаркт, компликации за време на бременоста, а идеален е во исхраната на бубрежно болните личности. Се користи и како храна за бебињата. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Целерот секогаш е здрав Сеедно како го подготвувате - како составен дел од зеленчукот за супа или исечен и пржен заедно со шницли или можеби рендан како салата - целерот секогаш е здрав. Покрај етерските масла што неговиот вкус го прават толку неодолив, содржи и многу железо (за анемичните) и витамин Е (за подмладување). |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сокот од каки го јакне имунитетот
Каки, национално јапонско овошје, е мошне слатко и дава енергија. Под портокаловата лушпа се наоѓа огромно количество бета-каротин. Откако ќе созрее, какито е релативно меко и без дамки. Се јаде слично како и кивито, т.е. се сече на половина, се посипува со малку сок од лимон и се лупи кожичката. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кивито е супер овошје
Во текот на есента и почетокот на зимата кивите се враќаат во полн сјај. Во страв од настинките и грипот сè почесто го консумираме ова зелено овошје кое, за жал, го занемаруваме во останатиот период од годината. Кивите би требало да бидат задолжителен дел од вашето мени бидејќи освен подигнување на имунитетот, имаат и други моќни својства. Кивите потекнуваат од јужна Кина, каде се нарекуваат национално овошје, а во почетокот на 20 век од таму се прошириле на Нов Зеланд. Кивите се одлична комбинација на мал број калории и максимално позитивно делување на организмот. Нутриционистите ги нарекуваат супер овошје, а во продолжение дознајте зошто.
За нега на кожата |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бамјите имаат огромно количество калциум
Во 100 грама бамји има најмалку 84 милиграми калциум. Се берат зелени, недозреани и така се подготвуваат. Гумбо семките се користат и во производството на маргарин. Внимание, гумбо семките брзо се расипуваат, дури и ако се чуваат во фрижидер. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Видови ориз Оризот е основа на здравата кујна. Видете ги само тие Кинези кои го јадат место леб. Оризот лесно заситува и содржи вредни белковини. Го има во разни варијанти. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Замена за јајцата во рецептите
* 1 белка со 1 лажица ленено семе + 3 чаши вода |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Маслинките посилни од антибиотик Кога ќе се спомене маслинка прво се мисли на нејзиното масло, меѓутоа, и листовите од оваа билка се користат во лекувањето. Екстрактот од листовите содржи супстанци кои дејствуваат антибактериски, го јакне имунитетот, го намалува зголемениот крвен притисок, како и концентрацијата на шеќерот во крвта. Бројни медицински студии укажуваат дека помага и во случаи на синуситис, херпес, грип, воспаление на мочните патишта, зголемениот холестерол, артритис, гастритис и хроничен замор. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Киви за студените денови Посветете внимание на исхраната во овие студени, зимски денови. Неопходно е вашето мени да биде богато со витамини и со хранливи материи. Овошјето, особено кога станува збор за витамините, е идеален избор. Кивито спаѓа меѓу најздравото овошје. Содржи витамини од Б- групата, А и Ц, но и нијацин, белковини, калциум и железо. Тоа е одлично овошје за идните мајки, зашто витамините од Б-групата помагаат во правилниот развој на фетусот. Ова овошје е значаен извор на калиум, кој го регулира крвниот притисок, а е богато и со фолна киселина, која ја потпомага синтезата на протеините. Супстанцијата лутеин го штити видот. Најдобро е да се јаде свежо секој ден во поголеми количества. Кивито го намалува холестеролот, ги неутрализира слободните радикали, ги зголемува одбранбените способности на организмот и ја потпомага елиминацијата на токсините од организмот. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како да проверите дали јајцето е варено или не?Не можете да се сетите дали некое јајце е варено или не ? Сите знаеме дека ако завртите јајце веднаш ќе препознаете дали јајцето е варено или не, односно ако тоа се врти без проблем тогаш е варено, ако не се врти, тогаш не е варено. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во кои држави се пие компот?Компотот е традиционален пијалок во Централните и Источните европски држави уште од 1300 година. Тој е лесен, освежителен пијалок, најчесто направен од свежо овошје кое се вари во вода со шеќер и се остава да се излади и кисне. Узвар е компот кој е подготвен од повеќе видови на сушено овошје (оригиналниот рецепт се прави со јаболка, круши и сливи), а понекогаш и бобинки, засладен со мед или шеќер. Узварот се пие на традиционалната вечера на Бадник во повеќе земји и тоа: Украина, Србија, Босна, Русија и во некои други земји од Источна Европа. Тоа исто така е наречен компот од суво овошје кај земјите на поранешна СССР. Компот на другите јазици: * Compot во Романија; |
|
Внеси реплика | страница <1 56789> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |