IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости околу исхраната
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости околу исхраната

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 20>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 00:48

Брашно - совети

* Што е подобро - да се додава брашното во сосот во помали количества или одеднаш во поголемо количество?
При згуснувањето на сосот брашното додавајте го постепено зашто, ако е потребно, секогаш можете уште да додадете, а поголемото количество подоцна не ќе можете да го извадите.

* Зошто е потребно брашното да се пресее при подготвувањето на бисквити?
Брашното пред подготовка на тесто треба да се пресее, особено ако се приготвува смеса за бисквити. Со пресејувањето воздухот влегува меѓу честичките на брашното, па така тестото го прави порастресито.

* Зошто не е добро брашното да се чува на топло место?
Никогаш не чувајте го брашното на топло место, зашто од топлината брашното се "поти", се создаваат грутчиња и може да мувлоса.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 14:51

Подготвување јадења со брокули

Суровата брокула можете да ја комбинирате со друг зеленчук во салати. Цветовите од брокула одделете ги за да бидат со иста големина, а дршите по желба излупете ги. Ставете ги во цедалка и добро измијте ги под млаз вода. Потоа, варете ги 10-тина минути во вриена солена вода или на пареа. Водата посолете ја за да се зачува зелената боја, а со краткото варење ќе се зачуваат сите хранливи состојки. Варената брокула можете да ја подготвите како салата или да ја послужите како гарнир посипана со трошки и рендано сирење.
За гарнир врз варената брокула ставете 1 лажица путер во кој сте измешале 1 лажица лимонов сок или маслиново масло. Брокулата можете да ја послужите и како гарнир во комбинација со варени цветови од карфиол и со варен морков.
За да ги зачувате вредните хранливи состојки, брокулата можете да ја варите на пареа максимум 7 минути. Брокулата можете и да ја динстате - најпрво пропржете ја 2 минути во загреано масло, потоа додадете во неа малку вода, поклопете го садот и динстајте ја околу 5 минути.
Од брокулата можете да подготвите суфле или да ја гратинирате. Брокулата оди со месни и рибји јадења, со тестенини, а во супата од брокули со пршута или со сирење навистина ќе уживате.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 13:39
Совети од кујната

* Питите со овошје треба да ги приготвувате со масло, зашто тоа не се стега како маста.
* Пред варењето млеко потребно е да зовриете малку вода во тенџерето. Така млекото нема да загори.
* При варењето јадења од чадено месо, шунка, чадени ребра и слично, треба да ја фрлите првата вода зашто е солена. Потоа може да го приготвите јадењето според рецептот.
* За месото од стара кокошка побрзо да се свари и за да биде подобро и повкусно, сипете една лажица ракија во водата за варење.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2010 во 07:25


ТЕСТЕНИНИ

31. Како да се подготви домашна тестенина во боја?

Доколку сакате обоена домашна тестенина тогаш, пред да ги измешате јајцата во брашното, ставете лажица пире од домати за црвени тестенини, или добро иситнет варен спанаќ за зелена боја.

32. Како да се направи домашна тестенина?

Доколку сами сакате да направите домашна тестенина, ставете едно јајце во 200 гр. меко брашно, малку вода и масло по желба.

33. Како се вари тестенина?

Тестенината најдобро се вари во доста вода, па така варете 100 гр. тестенина во 1 литар зовриена посолена вода.

34. Кои комбинации на сосови можете да ги послужите со вашата омилена тестенина, шпагети и макарони?

Освен со сос болоњезе, шпагетите можете да ги комбинирате со лук, лути пиперчиња и маслиново масло; босилек, лук и маслиново масло; домати, маслинки и морски плодови. Кај макароните покрај домати можете да комбинирате и тиквички и модри патлиџани.

35. Со што може да ги филувате домашните тортелини и равиоли?

Тестото за домашни тестенини можете да го филувате со разни смеси. Комбинациите на производите во смесите може да бидат различни, на пример: мелено месо и пармезан, спанаќ и свежо кравјо сирење или комбинација на меки сирења.

МОДАР ПАТЛИЏАН

36. Како се печат модри патлиџани на жар?

Решетката на скарата намачкајте ја со масло и ставете ја 7-10 см од изворот на топлина. Резанките палиџани печете ги околу 10 минути, така што само еднаш да ги свртите, а притоа намачкајте ги малку со масло со помош на четкичка. Може да ги намачкате и со комбинација на маслиново масло, лук и зачински растенија.

37. Како да се динста модриот патлиџан?

Нема некоја голема разлика во динстањето на модриот патлиџан во однос на останатиот зеленчук. Патлиџаните исечени на коцки или мали резанки налејте ги со малку вода. Динстајте околу 12 минути во покриен сад. При самата подготовка, на динстаниот патлиџан може да му додадете исечкан домат без семе и босилек, или едноставно на крајот да му додадете исечкан лук и магдонос.

38. Како да го спречите вишокот впивање на маснотија при пржење?

Патлиџаните може да ги ставите и во цедалка од жица над пареа околу 30 минути. На тој начин за печење или пржење ќе ви треба помалку масло.

39. Како да се пече модар патлиџан во рерна?

Патлиџанот се боцка со вилушка за пареата да може да излегува надвор и во рерна се пече на 200 степени околу 20 минути или додека да омекне. Така добиеното пире натаму можете да го користите за мачкање и за сосови.

40. Кои зачини и масла се најдобри во комбинација со модар патлиџан?

Кромид, лук, домати, пиперки, маслиново и масло од сусам.

41. Со што се комбинира патлиџанот?

Патлиџанот се подготвува по желба, со лук, босилек, оригано, рузмарин, естрагон, црн пипер и провансалски тревки. Од зеленчук најдобри комбинации се со домати, тиквички, пиперки и кромид со повеќе маслиново масло.

42. Како да се намали горчината на модриот патлиџан?

Патлиџаните пред подготвување исчистете ги, посолете и оставете да отстојат околу 10 минути, за да ги извлечете несаканите горчливи состојки и водата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2010 во 21:23

Совети од кујната

* За да подготвите домашна сол со лук, тогаш треба да измешате три дела сол со еден дел лук во прав.
* За да подготвите гурманско предјадење со рен, тогаш треба изренданиот рен добро да го измешате со кремасто сирење, па со таа смеса да ги премачкате тенките парчиња печен бифтек. На средината од месото ставете потпечени шпаргли, па завиткајте ги во вид на ролат.
* За да подготвите едноставен прилог од праз, тогаш треба празот да го исчистите и да го измиете, да го исечете на тркалца и да го динстате на малку масло. Во динстаниот праз може да додадете малку лук и ѓумбир во прав.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 14:46
Брзо киселење

Потребно:

* 1 кг зелка
* 200 мл оцет
* 200 г шеќер
* 2 дафинови листа
* сол

Приготвување: добро исчистете ја зелката, ситно изрендајте ја, посолете ја и оставете ја да се исцеди. Во меѓувреме, ставете ги оцетот, 600 мл вода, шеќерот и дафиновите листови во тенџере, па сварете ги, т.е. да врие додека не се стопи шеќерот. Добро исцедете ја зелката, ставете ја во тегли добро притискајќи ја, прелијте ја со приготвената киселина и затворете ги теглите со целофан. Вака приготвената зелка ќе биде готова за пет-шест дена.

*Замрзнување

Приготвување: исечете ја зелката на помали делови, отстранете ги сите оштетени листови и бланширајте ги парчињата околу 90 секунди. Ставете ги изладените парчиња во ќесички и замрзнете ги. Или изрендајте ја зелката, бланширајте ја само половина минута и, изладена и исцедена, замрзнете ја во вреќички.
Рок на траење: 10-12 месеци.
Одмрзнување: не е потребно, замрзнатата зелка може да ја варите во вриена вода или да ја динстате.

***

Дивата зелка за храна ја користеле жителите на европското крајбрежно подрачје уште во предисториско време, а старите Словени ја откриле постапката на киселење.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2010 во 07:15

ЦВЕКЛО

43. Колку парчиња цвекло доаѓа на еден оброк?

На еден оброк послужете по 3-4 мали цвекла.

44. Кои зачински растенија и зачини одат во комбинација со цвекло?

Ловоров лист, каранфилче, власец, копрец, лук, сенф, рузмарин, мајчина душичка, лимон, рен.

45. Дали треба да се посоли водата во која се вари цвеклото?

Кога се знае дека во цвеклото има голема количина на натриум, кога се вари водата не треба да се соли.

46. Може ли да се користи свежо цвекло?

Да. Цвеклото може да се корсти за добивање нутриционистички многу вреден сок, а ренданото цвекло како вкусен додаток на салатите. За да го одбегнете бојадисувањето на останатите состојки во салатата, цвеклото додајте го непосредно пред послужување.

ПИПЕРКА

47. На кој начин се полнат половинки од пиперка?

Ако полните половинки од пиперка отстранете ги жиличките и семките, но не и рачките, бидејќи тие при варење и печење ја одржуваат формата на пиперката.

48. Која сорта на пиперки се користи за подготвување на раженчиња?

Црвената месната пиперка добра е во комбинација со месо или риба во форма на раженче. Треба да се внимава големината на нарежаните пиперки да не биде поголема од месото, а за рабовите при печењето да не изгорат.

49. Како да се подготви едноставно јадење со пиперки?

Разновидни динстани пиперки, исечени на коцки се ставаат во огноотпорен сад, над нив ставете цели или изматени јајца и печете во рерна. Послужете како самостоен оброк со леб.

50. За подготовка на кои јадења може да се користи динстана или печена пиперка?

Динстана или печена пиперка може да се користи во комбинација со сос од домати, моцарела и маслинки, или како фил за пица.

51. Како се конзервираат и користат печените пиперки?

Печените пиперки со рачки можете да ги чувате во масло и да ги користите како прилог или салата.

52. Како се печат пиперки?

Цели пиперки печете ги во рерна на 220 степени околу 30 минути, а исечени на иста температура околу 15 минути.

53. Како пред подготовка да се измијат пиперките?

Пред подготовка, пиперките со рачки измијте ги под млаз вода и потоа исечете ги, а не обратно.

54 .Како да се подготват пиперки за чување во кисел прелив?

Во кисел прелив пиперките може да се чуваат цели, печени, полнети со зелка.

55. Во кои јадења во светската кујна пиперката е неизбежна?

Пиперките се неизбежен производ во јадења со цоус-цоус или за полнење на тортиљи.

56. Која е нутритивната вредност на пиперката?

Пиперката содржи најмногу витамин Ц од сите видови зеленчук и овошје. Затоа се препорачува што повеќе козумирање во свежа состојба.

57. Како да се одбегне лутиот вкус на пиперката?

Острината на пиперката и ја дава алкалоидот капсаицин, што се наоѓа во семките и прегладните бели ѕидови. Затоа треба внимателно да се отстранат и пиперката добро да се измие под млаз вода.

58. На што треба да се внимава при подготвување на јадења со пиперки?

Треба да се внимава пиперката да не се вари долго, бидејќи ќе го изгуби својот типичен вкус, а ќе остане само вкусот на блага горчина.

ДОМАТИ

59. Како да се подготви сос од домати пред да се додаде на тестенина?

Пред да ја прелеете тестенината со подготвениот сос од домати, пожелно е во него да се измеша малку свеж путер, а потоа јадењето да се посипе со рендан пармезан, кој ќе го дополни вкусот на јадењето.

60. Како да се испече јајце во домат?

Одвојте го јајцето од лушпата, истресете го во издлабениот домат и печете во рерна.

61. Со што се полни доматот?

Доматот се полни со помек фил, како што е младо сирење, варен зеленчук, динстано, исечкано месо или варена зачинета риба.

62. Како да се послужи похован домат?

Похован потврд домат може да се послужи за предјадење со сос од мајонез.

63. Кога на јадењето треба да му се додаде концентрат од домати?

Кога ќе додадете концентрат од домати на јадење со месо, на пример на гулаш, направете го тоа кога месото е веќе омекнато, бидејќи киселоста на доматите го забавува омекнувањето на месото.

64. Која е најдобра сорта за сосови и конзервирање?

За сосови и конзервирање добри се доматите со форма на слива.

65. Која е најценета сорта на домати?

Поради дебелиот и вкусен меснат дел со малку семе, јабучарот е најценета сорта домати.

66. Како се лупи домат?

Доматот многу лесно ќе го излупите ако на врвот малку го засечете како крст, па накусо да го ставите во вода што врие.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2010 во 16:20

Виното во кујната

* Белото вино и шери обично се употребуваат во јадења од пилешко и морски плодови, потоа со сирења, крем супи и лесни светли сосови.
* Црното вино ја засилува аромата на јадењата од црвено месо, дивеч и на месните сосови.
* Сувите и лесно слатките вина се препорачуваат за лесни предјадења, а таквите вина добро одат и со состојките во облик на суво месо, риби и морски плодови.
* Тестенините со сирење стануваат повкусни со додавање малку розе или црно вино.
* Тоа се однесува и на јадењата од јајца, но со помош на суво бело вино или розе.
* Додека се динста зеленчукот, се додава малку бело вино и се остава аромите да се спојат.
* Виното може да се употребува и во маринади. Алкохолот и киселините го омекнуваат месото и истовремено го ароматизираат.
н Виното обично се додава во јадењата на средината или пред крај на готвењето.
* Времето потребно за варење на виното зависи од бојата: белото вино се загрева пократко, а црвеното додека речиси не испари и бојата не стане темна, речиси кафена.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2010 во 16:22

Совети од кујната

* Во исхраната треба да се форсираат листовите од магдоносот. Се употребува додека е свеж. Во јадењата се става непосредно пред да се тргне тенџерето од рингла.
* Кората од лимонот треба да се зачува зашто може ефикасно да се употреби за отстранување на непријатните мириси од кујнските садови.
* Тестото за палачинки станува подобро ако првин се измешаат млекото и брашното, па дури потоа да се додадат јајцата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2010 во 04:39

МОРКОВ

67. Со кои зачини добро оди морковот?

Со морковот добро одат следните зачини: магдонос, нане, мајчина дучишка, мајоран, мускатно оревче, џумбир, кари.

68. Зошто се додава морков во подготовка на некои сосови?

Морковот скоро секогаш се користи кога се подготвува сос од домати, било основен или оној со додаток на месо. Морковот може да е исечен на коцки, па потоа со сите состојки за сосот да го пропасирате, а може и да го изрендате. Тогаш не е потребно дополнително да се пасира.

69. Како да се замрзне морков?

Одберете моркови со средна големина, па измијте ги и исушете. Помалите моркови може да ги оставите цели, а поголемите да ги исечете на коцки или стапчиња. Пред замрзнување морковите малку се проваруваат во зовриена вода (се бланшираат) 5 минути, а сечените околу 2 минути. Морковите се ладат во вода со мраз околу 5 минути. Се ставаат во пластични кеси и се замрзнуваат.

70. Како се маринираат моркови?

Бланшираните исечени моркови се прелеваат со дресинг од лимонов сок, сенф, маслиново масло, исечкан кромид, лук и магдонос. Така маринираниот морков се остава да отстои неколку часа, па послужете го како салата или мал оброк.

71. Како може да се глазира варен морков?

Варениот морков исечен на стапчиња може да се глазира со сок од портокал и путер.

72. Како се подготвува морков?

Младите моркови се чистат со четка, а во есен и зима морковите се стружат. Веднаш се подготвуваат бидејќи на светлина поради стоење на воздух им се намалуваат витамините.

73. Зошто при употребата на морковот добро е да му се додаде масло?

Морковот содржи најмногу каротин, кој со малку маст во телото преминува во витаминот А. Затоа секогаш во него ставете масло, дури и во сокот од морков.

74. Како се подготвува морков за првање десерти?

Морковот успешно се користи за правење десерти. Ситно изрендан може да се употреби во мрсни пандишпани, а како дел од филот добар е за штрудли. Извонредни се и топчиња од моркови со ореви и рум.

РОТКВИЦА

75. Покрај во салати, како уште може да се користат зелените листови на ротквицата?

Може да се користат како додаток на чорби или варива. Од младите листови на ротквици што се берат пред цутење, може да се подготви вкусно јадење, слично на она од спанаќ.

76. Дали ротквицата може да се комбинира со риба и морски плодови?

Бистрата супа од домати ќе биде повкусна ако во топлата супа додадете малку млади листови од спанаќ и на резанки исечена ротквица. Салатата од ротквици е интересен и поинаков прилог за печена риба.

77. Дали ротквиците освен со свежи може да се комбинираат и со твди и полутврди сирења?

Секако, како дел од месни послужувања или исечена на коцки во комбинација со тврдо сирење и исечкан млад кромид, зачинета со прелив за салата на база на мајонез и кисела павлака, сервирана на листови зелена салата.

78. Доколку сте љубители на кинеска храна и ротквици, како тогаш да се подготват?

Исчистените ротквици може да ги притиснете со подебелиот дел од чаша да ги посолите и да ги оставите да се маринираат околу 15 минути на собна температура. Подгответе прелив за салата од оцет, сос од соја, масло од сусам и свеж сок од џумбир. Додајте сок од ротквица, па се заедно додадете на ротквиците. Пред послужување, ротквиците треба да се изладат во фрижидер.

ТИКВА

79. Како да се употребат семките од тиква?

Исчистените семки од тиква може да ги испечете и посолите, па да ги користите како грицки, но во умерени количини. Од семките се прави и масло, кое е богат извор на цинк и незаситени масни киселини.

80. Како да се подготви мармалад од тиква?

Мармаладот од тиква може да го подготвите на вообичаен начин, но и да го комбинирате со овошје, на пример со јаболко или дуња.

81. Како да се гратинира тиква?

Накусо варената (бланширана) тиква може да се прелие со топено рендано сирење, или со бешамел сос, па да се потпече во рерна (гратинира).

82. Како се користи тиква при послужување на јадења?

Печена и исчистена цела тиква, на која сте и го исекле горниот дел, може многу декоративно да послужи и за сервирање на готови јадења од меснатиот дел на тиквата, како што се супи, варива и сосови.

83. Како да се подготви печена тиква?

Пробајте печени половинки од помали тикви со малку путер и јаворов сируп.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2010 во 22:22

Домашна тарана

За да направите домашна тарана потребни ви се:

* 140 г брашно
* 1 јајце
* сол
Замесете мошне тврдо тесто од сите состојки, без да додадете вода. Побрашнете го рендето од најситните дупчиња и подготвеното тесто рендајте го. Ќе добиете мали трошки. Трошките раширете ги на побрашнета површина и оставете ги да се потсушат. Сипајте ги директно во супата и варете ги, исто како и фидето.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2010 во 01:21

ЛУК

84. Како да се подготви ароматичен оцет со лук?

На литар оцет додајте 1-2 чешниња лук.

85. Како во подготвување на јадење да се замени свеж со сушен лук?

Едно чешне свеж лук може да се замени со 1/8 од лажичка лук во прав, 1/4 од лажичка лук во гранули или со ½ лажичка сушен лук во вид на снегулки.

86. Како да се подготви масло со арома на лук?

Измешајте 250 мл растително или маслиново масло со лажичка фино иситнет лук. Пред употреба, маслото треба да отстои најмалку 24 часа, за да добиете максимална арома.

87. Како да се намали непријатниот здив од конзумирање лук?

Со конзумација на свеж магдонос по оброк со лук, ќе го намалите непријатниот мирис, а еве и дополнителни предности на магдоносот-малку калории и значителна количина витамин Ц.

88. На што треба да се внимава при пржење на лук?

Кога лукот се подготвува на масло, многу лесно може да загори, поради што и јадењето попримува горчлив вкус. Затоа лукот се динста најмногу до златнокафена боја.

89. И кај лукот големината е важна. Зошто?

Колку поситно го исечкате лукот или го пасирате, поголем број ситни делови на лукот доаѓаат во контакт со воздухот, па и јачината на аромата што се создава ќе биде поголема. Ако сакате послаба арома, оставете го лукот со лушпата. Должината на варењето ја намалува аромата на лукот.

90. Како да се подготви домашна сол со лук?

Како да добиете сол ароматизирана со лук: измешајте три лажички сол и еден лук во прав.

91. Како лукот најлесно се чисти?

Секое чешне притиснете го со острата страна на нож. Така ќе се ослободи многу тенката лушпа и многу лесно ќе ја отстраните.

92. Со кои зачини може да се комбинира лукот?

Лукот извонредно оди со магдоносот, мајчина душичка, ловор, боровинки и чили.

93. Што е гремолада?

Гремолада е миланска смеса која како и песиладата содржи препечен лук и магдонос, само му се додаваат корички од портокал и лимон. Традиционално, со неа се наросува телешка коленица, непосредно пред послужување, но може да се додаде и во манџи со месо пред самиот крај на варењето.

94. Што е персилада?

Персилада е смеса од пропржени, ситно исечкани ливчиња од магдонос и лук што се додава на многу јадења пред крај на варењето, како што е јагнешко на жар, пржена риба, зеленчук или пилешко.

БОРАНИЈА

95. Можеме ли да користиме свежа боранија?

Свежата зелена боранија не се јаде сурова, бидејќи ја содржи отровната состојка фазеолин, која со варењето се уништува.

96. На што е битно да се обрне внимание кога се вари боранија?

Боранијата продолжува со варење и кога ќе ја извадите од водата. Затоа е важно да ја извадите пред да е готова, или накусо ставете ја во многу студена вода, за да го запрете процесот на варење.

97. Дали може боранијата да се користи за фил?

Зелената боранија може да послужи за филување на месни и рибји филети кои претходно се завиткани во пршута или сланина.

98. Како да се подготви вариво од боранија?

Варивата од боранија може да се подготват во неколку препознатливи комбинации: во сос од лук, со кромид и сланина, со домати, кромид, лук и сланина или со повеќе видови зеленчук.

99. Како наједноставно да се послужи боранија?

Варената, топла боранија испрскајте ја со свежо исцеден лимонов сок или со винаигретте дрессинг (масло, оцет, зачини), измешајте и послужете.

100. Како се купува и подготвува боранија?

Постои зелена и жолта, тркалезна и широко сплескана. Кога купувате боранија внимавајте да не е дрвенеста, да нема развиено семе и цврсти конци. Најчесто се подготвува како салата и вариво.

БРОКУЛА

101. На што треба да се внимава за што повеќе да се зачуваат вредните состојки на брокулата?

Пред термичката обработка што помалку сечете ја и дробите ја, подгответе ја на пареа, а ако ја варите, правете го тоа во што помалку вода. Варењето да трае што пократко.

102. Со кои зачини најдобро се комбинира брокулата?

Ким, копрец, семки од сенф, естрагон, босилек, кари во прав, мускатно оревче или оригано.

103. Како на брокулата да и се зачува убавата зелена боја?

После краткотрајното варење на пареа или во вода, натопете ја во студена вода со коцки мраз.

104. Како да се подготви пржена брокула?

Брокулата се вари, а за тоа време се подготвува тестото. Потсушената брокула се мака во тестото и се пржи на добро загреано масло. Пржената брокула се служи со ладни сосови на база на мајонез.

105. Како да се употребат листовите и стебленцата на брокулата?

Водата во која сте ги вареле цветчињата на брокулата, не ја фрлајте, туку во неа сварете ги ситно исечканите листови и стебленца од брокулата со додаток на зачини по желба. Така ќе добиете вкусна чорба, во која по желбата можете да додадете и друг зеленчук или да ја згуснете со нишесте и додаток на павлака.

106. Како да се подготви зелено пире?

Наместо грашок, со компири може да употребите и брокула, за да добиете хранливо, зелено пире.

107. Од каде потекнува брокулата?

Брокулата потекнува од Италија, а во Франција ја донесла Катерина Медичи.

108. Како наједноставно да се подготви брокула?

Наједноставно брокула се подготвува со маслиново масло, вино и лук, а се препорачува бидејќи содржи антиоксиданси.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2010 во 16:54
Црвена зелка - совети

* Како и каде да ја користите црвена зелка?
Црвената зелка најчесто се користи како салата или како прилог со разни печени меса.
* Како да се задржи црвената боја на зелката?
Ако сакате црвената зелка да ја задржи својата атрактивна боја, варете ја во сад со капак или во експрес лонец со додавање во водата на малку вино или сок од лимон.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 06:10

Мандарините добри за видот и за кадифена кожа

Мандарината по својот состав е мошне слична на портокалот. Во 100 г мандарини има витамин Ц, а тука се и витамините од Б-групата. Од минералите има калциум, магнезиум, цинк, па дури и 160 мг калиум, кој, меѓу другото, е заслужен за добрата работа на срцето.
Општо, агрумите имаат мошне мала енергетска вредност - во 100 г мандарини има само 34 калории. Треба да се нагласи и изобилството на влакна, кои ја вбројуваат мандарината во продукт поволен за поттикнување на варењето.
Најважни фитохемикалии од мандарината се флавоноидите, а жолтата боја е од ксантофилот. Значи, мандарината во својот состав има бета-каротени, а со разградувањето на бета-каротенот, цицачите го синтетизираат витаминот А, кој е заслужен за добриот вид и за кадифена кожа.

***

Почнете го денот со свежо цеден сок од мандарини

Свежо исцедениот сок од мандарини е совршен избор за добар и свеж почеток на денот. Во 100 мл сок од мандарини има калиум, калциум, магнезиум, фосфор, а тука се и железото, цинкот и бакарот, покрај изобилството на антиоксидативни фитохемикалии.
Ако во текот на неделата сте изложени на стрес, на несоодветна исхрана и на тешкотии во системот за варење, тогаш направете викенд- детоксификација на организмот со мирисни мандарини.
Ако ги започнете саботата, неделата и понеделникот со напивка, тогаш може да тргнете во новиот работен викенд целосно подготвени.

***

Агруми коктел

Потребно:
* 2 портокала
* 2 мандарини
* 1/2 лимон
* 1 гранче нане
Приготвување: исцедете ги излупените портокали, лимон и мандарини во соковник, заедно со нането. Непречено може да уживате во свежите мандарини и во сокот од нив, без страв од зголемување на телесната маса, а со гаранција за внесување скапоцени хранливи материи.
ВНИМАНИЕ: за децата и за постарите лица секогаш планирајте напивка од половина количество од сокот и исто толку вода.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.