IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Рехабилитација на Вистинскиот Св. Димитрија Солун
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рехабилитација на Вистинскиот Св. Димитрија Солун

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2010 во 05:42
Interesno e spirose kako site shto ne go spodeluvaat tvoeto veruvanje, tvoeto razbiranje za Boga, Bozhjoto Carstvo i Bozhjiot Sin gi osuduvash kako Bozhji protivnici.

Ubavi paroli, sovrsheni himni za Sovrshenata na Hrista i Sovrshenosta Bozhja i Sovrshenata Svetlina i Sovrshenata Sovrshenost...

No na Sinot Bozhji ne mu trebaat nitu obvinuvanja i sudenja od zemnite cheda, nitu pak paroli koi kje "svedochat" za negovata Sovrshenost i Sovrshenosta na negoviot Otec,... toj kje gi prepoznae onie koi kje se pokazhat na delo vrshejkji ja voljata na negoviot Tatko.

21 ”Секој  што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ нема да влезе во небесното царство, туку оној кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е на небесата.
Матеј, глава 7

14 Зашто тесна е портата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се оние што го наоѓаат.
Матеј, глава 7



I sega da se vratime na temata bidejki, kako i sekogash, postojano se odalechuvame so nekakvi voopshteni fraziranja za Sovrshenosta na Sovrshenoto.


Temata shto si ja postavil e "Rehabilitacijata na Vistinskiot Sv. Dimitrija Solunski", pa ako imash argumenti i fakti so koi kje mozhesh da potvrdish deka onoj za kogo znaeme e lazhniot, a postoi nekoi drug vistinski, togash ponudi gi tuka za nashe informiranje.

Iako tvrdish deka mora sekoja vlast da se pochituva, razbravme deka ne mozhesh da ne upatish kako treba toa da se pravi bez da se pochituvaat nejzinite vodachi, simboli, politiki i ureduvanje, taka shto kje smetame deka se zavrshuva sekoja natamoshna diskusija vo taa nasoka.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2010 во 16:31
Originally posted by spiros spiros напиша:

Македон, Вистината ја ставаат “под тепих“ оние кои на вистинските следбеници Христови им препишуваат свети крвави војни, убиства, полигамии, ... иако тие такви (или слични нешта) никогаш не неправиле!

Знаеш ли чии чеда се чедата на лагата?






   
    


Spirose, на ова нема да ти одговорам, замисли се сам за истото, но, очебијни факти нема да коментирам, затоа што се тоа- факти, независно дали јас верувам во тоа или не. Војната на св.Константин и Лициниј е факт, кој никој досега не го негирал, дури ни Црквата.

Или сметаш дека и Црквата лаже за тоа?
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2010 во 22:35
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Да не одам понатаму и да прашувам што требаше да стори Византија кога Муслиманите го нападнаа Ерусалим.
Да им го препуштат ако толку им се допаѓал тој овоземен Ерусалим. Ако треба и целиот свет... многу побитно е царството Небесно, другото ионака самото ќе ни се даде. Тоа го рекол Христос како Исус од Назарет. Со тоа се` е кажано!


Пред да говориш дека требало да го препуштат толку лесно на напаѓачите, те молам, прочитај го oва.

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Зошто дел од нив заминале во војна заедно со Алексеј I Комнен, па подоцна дезертирале? Зошто не плаќале даноци? Зошто ги отфрлале институциите? Зарем Христос не плаќаше данок?
Затоа што несакале да учествуваат во одржување на систем кој телепатски е инспириран од демоните. Што има лошо во тоа да си имаат свое парче земја и да си живеат на него според своето убедување со можност да им се приклучи кој сака? Токму властодршците требаа да се прашаат а зошто народот им се приклучува на богомилите? Што е тоа што е таму поубаво? Требаше и тие да се приклучат, да бидат еднакви со другите, да живеат од работата на своите раце како што правеле и првите христијани, и тогаш никој не ќе беше против нив, ниту тие ќе беа против другите. Еден ќе беше за сите, сите за еден - Христос.
Државата би требала да биде поради добробитта на луѓето, а не луѓето за добробитта на државата т.е. малцинска банда која со интриги и манипулации им ја наметнува својата волја на граѓаните и им ја цица „крвта„.


На кој начин системот е телепатски инспириран од демоните? Пак ќе прашам, зарем Христос не плаќаше данок?
Во однос на поседувањето земја, не се сложувам дека тоа требале да го сторат на тој начин што ќе станат бунтовници против системот на начинот на кој станале. Од друга страна ја нарекувале Црквата сатанско дело, не прифаќале државна власт, се организирале во заедници кои се обидувале да ја отфрлат власта на државата во која живееле. Едноставно, тоа е бунт против државата.

Се сложувам дека државата треба да работи за граѓаните, но желбата за уништување на државата не е произлезена од Светото Писмо, каде јасно Бог ја поддржува израелската држава.

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Зарем св.Павле не повикуваше на лојалност кон власта?
Ништо чудно за некој кој бил civis romanus. Павле не бил Христов ученик, измислил своја философија која ја измешал со Христовата и направил голема збрка. Да не беше тој, не ќе можеше црквата да се повикува на такви „аргументи„ околу власта, убивањето и сл.


Зарем е грев да се биде civis Romanus? Павле не бил Христов ученик, но Бог Му се открил на св.Павле. Не случајно и Апостолите подоцна го прифаќаат.

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

A мошне интересно е што и богомилите подоцна, во Босна етаблираа своја црква и имаа своја заштита од тамошната држава. Тоа не е лошо секако, но тоа ги доведе во спротивност со дотогашните проповеди.
Секако дека е во спротивност. Сатанската вибрација се протна и кај нив. Темнината секогаш настојува во различни форми да ја згасне светлината. Едниот начин е токму тој: да се наведат тие кои тендираат кон светлината да почнат да се служат со методите на темнината. Темнината не стои на ничија страна освен на својата но радо ги злоупотребува оние кои даваат да бидат заведени.Богомилите се делеа на совршени и на слушатели. Освен тоа низ генерациите се изгубила доследноста кон практицирање на учењето. Но тоа е проблем на оние кои се задоволувале со голата вера повеќе отколку со делата.


Според ова што го читам, можам да заклучам дека според тебе, државата е плод на ѓаволска вибрација? Пак ќе кажам, тоа е во спротивност со учењето на Христос, а и на Светото Писмо.

Знам за поделбата на богомилите, но кажи ми, според тебе, совршените богомили зарем треба да живеат без држава, закони, право?


Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Црквата не ги наклевети, самите се подигнаа против постоењето на државата, институциите на системот, па реакцијата беше очекувана.
Не е точно. Сава одржуваше говори против богомилите, велејќи дека е тоа ѓаволско учење и тн. Црквата требаше или да ги послуша богомилите или да ги остави на мира. Но наместо тоа таа се постави како советник и хушкач кај царот.


Тие со тоа што не плаќаа данок самите си се наклеветија. Некој ако не плати данок нема да има потреба некој да го клевети за да бидам гонет за тоа дело. Истото ќе се случи ако нападне институција на системот. А точно е дека св.Сава ги разобличуваше нивните учења.

Originally posted by Majkl Majkl напиша:


Доколку некој повелечеше нож за да ги одбрани од прогоните на црковно-државната спрега, дали ќе стореше добро дело со тоа? На пр. доколку тнр. св.Сава беше благовремено обезглавен, Немања набиен на колец и тн. дали нивните џелати ќе важеа за оние кои „ги положуваат животите за своите ближни„?


Наместо одговор, ќе направам куса споредба. Св.Константин ги заштити Христијаните од прогон, со тоа што Лициниј ја почна војната. Дали св.Сава и Кралот почнаа војна, или пак ги населија богомилите во определени делови на државата? Или пак ако сакаш земи ги и донатисите. Тие самите бараа суд од Императорот, што во Римската Империја имал сила на закон, па подоцна неколкупати ја погазија неговата волја, за на крај, св.Константин со војска да ја имплементира својата одлука, односно законот.

Дали св.Сава и Немања почнаа војна против богомилите и го правеа и она што Лициниј?

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Босанскиот владетел кога ги бранеше, секако дека не ги бранеше со нешто друго, туку со силата на државниот апарат, а знаеме што се тоа вклучува. Иако говореа против Црквата и начинот на кој таа функционира, ќе те потсетам, во Босна го усвоија истиот начин на кој таа функционирала.
Функционирале како што функционирале, објаснив за тоа погоре. Прашањето останува кое го поставив: Дали тоа значи според црковната логика дека ете на пр. тие во Босна сепак се оправдале пред Бога оти ги положувале своите животи за своите ближни?


Тие во Босна живееле во сопствена држава, каде што плаќале данок, го почитувале системот и немале проблем. Ќе те потсетам дека имало градови во Византија во кои живееле богомили кои го почитувале системот кои имале и заштита од Императорите во определен временски период.

Изменето од Македон - 22.Ноември.2010 во 22:42
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2010 во 19:34
Originally posted by Македон Македон напиша:



Spirose, на ова нема да ти одговорам, замисли се сам за истото, но, очебијни факти нема да коментирам, затоа што се тоа- факти, независно дали јас верувам во тоа или не. Војната на св.Константин и Лициниј е факт, кој никој досега не го негирал, дури ни Црквата.

Или сметаш дека и Црквата лаже за тоа?





БОГ да чува и да брани, Македоне!

Како можеш и да помислиш такво нешто, а камоли да пишеш!?

Вистинската (Света Духовна) Црква Христова е Видливото Тело на Вистината (Тело Христово)! Таа никогаш не лажела, не убивала, ... дури и кога како јагне била убивана, се молела за своите убијци!

Јас верувам дека Вистинскиот Св. Димитрија и’ припаѓа на Таа Црква и е многу посветол од што тоа светот - преку одредени извори - го знае!

Поздрав


п.с. Со добра совест можам да верувам, дека дури - после покајанието и крштевањето на смртна постела - и Св. Константин и’ пристапил на истата Црква! За случките и фактите на туѓото и неговото дејствување, пред крштевањето или после смртта, ...







Изменето од spiros - 23.Ноември.2010 во 19:50
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 19:19
Originally posted by spiros spiros напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:



Spirose, на ова нема да ти одговорам, замисли се сам за истото, но, очебијни факти нема да коментирам, затоа што се тоа- факти, независно дали јас верувам во тоа или не. Војната на св.Константин и Лициниј е факт, кој никој досега не го негирал, дури ни Црквата.

Или сметаш дека и Црквата лаже за тоа?





БОГ да чува и да брани, Македоне!

Како можеш и да помислиш такво нешто, а камоли да пишеш!?



Oвие подолу се твои зборови spirose, a не мои, кажани две страни поназад.

Originally posted by spiros spiros напиша:


Св. Димитрија го признавам, а житието - во неговата чиста форма - не го негирам, бидејќи Св. Димитрија расчистил со паганството (и неговата оружена пракса) одкако подполно го прифатил Чистото Евангелие!
Препорачливо е и за сите останати луѓе се’ да прифатат од житието на Св. Димитрија што е ЛОГОСАНАЛОГОС и аналогно со праксата Христова и таа на вистинските Апостоли!
Останатото им го препуштам на грчко-римската традиција (и нивните следбеници), која се прави попаметна од праксата Христова и онаа на Неговите вистински Апостоли!


Ако Црквата го прифаќа сето житие, а ти ги отфрлаш некои делови, тогаш, согласно кажаното, Црквата не е во право и не е вистинска, или не ја кажува вистината со житието. Тоа произлегува од тие зборови кои си ги кажал ти.

Originally posted by spiros spiros напиша:


Поздрав

п.с. Со добра совест можам да верувам, дека дури - после покајанието и крштевањето на смртна постела - и Св. Константин и’ пристапил на истата Црква! За случките и фактите на туѓото и неговото дејствување, пред крштевањето или после смртта, ...


Дали тоа значи дека според тебе св.Константин не бил Христијанин на Првиот Вселенски Собор и дека сите оние писма до персискиот Цар во одбрана на Христијаните, војните кои ги водел со Лициниј за заштита на Христијаните, биле само маска?

Не очекувам одговор, само размисли за тие прашања, сепак темата е за св.Великомаченик Димитриј, да не ја расипеме повторно, има тема за св.Константин и Елена, таму може да дебатираме за нив.

Изменето од Македон - 25.Ноември.2010 во 19:20
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 19:58


На памет не ми паѓа да се воздигам над Апостолите (Очевидци), над Црквата и практиката кои/која лично Исус ги/ја избрал и потврдил!

Сите други кои го прават тоа, јас не сум тој кој што ќе ги суди, но сум тој кој што ќе ги опомене и упати кон Чистата Вистина!   



Поздрав


п.с. Животите на Св. Димитрија Солунски и Св. Константин Велики се многу посвети од што тоа светот може да го свати или разбере, дури посвети и од она што житијата го соопштуваат за ними, бидејќи тие го оделе - или се обрнале кон - Патот на Совршената Вистина (Христос), како што е проповедан и живеен од страна на сите Вистински Апостоли (Очевидци) и верни следбеници!

п.п.с. Дали си приметил дека со денот на Св. Димитрија Солунски (Митровден) започнува најтемниот дел од годината, а после случката во 306то лето ГОСПОДОВО, полека но сигурно започнува милитаризацијата на грчко-римската верзија на христијанството, во кое започнуваат да се практицираат одредени практики и учења, кои Христос, Вистинските Апостоли и следбеници никогаш не ги практицирле или учеле!?









Изменето од spiros - 25.Ноември.2010 во 20:01
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 20:08
Originally posted by spiros spiros напиша:



п.п.с. Дали си приметил дека со денот на Св. Димитрија Солунски (Митровден) започнува најтемниот дел од годината, а после случката во 306то лето ГОСПОДОВО, полека но сигурно започнува милитаризацијата на грчко-римската верзија на христијанството, во кое започнуваат да се практицираат одредени практики и учења, кои Христос, Вистинските Апостоли и следбеници никогаш не ги практицирле или учеле!?


Не следам такви нешта, ниту верувам во такви симболики, затоа што доколку е така, тогаш некој може да каже дека со некој друг празник започнува да се наголемува деноти од тоа да изведува заклучоци, а сите знаеме дека функцијата на празниците во Христијанстото не е поврзана со големината на денот. Во однос на грчко-римскаа верзија на Христијанството, само ќе кажам дека сеуште не докажа постоење на таква верзија, бидејќи како што видов, не се дистанцираше од Црквата, велиш дека житијата се точни, а од друга страна пак говориш дека не се познати фактите. Самиот си противречиш, како што кажав и погоре.

Изменето од Македон - 25.Ноември.2010 во 20:09
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 21:01


Денот засигурно доаѓа брате, денот доаѓа кога сите што се воздигаат и се прават за први, прави и единствени вистински, кои си земаат за право - како царови световни - да се издигаат дури и над праксата, учењето и допустите на Светите Апостоли Христови (Очевидци), сите неслучајно избрани од народот израилев ...!


Денот доаѓа!


Презаситени сте веќе, се збогативте веќе и се зацаривте без нас; камо среќа да се бевте зацариле, та и ние да царуваме со вас!
(Прв Епистел до Коринтјаните 4:8)




   
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 18:09
Originally posted by spiros spiros напиша:



Денот засигурно доаѓа брате, денот доаѓа кога сите што се воздигаат и се прават за први, прави и единствени вистински, кои си земаат за право - како царови световни - да се издигаат дури и над праксата, учењето и допустите на Светите Апостоли Христови (Очевидци), сите неслучајно избрани од народот израилев ...!


Денот доаѓа!


Презаситени сте веќе, се збогативте веќе и се зацаривте без нас; камо среќа да се бевте зацариле, та и ние да царуваме со вас!
(Прв Епистел до Коринтјаните 4:8)



Ова ли е доказот за противречностите кои ги изнесе?
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2012 во 21:04

Originally posted by Македон Македон напиша:




Ова ли е доказот за противречностите кои ги изнесе?






Плодовите се “доказот“, брате!

Вистинските Христови Апостоли и следбеници, никогаш никого не убивале, ниту давале благослов за убиство и војни, додека најголемите световни (братоубијни) војни и крвопролитија се случиле баш (и) помеѓу “крстените“ членови на грчко/римските верзии, који се’уште себеси гордо се прогласуваат како единствени вистински!






По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?



(Ев.Матеј 7:16)





Изменето од spiros - 09.Ноември.2012 во 21:08
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.