|
Дали начинот на облекување има врска со верата? |
Внеси реплика | страница <1 131415 |
Автор | |||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Зошто дилема? Каде ти гледаш дилема? Човекот (Ебу Муаз) убаво си кажа за неговата сопствена жена. Еве уште еднаш ќе ја пастирам таа негова изјава:
Ако на пример се „закачевме“ околу тоа дали таа негова сопруга (или некоја друга муслиманка) носи или не облека која го прекрива целото нејзино тело, во ред, тогаш би имало дилема! Но вака?! Во што ти овде гледаш дилема?
Каде јас поистоветувам некои поими? Впрочем јас немам спомнато никакви зборови кои означуваат некаква муслиманска облека, а каму ли да ги споредувам. Повторно Ебу Муаз беше тој кој спореди две различни носии „никаб“ и „ нијаб“! И, од каде го извлече тој збор Бурка, кога ниту Ебу Муаз него спомна, ниту пак јас сум го рекол?
И повторно погрешно презентирање на моите зборови! Добро бе човек, ти реков и претходно, дај прво прочитај убаво што некој пишал, размисли малку за значењето на тоа што е пишано, па потоа коментирај, критикувај, фали, куди ... За да видиш што го прашав, еве прочитај ги моите зборови уште еднаш ...
Ајде сега да анализираме. Како што можеш да приметиш, ти го употреби зборот „која“, што само по себе подразбира дека една од тие жени сигурно е неговата, само прашање е која?! А јас прашав „дали“ некоја од тие две жени е негова, што значи дека е можно ниту една од тие две да не е неговата жена. Верувам дека овој пат ќе се согласиш дека ова има разлика. А зошто тоа го прашав? Основната поента ми беше, како вие муслиманите ги разликувате која чија жена е? Тоа прашање го поставив неколку пати, еве
ама не добив одговор, па затоа доаѓа до овие недоразбирања.
И повторно, каде во сето ова што досега го реков ти гледаш иронија? Што има навредливо во моите коментари?
За човек да се правда, претходно треба да згреши. Јас неколку пати на одредени членови ненамерно сум им погрешил и за тоа не се правдав туку им се извинив. А сега, овде, во овој случај јас воопшто не сум погрешил кон никого. Ниту спрема тебе, ниту спрема Ебу Муаз, ниту спрема муслиманките ... Според тоа, ова не е „правдање“, туку дополнително објаснување за твоите погрешни видувања. И наместо ти да ме напаѓаш дека јас омаловажувам, иронизирам, провоцирам ... подобро би било да ми одговориш на уште едно порано веќе поставено прашање, односно да го образложиш вашиот (муслимански) став дека сите жени кои не се покриени како вашите муслимански жени се неморални. Оти според тоа што го велите испаѓа дека за вас мојата жена која не е блиндирана од глава до петици е неморална! И кој на кого тука ги вреѓа жените коментирајќи за неморалност? Оти нели ти рече да не се зборува за туѓи жени? Еве прочитај си самиот што си рекол:
Јас, никаде ниту директно ниту индиректно не сум навредил ниту една муслиманка, а ти (вие) преку нападите за неморално облекување на нашите жени, тоа го правите. И кој е сега за осуда? И за правдање? И за извинување? |
|||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
...jas mislam deka nema nikakva vrska so verata,...barem burkata!
...zenata si e ednostavno ,..grozna,...pa , ne saka da ja vidi bilo koj drug !
|
|||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||||||||
MrAleksandar
Нов член Регистриран: 19.Ноември.2010 Статус: Офлајн Поени: 19 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Јас мислам дека со Облеката не Докажуваме дека сме верници.
Секако дека треба по пристојно тоа се знае. Но Во Библијата Вика по Љубовта ке ве познаваат. А не по облеката. Но сепак да бидеме по пристојно облечени. Иначе за првиот коментар дека по делата несто ке направиме, Не би рекол. Кога си Божји Син и Храм ( Бог живее во тебе) Ти самиот ке постапуваш слично како Христос. А со наши сили ништо неможеме За тоа е Светиот Дух тука да не просведочува за Грев Правда и Суд. Еве нешто за Делата. Римјани 4/11,12,13 11 И го прими знакот на обрезанието како печат на праведноста, што ја доби преку верата како необрезан, за да им биде татко на сите, кои веруваат како необрезани; за да им се засмета и ним тоа во праведност, 12 и да им биде татко и на обрезаните, но не на оние, кои се само обрезани, туку кои и одат по стапките на верата на нашиот татко Авраам, која ја имаше додека уште беше необрезан. 13 Зашто, ветувањето на Авраама, или на неговото потомство, дека ќе биде наследник на светот, не дојде преку Законот, туку преку праведноста од верата. |
|||||||||
ИСУС ХРИСТОС ПРИНЦ НА МИРОТ. I'Love him
|
|||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
кај муслиманите и хидуизците има
|
|||||||||
Внеси реплика | страница <1 131415 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |