|
Рехабилитација на Вистинскиот Св. Димитрија Солун |
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Автор | |||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Да, но во моментот кога таа власт започна со прогони против Христијаните, а не пред тоа. Пред тоа тие ја почитуваа власта, онака како што за тоа е напишано во Светото Писмо. Изменето од Македон - 11.Ноември.2010 во 21:19 |
|||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Предтоа тие небеа Светци, туку БОГ им ги отвори очите за вистинската природа и намери на антихристијанските - и како христијански камуфлираните - власти! Како што на пример тоа беше (неслучајната) власт на германскиот национален социјализам, за време на втората светска војна. Следбеникот Христов е обврзан да биде благонаклонет и дури потчинет кон властите - како што тоа беше и инкарнацијата на Мудроста БОЖЈА (Исус) - се’ додека властите не се однесуваат животонепријатно (антихристијански) и тоа не само во однос на христијаните, туку во однос на сите добронамерни луѓе! Во спротивно секој вистински Христов следбеник е повикан да се бори против темната сила, само со оружјето на Совршената Светлина а не со оружјето на темнината, како што тоа го практицираат чедата на неверата и кривоверата! Изменето од spiros - 11.Ноември.2010 во 21:43 |
|||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Сакаш да кажеш дека пред тоа тие не живееја свет и праведнички живот? Зарем, св.Димитриј, св. Георги, ќе беа прогласени за св.Великомаченици доколку пред тоа истите воопшто не веруваа во Христовата порака? Зарем сакаш да кажеш дека пред својата смрт станаа свесни за таа порака? Национал-социјализмот не знам зошто го мешаш овде, тој систем немаше никаква врска со верата, туку со политиката и Хитлер.
А зошто тогаш го осудуваш житието на св.Димитриј, ако велиш дека следбеникот Христов не треба да почитува антихристијанска власт?! Затоа и велам, има разлика меѓу војна со која се напаѓа невин субјект, или војна која е одбрана од некој напаѓач. Доколку некој е нападнат и нема друг начин да се одбрани, секако дека ќе се бори доколку може. Но, оној кој е послаб и не може да се бори, секако дека ќе очекува помош од појакиот. А помоќниот е должен да му помогне на својот брат, а со тоа ќе ја материјализира најголемата љубов која е спомената во Светото Писмо. |
|||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Секој што искрено верува на Совршената Љубов и Мир БОЖЈИ во Господа Исуса Христа е свет! Секој! Така и погоре споменатите светци биле свети, но не во таа вонредна мера како што постанале Свети во моментот на целосната преобратеност, оддаденост и Света жртва! Што се работи за хитлер, тој има многу повеќе религиска врска одколку што мнозинството тоа може да го увиди. Неговата војска била дури и во одредени земји со руска православна традиција (но тогаш под совјетска комунистичка власт) со ракоплескање, крстење, цвеќе и свеќи, пречекувана!
Јас - во суштина - го прифаќам и сигурно дека не го осудувам житието на Св. Димитиј Солунски, туку укажувам дека одредени делови не се потполно точни, бидејќи не се во потполна согласност со Чистата Вистина. Св. Димитрија Солунски се бореше против власта, но на чист Христијански начин и на Св. Нестор не му даде никаков поинаков благослов освен да се бори чисто Христијански, со напомена дека : “ секој што за нож се фаќа - од нож и ќе загине“(!), како што и се случи! Св. Димитриј го надмина она Христијансво на кое беше подучуван во својата фамилија со (грчка-паганска позадина), во која иконите и иконопоклонсвото биле поистакнати дури и од службата на Вистината и Духот БОЖЈИ! Одсрце ти посакувам лесна и благословена ноќ. Амин п.с. Најголемата љубов не е да убиваш за да го спасиш својот ближен, туку местозастапно и без оружје - како што покажа Исус - за ближниот да го дариш својот живот! Изменето од spiros - 11.Ноември.2010 во 22:45 |
|||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Оф леле мори мајко... Ти се читаш ли спиросе што кажуваш? Дали вреди да побарам да се објаниш за оваа твоја скриена историја на христојанството која никој освен тебе не ја знае, еве веќе 2000 години?! изгледа си го губиме времево на оваа тема Македон,Спирос или не не чита или којзане како не чита. Нека е барем жив и здрав. |
|||||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Kaква ли врска има дочекувањето на нацистите од Русите незадоволни со комунистичката политика со верата spirose? Дочекување на Германците имало и во Скопје, каде биле пречекани како ослободители, но тоа не значи дека Македонците не можеле да ја исповедаат верата. Такви дочекувања има на милион места. Има разлика меѓу национална и верска политика. Хитлер се обидувал сите угнетени да ги привлече на своја страна, па такво нешто се случило и со оние угнетени од комунистите, има многу такви слики од Киев, а и другите места на СССР, така се случило и со угнетените народи во Југославија, а и на други места.
Како ќе го докажеш твоето тврдење?
Како ќе го докажеш и ова тврдење?
Како дозна дека во неговата фамилија практикувале христијанство со грчко-паганска позадина?
Ако земањето оружје дава можност многумина кои немаат можност да го сторат тоа, да бидат одбранети и да живеат во мир, да се спасат многу детски животи, тогаш тоа е демонстрација на љубов кон тие. |
|||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Совршената Заедница - тоа е Чистата Невеста Христова - никогаш не се надевала , нити општела со крвавите “цареви“ од овој свет, туку само со Едниот и Единствениот Цар на Мирот!
Доказот е дека ниеден од вистинските следбениците Христови не благословува убиство!
Вистината самата се докажува!
Може да се дознае дури и од истите извори кои што се воздигаат за единствени вистински, притоа фалејќисе со праксата на (со злато и драгоцени камења украсено) иконопоклоство, во кое сувереното место на Светиот Дух го одземаат и и’ го препишуваат на “великата божица на вселената“ под престилката на Прачиста Дева Марија !
Значи ГОСПОД Исус Христос немаше доволно Љубов, бидејќи незеде оружје во рака - како што стори Варава - и не го следеше неговиот пат на вооружена борба (одбрана) од крвавата власт, која убиваше дури и малечки бебиња? |
|||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Со сета почит до тебе Спиросе, ама прво постираш слики од социјалистичка Русија и велиш дека имаат религиска заднина, а сега велиш нешто друго?! Извини, ама самиот си противречиш.
Но, благословувале војници и не ги осудувал.
Јас тоа овде не го гледам.
Каква ли врска има сега ова? Чинам, од темата се одалечуваш во недостаток на конкретни аргументи.
Дали мисијата на Господ Исус Христос беше таква? Изменето од Македон - 14.Ноември.2010 во 00:26 |
|||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
1. Единиот БОГ - во Срцето и Името Господово - е Единствениот Кого Му припаѓа потполна Слава, Благодарност и Почит! Вистинските следбеници Христови не се тие кои го испраќаја, нити тие кои што го пречекуваа хитлер (и слични на него) со цвеќиња, свеќи, ... ! 2. Христовиот Благослов го трансформирал секој грешник кој што потполно поверувал, така ќе го трансформира и секој војник на темнината кој што ќе поверува, обрнувајќи го за 180° од поранешниот правец! 3. Што се случува и случи со сите кои што се фаќаат за “нож“? Не е ли тоа доволен доказ? Има само Еден и Единствен Пат преку Кој може да се излезе од ѓаволскиот вртлог на насилството! Тој Единсвен Пат е надприродната Мудрост БОЖЈА (Христос) - Тоа Чудесно Евангелие - а не силата човечка, која дури и во Името БОЖЈЕ (незнаејќи ја Неговата Прасветост) убивала и за жал до ден денешен убива! 4. Не, не излегувам од тема! Македон, не е исправно да ги затвараме очите пред Духот на Вистината и на Негово место да ја ставаме (псеудохристијанската) грчко-римската традиција на иконопоклонство, која никогаш и небила пракса на вистинските следбеници Христови! 5. Мисијата на Господ Исус Христос беше и е’ - со Светиот Дух - без насилство да се победи насилството на неверниците и кривоверците! Лека ноќ и незаборави дека Некој надприродно те сака! Шалом Изменето од spiros - 14.Ноември.2010 во 01:28 |
|||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Kаде ли го чекале Хитлер со свеќи?! Искрено, ја мешаш националната со верската политика. Ќе ти илустрирам со слика. Јас на сликава читам НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА, а не читам некаква верска порака.
Секој војник не е слуга на темнината. Тоа е погрешно да се разбере.
Да, но многумина кои се фатиле за нож со цел да ги одбранат ближните, успеале да се жртвуваат за нив и со тоа ближните да живеат во слобода, мир и правда. Да те потсетам што им правеше Лициниј во Источниот дел на Римската Империја на Христијаните? Да те потсетам дека тоа престана кога Константин го порази в битката?
Јас ти кажав, се додека не докажеш по пат на објективен историски доказ дека се случило такво нешто, тогаш не можеме да говориме конкретно. Разговорот нема да биде ниту конкретен, ниту пак јасен.
Се сложувам дека мисијата на Господ Исус Христос беше таква. Изменето од Македон - 14.Ноември.2010 во 22:23 |
|||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
1.Македон, има документи (мислам дури и филмски материјал) како религијските водачи на многу светски религии општат и склучуваат “партнерства“ со хитлер! Конкретно за македонија незнам, но за другите поголеми “фактори“ зборувам. 2. Што се работи за Св.Димитрија Солунски, дури и житијето кое ти го публицираше сведочи за таа паганска практика! Прочитај го внимателно и ќе видиш дека во нивната пракса сувереното место на Светиот Дух е одстапено и на неговото место ...! Лека ноќ п.с. Од моментот кога Св. Константи го воведува Христијансвото за државна вера, од тој момент - низ историјата - одредени кругови (под престилката на државата и верата) прават со други светогледи слично на она што им било правено (и се прави) на вистинските Христијани ! Изменето од spiros - 14.Ноември.2010 во 22:42 |
|||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Тука би се надоврзал на претходно споменатите богомили. Тие беа праведници кои не кренаа рака врз никого, ги канеа луѓето да живеат во нивните заедници според законот Христов. Но црквата ги наклевети пред властодршците кои потоа крваво и ги уништуваа. Доколку некој повелечеше нож за да ги одбрани од прогоните на црковно-државната спрега, дали ќе стореше добро дело со тоа? На пр. доколку тнр. св.Сава беше благовремено обезглавен, Немања набиен на колец и тн. дали нивните џелати ќе важеа за оние кои „ги положуваат животите за своите ближни„?
|
|||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Ајде да не испадне како со твојата слика за дочекот на Германците од советското потчинето население, посочи конкретен пример, да не говориме напамет, па потоа да не испадне поинаку.
Каде ја виде ти паганската практика? Благословот да се бори со непријателот е според тебе само пагански обичај? Патем, поназад велеше дека не го негираш жититето, што е само уште една од низата твои контрадикторни постови.
Св.Константин не го вовел Христијанството како државна религија на Римската Империја, таа констатација не ти е точна. Тој го направил рамноправна религија со останатите и самиот го прифатил, но прифаќањето на таа религија од страна на Императорот не значи и прогласување на религијата за државна религија. Тоа го сторил Теодосиј Велики, со донесување неколку правни акти, кои секако, имале сила на закон. Патем, не ми одговори за војната на Константин со Лициниј. |
|||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
И тебе ќе те прашам она што и spiros. Што требаше да направи св.Константин кога Лициниј, со цел да испровоцира војна, започна жестоки прогони, последните жестоки прогони во Источната Римската Империја, против Христијаните. Или пак кога Персија ја нападна мирољубивата Ерменија и започна жестоки прогони против Христијаните. Ерменците, а и Христијаните во Персија во тоа време немаа никого освен Константин, па сосема нормално беше тој да им објави војна на Персијците за да ги натера да ги запрат прогоните. Да не одам понатаму и да прашувам што требаше да стори Византија кога Муслиманите го нападнаа Ерусалим.
Не биле баш такви богомилите. Доколку биле такви, зошто тогаш Бојан Магот од Бугарија го употребил своето влијание и од државата добил манастир, кој секако дека и припаѓал на Православната Црква, каде се собирал со богомилите? Зошто дел од нив заминале во војна заедно со Алексеј I Комнен, па подоцна дезертирале? Зошто не плаќале даноци? Зошто ги отфрлале институциите? Зарем Христос не плаќаше данок? Зарем св.Павле не повикуваше на лојалност кон власта? Внимавај, раните Христијани не се занимаваа со институции, отфрлање на истите, па дури и кога се бранеа, тие не настојуваа да дојде до рушење на државата. Во периодите кога немаше прогони над Христијаните, тие беа лојални и мирни граѓани, кои не ја отфрлаа така лесно државата, како што сакаа да сторат богомилите. A мошне интересно е што и богомилите подоцна, во Босна етаблираа своја црква и имаа своја заштита од тамошната држава. Тоа не е лошо секако, но тоа ги доведе во спротивност со дотогашните проповеди. Црквата не ги наклевети, самите се подигнаа против постоењето на државата, институциите на системот, па реакцијата беше очекувана. Богомилите ако посакуваа да се спротивстават, тоа требаше да го сторат како што треба, односно да ја предизвикаат и да се обидат во теолошка дебата да ја поразат. Но, не го сторија тоа, а чинам и самиот знаеш зошто. Тоа е затоа што темелите на кои градеа беа слаби. Не случајно, нивните претходници, Павликјаните, по една дебата меѓу нив и Алексиј Комнен, кој согласно историските извори, прифатил да биде со нив и да дебатира, едноставно прифаќаат дека грешат и се враќаат во Православната Црква.
Босанскиот владетел кога ги бранеше, секако дека не ги бранеше со нешто друго, туку со силата на државниот апарат, а знаеме што се тоа вклучува. Иако говореа против Црквата и начинот на кој таа функционира, ќе те потсетам, во Босна го усвоија истиот начин на кој таа функционирала.
Токму така, но сепак Христос не ги осуди војниците.... Изменето од Македон - 15.Ноември.2010 во 13:22 |
|||||||||
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |