IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Дали знаете зошто ......????
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали знаете зошто ......????

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 9>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2010 во 00:55
тоа за уморот среќа нема замерки ма трепкање
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2010 во 00:58
немет бе....
добро што не бев вечерва...уролог......смеење
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 22:39
Зошто се создава забниот каменец????
Што ти значи здравје …..да се пие вода често во текот на денот, покрај другото таа навика ни дава и поздрави и поубави заби !!
Како ?? па така …ја чисти усната празнина ја прави плунката неутрална или поалкална(базна) одошто кисела ….значи еден од факторите на појава на кариес и забен каменец е Ph !!! устата што покисела толку повеќе можност за заболување……
http://www.dentist-vuic.hr/userfiles/image/savjeti/bolesti_desni_parodontitis.jpghttp://www.mojzubar.com/img/galerija/fotografije-za-tekstove-nescalling.jpg http://www.ddlzagreb.hr/img/ArticleImages/14967.jpg http://www.zubni-implantati-sutalo.hr/Runtime/Uploads/ProductsThumbImages/1087237664_Periodontics.jpg

Removal of the Tartar остранување на забен каменец...кликни!!

или пософистицирано остранување....

Micro Ultrasonic Teeth Cleaning..кликни!!

Накратко ….ете…… бактериите што се природно во усната празнина после миењето на заби почнуваат неконтролирано да се размножуваат ( тие живеат во забниот плак-месна наслага која го обложува забот и други делови на усната шуплина)…..
е сега…. протеините од пљунката се таложи во устата баш во тој дел -забен плак и пазите ваму….  1гр плак има околу 200 милјарди бактерии …..со минерализација на тој забен плак се создава забниот каменец ……со жолтеникава боја ….но… неговата боја се менува со внесување на храна или пијалоци….кај пушачите тој е ја менува бојата и обично станува црн….. каменецот најчесто се собира кај забите околу крајот на јазикот односно од внатрешната страна на долниот и горниот дел од предните заби…..
е сега… со четкање на забите се остранува дел од забниот плак ама не и забниот каменец и покрај совети за пасти за заби со силно абразивно(демек нагризувачко) дејство за одстранување на тој каменец ….само ќе се оштети повеќе забот……
слика%20на%20
%20белење%20заби%20пред слика%20на%20
белење%20заби%20потоа http://www.orbus.be/medicina/images/zubni_koncic.jpg http://www.ordinacija.hr/repository/images/_variations/7/4/74ec7447101a126cbe46ca7219e9d591_content_medium_noaspect.jpg http://www.ordinacija.hr/repository/images/_variations/9/d/9da0b53c5090b8d8e1da0210333789ee_content_medium_noaspect.jpg

значи каменецот мора да се одстрани стручно од стоматолог со  механички до ултразвук методи. Е сега…..ако не се одстрани тој забен каменец имаме нова појава на болест на устата т.н. paradentoza која во краен стадиум доаѓа до испаѓање на здрав заб….слично со обојување на забите зависно од пијалок или друга храна…. обелување кај стоматолог или ете има една народна техника со триење со четка со еднаква количина морска сол и сода бикарбона.. четкајќи така едно три дена ќе бидете пријатно изненадени од белилото на забите….Често што велиме ние ,,стеснатите заби,, значи и потешко продирање на четката за миење….па препорачливо е со специјален конец на понежно чистење нели да не дојде до крварење и оштетување..
http://static.nacional.hr/img/f969295aff051494f08764da7ca3e709_700x550.jpg http://vesti.mt.net.mk/images/mastika1.jpg par26.jpg%20sexy%20image%20by%20suzisuzi  http://images.paraorkut.com/img/pics/glitters/k/kiss-8011.gif
Друга техника на  превенција на забите со што се делува на PH на плунката се гумите за џвакање , при што со самото џвакање се лачи повеќе пљунка и на тој начин се испира усната празнина.Зборуваме за гуми за џвакање кои НЕ СОДРЖАТ ШЕЌЕР  туку засладувач кој има подобар ефект не дозволува создавање на кариес бидејќи истиот не ферментира од микрофлората во усната празнина има ефект на пуфер (одржувач на константна ph вредност) и што е најбитно ја потикнува реминерализацијата на глеѓта….. и доколку гумата за џвакање содржи калциум лактат и флуор …тие се познати по кариестатски својства ехехееее кај ќе ни биде крајот….Гуми за џвакање  е убаво да се користат после оброк и по 15 минути , бидејќи на тој начин нема да ја оптеретиме вилицата… како дополнително средство при заштита на забите, но тие никогаш не треба да ја заменат четката за заби….јас лично џвакам половинка од гумите ама многу често  во текот на денот….

И за крај …..за убав бакнеж не  е потребно само љубов …….
....туку и здрави заби !!
и …Да !! уште нешто за крај….дека доволно двајца читатели
читајќи ја ова тема ….ќе научат…..ќе применат…
ќе ја подобрат оралната хигиена ….почеста посета на стоматолог….
мојот труд е оправдан и целта постигната !!….

bijonse1


Изменето од bijonse1 - 20.Јули.2010 во 22:52
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2010 во 17:46
Зошто треба да знаеме што е psyllium...??

Дебелината е проблем кој многу тешко може да се надмине... Алтернативната медицина го решава овој проблем  со ослободување од масните наслаги, маснотиите, холестеролот и целулитот, замастеноста на органите и на абдоменот и нивно залојување со што се оневозможува нивно правилно функционирање....

Постојат  билните таблети "зарсена" кои содржат компоненти што ја намалуваат желбата за почести и прекумерни јадења и едновремено влијаат мозокот да испрати наредба до нервниот систем навреме да престане да јаде.....  "Зарсена" содржат два типа билни лаксативи...
1.)Растителни  пуративи: сена, рабарбара, лептандра или крковина. Тие содржат горки материи што ја стимулираат перисталтиката на интестиналниот тракт.

2.)Маслените лаксативи како што е псилиум и семето од лен.

Тие се хранливи и најчесто немаат директно влијание врз црниот дроб или жолчката. Прилегаат на сунѓер што се зголемува кога ќе апсорбира течност и функционира како некоја цревна метла.

"Зарсена" се употребуваат три месеци пред секој оброк и се земаат по две таблети.  Слабеењето се согледува постепено, но на сигурен и безбеден начин.

Јаболковиот пектин исто така го чисти организмот од токсини. Билните влакна се составен дел од растителните клетки и не се сварливи. Се делат на растворливи и на нерастворливи во вода.
Тие помагаат од нарушувања во гастроинтестиналниот тракт: ја спречуваат тврдата столица и овозможуваат редовно празнење на цревата, со што го забрзуваат процесот на слабеење.

Растителните влакна се состојат од пектин, билни гуми и смоли. Тие се важни за регулирање на дијабетот, намалување на холестеролот во крвта и на телесната тежина. Тој има можност да ги врзе мастите и да ја намали апсорпцијата на маста од цревата. Пектинот ја намалува апсорпцијата на лошиот холестерол (ЛДЛ), а концентрацијата на добриот (ХДЛ) останува непроменета. Тој во цревата формира гел што ги обложува цревата и со тоа ја спречува прекумерната апсорпција на шеќерите по јадење. Затоа пектинот е многу важен кај дијабетичарите. Тој може да ги врзува и тешките метали и други токсини, со што тие наместо да бидат внесени во крвта, ќе бидат исфрлени преку цревата

Plantago psyllium

Psyllium%20-%20Plantago%20psyllium    

пример ...

Фат Блок е револуционерен нов производ кој помага да добиете најмногу од диетата со малку јагленохидрати. Оваа диета ви дозволува да внесувате повеќе масти но многумина се согласуваат дека заситените масти треба да се ограничени. Патентираната фопмула  за блокирање на мастите е направена за да се задржат мастите од нашите омилени ужинки, па тие поминуваат низ нашето тело без да бидат абсорбирани. содржи..

DAC-HD Chitosan

1000 mg.

CarbRite Diet Fiber Complex

Psyllium (husk)

Oat Bran (whole herb)

200 mg.


да   сега е ОК Алех...



Изменето од bijonse1 - 12.Октомври.2010 во 17:55
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2010 во 16:20
Зошто очите ни се црвени и не болат??

Konjuktivitis (воспаление на очите) и Blepharitis (воспаление на очните капаци) …

http://www.zdravstveni.com/oko/konjuktivitis.jpg   http://www.subotica.com/photo/_ph/2007/12/09400/_images/img_SUBOTICAcom_28Dec07_Latino_188465.jpg  http://www.roda.hr/_upload/tekstovi/zdr_konj1.jpg http://www.pharmacytimes.com/media/image/PinkEye.jpg  http://pinkeyepictures.com/images/pinkeyeviral.jpg  http://allergypartners.com/assets/images/articles/dr_macdowell/lid-swelling.jpg 

 Причини за таква компликација се вирусните или бактериските инфекции, кои се појавуваат, по правило, поради ослабување на имунитетот предизвикан од акутните респираторни инфекциски болести или поради други причини.Бактериска инфекција ги опфаќа двете очи и се појавува црвенило свраб и преку ноќ се слепуваат трепките со жолт исцедок….додека вирусната инфекција го зафаќа само едното око и нема толкав жолт исцедок…При лекување на конјуктивитис и блефаритис се користат специјални раствори (доколку стануава збор за алергискиот конјуктивитис трае додека имаме иритирачката супстанца со само црвенило и свраб),додека вирусните инфекции траат и по неколку недели и често сами се повлекуваат…Конјуктивитис симптоми: знаци на воспаление на коњуктива: болки и “печење“ во очите, солзење на очите, чувство на постоење туѓо..  Блефаритис Симптоми:  знаци за воспаление на кожата на капакот (капаците): оток, црвенило, чешање на кожата на капаците, непријатно чувство при намигнување.

http://www.eyedr4kids.com/images/conjunctivitis.jpg   http://img.webmd.boots.com/dtmcms/live/webmd_uk/consumer_assets/site_images/articles/health_and_medical_reference/allergies/ConjunctivitisFinal.jpgТобрекс,%20капли%20гл.%200.3%%205мл%20фл-кап.  http://i01.i.aliimg.com/photo/v0/51009319/Chloramphenicol_Eye_Drops.jpg

Во најтешки случаи, болните се лекуваат во болница......ТОБРЕКС е наменет за локална терапија на очни инфекции и околни ткива, предизвикани од осетливи бактерии кои реагираат на тобрамицин, а особено од бактерии кои се отпорни на повеќето антибиотици, особено Псеудомонас аеругиноса…Хлорамфеникол маст е индицирана кај: примарни пиодер­мии, како што се импетиго, фоликулитис, фурункули, секундарно-инфицирани дерматози и инфицирани површини на раните, како и за превенција на пиококните суперин­фекции (херпес, убод од инсекти), пиодермизирани улцерации.како се аплицира да не речам капнува капките од лекот во очите…правилно капнување гарантира и правилна доза…

http://image.made-in-china.com/2f0j00NCMaBvZEflqH/Chloramphenicol-Eye-Drop.jpg   http://www.b92.net/news/pics/2009/08/12728535854a8a8f99b0129865929129_extreme.jpg http://sternenfaenger.files.wordpress.com/2008/05/bild1574.jpg  http://img.webmd.boots.com/dtmcms/live/webmd_uk/consumer_assets/site_images/articles/health_tools/pinkeye_slideshow/istock_photo_of_swollen_eyelid.jpg

Keratritis  заболување на рожницата често се меша со конјуктивитис настанува исто од бактериска и вирусна инфекција, последица од конјуктивитис , носење на контакти сочива и од пад на имунитетот…или вирусни конјуктивитис…едното око потечено!!

http://www.theucbinstituteofallergy.com/Images/LeftImage2_tcm114-10095.jpg      

окото има и други болести но во некоја друга прилика...да

Изменето од bijonse1 - 21.Октомври.2010 во 16:28
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2010 во 09:55
Originally posted by Џо Џо напиша:

Зошто луѓето добиваат морници (‘се ежат‘) ?

еве ти дечко, нашироко објаснето.

Морници -Goose bumps (англиски)
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2010 во 10:04
колко убаво би било ако има превод на македонски мечтаење ,нели Тигарче
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2010 во 21:01
Добро, ај да бидам фина.

Даклем, кострешење, ежење или едноставно пилоерекција настанува поради собирање на мускулите на фоликулите на влакната при возбуда, страв и слични емоционални состојби, потоа при студ и при сексуално возбудување. Со тоа собирање на фоликулите, влакната се креваат нагоре, што кај нашиот предок проконзулот на пример, помагале да изгледа поголем, но и да се заштити од студ.

Ете.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
valentina-pp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај valentina-pp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2010 во 18:00
bi sakala nekoj da mi objasni,normalno ako znae....sin mi ima plavi oci,posle podolgo ucenje ednoto oko mu solzi,dali ima vrska onie muabeti deka sinite oci se pocuvstvitelni?dali treba da zema nekoi kapki i se ama se me interesira koga se raboti za decava..poz
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2010 во 20:15
Originally posted by valentina-pp valentina-pp напиша:

bi sakala nekoj da mi objasni,normalno ako znae....sin mi ima plavi oci,posle podolgo ucenje ednoto oko mu solzi,dali ima vrska onie muabeti deka sinite oci se pocuvstvitelni?dali treba da zema nekoi kapki i se ama se me interesira koga se raboti za decava..poz


и по таа логика тие што имат црни очи можат да учат до сабајле без гајле???

http://www.pendletoneye.com/anatomy_eye.gif  http://vi.sualize.us/thumbs/08/05/02/eye,facial,kid,lip-bec91650eb730767e57b3c5b1cc61358_h.jpg


замореност со солзење иде од двете очи не може само од едно ..што ?? другото е одморено?? една од алергиски ракци на окото е и солзење од едното око...
солзењето на очите не мора да иде само од замореност на окото , тоа може да иде и од намалениот имунитет и појава на инфекција на око да не речам коњуктивитис кое при мал напор на око веднаш доаѓа до солзење...не се важни сините очи туку се мисли да плавите особи се понежни така целосно и имаат послаб имунитет и секогаш се подиспонирани кон разни болести...а инфекција како?? па доволно да си ги истрие очњата со прљави рачиња и ете влез...прочитај погоре коментарот за воспаление на очите!!


Изменето од bijonse1 - 31.Октомври.2010 во 20:19
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2010 во 20:27
Зошто едното рамо ми е пониско од другото?? Зошто кога ќе се наведнам нанапред на грбот ми се јавува грпка?или зошто рамењата не ми се на иста висина ама ако се наведнам нанапред рамењата ми се рамни?
Затоа што имаш сколиоза...или немаш сколиоза туку само сколиотично држење...
Сколиозата е деформитет на локомоторниот систем кој се јавува во текот на растот, а после завршениот раст се стабилизира…’Рбетот на човекот гледан од напред или назад (фронтална рамнина) е рамен, без никакви кривини на страна. Ако таквата кривина сепак постои, зборуваме за сколиоза…

skolioza,%20skolioza-%20jak%20leczyć,%20operacja%20krÄ™gosÅ‚upa,%20skolioza%20%20krÄ™gosÅ‚upa  http://www.artmed.pl/gfx/pic10.jpg  http://www.fundacjagaja.pl/images/stories/rehabilitacja/1.jpg 

Сколиозата е секогаш патолошка…Ако покрај сколиозата наидуваме и на зголемување на физиолошката закривеност на градниот дел на ’рбетниот столб (кичмата) во сагитална рамнина (гледајќи го човекот од бочно) тогаш зборуваме за кифосколиоза….причина за настанување се дели на две групи :

Функционална или неструктурна сколиоза, т.е. сколиотично држење. Во таа група нема анатомски пореметувања на ’рбетот. Сколиотичното држење може да биде одредено со различни причини како што се скратување на едниот долен екстремитет или контрактура на паравертебралните мускули како што е случајот кај болниот синдром на ’рбетот. Со одстранување на причината, исчезнува и сколиозата…

slike%20idiopatske%20skolioze   http://www.kiropraktika.in.rs/images/kriva_kicma5.gif      http://www.zdravie.sk/images/institucie/skenar/skolioza_po_terapii.jpg  http://www.hateasalon.cz/fotky2729/HATEA/spinal_touch/skolioza_patee.jpg
Органска или структурна сколиоза, предизвикана е со анатомски промени на ’рбетот, неговите зглобови, лигаменти или паравертебрални мускули. ’Рбетот треба да се разбере како еден свитлив столб, составен од повеќе елементи (прешлени). Во нормални услови, ’рбетот е прав бидејќи прешлените се симетрични и квадратести, додека зглобовите и лигаментите ја одржуваат нивната точна положба. Паравертебралната мускулатура представува дополнителна потпора и помош при движењата.

Кога некој од тие елемнти ќе попушти настанува девијација на ’рбетот, чии причини треба да се бараат во промените на формата на еден или повеќе прешлени, во попуштањето или скратувањето на едниот дел од капсулолигаментарниот апарат и во асиметријата на мускулите на ’рбетот. Кај структуралната сколиоза наидуваме на најчестиот клинест деформитет на прешлените.
Од останатите причини кои доведуваат до структурни сколиози се карактеризираат конгениталните пореметувања, невромускуларните болести, ревматските болести, инфекции, скршеници, и сл.

http://www.fits.pl/gfx/skolioza_fits_02.gif  http://www.fits.pl/gfx/skolioza_fits_01.gif   http://www.sportujeme.sk/galeria/skolioza100.jpghttp://www.rehamedic.pl/content/produkt-2.jpg   http://www.pani-teresa.com.pl/photos/p_46_1.jpg   http://www.rehamedic.pl/content/produkt-1.jpg   http://www.fizjo-med.net/fotki/tulow/4.jpg

Првите знаци кои родителите ги приметуваат се видливи во стоечка положба. … нееднаква висина на рамената и илијачните коски…  во стоечки став, гледајќи одназад, видлива е закривена линија на спиносните продолжетоци на ’рбетот и асиметрија на таканаречените бочни триаголници, гибуси, асиметрија на глутеалната бразда. Однапред се гледа асиметрија на дојките, и сл. Сколиозата е деформација која предизивикува рани дегенеративни промени на ’рбетот до тешки деформитети на градниот кош. Можно е и оштетување на белодробната функција која предизвикува белодробно срце (cor pulmonale), а до оштетувања доаѓа поради пореметување на положбата на органите условени со закривеноста на ’рбетот.

http://images39.fotosik.pl/284/10e8c306fbf64674med.jpg      http://www.sp-sadowa.edu.pl/strona/korektywa/jak_cwiczyc/przykladowe/skoliozy/grupa_1/610.jpg      http://centarspinal.files.wordpress.com/2010/03/yoga2.jpg        http://www.sp6.bialystok.pl/zd/korekcyjna/2.jpg

Најважен клинички тест е тест на преклон. .. да се направи разлика помеѓу сколиоза и сколиотичо држење…од стоечки став испитаникот се наведнува кон напред со слободно висечки раце. Ако деформацијата на ’рбетот постои и понатаму, тогаш се работи за права сколиоза. Во таа положба се приметува грбка (gibus) која се наоѓа на страна на конвекситетот на сколиотските закривувања. Ако во текот на тестот на преклонот асиметријата на телото видлива во стоечки став, исчезне, тогаш се работи за сколиотично држење, а не за сколиоза…Пред и после упорното вежбање и физикалната терапија, односно медицинската гимнастика може да се применат само како дополнително средство за лекување на ортозите се гледа подобрување горе на сликата…вежбите може да се прифатат како мерка за општо јакнење на организмот, но не и како средство за запирање на напредувањето на сколиозата. Ортозите (стегачи) денес се прифатени како доминантно средство за лекување на средни прогресивни сколиози…за торакалната, тораколумбалната и двостраката примарна сколиоза се применуваат различни типови на стегачи, најчесто од синтетски матријали… најинтензивното носење на стегачите се препорачува во текот на пубертетскиот раст. Основниот принцип на оперативното лекување на сколиозата е спондилодеза во корегирана положба на деформацијата…најчесто сколиозите се оперираат во раната адолесценција, т.е. во период кога болниот ја достигнува конечната телесна висина…

http://olaluczak.pl/ola/ola17.jpg     http://jumpfitness.pl/foto/zdrowy_kregoslup.png        http://www.drgaletic.rs/images/deformiteti_kod_dece.jpg     http://www.par-mar.com/images/proizvodi/ortoze/kraljeznica/skolioza/stolica-klecalica2.jpg      http://images43.fotosik.pl/284/b11947887df42445.jpg

занимавањето со спорт и спортски активности е пожелно, иако тоа не би требало да се сфати како терапија, туку само како помош за општото здравје, а воедно и на сколиозата…посебно препорачливо е јога вежбањето…за на ПЦ и други активности на маса само со специјални столици…ќе кажам да пливањето да  не речам посета на базен би било исто добро ...да

Makedonsko Zdravstvo - Iskrivuvanje na rbetot skolioza i kifoza изненадувањекликни на текстот!!!

Ете како Тања вежба ...аплаузкликни на текстот!!



Изменето од bijonse1 - 31.Октомври.2010 во 20:57
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2010 во 21:27
Ова би го рекла чудно но вистинито …медицински феномен …елка пораснала во градите..
Младич д 28 год од државата  Udmurtia се жалел од силни градни болки препратена со тешка кашлица и крвни испљувок така да му се дијагностицирало некоја форма на cancer  на гради …

http://news.sky.com/sky-news/content/StaticFile/jpg/2009/Apr/Week3/15262088.jpg      http://www.net.hr/2009/04/15/0149007.17.jpg      http://img2.allvoices.com/thumbs/event/609/480/31515223-fir-tree.jpg

Но многу бил изненаден докторот  radiograf  кога увидел дека пациентото  Artyom Sidorkin имал ништо помалку ни повеќе туку 5 см долга гранка од елка која му пораснала во градите…докторот Vladimir Kamashev кој како шеф на хирушкиот тим и раководител на онколошкиот одел мислел дека халуцинира кога ја ваѓал гранката од елката коај пораснала во градите на млaдичот…

и сега највероватно се прашувате…..збунетост

Јбт како е тоа могуче??? е па како единствена солуција е објаснувањето дека Artyom помирисал некое гранче од елка со што неколку семки преку носот му влегле во плуќата каде од влажност и топлината семката си се развила …НО единствено специјалистите не можеледа објаснат како цели пет години растело гранчето во апсолутна темница ….и да…Udmurtia  е  автономна покраина во состав на  Руската федерација…



Изменето од bijonse1 - 13.Ноември.2010 во 21:30
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2010 во 21:34
Често пати ни се случува да имаме тенденција да јадеме повеќе отколку што треба …
или…
често пати ни се случува да ни се јаде , а тукушто сме јаделе и стомакот ни е полн…
знаете зошто???

http://blog.americanfeast.com/images/eating-disorder.jpg   http://www.younglivin.org.uk/binge_eating.jpg   http://www.realbeauty.com/cm/realbeauty/images/n3/rb-eating-chocolate-bar-0809-lgn.jpg  http://2.bp.blogspot.com/_pThb0GCTpUI/TJCxAMDnVvI/AAAAAAAAAP0/5IEpcH8Lf0s/s320/Tea_Anti_Stress_Drink.jpg        http://www.biyolojidunyasi.com/img/Stres.jpg

овие сензации на нагон за јадење и глад …при полн стомак …тукушто најадени …да речам се  лажни и често пати бидуваме излажани… и ете пак ќе јадеме…Всушност на организмот му фали нешто и истиот сака да компензира со јадење …да се јаде , а да се нема потреба од тоа… ќе наведам 5 ситуации..

Кога сме презаморени… да не речам уморни…

Доколку не сме спиеле доволно организмот нема доволно енергија и решавање на ова ситуација е да телото побара за јадење  …така да имаш осеќај на гладост и потреба за јадење …иако сме сити…

Кога се пијат разни лекови во текот на денот…

Некои лекови имат спореден ефект на зглемување на апетитот …така да …и покрај тукушто наситување со храна ние повторноо сме гладни  и имаме потреба повторно  да јадеме…

Кога сме изгубиле течности да не речам дехидрирани…

Интересен факт е да и покрај потребата да се пие вода кога сме дехидрирани … првиот импулс на организмот уствари е во сензација …потреба за јадење…

Кога е точно време за оброкот…

Доколку имаме дисциплиниран режим на исхрана во точно време  во текот на денот…тогаш точно во тоа време ни се  случува нагла потреба за јадење т.е. глад …

Кога сме под стрес …

Во стресна состојба  оргнаизмот реагира баш чудно…бара јадење… и тоа не било какво !!! туку  тоа мрсно јадење и разни слаткиши кои всушност би требало да не релаксираат…но, ај да го излажеме организмот со  хербални екстракти да не речам чаеви за стресни моменти , песимизам , инсомниа, несреќа , вознемиреност , депресија… и тоа …

              

Лаванда чајот од исушени цветови дури може до 4 чаши дневно овозможува ваша релаксација при напнат организам…лично не ми се допаѓа мирисот па истиот ме асоцира на молци…

Валериана помага  при константен стрес до 3 чаши дневно…

Камилицата многу погодна како чај за инсомниа , мигрена и пихичка вознемиреност …додека полна када со едно литро чај од камилица ви го враќа чувството  за убав живот…
Босилок сув или не…чајот ќе ве освежи после некоја исцрпена психичка состојба и овозможува некако подобро да се организираме и да се исполнат си те обврски…лично овој чај го преферирам на работа и така една добра голема чаша пијам секој ден… мислам дека навистина ме освежува и опушта…

            http://media.picfor.me/001159406/httpi886photobucketcomalbumsac68batacakheartsValentines_36jpg-heart-DO-BLOGA-b-arena-Good-morningGood-night-heartz-Love-my-album-red-coffee-morning-gioula-FOOD-DRINK-coffe_large.jpg       http://www.tshirt-town.com/uploads/products/auto/1393_17_white.jpg 

Липата да не ја заборавам … како за на крај… која само за 10 минути една голема чаша со овој чај ќе ги направи вашите работни обврски смешни и решливи за кратко време…и да не бидам погрешно сватена зборувам за состојба на стрес на организмот во граница на толеранција , се друго кога веќе е со поголем и посилен  интезинтет и подолготрајно веќе има други методи да не речам потребна е медикаметозна терапија…. знак?? па доволно да си секогаш напнат …недостиг на време за било која работа…несоница …ете ти СТРЕС

Дали вие имате ваква навика?? или сте од оние со по 3,4  шољи кафе???

Но не дека не можеме ние без стрес оти тоа е дел од животот  и го имаме секојдневно , но важно е да не трае многу и да не биде многу изразен да не речам импулсивен…и за жал секој различно го манифестира зависно од карактерот нели…а и зависно и од околните услови…

Инаку знаеме дека постојат  професии кои сами по себе с е стресни  и се мисли дека на прво место се противпожарникари ,  директори , хирурзи …потоа како постресни личности се сметаат женскиот пол наспроти машкиот кој се пофлегматични …

http://www.bagumbrella.com/baby%20car/hi213.JPG       http://elitechoice.org/wp-content/uploads/2009/01/20090122-cavalli-aprica.jpg         http://2.bp.blogspot.com/_pUR90-Ni_10/S60p1BmaghI/AAAAAAAAAOQ/DyH_r8upHpE/s1600/Palm%2Btrees%2B%26%2Bthe%2Bbeach.jpg 

а и бебчињата можат да бидат под стрес … ете на пример тие што се возат во колица со лице кон околината да не речам напред , тие се под чуден перманентен стрес од луѓето што ги гледа и околината..  за разлика од бебчето што се вози во количка со лицето кон тој што  ја гура количката ееее тоа бебче е заштитено што ја гледа познатата  особа пред него и тоа веќе не е под стрес…
затоа …рилакс…да



Изменето од bijonse1 - 23.Ноември.2010 во 21:41
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2010 во 17:30
Дали знаете зошто имате многу крвави и болни менструални циклуси...
можеби имате ендометриоза !??!!


За прв пат ендометриозата е опишана во 1870 година од страна на Рокитански...ендометриозата се дефинира како ектопичен ендометриум или постоење на ендометиотична слузница на место на кои нормално ја нема...ендометриум е слузница која го обложува  кавумот на матката и  е под циклични хормонски влијанија што доведува до менструални крваења...

http://www.chicago-ivf.com/_Images/endo.jpg    http://www.ikobiety.pl/wp-content/uploads/2009/12/endometrioza.gif  http://www.romedic.ro/fold/Colaboratori/infertilitate%20uter.jpg
Ендометриозата во однос на етиологијата е се уште неразјаснета. Денес постојат нови  теории за начинот на настанување на ендометриозата од кои спрема  една ендометриозата е автоимуно заболување, а спрема друга теорија се работи за мултигенетско мултифакторијелно заболување поради појавување на болеста меѓу крвни сродници... во однос на симптоматологијата ендометиозата најчесто е главна причина за појава на хронична пелвична болка , како и за појава на инфертилитет, неплодност кај жените поради нарушување на тубооваријалниот комплекс и настанување на атхезии, и поради хормонски и ендокрини нарушувања доведува до нарушување на транспортот на јајната клетка, сперматозоидите, намалување на рецептивноста на ендометриум, како и зголемување на процентот на спонтани абортуси... класификацирана во четири степени. Дијагнозата се поставува во најголем број на случаи  лапароскопски. Во 1990 година лапароскопски се дефинирани три ентитети, ендометриоза на перитонеум, ендометриоза на овариуми и ретроперитонеална ендометриоза или аденомиоза. Перитонеална ендометриоза се дефинира преку постоење на ендометриотични жаришта кои можат да бидат модро сиви, темно кафеави, светло жолто, непигментирани, во облик на папули, везикули, петехии, во облик на пеитонеални дефекти и сл. Ендометриозата на овариуми може да биде суперфицијална (површинска) или во облик на ендометриотични цисти така наречени чоколадни цисти.   Третманот може да биде медикаментозен, конзервативен и оперативен:   Медикаментозен третман со користење на орална контрацепција, гестагенска терапија или аналози на гонадорелин ослободувачки хормон (ГнРХ)Оперативен третман во кој предност се остава на лапароскопските операции. Лапароскопски третирање на перитонеалната ендометиоза подразбира ласер вапоризација, ексцизија на енометриотичните жаришта или  ендокоагулација  на жариштата.   Кога се работи за оваријална ендометриоза доколку е површинска се прави ендокоагулација, а доколку се работи за ендометриотични цисти се прави аспирација на содржината по што следи екстирпација на псеудокапсулата. Третманот пред се зависи од големината на цистата. Лапароскопскиот третман е метод на избор кај ендометриоза од прв и втор степен.
Ендометриоза е состојба при која клетките на внатрешниот ѕид на матката се одвојуваат од неа и растат вон матката.
Кога тие клетки се во нормална состојба растат во матката во моментот кога нивото на естрогените (женски полови хормони) е високо. На тој начин овие клетки помагаат обвивката на матката да се подготви за бременост бидејќи тие служат како гнездо во кое ќе се смести оплоденото јајце. Ако не дојде до бременост, обвивката се кине во моментот кога нивото на естрогените е намалено и доаѓа до крвавење - менструација....да

Во случај на ендометриоза овие клетки може да се закачат на разни места во телото. На пример, во јајниците, мочниот меур, цревата, лигаментите, слепото црево и др. И клетките што растат вон матката раснат кога нивото на естрогените е високо, а крварат кога нивото на естрогените е ниско. Кога ендометриското ткиво расте вон матката, во моментот на крварењето, крвта не истекува надвор, туку останува внатре и создава цистични формации, лузни и други оштетувања на органите каде што се закачиле клетките. не
За причините за настанување на ендометриозата постојат повеќе теории. Според некои научници, до неа доаѓа кога крвта од менструацијата тече во спротивна насока наместо надвор. Според други, клетките од обвивката на матката мигрираат низ лимфните канали и се имплантираат вон матката. Присутна е и генетска предиспозиција за неа, а како причина се наведува и слабиот имунолошки систем кај некои жени. Постојат студии што докажуваат дека до ендометриоза доаѓа поради изложеноста на организмот на жената на хемиската супстанција диоксин, која се наоѓа во пестицидите и од други причини. Главните симптоми на ендометриозата се слаби или силни болки и крвавења. Болките се јавуваат како резултат на воспалителните процеси и при создавањето лузни на местото каде се појавила ендометриозата. Болките можат да се јават и пред менструацијата, за време на сексуалниот однос или во било кое време во текот на месецот.
Други симптоми може да бидат: инфекции на мочниот меур или хроничен умор. Дијагнозата ја даваат исклучиво специјалистите - гинеколози на редовните гинеколошки  прегледи
http://image.24ur.com/media/images///large/Mar2009//60265341.jpg       http://img2.mf.cz/028/907/endometrioza.jpg       http://www.wgabinecie.pl/others/image/pain.jpg       http://www.totulnatural.ro/uploads/2010/09/endometriosis-200x300.jpg        http://www.revistaioana.ro/mediaLibrary/images/2008-05-21/thumb300_121.jpg

СИМПТОМИ НА ЕНДОМЕТРИОЗА...Еден од главните симптоми е болка во долниот дел од стомакот, малата карлица или во долниот дел од 'рбетот. Јачината на болката која ја чувствува жената не е поврзана со степенот на раширеност на еднометриозата. Некои жени чувствуваат силна болка, иако ендометриозата е малку застапена, некои пак не чувствуваат болка, а може да имаат зафатено многу поголема површина.
Воглавно може да се јават следните симптоми:
  • Екстремно болна менструација, при што болката со текот на времето може да станува се посилна.
  • Хронична болка во малата карлица или долниот дел на 'рбетот.
  • Болка за време на сексуални односи.
  • Болка во цревата.
  • Болно мокрење на време на менструацијата.
  • Обилна менструација.
  • Крварење помеѓу две менструции или спотинг (благо точкасто крварење) пред добивање на менструација.
  • Неплодност.
Ендометриозата може да се појави кај било која жена од периодот на добивањето на првата менструација, па се до менопаузата. Понекогаш може да се случи да продолжи и после менопаузата.
Сепак единствен начин да се дијагностицира ендометриозата со 100% сигурност е дијагностичка лапароскопска операција. При оваа операција се прави мал рез на стомакот, преку кој се внесува црево со многу мала камера. На овој начин хирургот визуелно може да го види евентуалното присуство на ендометриоза и да се земе примерок од ткивото кој ќе се даде на испитување. Ако се работи за случај на блага или умерена ендометриоза, лекарот при истата операција може да изврши и нејзино отстранување. Околу 30-40% од жените со ендометриоза се соочуваат со неплодност. Сепак некои жени и покрај ендометриозата зачнуваат без проблем. Доколку жената која боледува од ендометриоза забремени, најчесто симптомите и болеста се повлекуваат.
Ендометриозата може да предизвика неплодност на повеќе начини:
  • Ендометријалните израстоци, лузни или цисти околу јајниците може да ја оневозможат јајце клетката да влезе во јајцеводите.
  • Ендометријалното ткиво во јајниците може да ја оневозможи овулацијата.
  • Ако ендометријалното ткиво се формира во јајцеводите, може да ги направи непроодни.
  • Матката може да не биде во состојба да го прифати ембрионот.
Третманот на оваа болест ќе зависи од повеќе фактори: напредокот на болеста, возраста на пациентката, присуството на болка, дали пациентката се обидува да забремени ит.н. Некои третмани кои може да помогнат во борбата со оваа болест ја намалуваат плодноста на жената, така да треба да се земат во предвид сите фактори. Најчесто во третирање на ендометриозата се користат:
Лапароскопска операција за да се одстрани ендометријалното ткиво, прираслици, цисти, лузни ит.н. Најчесто ова не е траен лек, затоа што болеста може повторно да се врати. Кај некои жени зголемената плодност после оваа операција трае до 9 месеци.
ИВФ третман. Најчесто се користи после лапароскопската операција, но понекогаш и без операција. Се состои во тоа што со хормонска терапија се предизвикува контролирана хиперстимулација на јајниците и создавање на повеќе јајце клетки. Кога ќе созреат јајце клетките се вадат со посебна игла (следено на ултразвук) и во сад се мешаат заедно со сперматозоидите на мажот. После неколку дена, една или повеќе оплодени јајце клетки се враќаат во матката. Ин витро методата е доста успешна во случај на ендометриоза.
Против болка се користат разни медикаменти или промена на начинот на исхрана и воведување на дополнителна физичка активност.
Доколку жената не се обидува да остане бремена може да се користи хормонална терапија, за спречување на овулцијата или менструалното крварење. Најчесто по престанокот на земањето на терапијата се враќа плодноста, но и ендометриозата заедно со сите нејзини симптоми.
Понекогаш во случаи на тешка ендометриоза, како последен избор, но само доколку жената нема намера повеќе да раѓа, може да се изврши и хистероктомија – односно отстранување на матката. Во зависност од зафатеноста на оклоните ткива, заедно се матката може да се изврши и отстранување на јајниците и јајцеводите. Сепак дури и овакви драстични зафати не се гаранција дека болеста нема да се врати.
Со започнување на менопаузата кај повеќето жени болеста се повлекува.
Иако лекарите при дијагностицирање ендометриозата препорачуваат медикаментозна или друг вид терапија, корисно е да се побараат и разни природни решенија, вклучувајќи го и променетиот режим на исхрана за да се ублажат симптомите, тегобите, па дури и да се дејствува превентивно за да не дојде до неа. да



Изменето од bijonse1 - 28.Ноември.2010 во 13:58
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.