IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Рехабилитација на Вистинскиот Св. Димитрија Солун
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рехабилитација на Вистинскиот Св. Димитрија Солун

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2010 во 21:19
Originally posted by spiros spiros напиша:



Единствениот Совршен и Чист Извор е БОЖЈИОТ Светол Дух!



п.с. Св. Мина исто така - како и сите други вистински Светци - е тој што му го заврти грбот на оружјето и антихристијанската власт !

   



Да, но во моментот кога таа власт започна со прогони против Христијаните, а не пред тоа. Пред тоа тие ја почитуваа власта, онака како што за тоа е напишано во Светото Писмо.

Изменето од Македон - 11.Ноември.2010 во 21:19
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2010 во 21:37

Предтоа тие небеа Светци, туку БОГ им ги отвори очите за вистинската природа и намери на антихристијанските - и како христијански камуфлираните - власти! Како што на пример тоа беше (неслучајната) власт на германскиот национален социјализам, за време на втората светска војна.

Следбеникот Христов е обврзан да биде благонаклонет и дури потчинет кон властите - како што тоа беше и инкарнацијата на Мудроста БОЖЈА (Исус) - се’ додека властите не се однесуваат животонепријатно (антихристијански) и тоа не само во однос на христијаните, туку во однос на сите добронамерни луѓе!

Во спротивно секој вистински Христов следбеник е повикан да се бори против темната сила, само со оружјето на Совршената Светлина а не со оружјето на темнината, како што тоа го практицираат чедата на неверата и кривоверата!










Изменето од spiros - 11.Ноември.2010 во 21:43
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2010 во 21:52
Originally posted by spiros spiros напиша:


Предтоа тие небеа Светци, туку БОГ им ги отвори очите за вистинската природа и намери на антихристијанските - и како христијански камуфлираните - власти! Како што на пример беше, неслучајната власт на германскиот национален социјализам за време на втората светска војна.


Сакаш да кажеш дека пред тоа тие не живееја свет и праведнички живот? Зарем, св.Димитриј, св. Георги, ќе беа прогласени за св.Великомаченици доколку пред тоа истите воопшто не веруваа во Христовата порака? Зарем сакаш да кажеш дека пред својата смрт станаа свесни за таа порака? Национал-социјализмот не знам зошто го мешаш овде, тој систем немаше никаква врска со верата, туку со политиката и Хитлер.

Originally posted by spiros spiros напиша:


Следбеникот Христов е обврзан да биде благонаклонет и дури потчинет кон властите - како што тоа беше и Мудроста БОЖЈА (Исус) - се’ додека властите не се однесуваат животонепријатно (антихристијански) и тоа не само во однос на христијаните, туку во однос на сите добронамерни луѓе!

Во спротивно секој вистински Христов следбеник е повикан да се бори против темната сила, само со оружјето на Совршената Светлина а не со оружјето на темнината, како што тоа го практицираат чедата на неверата и кривоверата!


А зошто тогаш го осудуваш житието на св.Димитриј, ако велиш дека следбеникот Христов не треба да почитува антихристијанска власт?!

Затоа и велам, има разлика меѓу војна со која се напаѓа невин субјект, или војна која е одбрана од некој напаѓач. Доколку некој е нападнат и нема друг начин да се одбрани, секако дека ќе се бори доколку може. Но, оној кој е послаб и не може да се бори, секако дека ќе очекува помош од појакиот. А помоќниот е должен да му помогне на својот брат, а со тоа ќе ја материјализира најголемата љубов која е спомената во Светото Писмо.










Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2010 во 22:41
Originally posted by Македон Македон напиша:

   

Сакаш да кажеш дека пред тоа тие не живееја свет и праведнички живот? Зарем, св.Димитриј, св. Георги, ќе беа прогласени за св.Великомаченици доколку пред тоа истите воопшто не веруваа во Христовата порака? Зарем сакаш да кажеш дека пред својата смрт станаа свесни за таа порака? Национал-социјализмот не знам зошто го мешаш овде, тој систем немаше никаква врска со верата, туку со политиката и Хитлер.


Секој што искрено верува на Совршената Љубов и Мир БОЖЈИ во Господа Исуса Христа е свет! Секој! Така и погоре споменатите светци биле свети, но не во таа вонредна мера како што постанале Свети во моментот на целосната преобратеност, оддаденост и Света жртва!

Што се работи за хитлер, тој има многу повеќе религиска врска одколку што мнозинството тоа може да го увиди. Неговата војска била дури и во одредени земји со руска православна традиција (но тогаш под совјетска комунистичка власт) со ракоплескање, крстење, цвеќе и свеќи, пречекувана!









Originally posted by Македон Македон напиша:

А зошто тогаш го осудуваш житието на св.Димитриј, ако велиш дека следбеникот Христов не треба да почитува антихристијанска власт?!

Затоа и велам, има разлика меѓу војна со која се напаѓа невин субјект, или војна која е одбрана од некој напаѓач. Доколку некој е нападнат и нема друг начин да се одбрани, секако дека ќе се бори доколку може. Но, оној кој е послаб и не може да се бори, секако дека ќе очекува помош од појакиот. А помоќниот е должен да му помогне на својот брат, а со тоа ќе ја материјализира најголемата љубов која е спомената во Светото Писмо.



Јас - во суштина - го прифаќам и сигурно дека не го осудувам житието на Св. Димитиј Солунски, туку укажувам дека одредени делови не се потполно точни, бидејќи не се во потполна согласност со Чистата Вистина.

Св. Димитрија Солунски се бореше против власта, но на чист Христијански начин и на Св. Нестор не му даде никаков поинаков благослов освен да се бори чисто Христијански, со напомена дека : “ секој што за нож се фаќа - од нож и ќе загине“(!), како што и се случи!

Св. Димитриј го надмина она Христијансво на кое беше подучуван во својата фамилија со (грчка-паганска позадина), во која иконите и иконопоклонсвото биле поистакнати дури и од службата на Вистината и Духот БОЖЈИ!



Одсрце ти посакувам лесна и благословена ноќ.


Амин


п.с. Најголемата љубов не е да убиваш за да го спасиш својот ближен, туку местозастапно и без оружје - како што покажа Исус - за ближниот да го дариш својот живот!












Изменето од spiros - 11.Ноември.2010 во 22:45
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2010 во 10:38
Originally posted by spiros spiros напиша:

4. Св.Димитриј навистина бил војник и воспитуван во духот на грчката иконопоклоничка верзија на Христијансвото, се’ додека БОГ не го просветлил и му го покажал Патот на Совршената Светлина!После тоа тој потполно го напушта оружјето и иконопоклонството, бидејќи Го познава и следи Живиот ГОСПОД - а не цртаниот - Исус Христос



Оф леле мори мајко...

Ти се читаш ли спиросе што кажуваш?

Дали вреди да побарам да се објаниш за оваа твоја скриена историја на христојанството која никој освен тебе не ја знае, еве веќе 2000 години?!

изгледа си го губиме времево на оваа тема Македон,Спирос или не не чита или којзане како не чита.
Нека е барем жив и здрав.   

Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2010 во 13:39
Originally posted by spiros spiros напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

   

Сакаш да кажеш дека пред тоа тие не живееја свет и праведнички живот? Зарем, св.Димитриј, св. Георги, ќе беа прогласени за св.Великомаченици доколку пред тоа истите воопшто не веруваа во Христовата порака? Зарем сакаш да кажеш дека пред својата смрт станаа свесни за таа порака? Национал-социјализмот не знам зошто го мешаш овде, тој систем немаше никаква врска со верата, туку со политиката и Хитлер.


Секој што искрено верува на Совршената Љубов и Мир БОЖЈИ во Господа Исуса Христа е свет! Секој! Така и погоре споменатите светци биле свети, но не во таа вонредна мера како што постанале Свети во моментот на целосната преобратеност, оддаденост и Света жртва!



Што се работи за хитлер, тој има многу повеќе религиска врска одколку што мнозинството тоа може да го увиди. Неговата војска била дури и во одредени земји со руска православна традиција (но тогаш под совјетска комунистичка власт) со ракоплескање, крстење, цвеќе и свеќи, пречекувана!




Kaква ли врска има дочекувањето на нацистите од Русите незадоволни со комунистичката политика со верата spirose? Дочекување на Германците имало и во Скопје, каде биле пречекани како ослободители, но тоа не значи дека Македонците не можеле да ја исповедаат верата. Такви дочекувања има на милион места. Има разлика меѓу национална и верска политика. Хитлер се обидувал сите угнетени да ги привлече на своја страна, па такво нешто се случило и со оние угнетени од комунистите, има многу такви слики од Киев, а и другите места на СССР, така се случило и со угнетените народи во Југославија, а и на други места.








Originally posted by Македон Македон напиша:

А зошто тогаш го осудуваш житието на св.Димитриј, ако велиш дека следбеникот Христов не треба да почитува антихристијанска власт?!

Затоа и велам, има разлика меѓу војна со која се напаѓа невин субјект, или војна која е одбрана од некој напаѓач. Доколку некој е нападнат и нема друг начин да се одбрани, секако дека ќе се бори доколку може. Но, оној кој е послаб и не може да се бори, секако дека ќе очекува помош од појакиот. А помоќниот е должен да му помогне на својот брат, а со тоа ќе ја материјализира најголемата љубов која е спомената во Светото Писмо.


Originally posted by spiros spiros напиша:


Јас - во суштина - го прифаќам и сигурно дека не го осудувам житието на Св. Димитиј Солунски, туку укажувам дека одредени делови не се потполно точни, бидејќи не се во потполна согласност со Чистата Вистина.


Како ќе го докажеш твоето тврдење?

Originally posted by spiros spiros напиша:


Св. Димитрија Солунски се бореше против власта, но на чист Христијански начин и на Св. Нестор не му даде никаков поинаков благослов освен да се бори чисто Христијански, со напомена дека : “ секој што за нож се фаќа - од нож и ќе загине“(!), како што и се случи!


Како ќе го докажеш и ова тврдење?

Originally posted by spiros spiros напиша:


Св. Димитриј го надмина она Христијансво на кое беше подучуван во својата фамилија со (грчка-паганска позадина), во која иконите и иконопоклонсвото биле поистакнати дури и од службата на Вистината и Духот БОЖЈИ!


Како дозна дека во неговата фамилија практикувале христијанство со грчко-паганска позадина?



Originally posted by spiros spiros напиша:


Одсрце ти посакувам лесна и благословена ноќ.


Амин


п.с. Најголемата љубов не е да убиваш за да го спасиш својот ближен, туку местозастапно и без оружје - како што покажа Исус - за ближниот да го дариш својот живот!


Ако земањето оружје дава можност многумина кои немаат можност да го сторат тоа, да бидат одбранети и да живеат во мир, да се спасат многу детски животи, тогаш тоа е демонстрација на љубов кон тие.

Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2010 во 21:05
Originally posted by Македон Македон напиша:


Kaква ли врска има дочекувањето на нацистите од Русите незадоволни со комунистичката политика со верата spirose? Дочекување на Германците имало и во Скопје, каде биле пречекани како ослободители, но тоа не значи дека Македонците не можеле да ја исповедаат верата. Такви дочекувања има на милион места. Има разлика меѓу национална и верска политика. Хитлер се обидувал сите угнетени да ги привлече на своја страна, па такво нешто се случило и со оние угнетени од комунистите, има многу такви слики од Киев, а и другите места на СССР, така се случило и со угнетените народи во Југославија, а и на други места.



Совршената Заедница - тоа е Чистата Невеста Христова - никогаш не се надевала , нити општела со крвавите “цареви“ од овој свет, туку само со Едниот и Единствениот Цар на Мирот!   






Originally posted by Македон Македон напиша:

Како ќе го докажеш твоето тврдење?



Доказот е дека ниеден од вистинските следбениците Христови не благословува убиство!


Originally posted by Македон Македон напиша:

Како ќе го докажеш и ова тврдење?



Вистината самата се докажува!


Originally posted by Македон Македон напиша:

Како дозна дека во неговата фамилија практикувале христијанство со грчко-паганска позадина?




Може да се дознае дури и од истите извори кои што се воздигаат за единствени вистински, притоа фалејќисе со праксата на (со злато и драгоцени камења украсено) иконопоклоство, во кое сувереното место на Светиот Дух го одземаат и и’ го препишуваат на “великата божица на вселената“ под престилката на Прачиста Дева Марија !



Originally posted by Македон Македон напиша:



Ако земањето оружје дава можност многумина кои немаат можност да го сторат тоа, да бидат одбранети и да живеат во мир, да се спасат многу детски животи, тогаш тоа е демонстрација на љубов кон тие.


Значи ГОСПОД Исус Христос немаше доволно Љубов, бидејќи незеде оружје во рака - како што стори Варава - и не го следеше неговиот пат на вооружена борба (одбрана) од крвавата власт, која убиваше дури и малечки бебиња?

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2010 во 00:26
Originally posted by spiros spiros напиша:


Совршената Заедница - тоа е Чистата Невеста Христова - никогаш не се надевала , нити општела со крвавите “цареви“ од овој свет, туку само со Едниот и Единствениот Цар на Мирот!   


Со сета почит до тебе Спиросе, ама прво постираш слики од социјалистичка Русија и велиш дека имаат религиска заднина, а сега велиш нешто друго?! Извини, ама самиот си противречиш.






Originally posted by Македон Македон напиша:

Како ќе го докажеш твоето тврдење?


Originally posted by spiros spiros напиша:


Доказот е дека ниеден од вистинските следбениците Христови не благословува убиство!


Но, благословувале војници и не ги осудувал.

Originally posted by Македон Македон напиша:

Како ќе го докажеш и ова тврдење?



Originally posted by spiros spiros напиша:



Вистината самата се докажува!


Јас тоа овде не го гледам.


Originally posted by Македон Македон напиша:

Како дозна дека во неговата фамилија практикувале христијанство со грчко-паганска позадина?



Originally posted by spiros spiros напиша:


Може да се дознае дури и од истите извори кои што се воздигаат за единствени вистински, притоа фалејќисе со праксата на (со злато и драгоцени камења украсено) иконопоклоство, во кое сувереното место на Светиот Дух го одземаат и и’ го препишуваат на “великата божица на вселената“ под престилката на Прачиста Дева Марија !


Каква ли врска има сега ова? Чинам, од темата се одалечуваш во недостаток на конкретни аргументи.

Originally posted by Македон Македон напиша:



Ако земањето оружје дава можност многумина кои немаат можност да го сторат тоа, да бидат одбранети и да живеат во мир, да се спасат многу детски животи, тогаш тоа е демонстрација на љубов кон тие.


Originally posted by spiros spiros напиша:


Значи ГОСПОД Исус Христос немаше доволно Љубов, бидејќи незеде оружје во рака - како што стори Варава - и не го следеше неговиот пат на вооружена борба (одбрана) од крвавата власт, која убиваше дури и малечки бебиња?


Дали мисијата на Господ Исус Христос беше таква?



Изменето од Македон - 14.Ноември.2010 во 00:26
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2010 во 01:27


1. Единиот БОГ - во Срцето и Името Господово - е Единствениот Кого Му припаѓа потполна Слава, Благодарност и Почит!
Вистинските следбеници Христови не се тие кои го испраќаја, нити тие кои што го пречекуваа хитлер (и слични на него) со цвеќиња, свеќи, ... !

2. Христовиот Благослов го трансформирал секој грешник кој што потполно поверувал, така ќе го трансформира и секој војник на темнината кој што ќе поверува, обрнувајќи го за 180° од поранешниот правец!

3. Што се случува и случи со сите кои што се фаќаат за “нож“? Не е ли тоа доволен доказ?
Има само Еден и Единствен Пат преку Кој може да се излезе од ѓаволскиот вртлог на насилството! Тој Единсвен Пат е надприродната Мудрост БОЖЈА (Христос) - Тоа Чудесно Евангелие - а не силата човечка, која дури и во Името БОЖЈЕ (незнаејќи ја Неговата Прасветост) убивала и за жал до ден денешен убива!

4. Не, не излегувам од тема! Македон, не е исправно да ги затвараме очите пред Духот на Вистината и на Негово место да ја ставаме (псеудохристијанската) грчко-римската традиција на иконопоклонство, која никогаш и небила пракса на вистинските следбеници Христови!


5. Мисијата на Господ Исус Христос беше и е’ - со Светиот Дух - без насилство да се победи насилството на неверниците и кривоверците!


Лека ноќ и незаборави дека Некој надприродно те сака!



Шалом



   

Изменето од spiros - 14.Ноември.2010 во 01:28
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2010 во 22:20
Originally posted by spiros spiros напиша:



1. Единиот БОГ - во Срцето и Името Господово - е Единствениот Кого Му припаѓа потполна Слава, Благодарност и Почит!
Вистинските следбеници Христови не се тие кои го испраќаја, нити тие кои што го пречекуваа хитлер (и слични на него) со цвеќиња, свеќи, ... !


Kаде ли го чекале Хитлер со свеќи?!
Искрено, ја мешаш националната со верската политика. Ќе ти илустрирам со слика.



Јас на сликава читам НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА, а не читам некаква верска порака.

Originally posted by spiros spiros напиша:


2. Христовиот Благослов го трансформирал секој грешник кој што потполно поверувал, така ќе го трансформира и секој војник на темнината кој што ќе поверува, обрнувајќи го за 180° од поранешниот правец!


Секој војник не е слуга на темнината. Тоа е погрешно да се разбере.

Originally posted by spiros spiros напиша:


3. Што се случува и случи со сите кои што се фаќаат за “нож“? Не е ли тоа доволен доказ?
Има само Еден и Единствен Пат преку Кој може да се излезе од ѓаволскиот вртлог на насилството! Тој Единсвен Пат е надприродната Мудрост БОЖЈА (Христос) - Тоа Чудесно Евангелие - а не силата човечка, која дури и во Името БОЖЈЕ (незнаејќи ја Неговата Прасветост) убивала и за жал до ден денешен убива!


Да, но многумина кои се фатиле за нож со цел да ги одбранат ближните, успеале да се жртвуваат за нив и со тоа ближните да живеат во слобода, мир и правда.

Да те потсетам што им правеше Лициниј во Источниот дел на Римската Империја на Христијаните? Да те потсетам дека тоа престана кога Константин го порази в битката?

Originally posted by spiros spiros напиша:


4. Не, не излегувам од тема! Македон, не е исправно да ги затвараме очите пред Духот на Вистината и на Негово место да ја ставаме (псеудохристијанската) грчко-римската традиција на иконопоклонство, која никогаш и небила пракса на вистинските следбеници Христови!


Јас ти кажав, се додека не докажеш по пат на објективен историски доказ дека се случило такво нешто, тогаш не можеме да говориме конкретно. Разговорот нема да биде ниту конкретен, ниту пак јасен.

Originally posted by spiros spiros напиша:


5. Мисијата на Господ Исус Христос беше и е’ - со Светиот Дух - без насилство да се победи насилството на неверниците и кривоверците!
Лека ноќ и незаборави дека Некој надприродно те сака!
Шалом   



Се сложувам дека мисијата на Господ Исус Христос беше таква.



Изменето од Македон - 14.Ноември.2010 во 22:23
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2010 во 22:34


1.Македон, има документи (мислам дури и филмски материјал) како религијските водачи на многу светски религии општат и склучуваат “партнерства“ со хитлер!

Конкретно за македонија незнам, но за другите поголеми “фактори“ зборувам.


2. Што се работи за Св.Димитрија Солунски, дури и житијето кое ти го публицираше сведочи за таа паганска практика!

Прочитај го внимателно и ќе видиш дека во нивната пракса сувереното место на Светиот Дух е одстапено и на неговото место ...!


Лека ноќ


п.с. Од моментот кога Св. Константи го воведува Христијансвото за државна вера, од тој момент - низ историјата - одредени кругови (под престилката на државата и верата) прават со други светогледи слично на она што им било правено (и се прави) на вистинските Христијани !


   


Изменето од spiros - 14.Ноември.2010 во 22:42
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 06:44
Originally posted by Македон Македон напиша:

Да, но многумина кои се фатиле за нож со цел да ги одбранат ближните, успеале да се жртвуваат за нив и со тоа ближните да живеат во слобода, мир и правда.
Вакво нешто во историјата никогаш не се случило. Секогаш кога некој ќе се фатеше за нож, преживеаните живееа во мизерија и нови опасности да бидат убиени токму од оние кои го подржуваа божемното праведно фаќање за нож.

Тука би се надоврзал на претходно споменатите богомили. Тие беа праведници кои не кренаа рака врз никого, ги канеа луѓето да живеат во нивните заедници според законот Христов. Но црквата ги наклевети пред властодршците кои потоа крваво и ги уништуваа.

Доколку некој повелечеше нож за да ги одбрани од прогоните на црковно-државната спрега, дали ќе стореше добро дело со тоа? На пр. доколку тнр. св.Сава беше благовремено обезглавен, Немања набиен на колец и тн. дали нивните џелати ќе важеа за оние кои „ги положуваат животите за своите ближни„?
Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by spiros spiros напиша:


5. Мисијата на Господ Исус Христос беше и е’ - со Светиот Дух - без насилство да се победи насилството на неверниците и кривоверците!

Се сложувам дека мисијата на Господ Исус Христос беше таква.
Тогаш и нашата мисија како христијани е таква. Исус повика: Следете ме! - а не „фаќајте се за нож да си ја браните квази-татковината„.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 12:37
Originally posted by spiros spiros напиша:



1.Македон, има документи (мислам дури и филмски материјал) како религијските водачи на многу светски религии општат и склучуваат “партнерства“ со хитлер!

Конкретно за македонија незнам, но за другите поголеми “фактори“ зборувам.



Ајде да не испадне како со твојата слика за дочекот на Германците од советското потчинето население, посочи конкретен пример, да не говориме напамет, па потоа да не испадне поинаку.

Originally posted by spiros spiros напиша:


2. Што се работи за Св.Димитрија Солунски, дури и житијето кое ти го публицираше сведочи за таа паганска практика!


Прочитај го внимателно и ќе видиш дека во нивната пракса сувереното место на Светиот Дух е одстапено и на неговото место ...!



Каде ја виде ти паганската практика? Благословот да се бори со непријателот е според тебе само пагански обичај?

Патем, поназад велеше дека не го негираш жититето, што е само уште една од низата твои контрадикторни постови.


Originally posted by spiros spiros напиша:



Лека ноќ


п.с. Од моментот кога Св. Константи го воведува Христијансвото за државна вера, од тој момент - низ историјата - одредени кругови (под престилката на државата и верата) прават со други светогледи слично на она што им било правено (и се прави) на вистинските Христијани !



Св.Константин не го вовел Христијанството како државна религија на Римската Империја, таа констатација не ти е точна. Тој го направил рамноправна религија со останатите и самиот го прифатил, но прифаќањето на таа религија од страна на Императорот не значи и прогласување на религијата за државна религија. Тоа го сторил Теодосиј Велики, со донесување неколку правни акти, кои секако, имале сила на закон.

Патем, не ми одговори за војната на Константин со Лициниј.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 13:06
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Да, но многумина кои се фатиле за нож со цел да ги одбранат ближните, успеале да се жртвуваат за нив и со тоа ближните да живеат во слобода, мир и правда.
Вакво нешто во историјата никогаш не се случило. Секогаш кога некој ќе се фатеше за нож, преживеаните живееа во мизерија и нови опасности да бидат убиени токму од оние кои го подржуваа божемното праведно фаќање за нож.


И тебе ќе те прашам она што и spiros. Што требаше да направи св.Константин кога Лициниј, со цел да испровоцира војна, започна жестоки прогони, последните жестоки прогони во Источната Римската Империја, против Христијаните. Или пак кога Персија ја нападна мирољубивата Ерменија и започна жестоки прогони против Христијаните. Ерменците, а и Христијаните во Персија во тоа време немаа никого освен Константин, па сосема нормално беше тој да им објави војна на Персијците за да ги натера да ги запрат прогоните.
Да не одам понатаму и да прашувам што требаше да стори Византија кога Муслиманите го нападнаа Ерусалим.

Originally posted by Majkl Majkl напиша:


Тука би се надоврзал на претходно споменатите богомили. Тие беа праведници кои не кренаа рака врз никого, ги канеа луѓето да живеат во нивните заедници според законот Христов. Но црквата ги наклевети пред властодршците кои потоа крваво и ги уништуваа.


Не биле баш такви богомилите. Доколку биле такви, зошто тогаш Бојан Магот од Бугарија го употребил своето влијание и од државата добил манастир, кој секако дека и припаѓал на Православната Црква, каде се собирал со богомилите? Зошто дел од нив заминале во војна заедно со Алексеј I Комнен, па подоцна дезертирале? Зошто не плаќале даноци? Зошто ги отфрлале институциите? Зарем Христос не плаќаше данок? Зарем св.Павле не повикуваше на лојалност кон власта? Внимавај, раните Христијани не се занимаваа со институции, отфрлање на истите, па дури и кога се бранеа, тие не настојуваа да дојде до рушење на државата. Во периодите кога немаше прогони над Христијаните, тие беа лојални и мирни граѓани, кои не ја отфрлаа така лесно државата, како што сакаа да сторат богомилите. A мошне интересно е што и богомилите подоцна, во Босна етаблираа своја црква и имаа своја заштита од тамошната држава. Тоа не е лошо секако, но тоа ги доведе во спротивност со дотогашните проповеди.

Црквата не ги наклевети, самите се подигнаа против постоењето на државата, институциите на системот, па реакцијата беше очекувана.

Богомилите ако посакуваа да се спротивстават, тоа требаше да го сторат како што треба, односно да ја предизвикаат и да се обидат во теолошка дебата да ја поразат. Но, не го сторија тоа, а чинам и самиот знаеш зошто. Тоа е затоа што темелите на кои градеа беа слаби. Не случајно, нивните претходници, Павликјаните, по една дебата меѓу нив и Алексиј Комнен, кој согласно историските извори, прифатил да биде со нив и да дебатира, едноставно прифаќаат дека грешат и се враќаат во Православната Црква.

Originally posted by Majkl Majkl напиша:


Доколку некој повелечеше нож за да ги одбрани од прогоните на црковно-државната спрега, дали ќе стореше добро дело со тоа? На пр. доколку тнр. св.Сава беше благовремено обезглавен, Немања набиен на колец и тн. дали нивните џелати ќе важеа за оние кои „ги положуваат животите за своите ближни„?


Босанскиот владетел кога ги бранеше, секако дека не ги бранеше со нешто друго, туку со силата на државниот апарат, а знаеме што се тоа вклучува. Иако говореа против Црквата и начинот на кој таа функционира, ќе те потсетам, во Босна го усвоија истиот начин на кој таа функционирала.

Originally posted by Majkl Majkl напиша:


Тогаш и нашата мисија како христијани е таква. Исус повика: Следете ме! - а не „фаќајте се за нож да си ја браните квази-татковината„.


Токму така, но сепак Христос не ги осуди војниците....




Изменето од Македон - 15.Ноември.2010 во 13:22
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.