IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 119120121122123 138>
Автор
Порака
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2010 во 18:42
Скршени срца


Додека лежеше на тврдото дно
Смрзната во тело и душа
Солзите како бисерчиња околу неа
И ја правеа прекривката уште постудена.

Кога мислеше дека спас нема
Го здогледа како далечна светла точка
На крајот од тунелот
Светлост!Светлина!Крик од душа за спас.

Среќата не е нешто што и припаѓаше
Таа привилегија не беше нејзина
Се вивна до облаци....наеднаш
Не свртувајќи се назад...само напред одеше.

Но единствено што успеа да направи
Беше да му го скрши срцето
На милион парчиња...се разлета
Како рој пеперутки.

Ги собираше дел по дел
Да ги состави...да му го врати назад
Пак исто како што го доби
Испружено на дланка отворена.

И кога беше сигурна дека е готово
Дека успеала ....тој го испушти нејзиното
Се распарчи како кристална чаша
Се разлетаа парчињата......

Не....среќата не беше нејзина привилегија
Несреќата беше нејзина сестра
Солзите нејзина закрила
Болката брат за навек....

Стивна....Замре....Се стопи во празнината....

Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2010 во 16:16
Чудо ми требаше
од надвор нешто
сега тука си
од каде не припарувам дојде
да ме извлечеш од пештера сакаш
под сонцето играш,
а јас ржам и трепкам
на светлина ненавикнат.
Се тргам кога ќе ме допреш
ќе се сетам дека си ти,
да се кострешам престанувам
те погледнувам,
очи широко отворени на кратко
нешто ќе шушне,
дека нешто ќе те земе се плашам
како и што дојде
да загубам сега имам што.
Стиснувам очи и ржам
нежно ме стискаш
за насмевка ме подготвуваш
ме чешкаш
ја положувам главата во твојот скут.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2010 во 20:34

Рака која не допре жена една светлосна година

http://dmacmichael.files.wordpress.com/2010/02/space_pic_astronaut.jpg

Мислеше дека има све што може еден човек да посака и да биде среќен…

Мислеше дека мора уште  нешто да има што никој не може да го има…

Мислеше дека ќе знае  се гризна за усна и погледна нагоре…

Мислеше  ако го погледне севишниот  дека ќе го знае одговорот..

http://www.srbijanet.rs/images/stories/tehnologija/slike1/1/zvezda-t-piksidis-498.jpg

Наеднаш блесок од сјајна ѕвезда му ја отпушти загризената усна…

Наеднаш знаеше дека е тоа вистинскиот правец целта на неговата желба..

Наеднаш сето тоа стана реалност  како прв човек за таа дестинација..

Наеднаш   лебдеше во космосот  Земјата маслинка  на својата дланка …

http://vtm.zive.cz/files/imagecache/dust_filerenderer_big/upload/aktuality/kosmonaut_ve_vesmiru_jpg_4b97507041.jpg

Имаш време да размислиш и да ја гледаш  убавината на Универзумот…

Имаш  време да размислиш  за своето детинство и младоста…

Имаш  време да размислиш за првата љубов и за првиот бакнеж…

Имаш  време толку проклето многу време што мислите  се повторуваат…

http://1.bp.blogspot.com/_9UxHwUfG2qQ/TJLTmoOy1SI/AAAAAAAADYc/Uezih5ZjKMQ/s1600/yuri-gagarin-in-space.jpg

Нова ситуација на бескрајна тага и сама помисла на планетата Земја…

Нова болка која ги размачкуваше боите во Универзумот…

Нова слика на црно бел и ладен Универзум проклети комети и метеори..

Нова желба за крај на тоа космичко патување …

http://2.bp.blogspot.com/_3nZmqquLmJA/R4-ydcP_-KI/AAAAAAAAABM/ZG-Vvznlfr8/s400/blagodaram-za-add-astronaut-vselena.jpg

Љубов кон  создателите , кон човечкиот род и тоа мало кученце …

Љубов кон природата таа прекрасна во сите бои на спектарот…

Љубов кон кон тие прекрасни раце , црни очи и коса..

Љубов кон многу нешта и кон Таа  го направи слетувањето успешно…

http://img.youtube.com/vi/0-UgmsEyYD8/0.jpg

Се лажам или пак ја имам таа празнина , зошто сум се уште сам…???

Се лажам или навистина све е толку сменето и непознато…??

Се лажам или сум на планетата Земја…??

Се лажам дека сум среќен ги погледнав моите раце погледнав нагоре…

http://cooleria.mk/wp-content/uploads/2010/09/race4.jpg

Моите раце не допреа жена цела светлосна година …

Проклет да си Универзуме !!!

http://www.anorak.co.uk/wp-content/gallery/twitter-in-space/twitter-in-space-2.jpg

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2010 во 21:51
                          Вози Мишко!!!

…нема тука години …нема тука не можам…нема тука гравитација…
кога некој има  талент за рамнотежа …
и кога тие околу него се  воодушевени  но и  изненадени…
се трудат да го одржат тој негов талент за негово…свое … и сечије добро…
тогаш оската на рамнотежа чуда прави…
необично…волшебно… но вистинито…
Возииииииииииииииииии Мишкооооооооооооооооооооо!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2010 во 09:56
ОКЛОП ПЕСНА

Те затворив во песната,
на песната оклоп и навлеков.

Цврст оклоп,
оклоп со решетки.

Никој да не те види,
никој да не те допре,
никој да не те има.

Само да те насети,
само да те заљуби
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2010 во 20:12
Great%20heart%20in%20love 

Најмил мој ....I  like  the rest


Мили мој… љубовта му  припаѓа само на тој што сака ,

а не на тој што е сакан…

мили мој… да сакаш и  да бидеш сакан,

тоа е исто како од двете страни да грее сонце…


Мили мој …слободата не ни е дадена да правиме што сакаме ,

туку да никој не не* присилува да правиме тоа што  не сакаме…

мили мој… на интелегентните никогаш  не им е досадно,

од што се плашиме тоа и ќе ни дојде на глава…


Мили мој … иди на бојно поле цврсто убеден за победа ,

па ќе се вратиш без ниедна рана…

мили мој… ако во борба влеземе сигурни дека ќе погинеме ,

тогаш сигурно ќе останеме  живи…


Мили мој …среќа преставува совршена хармонија на мислите ,

чуствата, вербата и дејствувањето и тоа ни се случува само повремено..

мили мој …кој грешки прави на другиот не опростува…

политика е к*рва , ама секое к*рварење не е политика…


Мили мој …ако не си успеал тоа е затоа што не си пробал ,

ако си успеал тоа е затоа што си пробал и не си се откажал…

мили мој …колку повеќе се поклонуваш ,

задницата ти завзема све повисока позиција…

*

Мили мој …вистината треба да се бара долго и упорно ,

затоа следи  ја лагата сигурно ќе те одведе до вистината…

мили мој …секогаш прави го тоа од што се плашиш,

и стравот ќе исчезне…


Најмил мој…не сакам мастика го сакам кусурот !!

Blue%20fireworks Blue%20fireworks Blue%20fireworks


Изменето од bijonse1 - 01.Јануари.2011 во 22:48
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2010 во 23:16
ЗАГЛАВЕНО ВРЕМЕ


Намести ги фигурите како да ќе дојдам -
белите нека бидат пред тебе,
црните пред мене.

Не тревожи се ако задоцнам -
во оваа игра не е важно кој каде ќе седне.

Намести ги фигурите како да ќе играме -
белите пред мене нареди ги
црните пред тебе.

Не тревожи се ако не дојдам -
во оваа игра не е важно кој прв ќе повлече потег.

Намести ги фигурите без правила и ред -
белите на црни полиња
црните на бели.

Не тревожи се ако погрешиш -
во оваа игра не е важно како ќе се отвориш.

Намести ги фигурите, како сакаш намести ги -
знаменцата одамна се паднати,
времето е заглавено меѓу сенките.


БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2010 во 00:04
ОЧАЈ

Ранета птица
тропа на прозорецот
на мојата душа.

Ако и отворам
ќе измрзни.

Како да и кажам?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2010 во 23:11
ВОЗДИШКИ

Ми ја распаруваш мислата
со прецизна водишка.

Мислата од стих оплодена.

Пак ноќта ќе се разлие
врз ненапишаната песна за тебе
како мастило

Пак ќе воздивнеш-
од жал за песната.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2010 во 14:00
диптих

1.

Месечев зрак
се криумчари низ прозорецот
во болничката соба.

Засолниште ко да бара
во несронетата солза од окото.

Срцето молкуm кrвари
во градите на мајката.


2.

Солза во окото.
Молкуm крвари срцето
на храбрата мајка.



Изменето од majstorce62 - 20.Декември.2010 во 14:10
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2010 во 15:14
Originally posted by kejt-d-grejt kejt-d-grejt напиша:


Две три куќи подолу во мојата улица, живее едно безимено семејство.
Таткото е пожарникар, мајката не оди на работа. Двајцата синови имаат
по четириесетина години, не знам како се викаат, ни што работат. Едниот
си доаѓа дома во плава униформа, а другиот е без униформа. И невестите
не работат. Си ја гледаат куќата и си ги чуваат децата. Куќата им е
малечка. Долниот спрат е вкопан до полу в земја, а горниот е со ниски
тавани. Комшиите се чудат како живеат сите заедно, ама се' повеќе губат
надеж дека еден ден ќе почнат да си ги кубат косите. Синовите со снаите
и со децата спиеле во две спални соби. Старите спиеле во кујната. Им ги
гледам често дечињата од тераса додека простирам алишта. Имаат мили
лиценца, добродушни се и никогаш не се валкани.Пред куќата имаат
поплочено дворче, мало колку уште една соба и многу, многу цвеќиња, по
прозорите, по скалите, на терасата, покрај оградата, дури и врз
покривот на едно ниско мало мудбаче, во кое си прават зимница, ставиле
саксии со некои ситни црвени цветчиња кои паѓаат надолу.Свекрвата и
снаите си седат во двор и си пијат кафе. Си кажуваат нешто и се смеат.
- Добар ден, им се насмевнав, многу ви е убав дворот, им реков, ( И вие
сте многу убави, тоа не го реков). - Фала, фала, повели на кафе
комшивке, ми викнаа. Брзам за на работа, некој друг ден, со
задоволство, - излажав. Ние живееме во голема куќа без цвеќиња.
Имаме по една соба за секој од нас и уште по некоја плус. Ние сите
одиме на работа и немаме време за кафе во двор. Не знаеме како се
викаат нашите комшии и што им е секој ден толку смешно. Некој ден
можеби и ќе појдам да проверам. Некој друг ден, сега немам време. Сега
брзам за на работа.



JAS DURI SEGA GO PRONAJDOV OVOJ BISER. NE E VAZNO, IMA SILEN SJAJ.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2010 во 18:06

http://media.comicvine.com/uploads/0/8632/270709-190008-libra_large.jpg http://2.bp.blogspot.com/_ZlCHcLuM3Ew/SvvDUfon-EI/AAAAAAAAAPo/BF_tytoh_dE/s400/body-painting-pictures.jpghttp://www.fullfreestuff.com/free-graphics/downloads/avatars/zodiac/animated-avatar-libra.gif


          Дајте ми една вага


Усни?? ухх  твоите очи, твоите раце…

јас те сакам мило мое,

бакнежи?? ахх твоите погледи, твоите прегратки,

многу ми значиш душичке

тоа ти е љубов најмило мое…


Нозе??  ухх твоите колена , твоите кукови…

јас те сакам мило мое,

чекори ?? ахх твојот  грациозен од*,

многу ми значиш душичке

тоа ти е љубов најмило мое…


Стомаче ?? ухх твоите гради , твоите раце…

јас те сакам мило мое,

брег?? ахх најпривлечен на свет,

многу ми значиш душичке

тоа ти е љубов најмило мое…

***

да??…

дајте една вага…

http://www.msnpro.com/emoticons/new-animated/libra.gif

сите три строфи на една страна…

да??…

***

Дожд?? ухх само колку врне, чадор имаш нели…

како ли ќе идеш со тие чевли,

снег??ахх како ли само дува земи такси,

облечи се потопло синџири имаш сигурно

не се љути маче мое…


Грло?? ухх  кашлаш , чај пиеш нели..

земи шал , ракавици во џеб ти се

депресија?? ахх таа твоја работа издржи,

тешко време секому нешто фали

не се љути маче мое…

***

Време?? ухх што му фали сега , сонце нели…

месечина  сакаш силна светлина

натуро моја?? ахх покажи ја твојата силина

да види колку јас силно го сакам

и колку  моите  зборови љубов значат!!


***

е дее не се љути маче мое !

три строфи на друга страна!!

дали треба да се прашам која ќе биде потешка???

http://lava360.com/wp-content/uploads/2010/08/fantastic_worlds3.jpg

Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2010 во 19:16
БОИТЕ НА МУЗИКАТА ОД СРЦЕТО

Кога имам што да кажам
јас, тогаш, силно молчам
и помеѓу секој интервал на две крварења
пуштам тивка музика од срцето
за да ја обојам празнината со тебе.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2010 во 19:22
ubavoда
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 119120121122123 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,562 секунди.