|
Социјализам или капитализам? |
Внеси реплика | страница <1 2930313233 61> |
Автор | ||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
само тоа е веќе друг муабет надвор од темата, сакав само да кажам да не пишуваш се и сешто само колку да го напаѓаш капитализмот! |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
fstak
Група Регистриран: 31.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 99 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Sakas da kazes deka nemase ubavi momenti za tebe vo toj socijalizam .Tvojata generacija odese po mesec dena na Korcula na more.drustvo 20 luge zaedno trgaa i se vrakaa sekoe leto od mojata ulica ,a bea tvoja generacija.Toa ne bea deca na direktori tuku na obicni rabotnici.Eksk*rzii niz Jugoslavija,pasos koj sto bese pocituvan segde vo svet.Mozese da otides kade sakas i toa so dostoinstvo. Sto se odnesuvalo do zdrastvoto ako ti e potrebna operacija se odelo samo so kniska .A ako nogata ti e pomodrena ne se pravele deka ne te gledaat. Profesorot bil pocituvan ,Policaecot isto taka,Doktorot isto taka,rabotnikot vo learnica isto taka,rudarot isto taka. Zaradi troska seker li ti bese na tebe? Изменето од Анастеа - 14.Ноември.2010 во 02:35 |
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако сакаме да бидеме објективни, ние, мислам на целиот Балкан и пошироко, одсекогаш сме заостанувале за развиениот свет. Болно ама од вистината не се бега. Некој во минатото не учеше дека подобар е било каков социјализам, отколку било каков капитализам. Тоа и се случи. Голем број на земји, пред се од истичниот блок, ја скокнаа оваа фаза на развој во општественото уредување. Може да се аргументира по тоа прашање, но во основа скокот донекаде беше и оправдан. Логично е да се од очекува луѓето да учат на туѓите грешки и знаењата и искуствата на другите да се применуваат во новонастанатите услови. Но, за жал небило така. Зошто? Затоа што какви беа односите во времето на империјалистичкиот капитализам јазот меѓу оние кои беа развиени и неразвиените немаше да биде само 100 години, туку многу повеќе. Да светот не се соочеше со новото општество кое во одреден времески период претставуваше против тежа на капиталистичкиот систем, со сигурност може да се тврди дека модификација во капиталистичкиот систем немаше да има. Па нели и појавата на синдикалните движења, штрајковите на чикашките работници, непланскиот и нерегулиран капитализам го доведуваа до работ на опстанок. Нели промената следеше по депресијата 29-33 со теоретскиот концепт на Џон Мајнард Кејнз и Рузвелтовиот Нју Дил...... Сметам дека со воведувањето на социјализмот јазот меѓу развиените и неразвиените на некој начин се намали. Зарем има подобар пример за тоа од Македонија?! Пред воведувањето на тој систем преку 90% од населението било ангажирано во аграрот, 70тина % од населението било неписмено, никаква инфраструктура, електрификација, индустрија, културен и образовен систем.... Погледнете ги фотографиите од македонските градови и села од 20-30тите години на минатиот век. Сигурен сум дека сознанијата ќе бидат разочарувачки. Кога ќе се види дека станбениот фонд бил на рамниште на колиби, чавкарници...и се што било изградено и постигнато во наредниот период дури само тогаш ќе може да се даде реална проценка на работите. Сосема друга работа е што некои на идеите на социјализмот им даваа свои толкувања. Дали идеалистите ја почувстуваа силата на власта или некои други екстерни фактори допринесувале да дојде до отстапки од идеите и теоретските трудови, може да биде предмет на дискусија. Во секој случај, тој систем неможел да се развива самостојно без екстерни влијанија, како пропагандите од двете страни, трката за вооружувањ и докажувањето кој систем е супериорен. Нејсе, човечката природа победи, недовербата во тој систем се демнострираше и се случи тоа што се случи. Денес во светот постои само капиталистичко уредување (со исклучок на неколку), а со самата промена сведоци сме дека јазот на развиените и неразвиените почна повторно да се продлабочува. Кога ја гледам капиталистичка Македонија можам да видам дека има голема раздвиженост, поголема деловна агилност, се гради, земјата е преполна со стоки, демократија, повеќе партиски систем, но од некој причина луѓето не се среќни. Немаат прилики за добра заработувачка, пристоен живот, професионална афирмација и просперитет, воопшто ги нема приликите кои се сметаше дека капиталистичкиот систем ќе ги донесе. Чаре?! Социјализам или капитализам? Одговорот не е лесен, а една сеопфатна анализа од еконсмки, историски, социолошки, филозофски, политчки ..... или било каков друг аспект е неминовност. Тука меѓу сите овие погоре споменати дисциплини лежи одговорот. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Sakam da kazam deka imase ubavi momenti vo toa vreme ama sigurno ne mi se povrzani so opstestvenoto ureduvanje togas vo zemjata. Ako nemase nekoj dinar da prosetas po Evropa, dzabe ti bese be brat crveniot pasos, a samo so pasosot vo dzep posle granica nikoj ne te ebava. A troskata seker, kafe, prasak za perenje, zejtin, za koja cekavme vo red celo maalo, koga sedevme sekoj tret den na svekji, koga dobivavme bonovi za benzin po 20 litra mesecno, toa ne se zaborava, toa se rani koi pravat dlaboki luzni i ne pominuvaat cel zivot. A od druga strana u skolo ne ucea deka sme bile mnogu bogata drzava, deka kapitalizmot e trul, samo sto ne propadnal, i koga ke gi prasav nastavnicite ako sme tolku bogati zasto cekam so moite vo red da gi kupime osnovnite namirnici, odma samar sleduvase i roditelot da dojde. Za toj li zivot treba da zalam, i da vikam deka mi bilo ubavo... |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се разбира дека можеш и на тој начин да си ги објасниш работите кога станува збор за флексибилноста на капиталистичкиот ситем и неговото самосознавање. Меѓутоа, познавајќи ги системите не само од теоретска гледна точка туку и од практична, стојам до моето гледиште. Капиталистичкиот ситем не е толку флексибилен како што некој сака да го прикаже. За да се дојде до било каква промена мора да се има некоја причинско последична врска. Мора да има доволна критична маса која ќе биде загрозена од соодветната појава. Таа критична маса сама посебе не е доволна, посебно ако не се создадат услови каде нејзиниот глас и проблеми ќе бидат слушнати. Значи треба некаков си вид на организација. Честопати натрупаните проблеми се игнорираат се до онај момент додека, како што велата во англосаксонскиот свет, sh*t hit the fen, само ради тоа што промената финансиски ќе чини премногу или пак истата не е во согласност со идеолошката платформа на системот. Се додека народот верува во системот, му останува по некој коска да глода и се додека масата е парцијализирана, маргинализирана и се додека индивудаулизмот е основниот двигател се дотогаш тој систем ќе биде во состојба да се “самосознава“, трансформира, а истовремено да ги контролира масите. Социјализмот пак кој ние го пзонававме беше премонгу догматски спроведуван, а идеолошките вредности беа основните критеруими при неговата имплементација. Искрено, премногу ресури и енергија се трошело да се докаже дека тоа е најсофистицираниот систем кој досега е измислен. Тоа ќе допринесе негвата раководна структура да оди од грешка во грешка, а ради иделошкиот товар да небиде во состојба да се самоосознава и трансформира. Можеби СФРЈ во тој поглед отиде најдалеку, поминувајќи низ неколку фази во нејзиниот развој, но распадот на тој социјализам мислам дека небеше ради истите причин заради кој се распадна во СССР, Полска, Чехословачка, Романија..... Социјализмот како општествено уредување немал доволно време за да учи врз основа на сторените грешки. Постоел 50тина години, што за развој на едно општествено уредување, навистина е премалку. Ради ред политчки, идеолошки, економски, социолошки и културни причини тој систем неопстана, но семето на истиот е засеано. Неговата легитимност, сакале или не, е присутна и во поблага форма наоѓа примена во пркасата на високо развиените општества. Ќе повторам во високо развиените општества, каде општествената свест и законската регулатива е на исклучително високо рамниште. Сите останати капиталистички општества, вклучувајќи ги и екс социјалистичките се на ниво на првобитна акумулација на капиталот. Со други зборови тие општества се во времето на првобитниот капитализам и го спознаваат неговиот рудимент. Ако така размислуваме ние не каскаме зад развиените за 100 години како што некој рече, туку сигурно 300 години. Несмее да се заборава, капиталот во основа е “мрзлив“, оди таму каде што може најлесно и најбрзо да се оплоди, а не онаму каде што има општествена потреба од него. Општествените потреби занего се непотребни трошоци кои со законската регулатива на админситарцијата му се наметнуваат како нужно зло. Ова нужно зло некој ќе му го припише на капитализмот како негова способност да се трансформира, но според мене тоа нужно зло е изнудено благодарение на идеите кои се директен производ на социјалистичкиот концепт. Кога зборувам за “мрзливоста“ на капиталот сакам да направам една мала асоцијација со оние мигранти кои за своја дестинација ги имаат избрано САД, Канада, Австралија.... нели е тоа исто?! Се оди таму каде што се смета дека најлесно и најбрзо ќе се постигне саканата цел! Прашање е дали промената на системот во Македонија ги исполни очекувањата? Дали капиталистичка Македонија нуди посреќна и посветла иднина од социјалистичката? Немојте да ни кажувате како е во Америка и Енглеска..., затоа што знаеме како е, туку кажете те ни како да стигнеме до нивното ниво. Изменето од Анастеа - 14.Ноември.2010 во 02:36 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Боновите излегоа 90сетите кога мислевме дека ако се одвоиме ќе ни тече мед и млеко, така да бонови почнаа да се практикуваат од кога почнавме да си играме држава или се одвоивме од Југославија. Изменето од Анастеа - 14.Ноември.2010 во 02:36 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не, туку говорам за она кое говоревме, споредба на напишаното и имплементираното. Во Бангладеш, сите овие закони постојат, но не се имплементирани, исто како и во други земји. Во САД, Австралија, Канада, сите овие закони постојат и се имплементирани. Сега се надевам ме разбра што сакав да кажам кога го споменав Уставот на СССР од 1937 година и дејанијата на Сталин. Секако дека има жртви и во капитализмот, но, дали како во СССР? Дали како во НР Кина во времето на Мао Це Тунг? Или пак Камбоџа? Можеби пак Романија? Северна Кореја? Изменето од Македон - 07.Ноември.2010 во 12:31 |
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne si vo pravo, bonovite vo 90-te bea koga Grcija ni uvede embargo. Togas bevme samostojna drzava. Jas zboram za bonovite vo pocetokot na 80-te. Pa za bonovite vo sredinata na 70-te itn itn... |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pa denes imame platni zapisi...denarski i devizni....I toa vladata se zadolzuva...ZAPISI.....A i bonovi ili pari...da se ima miren spokoen i UBAV zivot...barem za najgolemiot del od graganite...
|
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зекси ако не ти е навредливо да одговориш која година си роден. |
||
fstak
Група Регистриран: 31.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 99 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
I so tolku malku bevme srekni ,a sega kolku luge se srekni.Opstestvenoto ureduvanje treba da e za dobrobit na narodot ne na poedinci. Изменето од Анастеа - 14.Ноември.2010 во 02:34 |
||
fstak
Група Регистриран: 31.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 99 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
DA te razbiram zasto nemas statistika za zrtvite na kapitalizmot nigde ne se zavedeni i nikoj nesaka da se rasprava so niv. Изменето од Анастеа - 14.Ноември.2010 во 02:34 |
||
fstak
Група Регистриран: 31.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 99 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Te razbrav ama kapitalizmot e bolen za nas kako sto socijalizmot e bolen za Amerika Изменето од Анастеа - 14.Ноември.2010 во 02:35 |
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
i mene me interesira koi i kolku lugje ..i kako bile ubivani vo kapitalizamot?...toj shto stalno prashuva,..sigurno i znae,
a prashuva samo da vidi dali i drugi znaat kolku nego.
znachi,..kolku bile ubieni vo kapitalizmot,
mislam , da gi ubivala samata drzava , zatoa shto go branela svojot poredok,...kako shto toa go pravele vo socijalizmot,...a i seushte go pravat vo negovite najekstemni ostatoci.
|
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Внеси реплика | страница <1 2930313233 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |