IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 118119120121122 138>
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2010 во 18:27

http://vanimg.s3.amazonaws.com/wonderwoman.jpghttp://images.autodesk.com/adsk/images/bulky_animation_studio_boat_2_customer_showcase_617x375.jpg

                    Во мене

Ако некој ќе ме праша зошто?? ...ќе дигнам рамења....!!!ете...затоа !!! 

...убаво ми е покрај тебе, некако времето си игра со нашите зборови а јас некако  расплетувам све што ден ми заплетува...


Ако некој ќе ме праша како??...ќе се почешам ...!!!ете...некако... !!!                                                                               

...убаво е да сум до тебе спонтаноста го разубавува денот кој станува прекрасен и сите лоши моменти што дента ми се судени одат во друг правец....


Ако некој ќе ме праша каде?? ќе ги раширам рацете...!!!ете. ..секаде ...!!!                                                                               

...убаво е околу тебе и тогаш моето движење е без гравитација и секоја препрека станува лесна, малечка ,никаква...


Ако некој ќе ме...!?! ама ,ама...??мене никој не ме прашува!!??!                                                                   

...покрај тебе...до тебе...околу тебе...??тогаш самата ќе се прашам ??    

како кога ќе бидеш ....во мене ??

http://ic2.pbase.com/o4/40/164740/1/52579824.GreenFlashAnimation_web.gif

Изменето од bijonse1 - 22.Септември.2010 во 22:18
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2010 во 05:49
Да се родам повторно
би била слово златно
под перото твое непресушно.

Да се родам пак...
би била реч ѕвонлива
на усните твои румени.

Немо би лебдела
закачена на белилото,
во мирисот на тетратката
која ја чуваш како зеницата.

Закачена во просторот,
како слика на ѕидот,би била
нем сведок на нешто
што никогаш не се искажува до крај.

Икона на вечноста наша
во храмот на Бог,пред која,
крстот го ставаш на себе,
а дланката на мене.

Оставајќи секој ден по еден дел
од душата твоја страдна,
за вечно да останеш запечатен
во душата моја мачна.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2010 во 00:57

http://images2.layoutsparks.com/1/70927/sister-woman-wolf-companion.jpg

       

               
Миризлива љубов

Дали си волк кој ја води глутницата и завива по својата несудена волчица..

или куче кое е носен од миризливиот инстикт до својата нова кучка…

седам и се прашувам??

човек ли  си??


Твоја љубов да е топла како сончев зрак…разбирам

твоја љубов да е ладна како пиво во летна ноќ…ај разбирам

твоја љубов да е тајна како стар албум сокриен под кревет…и тоа разбирам

ама за миризлива љубов ??? уххх…тоа не разбирам


Зарем тебе мирис на коса те буди….??

секогаш мирис на раме те буни..

сакаш мирис на бедра кој те луди…

ахх таа твоја миризлива љубов…


Воздишка твоја под рака ме лади…

опиен од мојот мирис заспиваш на моите гради…

а јас?? … дали ја сакам ова миризлива љубов??

Не !! …ама?? ама…  сакам кучка твоја да сум …!!!

 



Изменето од bijonse1 - 24.Септември.2010 во 00:59
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2010 во 05:25
Киснат дождови досадни
исто како и таа вечер.
Плачат со мене вечерва
сивите облаци.

Исто како и ти таа вечер...
на белата пољана,
каде ми го остави
споменот од тебе.

Се сеќаваш ли на дождот?
На нашето ноќевање...
На твојата поезија...
На мојот успиен лик...

Те допира ли денес тоа
што јас тогаш го правев...
...за тебе...или....
само блед спомен остана.

Како стара слика избледена
од милион допири на раце,
кои само радознало ја земаат
за да ѕирнат што крие.

А значењето нејзино
е само мое и твое.
Или...не е веќе твое?
Зар заборави?

Јас не!Се посилна е болката.
Се посвежи се сеќавањата
на една ноќ....
Мирс на свежина....

Дожд....многу дожд....
Или...повеќе сакаш....
Јагоди?
Дожд....силен...летен...

Мирис на слатко од диви смокви,
Две тела....голи...
Допири...погледи....
Таа спие мирно....слатко...
среќна е...А ти?




Изменето од butterflyM55 - 08.Октомври.2010 во 05:27
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2010 во 04:03
хммммм, хммммм, хммммм

Ништо не ме прашувај
знаеш дека пак ќе те излажам
мирисот кој те опива е толку лажен
правејќи од тебе марионетка
чии конци ги држам јас
а лажен сум јас,
како што е лажен и животот

и се` е false
и последното ветување
дека од утре поинаку ќе биде
и утре лажно ќе те љубам,
зашто лажго сум во душа,
нема вистина во мене
се` е false

А ти пак ми велиш
Dime la verdad,
dime su secreto.
Toda la verdad,
no le tengas miedo.

Dime La Verdad
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2010 во 22:05

http://www.animationbuddy.com/Animation/Geography_and_History/International_Flags/fyr_of_macedonia.gif

   Патриотска....... Macedonia

Ќути и трпи …кога ти велев не ме слушаше

сега остани така разбушавена и раскината,

можеби ќе ја осетиш и другата страна…


Ќути и трпи…кога ти велев  не му се давај

ти целата се отвори со сета својата убавина,

можеби ќе  ја осетиш  и оваа страна…


Ќути и трпи…не ме гледај  помош нема

останa безимена со расфрлени корени ,

можеби ќе ја осетиш твојата  страна…


Ќути и трпи…за да мене срце не препукне

погледни ме мене Македонијо,

можеби ќе осетиш дека јас те  сакам!!

http://1.bp.blogspot.com/_3nZmqquLmJA/R8YFETJn5NI/AAAAAAAAAE4/cRShxhc57J8/s400/i-love-macedonia.gif

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2010 во 02:02


  Три капки

Близината раѓа
ритмички громови во срцето.
Буроносни.

Далечината врти
тик-так моменти на часовникот.
Монотони.

...

Капката се точи
од копнежливи монистра,
и меко паѓа врз ќилимот од северна мов.
Наежувачки мокро.


Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2010 во 08:53
кој го бива, за се го бива бакнеж
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2010 во 00:06


мала инспирација од дождот...големо%20гушкање
Кон врв
dreyk Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 41
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dreyk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2010 во 00:09
Во Пре-прекратки црти


Зарем животот е претставен како променливо време? Како сонце и облаци, како дожд и невреме? Се прашувам дали е ова вистинскиот одговор, дали е ова она што бог ни го дава кога ќе се родиме, да патиме од работи кои ни го загрозуваат нашиот живот. Можеби е само еден тест на кој се обидува преку проблемите, болките и невојлите да ни ја отвори вратата кон тајната на животот. Можеби само така сме заслужиле, како што рекле, тоа што ти е пишано тоа ќе го искусиме. НО јас не се согласувам со тоа. Секако е дека тоа што ни е пишано тоа ќе го искусиме, но сепак мислам дека тоа нешто ние сами го пишуваме, самите си ја градиме иднината, болката, тагата, среќата, сами си ги носиме невојлите во животот иако пред нас е пружен преголем, подобар и успешен избор. Но зошто ние секогаш го избираме полошиот пат? Зошто одиме по место каде што не е изгазено, пустина која ја нема никој поминато со цел да најдиме парче вода за да ја покријаме жеда, без да ни текни дека некаде во таа пустина, под таа ситна жешка песок, постои и жива песок, од која нема излез. Не го кажав ова туку така нема излез за стварно да мислите дека нема излез. Всушност тој излез е личноста со која ја поминуваш таа пустина. Се прашувате зошто вака сега одговорив. Па едноставно е, секој во својот живот барем еднаш ќе ја најди личноста која е поврзана со него. Две души, но едно срце. Таа личност би требало да биди секогаш покрај нас, макар и да падниме во најголемата јама, таа треба да ни подаде рака и да излезиме од таа јама, а не само во некоја обична жива песок во која луѓето тонат полека, полека, но сигурно! И кога ќе ја најдиме личноста во животот која за светот е само една личност, но за нас таа личност е цел свет, секогаш мора да испадни обратното. Да ни се руши сонот за кој сме сонувале цел живот, животен сон! Ретки се личностите кои ја испуштааат таа личност, а знаат дека ја сонувале да ја најдам цел живот. И во тој момент ти се руши се, ти се руши сонот, ти се руши светот, ти се руши се она што сте го изградиле заедно. Ги гледаш како камењата на изградената кула, пајѓаат ли паѓаат, како нашите солзи. Гледаме се до крајот, до последниот темел, а тогаш кога од кулата ќе остани само прашината и неколку разрушени камеша, сваќаме дека неможиме назад и да ги залепиме повторно тие камења. Можеби ќе успееме, но нема да го има истиот изглед како пред тоа. Ќе биди нестабилна, врапче да помини ќе ја сруши. Тогаш доајѓа тешкото, кога ќе знаеш дека треба да живееш во таа кула. Зошто луѓето се толку сурови спрема животот. Секој има право да си суди и гради свој живот, НО не да му го пресудува животот на туѓите личности. Луѓето уживаат да те видат скршен, кога ќе бидеш доле никој нема да ја пропушти шансата да те испуца, и со кеф ќе го уништуваат она што е веќе уништено. Наместо да го сослушаат тој што паднал, наместо да му подадат рака, тие го прават обратното. Запмтете: Само оној што паднал може на другите да им даде пример како да станат. Од кога сето ова го искусив, веќе не верувам во љубов и пријатели. Не чекам веќе да дојде среќата туку така, еве да речиме дека среќата ја замислуваме како пеперутка која во истиот момент слетува на нашата дланка и очекува некое си движење од нас, за да ја предвидиме нејзината иднина. Како што реков, пеперутката ќе биди претставена како среќа, а ние треба да одлучиме дали ќе ја пуштиме да одлета, или можеби ќе ја затвориме раката, и ќе ја згмечиме пеперутката? Одговорот според некои од вас кои немаат појма што е тоа среќа, брзо и лесно ќе одговорат дека би ја пуштиле да одлета, а некои кои животот и среќата му претставува шала, би одговориле дека ќе ја згмечат без да размислат. Одговорите се лесни нели? Но не е тоа вистинскиот одговор што го бара ова прашање. Одговорот лежи во самата психа на човекот. Паметен човек, како вистински одогов на ова ќе го даде следното: “Среќата неможи да биди претставена ни како пеперутка ни како пчела ни како лист од дрво. Едноставно среќата неможе да ви дојди на рака и да одлучите што ќе правиме со неа. Среќата си ја градиме самите ние, што би рекле, “тоа што ќе си надробиш, тоа и ќе си среќаш”. Ние самите личности, со своето јас, и својата психа, ја градиме среќата.” Често ова прашање го поставувам на моите другари, на оние кои веќе не сум го поставил, и се чудам како неможи вакво едноставно прашање да го одговорат со точен одговор, но морам да признаам дека уживам кога ќе ми го дадат точниот одговор. Најголемата слабост на разумот се состои во недовербата на кон силата на разумот. Да се навратам, ако луѓето не знаат да одговорат едно вакво едноставно прашање, тогаш како би се справиле со животот и љубовта понатаму? На почетокот животот и љубовта сите ја сваќаат како игра, се додека не ПОРАСНАТ, и ќе го увидат тоа, дека животот и љубовта во него, не се само една игра. Би се задржал на љубовта. И секако, нема да должам, само сакам да знам зошто луѓето прават грешки во љубовта, со цел да повредат некој, и на крајот некои од нив си ја признаваат грешката, а повеќето од нив, уживаат да ја повредат уште еднаш саканата личност. Дали е тоа целта на една љубов? Се разбира дека не, но ете некои немаат чуства и емоции, па затоа си играат со од останатите личности, кои во спротивно очекуваат вистинска и реална љубов. Ако сакаш да бидеш сакан, сакај! Имај на ум, дека твојот карактер, е твојата судбина.
Кон врв
dreyk Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 41
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dreyk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2010 во 00:10
Дали тоа беше само сон?


Моментот кога го отворив моето срце и те пуштив внатре, видов како прекрасна љубов се раѓа. Во мене преовлади ладен бран, само секунда да не беше тука јас умирав, умирав и мислев дека таа секунда е цел век, цел милениум. Тоа што го барав, тоа за кое што сонував го најдов и на земјата, ангел кој живеел на небото се симна и на земјата. Кога за прв пат те здогледав, бакнав, гушнав..почуствував како бог да ги спуштил неговите раце и да ме погалил, се беше како топол, нежен ветар. Очите ми беа насолзени. Можеби тоа беше само од среќа што пронајдов некоја како тебе. По цели денови седевме заедно, гушнати, лежевме на тревата и ги броевме ѕвездите. Посакувавме да падни некоја ѕвезда за да можиме двајцата да замислиме иста желба, да бидиме засекогаш заедно. Како ангел чувар те чував до зори, со зракот си заминував, ми беше тешко кога ги гледам твоите солзи кога си одам па се стегав да не ги пуштам и моите, несакав да ме гледаш тажен. Знаев дека тоа те боли, несакав да те растажувам, се враќав до тебе, те гушкав и ти кажував дека се ќе биди добро. Никогаш не мислев дека ти би ме повредила. Дадов се за да те задржам, за да ти докажам дека те сакам, клавав и рака во оган за тебе, би го жртвувал и мојот живот за тебе, само да знам дека си среќна. Од секогаш посакував твојата слатка насмевка да ја имам и на моето лице. Таа насмевка, ахх таа насмевка, ме правеше слаб на тебе, полн со љубов кога одвај чекам да те видам и да ти ја полијам врз тебе. Ги обожавав твоите ветувања, до животно, се сеќаваш? Зар не се сеќаваш на се што имавме? Нашите љубовни игри, нашите страсти, нашите боженствени моменти, нашите незаборавни моменти. Зар сето ова беше само еден сон? Зар сето ова требаше да го платам со болка? Каде згрешив? Можеби згрешив што ти давав премногу љубов? Можеби згрешив што незнаев да кажам НЕ на се што ќе побараш? Можеби згрешив на сите твоите грешки, што очи затворав и ти простував, се плашев да не нема веќе никогаш да те имам, и изгледа вистината го победи стравот. Останав без тебе. Зар јас те повредив па да ми вратиш на тој начин? Што направив лошо за да неможам да бидам со тебе? Зар тоа што се обидов да го дадам мојот живот за наашата љубов, тоа ли е причината што не те сакам? Зар оваа болка која ми е нанесена не е доказ дека немжам без тебе? Зар овие солзи што ги пролеав не се доволни за да ти кажам колку ми недостигаш? Зар сите работи што ги направив само за да бидиш среќна, не се доказ дека се грижев за тебе? Зар тоа што умирам и неможам без тебе , не е доказ дека ми недостигаш? Ме предаде на други, ме уништи, ме уби, ме донесе до дното и не ми подаде рака да излезам. Зошто ветуваше ако не го исполнуваше тоа? Зошто сакаше толку да повредиш нешто за кое му значиш цел живот? Ти ми беше се, ти си таа што ме правеше ангел и во пеколот, ти си таа што ме правеше светлина во мрак, ти си таа што ми го срцето и ми го врати на 20 делчина. Каде си сега? Зар сега на некое друго работи ги пролеваш солзите? Под кој дожд сеа го мијаш твојот страм? Со кого се смееш сега? Кој се радува на твоите слатки усни? Бог ни дал две раце за да се гушкаме, две нозе за да одиме, две очи за да се гледаме, две уши за да слушаме, но ни дал само 1 срце, за можемо сродното срцето со нашето да го најдиме на друго место. Јас тоа нешто, го најдов кај тебе. Ти ме комплетираше, ти ме правеше доброто меѓу лошото. Колку само боли срцево да моли за некој што греши но неможи лесно да се преболи и толку посакував да заборавам од каде само ти ми се појави во овие мој животни одаи, се заклучи во некоја од собите но кој е крив за сето ова, ова што се случува. Извини за се што сум ти погрешил, за се што не сум направил за тебе, извини за преголемата љубов што сум ти ја подарил. Извини за сите солзи што ги пролеа за мене, но ете, не требало. Не сум јас тој што те заслужува. Фала за се што направи за мене..се надевам ќе си го најдиш сродното срце што ти припаѓа. Те молам не заборавај се што поминавме заедно и се што е мое не го отфрлај. Врати се кога ќе посакаш, уште ќе го чувам празното местото за тебе. Збогум, ангелу, кој замина, кој повторно се враќаш на небото.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2010 во 01:29


  Како зрак

Погали ми ја косата,
денес сонцето зајде во нејзините темнини.

Спокојно ја чека дланката
дури и немирното праменче,
го знаеш она, палавкото
што милува да те скокотка.



Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2010 во 11:51

Часовите со тебе се минути…

Проклет краток ден

Крвотокот убрзува кога помислувам на тебе ,

воздишката успорува кога не те догледувам…

те  имам во  денот кој убрзано си оди

да ноќта успори и повторно те немам…

http://media.picfor.me/0011ED0F9/zr2-laku-noc-Herzen-nice-forests-Scenically-Beautiful-Love-ceca-Isabella-nude-model-wallpaper-Katzen-Love-Madison-DeAngelas-Muslim-NYLONKI-Paintings-Roses-Flowers-Tuesday-Victoria-Style-adikici-allah-animals-animations-artwork-ass-baby-balloons-beauty-bolewood-butt-cats-cats-and-dogs-chechen-girls-erotic-erot-romance-Misc_large.jpg

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2010 во 22:55
od eden song na tomas klus

http://www.youtube.com/watch?v=QtweTYmqZ10&feature=player_embedded


е круг
сознание
тоа е состав на двата дела
во втелување
.
е воздишка
наежување
тоа е блискост на душите
во милување
.
е вечноста
миг
тоа е простор и пресек
да чувствувам како стануваш ЈАС
.
е дожд
песок
тоа се два збора, допири, рамнотежа
тоа е одговор
.
е вера
единствена среќа, која не умира
тоа е под трепките сокриен свет
сакам кога стануваш ЈАС
да чувствувам како стануваш ЈАС
.
е љубовта
трогнување
тое е искрена прегратка
сето тоа е интимно познавање
.
е состав, силен како камен
единствено за верување
тоа е клуч од сите врати
тука и сега со тебе станувам, ти се предавам
засекогаш биди моја, засекогаш биди моја


Изменето од anakin - 01.Ноември.2010 во 22:57
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 118119120121122 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.