Дали знаете зошто имате многу крвави и болни менструални циклуси...
можеби имате ендометриоза !??!!
За прв пат ендометриозата е опишана во
1870 година од страна на
Рокитански...ендометриозата се дефинира како ектопичен
ендометриум или постоење на ендометиотична слузница на место на кои
нормално ја нема...ендометриум е слузница која го обложува кавумот на
матката и е под циклични хормонски влијанија што доведува до
менструални крваења...
Ендометриозата во однос на етиологијата е се уште
неразјаснета. Денес постојат нови теории за начинот на настанување на
ендометриозата од кои спрема една ендометриозата е автоимуно
заболување, а спрема друга теорија се работи за мултигенетско
мултифакторијелно заболување поради појавување на болеста меѓу крвни
сродници... во однос на симптоматологијата ендометиозата најчесто е
главна причина за појава на
хронична пелвична болка , како и за
појава на инфертилитет,
неплодност кај жените поради нарушување на тубооваријалниот комплекс и настанување на атхезии, и поради хормонски и
ендокрини нарушувања доведува до нарушување на транспортот на јајната
клетка, сперматозоидите, намалување на рецептивноста на ендометриум,
како и зголемување на процентот на спонтани абортуси...
класификацирана
во четири степени. Дијагнозата се поставува во најголем број на
случаи лапароскопски. Во 1990 година лапароскопски се дефинирани три
ентитети,
ендометриоза на перитонеум, ендометриоза на овариуми и
ретроперитонеална ендометриоза или аденомиоза. Перитонеална ендометриоза
се дефинира преку постоење на ендометриотични жаришта кои можат да
бидат модро сиви, темно кафеави, светло жолто, непигментирани, во облик
на папули, везикули, петехии, во облик на пеитонеални дефекти и сл.
Ендометриозата на овариуми може да биде суперфицијална (површинска) или
во облик на ендометриотични цисти така наречени чоколадни цисти.
Третманот може да биде медикаментозен, конзервативен и оперативен:
Медикаментозен третман со користење на орална контрацепција,
гестагенска терапија или аналози на гонадорелин ослободувачки хормон
(ГнРХ)
Оперативен третман во кој предност се остава на
лапароскопските операции.
Лапароскопски третирање на перитонеалната
ендометиоза подразбира ласер вапоризација, ексцизија на енометриотичните
жаришта или ендокоагулација на жариштата. Кога се работи за
оваријална ендометриоза доколку е површинска се прави ендокоагулација, а
доколку се работи за ендометриотични цисти се прави аспирација на
содржината по што следи екстирпација на псеудокапсулата. Третманот пред
се зависи од големината на цистата.
Лапароскопскиот третман е метод на
избор кај ендометриоза од прв и втор степен.
Ендометриоза е состојба при која клетките на внатрешниот ѕид на матката
се одвојуваат од неа и растат вон матката. Кога тие клетки се во
нормална состојба растат во матката во моментот кога нивото на
естрогените (женски полови хормони) е високо. На тој начин овие клетки
помагаат обвивката на матката да се подготви за бременост бидејќи тие
служат како гнездо во кое ќе се смести оплоденото јајце. Ако не дојде
до бременост, обвивката се кине во моментот кога нивото на естрогените е
намалено и доаѓа до крвавење - менструација....
Во случај на
ендометриоза овие клетки може да се закачат на разни места во телото.
На пример, во јајниците, мочниот меур, цревата, лигаментите, слепото
црево и др. И клетките што растат вон матката раснат кога нивото на
естрогените е високо, а крварат кога нивото на естрогените е ниско.
Кога ендометриското ткиво расте вон матката, во моментот на крварењето,
крвта не истекува надвор, туку останува внатре и создава цистични
формации, лузни и други оштетувања на органите каде што се закачиле
клетките.
За причините за настанување на ендометриозата постојат повеќе теории.
Според некои научници,
до неа доаѓа кога крвта од менструацијата тече
во спротивна насока наместо надвор. Според други,
клетките од обвивката
на матката мигрираат низ лимфните канали и се имплантираат вон
матката. Присутна е и генетска предиспозиција за неа, а како причина се
наведува и слабиот имунолошки систем кај некои жени. Постојат студии
што докажуваат дека до ендометриоза доаѓа поради изложеноста на
организмот на жената на хемиската супстанција диоксин, која се наоѓа во
пестицидите и од други причини.
Главните симптоми на ендометриозата се
слаби или силни болки и крвавења. Болките се јавуваат како резултат на
воспалителните процеси и при создавањето лузни на местото каде се
појавила ендометриозата. Болките можат да се јават и пред
менструацијата, за време на сексуалниот однос или во било кое време во
текот на месецот.
Други симптоми може да бидат:
инфекции на мочниот
меур или хроничен умор. Дијагнозата ја даваат исклучиво специјалистите -
гинеколози на редовните гинеколошки прегледи
СИМПТОМИ НА ЕНДОМЕТРИОЗА...Еден од главните симптоми е болка во долниот дел
од стомакот, малата карлица или во долниот дел од 'рбетот. Јачината на
болката која ја чувствува жената не е поврзана со степенот на раширеност
на еднометриозата. Некои жени чувствуваат силна болка, иако
ендометриозата е малку застапена, некои пак не чувствуваат болка, а може
да имаат зафатено многу поголема површина.
Воглавно може да се јават следните симптоми:
- Екстремно болна менструација, при што болката со текот на времето може да станува се посилна.
- Хронична болка во малата карлица или долниот дел на 'рбетот.
- Болка за време на сексуални односи.
- Болка во цревата.
- Болно мокрење на време на менструацијата.
- Обилна менструација.
- Крварење помеѓу две менструции или спотинг (благо точкасто крварење) пред добивање на менструација.
- Неплодност.
Ендометриозата може да се појави кај било која жена од
периодот на добивањето на првата менструација, па се до менопаузата.
Понекогаш може да се случи да продолжи и после менопаузата.
Сепак единствен начин да се дијагностицира ендометриозата со 100% сигурност е дијагностичка лапароскопска операција. При оваа операција се прави мал рез на стомакот, преку кој се внесува
црево со многу мала камера. На овој начин хирургот визуелно може да го
види евентуалното присуство на ендометриоза и да се земе примерок од
ткивото кој ќе се даде на испитување. Ако се работи за случај на блага
или умерена ендометриоза, лекарот при истата операција може да изврши и
нејзино отстранување. Околу 30-40% од жените со ендометриоза се соочуваат со
неплодност. Сепак некои жени и покрај ендометриозата зачнуваат без
проблем. Доколку жената која боледува од ендометриоза забремени,
најчесто симптомите и болеста се повлекуваат.
Ендометриозата може да предизвика неплодност на повеќе начини:
- Ендометријалните израстоци, лузни или цисти околу јајниците може да ја оневозможат јајце клетката да влезе во јајцеводите.
- Ендометријалното ткиво во јајниците може да ја оневозможи овулацијата.
- Ако ендометријалното ткиво се формира во јајцеводите, може да ги направи непроодни.
- Матката може да не биде во состојба да го прифати ембрионот.
Третманот на оваа болест ќе зависи од повеќе
фактори: напредокот на болеста, возраста на пациентката, присуството на
болка, дали пациентката се обидува да забремени ит.н. Некои третмани кои
може да помогнат во борбата со оваа болест ја намалуваат плодноста на
жената, така да треба да се земат во предвид сите фактори. Најчесто во
третирање на ендометриозата се користат:
Лапароскопска операција
за да се одстрани ендометријалното ткиво, прираслици, цисти, лузни ит.н.
Најчесто ова не е траен лек, затоа што болеста може повторно да се
врати. Кај некои жени зголемената плодност после оваа операција трае до 9
месеци.
ИВФ третман. Најчесто се користи после лапароскопската
операција, но понекогаш и без операција. Се состои во тоа што со
хормонска терапија се предизвикува контролирана хиперстимулација на
јајниците и создавање на повеќе јајце клетки. Кога ќе созреат јајце
клетките се вадат со посебна игла (следено на ултразвук) и во сад се
мешаат заедно со сперматозоидите на мажот. После неколку дена, една или
повеќе оплодени јајце клетки се враќаат во матката. Ин витро методата е
доста успешна во случај на ендометриоза.
Против болка се користат разни медикаменти или промена на начинот на исхрана и воведување на дополнителна физичка активност.
Доколку жената не се обидува да остане бремена може да се користи
хормонална терапија, за спречување на овулцијата или менструалното
крварење. Најчесто по престанокот на земањето на терапијата се враќа
плодноста, но и ендометриозата заедно со сите нејзини симптоми.
Понекогаш во случаи на тешка ендометриоза, како последен избор, но само
доколку жената нема намера повеќе да раѓа, може да се изврши и
хистероктомија – односно отстранување на матката. Во зависност од
зафатеноста на оклоните ткива, заедно се матката може да се изврши и
отстранување на јајниците и јајцеводите. Сепак дури и овакви драстични
зафати не се гаранција дека болеста нема да се врати.
Со започнување на менопаузата кај повеќето жени болеста се повлекува.
Иако
лекарите при дијагностицирање ендометриозата препорачуваат
медикаментозна или друг вид терапија, корисно е да се побараат и разни
природни решенија, вклучувајќи го и променетиот режим на исхрана за да
се ублажат симптомите, тегобите, па дури и да се дејствува превентивно
за да не дојде до неа.
Изменето од bijonse1 - 28.Ноември.2010 во 13:58