|
Час по физичко и здравствено образование |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 22.Октомври.2010 во 18:23 |
Многу често родителите се жалат дека во училиштата на нивните деца не се раилизира час по физичко. Некои одат до друга крајност па кажуваат како заради немањето соодветен час по физичко (онака како тие го замислиле) нивните деца имаат здравствени проблеми.Го читам написот во Дневник и прво што ми падна напамет е дека в
о ова има многу вистина, ама и многу небулози. Часот по физичко скокна во теорија Прво- децата на возраст од прво до четврто (по ново петто) часот по физичко го изведуваат по соодветна програма а во таа часови за вовед во кошарката има САМО 3,во фудбалот исто 3 (повеке се во стил-правилно држење и водење на топката и еден час-30 мин. шутирање. Значи ако родителите сакаат нивните деца да станат кошаркари МОРА да ги запишат во специјализираните за тоа школи. Доколку се удоволи нивното барање-децата да тренираат кошарка на час по физичко што со тие кои не сакаат кошарка- ами сакаат карате...џудо...аикидо....???? Каде оди човечката памет? Зошто лугево сакаат настава во државно училиште по свој терк? Не велам дека нема аномалии во реализацијата во наставата по физичко, ама дека се претерува...се претерува. |
|
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sto ce e poentata vo programot za fizicko, koga skoloto kaj sto uci cerka mi nema ni fiskulturna sala...Nadvor na igraliste dodeka dozvoluva vremeto..Kakov program kakvi bakraci...Koe crno ministerstvo za obrazovanie...Pravat hi-tech obrazovanie vo pesterski uslovi...
|
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Проблемот е во тоа што с епоставуваат нереални барања. Се тргна на дечињата да им накалемат се повеќе и повеќе шаблони. Дечињата на возраст од 6 до 10 години сакаат токму слободни игри... а не исцрпувачки тренинзи “каде ќе се испукаат“. Ме лути тоа што некој наумил дека учителките не работеле правилно. Знае ли некој што значи физичко со 6 ...7 годишни...тоа е игра преку имитација..Зарем на таа возраст облечи /соблечи треба кога тие јагненца едвам винтијагичка облекуваат.
Се согласувам дека треба во зимо во сала..ама напролет..наесен ..надвор..во двор..да се изнадишат и наиграат... До кај мислат да одат бре? |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Физичко треба да се укине како предмет, а секој петок да се оди во освојување на врвот на Водно или Пелистер(зависно каде е школото).
Во право е mamamd. деца на 6-7 па и 8 год. возраст тој тип на физичко не треба да имаат. Но може некои физиотерапевтски вежби за исправени кичми да прават на тенки душеци и сл. |
|
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како ќе се одржуваат часовите по физичко зависи само од наставникот по физичко. А за тоа дали треба да има физичко па на таа тема не треба ни да се дикутира. |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Морам да кажам ова ми се допаѓа.значи сепак имаме категоризација на деца според возраста. Инаку имам и претходно пишувано,проблемот е програмата,сето тоа се воведе со популизам на некогашниот боксер,сега некаков прајминистер. Едно е да сакаш но друго е тоа да го спроведиш правилно. Затоа се падна на товар на децата. Ако во таа возраст(тука спаѓа и моето дете) им се укажува на одговорните според систематските прегледи дека треба правилен развој на кичма или стапала,тогаш треба соодветни програми за тоа,па луѓе тие мешетари и ефтини популисти во бирото за уназадување на образованието седат таму само да земаат плата и да спијат. Ете им се удоволи воведоа три часа,каде со тие три часа господа,тропнете ја главата,и не се работи само за физичко и здравствено воспитување имате утка и во други предмети,затоа ги оптоварувате децата. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова нашево образование излезе -поле за желби без да се води сметка за интересите и способностите на децата. Доволно е некој да посака нешто, да го каже тоа јавно и да почнат медиумски атаци.
Со воведувањето на деветолетката постапно во петто се почнува со внесување предмети кои ги предаваат предметните наставници. Арно ама нечии апетити се очигледно големи па некои посакаа да ги преземат часовите уште од прво. Најчести изјави на наставниците кои работат со поголеми деца- Аман што ги разгаливте бре! Дајте ни ги нас, да видите како ќе се средат! За средување колај бива, ама дали треба да се “средуваат“? Може ли да искара детенце од 6...7 години кое се мачи, се трти со газето пругоре, стои на глава мислиш врат ке скрши,мачејки се да направи колут напред, а оние кои можат му се смеат “оти е дебелко“? Се додека “структурите“ не разберат дека до 5 одд. детето ТРЕБА да стекнува навики, да научи да учи бел ден нема никој да види. Нека дојдат, нека пробаат да му наредат на едно 6 ..7 годишно расплакано дете нека му речат дека МОРА да се реди во ред или колона оти ке добие 1 Лугее, може да се напишат учебници, убаво се заработува и по музичко и по ликовно и по физичко ама ако детето прво не научи да ги чува книгите, па да научи да чита книгите ќе бидат “само бизнис“. За жал се заборави на психофизичките способности а најмногу на емотивната состојба на најмалите. |
|
vlad0
Сениор Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
според мене не мора ни да има физичко, кој видел аир од физичко?
тоа е замарање. |
|
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хахахахаха vlad0, абе друже и јас како тебе така велев едно време , ама за наше добро бил тој час
Него пиши ми ти кој ден имаш физичко, па јас ќе идам наместо тебе |
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас мразев физичко кога бев во основно до 4 одд, од 5-то натака повеќе внимание посветував на физичките вежби и го засакав и драстично го променив ставот спрема предметот. Не долго после завршувањето на средното образование сфатив колку е важно за психо-физичкиот развој на децата.
Среќна сум што растев и се развивав со овој предмет. Ми недостасуваше кога престанав да бидам ученик.
Тие ситуации дека не можат сите еднакво да бидат добри во спортот е исто ко што не ги бива сите и за математика.
И јас не бев најбрза, немав надеж дека ќе станам гимнастичарка ама затоа земав активно учество во се. И ретко кој беше дебел во минатите генерации. Дури и ако си малку потежок, тоа не треба да биде проблем да се активираш и трудиш. Па се смееле децата, па што ако се смеат, голема работа. И на некои други им се смееја што не знаеја да пишуваат состави по македонски и што трескаа глупости на географија, па никому ништо. Така се расте!
Редовно трчавме, вежбавме и се забавувавме со одбојки, кошарки, ракомет, гимнастички вежби и се останато. И многу сум благодарна што ја имав оваа можност а училиштето услови да пружи за вакво нешто. Изменето од Glenn - 24.Октомври.2010 во 20:34 |
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
bluebell
Сениор the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
always look on the bright side of the life!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Интенцијата ми беше да подискутираме за часот по физичко во одделенска настава и барањата на родителите нивните деца “да игаат кошарка, фудбал, јога“ да не играат во школски двор туку во сала по опрема... односно реалност/нереалност на барањата.
Некој претходно убаво кажа- се заборавија психофизичките можности на децата на таа возраст. |
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да ви се исповедам, ама не се смејте, знам дека е ментално.
Добив тројка за трчање во место. Логика? Здрав разум. Немат... |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ги обожавам твоите мудрости. Навистина |
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |