Час по физичко и здравствено образование
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23435
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 07:56 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Час по физичко и здравствено образование
Постирано од: mamamd
Наслов: Час по физичко и здравствено образование
Датум на внесување: 22.Октомври.2010 во 18:23
Многу често родителите се жалат дека во училиштата на нивните деца не се раилизира час по физичко. Некои одат до друга крајност па кажуваат како заради немањето соодветен час по физичко (онака како тие го замислиле) нивните деца имаат здравствени проблеми.Го читам написот во Дневник и прво што ми падна напамет е дека в о ова има многу вистина, ама и многу небулози. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=CEA3DB7CBE08114DB8A9E120D44AFF50 - Часот по физичко скокна во теорија Прво- децата на возраст од прво до четврто (по ново петто) часот по физичко го изведуваат по соодветна програма а во таа часови за вовед во кошарката има САМО 3,во фудбалот исто 3 (повеке се во стил-правилно држење и водење на топката и еден час-30 мин. шутирање. Значи ако родителите сакаат нивните деца да станат кошаркари МОРА да ги запишат во специјализираните за тоа школи. Доколку се удоволи нивното барање-децата да тренираат кошарка на час по физичко што со тие кои не сакаат кошарка- ами сакаат карате...џудо...аикидо....???? Каде оди човечката памет? Зошто лугево сакаат настава во државно училиште по свој терк? Не велам дека нема аномалии во реализацијата во наставата по физичко, ама дека се претерува...се претерува.
|
Коментари:
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 22.Октомври.2010 во 19:24
Sto ce e poentata vo programot za fizicko, koga skoloto kaj sto uci cerka mi nema ni fiskulturna sala...Nadvor na igraliste dodeka dozvoluva vremeto..Kakov program kakvi bakraci...Koe crno ministerstvo za obrazovanie...Pravat hi-tech obrazovanie vo pesterski uslovi...
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 22.Октомври.2010 во 20:03
Проблемот е во тоа што с епоставуваат нереални барања. Се тргна на дечињата да им накалемат се повеќе и повеќе шаблони. Дечињата на возраст од 6 до 10 години сакаат токму слободни игри... а не исцрпувачки тренинзи “каде ќе се испукаат“. Ме лути тоа што некој наумил дека учителките не работеле правилно. Знае ли некој што значи физичко со 6 ...7 годишни...тоа е игра преку имитација..Зарем на таа возраст облечи /соблечи треба кога тие јагненца едвам винтијагичка облекуваат. Се согласувам дека треба во зимо во сала..ама напролет..наесен ..надвор..во двор..да се изнадишат и наиграат... До кај мислат да одат бре?
-------------
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 22.Октомври.2010 во 23:55
Физичко треба да се укине како предмет, а секој петок да се оди во освојување на врвот на Водно или Пелистер(зависно каде е школото).
Во право е mamamd. деца на 6-7 па и 8 год. возраст тој тип на физичко не треба да имаат. Но може некои физиотерапевтски вежби за исправени кичми да прават на тенки душеци и сл.
|
Постирано од: Pavaroti
Датум на внесување: 23.Октомври.2010 во 13:44
mamamd напиша:
Многу често родителите се жалат дека во училиштата на нивните деца не се раилизира час по физичко. Некои одат до друга крајност па кажуваат како заради немањето соодветен час по физичко (онака како тие го замислиле) нивните деца имаат здравствени проблеми.Го читам написот во Дневник и прво што ми падна напамет е дека во ова има многу вистина, ама и многу небулози. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=CEA3DB7CBE08114DB8A9E120D44AFF50 - Часот по физичко скокна во теорија Прво- децата на возраст од прво до четврто (по ново петто) часот по физичко го изведуваат по соодветна програма а во таа часови за вовед во кошарката има САМО 3,во фудбалот исто 3 (повеке се во стил-правилно држење и водење на топката и еден час-30 мин. шутирање.Значи ако родителите сакаат нивните деца да станат кошаркари МОРА да ги запишат во специјализираните за тоа школи.Доколку се удоволи нивното барање-децата да тренираат кошарка на час по физичко што со тие кои не сакаат кошарка- ами сакаат карате...џудо...аикидо....???? Каде оди човечката памет? Зошто лугево сакаат настава во државно училиште по свој терк?Не велам дека нема аномалии во реализацијата во наставата по физичко, ама дека се претерува...се претерува.
|
Како ќе се одржуваат часовите по физичко зависи само од наставникот по физичко. А за тоа дали треба да има физичко па на таа тема не треба ни да се дикутира.
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 24.Октомври.2010 во 01:16
mamamd напиша:
Проблемот е во тоа што с епоставуваат нереални барања. Се тргна на дечињата да им накалемат се повеќе и повеќе шаблони. Дечињата на возраст од 6 до 10 години сакаат токму слободни игри... а не исцрпувачки тренинзи “каде ќе се испукаат“. Ме лути тоа што некој наумил дека учителките не работеле правилно. Знае ли некој што значи физичко со 6 ...7 годишни...тоа е игра преку имитација..Зарем на таа возраст облечи /соблечи треба кога тие јагненца едвам винтијагичка облекуваат.Се согласувам дека треба во зимо во сала..ама напролет..наесен ..надвор..во двор..да се изнадишат и наиграат...До кај мислат да одат бре?
|
Морам да кажам ова ми се допаѓа.значи сепак имаме категоризација на деца според возраста.
Инаку имам и претходно пишувано,проблемот е програмата,сето тоа се воведе со популизам на некогашниот боксер,сега некаков прајминистер. Едно е да сакаш но друго е тоа да го спроведиш правилно. Затоа се падна на товар на децата. Ако во таа возраст(тука спаѓа и моето дете) им се укажува на одговорните според систематските прегледи дека треба правилен развој на кичма или стапала,тогаш треба соодветни програми за тоа,па луѓе тие мешетари и ефтини популисти во бирото за уназадување на образованието седат таму само да земаат плата и да спијат. Ете им се удоволи воведоа три часа,каде со тие три часа господа,тропнете ја главата,и не се работи само за физичко и здравствено воспитување имате утка и во други предмети,затоа ги оптоварувате децата.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 24.Октомври.2010 во 08:15
Ова нашево образование излезе -поле за желби без да се води сметка за интересите и способностите на децата. Доволно е некој да посака нешто, да го каже тоа јавно и да почнат медиумски атаци. Со воведувањето на деветолетката постапно во петто се почнува со внесување предмети кои ги предаваат предметните наставници. Арно ама нечии апетити се очигледно големи па некои посакаа да ги преземат часовите уште од прво. Најчести изјави на наставниците кои работат со поголеми деца- Аман што ги разгаливте бре! Дајте ни ги нас, да видите како ќе се средат! За средување колај бива, ама дали треба да се “средуваат“? Може ли да искара детенце од 6...7 години кое се мачи, се трти со газето пругоре, стои на глава мислиш врат ке скрши,мачејки се да направи колут напред, а оние кои можат му се смеат “оти е дебелко“? Се додека “структурите“ не разберат дека до 5 одд. детето ТРЕБА да стекнува навики, да научи да учи бел ден нема никој да види. Нека дојдат, нека пробаат да му наредат на едно 6 ..7 годишно расплакано дете нека му речат дека МОРА да се реди во ред или колона оти ке добие 1 Лугее, може да се напишат учебници, убаво се заработува и по музичко и по ликовно и по физичко ама ако детето прво не научи да ги чува книгите, па да научи да чита книгите ќе бидат “само бизнис“. За жал се заборави на психофизичките способности а најмногу на емотивната состојба на најмалите.
-------------
|
Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 24.Октомври.2010 во 13:47
според мене не мора ни да има физичко, кој видел аир од физичко? тоа е замарање.
------------- Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 24.Октомври.2010 во 13:51
Хахахахаха member_profile.asp?PF=23616&FID=67 - vlad0 , абе друже и јас како тебе така велев едно време , ама за наше добро бил тој час
Него пиши ми ти кој ден имаш физичко, па јас ќе идам наместо тебе
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 24.Октомври.2010 во 20:28
Јас мразев физичко кога бев во основно до 4 одд, од 5-то натака повеќе внимание посветував на физичките вежби и го засакав и драстично го променив ставот спрема предметот. Не долго после завршувањето на средното образование сфатив колку е важно за психо-физичкиот развој на децата.
Среќна сум што растев и се развивав со овој предмет. Ми недостасуваше кога престанав да бидам ученик.
Тие ситуации дека не можат сите еднакво да бидат добри во спортот е исто ко што не ги бива сите и за математика.
И јас не бев најбрза, немав надеж дека ќе станам гимнастичарка ама затоа земав активно учество во се. И ретко кој беше дебел во минатите генерации. Дури и ако си малку потежок, тоа не треба да биде проблем да се активираш и трудиш. Па се смееле децата, па што ако се смеат, голема работа. И на некои други им се смееја што не знаеја да пишуваат состави по македонски и што трескаа глупости на географија, па никому ништо. Така се расте!
Редовно трчавме, вежбавме и се забавувавме со одбојки, кошарки, ракомет, гимнастички вежби и се останато. И многу сум благодарна што ја имав оваа можност а училиштето услови да пружи за вакво нешто.
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: bluebell
Датум на внесување: 24.Октомври.2010 во 20:35
vlad0 напиша:
според мене не мора ни да има физичко, кој видел аир од физичко? тоа е замарање.
| Сите така мислеме додека сме на училиште, најверојатно зашто треба освен учебници да носиш и посебна опрема за овој час, ама многу е важно и Владо ќе го сфати тоа ама можеби касно, сега дури и по три часа се воведени за подобар психофизичку равој на учениците
------------- always look on the bright side of the life!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 25.Октомври.2010 во 13:32
Интенцијата ми беше да подискутираме за часот по физичко во одделенска настава и барањата на родителите нивните деца “да игаат кошарка, фудбал, јога“ да не играат во школски двор туку во сала по опрема... односно реалност/нереалност на барањата. Некој претходно убаво кажа- се заборавија психофизичките можности на децата на таа возраст.
-------------
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 25.Октомври.2010 во 14:23
Да ви се исповедам, ама не се смејте, знам дека е ментално.
Добив тројка за трчање во место.
Логика?
Здрав разум.
Немат...
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 25.Октомври.2010 во 14:39
Tiggy Vicious напиша:
Да ви се исповедам, ама не се смејте, знам дека е ментално.
Добив тројка за трчање во место.
Логика?
Здрав разум.
Немат...
|
Ги обожавам твоите мудрости. Навистина
-------------
|
Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 25.Октомври.2010 во 21:15
Mindy напиша:
Хахахахаха member_profile.asp?PF=23616&FID=67 - vlad0 , абе друже и јас како тебе така велев едно време , ама за наше добро бил тој час
Него пиши ми ти кој ден имаш физичко, па јас ќе идам наместо тебе
|
повели дојди во понеделник и четврток
------------- Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 15.Декември.2010 во 16:37
Многу се нрвирам кога ќе прочитам неаргументирани дискусии. Ме чуди како може некој да тврди дека одделенците не ги држеле часовите, па им требало стручен-фискултурец. Знае ли тој дека и меѓу фискултурците има наставници кои само ќе им фрлат топка и ги сотаваат цел час да трчаат-а други одат да си купуваат сендвичи? Нека седни прво, нека размисли- кој ја знае методиката на работа со мали деца. И би го прашала -како е ги натера родителите да ги тргнат од компјутер? Како ке ги заштити децата од педофилите по улиците, од тепачките? http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1AF80065E1CE0940A9A0F3E42CB3F935 - Наставник по физичко како лек - Сетете се порано колку беа преполни улиците со деца што играа топка
или ластик. Сега се празни, зашто децата се пред компјутерите. На
нивните родители им е поприфатлива оваа алтернатива за анимирање. Затоа,
за да ја одржиме и таа минимална физичка активност, треба да работиме
на едукацијата на децата уште од најмала возраст. Овој период е многу
значаен за правилниот психофизички раст и развој. За тоа да се одржи,
потребно е стручно лице правилно да им ги покажува вежбите на учениците.
Паралелно со тоа ќе се создадат и навики за физичка активност, односно
за рекреирање - вели Костовски.
-------------
|
|