IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости околу исхраната
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости околу исхраната

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 20>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2010 во 06:12

ЦВЕКЛО

Го јакне организмот

Во стара Персија цвеклото го сметале за симбол на караници и интриги. Римскиот цар Тибериј им наредил на старите Германи да плаќаат данок во вид на цвекло, што помогнало за негово брзо раширување по Рајна.
Цвеклото од хранливите состојки содржи околу 1,7 отсто белковини, 0,1 отсто масти, околу 9 отсто јаглени хидрати, а сурова целулоза има од 0,8 до 1 отсто. Цвеклото е мошне богато со минерални материи: калиум, натриум, фосфор, калциум, магнезиум, железо, флуор. Тоа содржи и многу микроелементи како што се манганот, бакарот, сулфуор, јодот, бромот, литиумот, рубидиумот, цезиумот, стронциумот.
Цвеклото лекува анемија, ги отстранува пречките во крвотокот, го регулира крвниот притисок - посебно нискиот, го јакне организмот, дејствува смирувачки врз нервниот систем и ја регулира столицата.
Некои научници сметаат дека со сок од цвекло може да се спречат туморите, ако најмалку еден литар сок се пие дневно во текот на повеќе месеци.

***

Маринирано

Големи цвекла со убава боја треба да ги измиете со четка и да ги варите во вриена вода, па да ги оставите да се изладат во неа. Потоа, цвеклото се лупи, се сече на парчиња и се реди во тегли. Маринатот се подготвува така што во сад се ставаат две до две и пол чаши јаболков оцет, 10 зрна бибер, 6 каранфилчиња, 2 дафинови листа, една лажичка сол и шеќер по вкус. Сето тоа треба да зоврие, а откако ќе се излади течноста се сипа во теглите преку цвеклото. Теглите добро се затвораат и се чуваат на суво и ладно место.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:28
Оревите го намалуваат крвниот притисок и нивото на холестерол

Познато е дека оревите помагаат во намалувањето на холестеролот во крвта, но и дека го намалуваат крвниот притисок и му помагаат на телото да се носи со стресот.

Според последните истражувања, лицата со зголемено ниво на холестерол во крвта имале понизок притисок кога конзумирале ореви за време од три недели.

- Овие резултати јасно покажуваат дека оревите можат да го намалат нивото на холестерол во крвта и крвниот притисок. Оревите го имаат истиот ефект кога лицето е изложено на стрес во секојдневниот живот, изјави професор Шерил Вест од државниот универзитет Pensilvanie West во САД.

Омега 3 масните киселини кои ги има во оревите го намалуваат ризикот од болести на срцето.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:30
И со млечните производи се слабее

Млечните производи во рамки на посебен начин на исхрана може да придонесат за намалување на килограмите покажа истражувањето кое го спроведе група научници од израелскиот универзитет „Ben Gurion“.

Двегодишното истражување, кое го поддржа израелското министерство за здравство, а чии резултати се објавени во „Американскиот магазин за клиничка исхрана“, е спроведено врз 300 лица. Доброволците, мажи и жени на возраст од 45 до 60 години страдале од вишок килограми.

Доброволците биле ставени на повеќе видови диети. Лицата чија диета содржела најмногу млечни производи најмногу ослабеле.

Во просек, лицата кои консумирале по 580 милиграми калциум изгубиле шест килограми, додека оние кои земале само 150 милиграми калциум, што е исто како пола чаша млеко. Изгубиле само 3,5 милиграми.

Успехот, велат научниците се должи на позитивното влијание на калциумот и витаминот Д од млечните производи, кои помагаат да се симне вишокот килограми.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:31
Кромид за сите проблеми

Од анализата на биолошките вредности може да се заклучи дека кромидот по своите лековити својства не заостанува зад лукот.

Во исхраната се користи во текот на целата година: младиот кромид во пролет, недозреаната главица во лето, а зрелата луковица во зима.

Погрешно е да се исфрла надворешниот дел од кромидот бидејќи тој не е помалку вреден од главицата.

Што се однесува до хранливоста, во кромидот има најмногу јаглени хидрати и незабележително количество белковини и масти.

Исушените зрели главици значително се калорични, но основата на биолошките вредности на кромидот ја прават минералите и витамините. Покрај големото присуство на минерални соли, особено калиум и сулфур и разни ологоелементи, кромидот е богат со витамините Б1, Б2, Ц, Е, К и П, а има и каротин (провитамин А), гликозиди, етерични масла, растителни хормони слични на инсулинот, бактериостатика и бактерицидни фитонциди.

Во народната медицина кромидот се користи за зајакнување на срцето, намалување на крвниот притисок, отстранување на несоница и нервоза, го олеснува искашлувањето, го регулира шеќерот во крвта, делува како диуретик и како лаксативно средство, помага при несвестица, го регулира варењето, лечи воспаление на крајници, болести на белите дробови и бронхиите, водена болест, ублажува болка, лечи рани и отоци, висока температура, го спречува згрутчувањето на крвта, помага при запушувањето на крвните артерии, го спречува пагањето на косата.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:32
Модриот патлиџан вистински сојузник на нашето здравје

Моќните состојки кои се наоѓаат во кората и месото во модриот патлиџан се многу корисни сојузници во борбата која секојдневно ја водиме за нашето здравје. Резултатите од најновото истражување на британските научници потврдуваат дека нема сомнеж дека станува збор за зеленчук кој треба што почесто да го има во нашата исхрана.

Вистинското богатство во форма на мноштво на влакна и никако занемарливите количини на витамин B1 и B6, како и калиумот го прават модриот патлиџан моќен зеленчук.

Тој е одличен избор на бакар, магнезиум, манган, фосфор, ниацин и фолна киселина.

Сите горенаведени високо вредни материи и моќните антиоксиданси од кората на патлиџанот се ефикасни во борбата против холестеролот, што е и потврдено со најновите резултати од научната студија на универзитетите од Лондон.

Според некои истражувања се смета дека патлиџанот потекнува од Индија каде растел како дива билка, а прв пат е одгледан во Кина како плод корисен за исхрана.

Во Европа модриот патлиџан во Европа станал популарен во текот на 18-тиот век, кога Италијанците и Французите започнале да го одгледуваат овој зеленчук. Во Америка пристигнал тек во почетокот на 19-тиот век.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:39
Органските јагоди имаат повеќе витамин Ц

Научниот магазин PLoS One ги објави наодите според кои органски одгледаните јагоди имаат поголема концентрација на витамин Ц и други антиоксиданси.

Сепак, органски одгледаните јагоди во просек имале по 13,4% помал удел на калиум и фосфор, истакнуваат американските научници од Washington State University.

Во студијата анализирани се јагоди од 26 фарми, од кои половина овошките ги одгледувале органски.

Истражувачите додаваат дека органски одгледаните јагоди биле потрајни и оти процесот на скапување кај нив почнувал подоцна.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2010 во 06:44

Сирењето нè прави весели

Овој пат љубителите на сирењето имаат причина да се радуваат. Во процесот на производство на сирење од белковините настанува тирамин, допамин и норадреналин, супстанции кои позитивно влијаат врз расположението. Витаминот А и калциумот ги јакнат нервите, а, пак, хистаминот е добар за љубовниот живот. Јаглехидратите се брз извор на енергија за мозокот и за мускулите, а ја зголемуваат и издржливоста на организмот. Освен тоа, тие го поттикнуваат и создавањето на хормоните на среќата. За да се создадат тие хормони, неопходни се продукти кои ги содржат потребните аминокиселини (триптофан, на пример). Најдобар ефект можете да добиете од јаглехидратите во тестенините, оризот, лебот и зеленчукот, во комбинација со млечни и соини производи, јајца, риба, печурки и ореви.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 13:12

Совети - шампињони

* Како да ги исечете шампињоните?
За супи шампињоните исечете ги на ливчиња, за варива на четвртини, за фил ситно исечкајте ги, а за печени меса одделете ги рачките.

* Како да ја зачувате бојата на шампињоните по сечењето?
Во текот на сечењето шампињоните прскајте ги со лимонов сок.

* Како да ја нагласите аромата на шампињоните?
На почетокот на термичката обработка, шампињоните посипете ги со мелен бибер.

* Кога да ги зачините шампињоните во текот на динстањето?
При динстање шампињоните прво посипете ги со мелен бибер, а пред крај посолете ги.

* Кои зачини да се употребат за шампињоните?
Лук, мајчина душица, оригано.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2010 во 19:09

Ориганото повеќе од зачин

Ориганото е лековита билка, многу ценета уште во античко време, која најмногу се употребувала како чај . Исто така, ако се користи во умерени количества и правилно подготвен, ориганото претставува вкусен и пријатен зачин за јадењата од тесто, ориз, зеленчук и од морските плодови. Во спротивно, оваа билка не само што им дава на јадењата малку горчлив вкус, туку мошне често предизвикува вишок на киселина во желудникот, подуеност на стомакот и значително го отежнува варењето.
Од дамнина ориганото се користи како едно од најдобрите природни средства за елиминирање на сите желудочни проблеми, кое истовремено ја јакне и ја подобрува работата на сите органи за варење. Како и секоја горчлива билка, така и оваа билка ефикасно го поттикнува и го стимулира апетитот.

* Ориганото ги неутрализира маснотиите во организмот, па особено се препорачува како зачин за масните јадења, па често се комбинира со рузмаринот и босилекот. Потпечениот кромид е мошне тежок за варење, но станува вистински лесен деликатес ако се зачини со смеса од два дела магдонос, еден дел оригано и по вкус се додадете бибер и сол.

* Оваа билка е одлична за рибјите специјалитети, особено пржените во длабока маснотија. Се прави смеса од еднакви количества на нане, матичник, цвет од лаванда и оригано.

* Оцетот од оригано ја зголемува лековистоста на јадењата од модри патлиџани, похувани тиквички, салатите од грав. Се подготвува така што се мешаат 1 чаша природен вински оцет, 4 чаши квалитетно црно вино, па во течноста се додаваат 2 лажици оригано. Теглата добро се затвора, се остава најмалку една недела да отстои на умерена топлина, па оцетот се цеди и се чува во фрижидер.

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2010 во 19:15
Сокот од калинка е подобар од вијаграта


 Сокот од калинка е драгоцено средство при лекувањето на ерективните дисфункции. Калинката веќе одамна е позната по намалувањето на ризикот од срцеви заболувања и по превенцијата од рак на простатата - изјави Кристофер Форест, уролог на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Калифорнија“ во Лос Анџелес. Ова овошје содржи повеќе антиоксиданси од кое било друго овошје, чај или црно вино.намигнување

Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2010 во 16:21

Кога замрзнувате...

* ... Модри патлиџани

Приготвување: исечете ги на тенки тркалца (за пржење или за мусака) или исечете ги на половинки (за полнење). Бланширајте ги половинките 4 минути, а тркалцата 3 минути (кои може и да ги пропржите 2 минути, па добро да ги исцедите од маснотијата).
Рок на траење: 12 месеци.
Одмрзнување: не е потребно.

* ... Магдонос

Листот ситно се сечка.
Рок на траење: 9 месеци.

н. ... Праз

Приготвување: добро исчистете го, исечете го на половинки, па измијте ја земјата што се наоѓа меѓу листовите. Исечете ги на помали или на поголеми парчиња, зависно од намената. Бланширајте ги поголемите парчиња 4 минути, а исечените 2 минути. Ставајте ги во 2-3 херметички затворени пластични ќеси поради силниот мирис.
Рок на траење: 6 месеци.
Одмрзнување: не е потребно.

* ... Зеленчук за супа

Приготвување: исчистете го коренестиот зеленчук (морковите, целерот, магдоносот, пашканатот и др.), па исечете го на поголеми парчиња за бистра супа или на помали за крем супа. Ситно исечкајте ги листовите од магдоносот и од целерот. За крем супите може да додадете и грашок или друг зеленчук по вкус. Бланширајте го сето тоа 5 минути и ставајте го во ќесички во количество потребно за еден оброк.
Рок на траење: 6-8 месеци.
Одмрзнување: не е потребно.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2010 во 15:16

Кога замрзнувате... (2)

* ... домати

Приготвување: поради големото количество вода, доматите по замрзнувањето не се за салата, туку само за варење. Може да ги замрзнете свежи, цели, бланширајте ги 2 секунди, но исто така и да направите сок или каша кои не треба да ги бланширате, а имаат и подобар вкус и изглед од џемот.
Рок на траење: 12 месеци.
Одмрзнување: за свежо замрзнатите не е потребно, а сокот или кашата оставете ги прекуноќ во обичен фрижидер.

* ... спанаќ

Приготвување: добро исчистете го, па или бланширајте ги само листовите 1 минута во сосема мали количества или сварете го, па испасирајте го.
Рок на траење: 12 месеци.
Одмрзнување: испасираниот спанаќ оставете го 2 часа на собна температура, а листовите директно ставете ги во вриена вода.

* ... тиквички

Приготвување: излупете ги, па исечете ги по должина, ако имате намера да ги полните или исечете ги на тркалца. Сосема младите не треба да се лупат, само отстранете им ги врвовите и добро измијте ги. Бланширајте ги 2 минути.
Рок на траење: 6 месеци.
Одмрзнување: не е потребно.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2010 во 06:25
142 Корисни совети за готвење - прв дел

ЈАЧМЕН

1. Како може да се искористи вишокот од варена каша од јачмен?

Исечете го својот омилен зеленчук за салата, додајте ја варената каша од јачмен и зачинете по вкус. Ќе добиете вкусна ладна салата што може да ја послужите како здрав меѓуоброк или како прилог со главно јадење.

2. Како да го комбинирате јачменот со внатрешни органи?

Внатрешните органи динстајте ги со кромид, зачинете и налејте малку бело вино. На крај, измешајте ја и варената каша од јачмен.

3. Како да го скусите времето за варење на јачменот?

Пред варењето јачменот се остава во вода околу еден час.

4. Дали може варената каша од јачмен да се употреби како додаток на чорби?

Да, може. Покрај во чорбите, јачменот може да се додаде и во варива. Ќе им даде дополнителна арома.

5. Како да се употреби јачменовото брашно?

Јачменовото брашно се меша со пченично и се подготвува домашен леб и печива.

ОРИЗ

6. Кога да се додаде вино кај подготовка на рижото?

При подготвување на рижото белото вино се става во загреаниот ориз, за алкохолот да испари, а да остане неговата арома.

7. Колку ориз се вари по лице?

Ако сакате оризот да го понудите како прилог, по лице доволно е 70 гр., а ако го понудите како главно јадење, тогаш е потребно 100 гр. Со варењето, оризот три пати го зголемува својот волумен.

8. Како да се постигне помала лепливост на оризот?

Пред да се стави оризот да се вари во водата што врие, може да го ставите во цедалка и да го измиете под млаз вода. На тој начин од оризот делумно ќе го тргнете скробот, па помалку ќе се лепи при варењето.

9. Колку ориз е потребно за еден оброк?

За еден оброк или за една чинија, потребно е од 50 до 80 гр. ориз, зависно од видот на јадењето.

10. Како визуелно да добиете поефектен прилог од ориз?

Кафениот и дивиот ориз може да се варат заедно, бидејќи времето на варењето им е приближно исто, за 20-тина минути ќе добиете декоративен и необичен прилог.

11. Каков е тој парбоилед ориз?

Парбоилед ориз е специфично технолошки обработен. Нелупениот ориз се натопува, вари и суши, а потоа се лупи. Натопувањето трае од неколку часа до неколку дена, при што е важно оризовите зрна да се напијат вода до внатрешноста на зрното. За процесот да се забрза, се користи топла вода, вакум или притисок. Така натопениот ориз се вари под притисок на 100 степени, околу 30 минути, а потоа се суши на топол воздух додека зрната постигнат влажност од 15% помала од нивната тежина. Тогаш се пристапува кон лупење и брусење. Целта на оваа метода е да се зачуваат повеќето минерали и витамини што се наоѓаат во лушпата, а што се губат со вообичаеното лупење на оризот.

12. Како да се искористи благата лековитост на оризот кај стомачни тегоби?

Слузавата течност во која се варел бел, лупен ориз, конзумирајте ја самостојно, или со варениот ориз. Ова јадење обично се нарекува ориз на вода.

Продолжува...

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 00:44

Купување и чување на младо кравјо сирење

Младото кравјо сирење може да го купите во продавниците, а секогаш се наоѓа во разладните ормани. Се разбира, мора да биде во неоштетена пластична амбалажа, со видливо истакнат рок на употреба, кој обично е од една до две недели на температура од + 4 до + 8 степени.
Ова сирење може да го купите и на зелените пазари и без декларација, но, не е препорачливо ако го консумирате свежо, зашто може да биде контаминирано со микроорганизми (кои евентуално може да ги отстраните со термичка обработка).

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.