IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Филмски вести ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Филмски вести ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
Автор
Порака
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 22:13

Во светот на филмот се шушка за најновиот филм на Дарен Ароновски "Black Swan" каде главна улога има Натали Портман и Мила Кунис. Откако ги имаше своите премиери на Венецијанскот филм фестивал и Торонто филм фестивалот, овој филм добива се повисока и повисока оценка. Се шушка дека е можно овој филм да добие неколку номинации за оскар како Најдобар филм и Најдобра главна улога.
Имено, филмот не внесува во светот на балетот, каде балерината Нина(Натали Портман) ја добива улогата на белиот лебед во Лебедово езеро, а нејзината противничка ја добива улогата на црниот лебед. Ривалството, претварајќи се во бизарно пријателство, и ја открива на Нина темната страна.
Black Swan trailer
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2010 во 00:47
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2010 во 07:21

Леонардо Дикаприо во најновиот филм на Клинт Иствуд

Извор: Блиц

Клинт Иствуд навести дека Леонардо Дикаприо би можел да го толкува ликот на штитеникот Едгар Хувер во неговиот филм за првиот директор на Федералното истражно биро (ФБИ).

Претходно се шпекулираше дека „во игра“ за улогата на Клајд Толсон е Хоакин Финикс, но Иствуд тоа го демантираше, пишува интернет сајтот Диџитал спај.

„Не знам од каде произлегла таа приказна... Зарем тој не стана рапер?“, прашал Иствуд.

„Тоа би била одлична улога за него“, одговорил тој на прашањето дали Дикаприо би можел да го игра миленикот на Хувер и прецизирал дека преговорите се во тек, но договор се уште не е потпишан.

Филмот ќе го следи животот на Хувер од подемот, до местото прв директор на ФБИ, па се до контроверзите во врска со неговите сексуални склоности, кои во јавноста излегоа дури по неговата смрт

Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2010 во 00:25
Започна филмскиот фестивал „БРАЌА МАНАКИ„ во Битола. Фестивалот го отвори американскиот кинематограф(инаку од Унгарија) Вилмош Жигмонд а гостинка на фестивалот е и Дерил Хана.

Има некој информација кога и каде ќе ги даваат филмовите во Скопје?
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2010 во 00:36
daril hana ...........gostinka?!
 
...a shto majka pa bara tuka vo ovaa...pustelija?изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2010 во 23:36
 
 
  Не беше во пустелија....  Хана беше во градот на Конзулите ...
а Битола  овие денови беше .... како  Холивуд...среќа
звездите газеа по црвен тепих.....
И многу битно  ...ептен и се бендисал нашиот Македонски ајвар...
Изјави дека го имала најубавиот доручек во својот живот.....намигнување
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2010 во 23:55
lelel..lelel..lele..holivud,a?изненадување
 
..a da ne "postavile" i avenija na zvezdite?
 
 аплауз, znachi,...imame ..las vegas,..sega holivud...minhen vo oktomvri..maliot monmartr..pa, pariz ...
 
...a, be...svet u malo izdanje e,..golemava makedonija!изненадување
 
...sledniot pat , strumica ke bide ...se kladam ,
 
..i venecija na balkanot!газење%20од%20смеење
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 01:11


Не бе Брза, Струмица е Рио на Балканот...забава

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 01:22
a?збунетост
 
aaa... toa e sigurno koga ne e ...poplaveno !голема%20насмевка
 
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2010 во 19:03
Кон врв
сашо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Декември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 538
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај сашо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2010 во 12:12
a ova e komentarot na edna "ugledna" bitolska faca za Manaki, gostite, labina i Josip Broz....
audioto e od negova radio emisija
http://www.youtube.com/watch?v=BvCgM1bj4u4
objektiv pred aparat, subjektiv pozadi
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2011 во 04:56

Во најлошите филмови - најмногу пари

 

Johnny Depp има главни улоги во најлошите филмови, а сепак е најдобро платен актер во Холивуд.

Пред него се најде само режисерот James Cameron кој благодарение на "Avatar" заработи 257 милиони долари. На трето место по мнатогодишната заработка е Steven Spielberg со 80 милиони долари.

Режисерот на филмот "Inception", Christopher Nolan се наоѓа на четвртото место со заработка од 71 милиони долари.

И покрај тоа што филмот "Tourist" е прогласен за најлош во 2010 година, актерот Johnny Depp има причина да слави, тој заработи најмногу од своите колеги минатата година, или 100 милиони долари.

 

За филмот "Alice in Wonderland" на режисерот Tim Burton заработи 40 милиони долари, за третото продолжение на филмот "Pirates of the Caribbean" доби 35 милиони долари, а за "Tourist" 20 милиони долари.

Кај девојките најплатена актерка е Kristen Stewart, на која улогата во филмот "Twilight" и донесе заработка од 27 милиони долари.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 12:21
Шварци се враќа на сцена
 
Славниот акционен актер и екс калифорниски гувернер Арнолд Шварценегер најави враќање во Холивуд..

Од политика му е доста, па решил да и се врати на својата прва љубов.

"Мојот агент веќе седум години ме прашува кога ќе може да почне да ги прифаќа понудите кои стигаат. Сега, му дадов зелено светло", објави 63-годишниот актер на својот Твитер профил, пренесува "Daily Telegraph"

Шварценегер неодамна го заврши својот втор мандат како гувернер на Калифорнија, и веднаш почна да се шпекулира за неговото враќање на филмските екрани.

За време на политичката кариера, Шварценегер си дозволи неколку излети во седмата уметност.

Му го исполни ветувањето на Сталоне, и минатата година на кратко се појави во неговиот филм "The Expendables".

Арнолд Шварценегер својот прв филм "Hercules in New York" го снимил далечната 1970 година, но секако, бодибилдерот кој своевремено беше и најсилен човек на светот, светската слава ја стекна со улогата во "Terminator".

Токму во првиот дел на "Terminator", 1984. година, ја кажа својата позната фраза: "I'll be back".

Очигледно дека го исполни своето ветување, со оглед на тоа што конечно го потврди своето враќање во светот на филмот



Изменето од емил - 11.Февруари.2011 во 12:22
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 08:32
Ренесанса на вестернот преку браќата Коен

Наслов:
„Вистинска храброст“ (True grit)

Режија:
Џоел и Итан Коен

Сценарио:
Џоел и Итан Коен

Главни улоги:
Џеф Бриџис, Хејли Стејнфилд, Мет Дејмон и Џош Бролин

Жанр:
вестерн

Времетраење:
110 мин.

Година на издавање:
2010



 

 

Вестерн жанрот, веќе одамна не е на листата на омилени филмови на публиката, а реално само мал дел од нив можат да се стават во кошницата на одлични филмови. Би ги издвоиле „Butch Cassidy and the Sundance kid“ (кој успешно ја вметна и комедијата како под-жанр) и „The Unforgiven “ но, името на овој жанр го извалка „ Jonah Hex“ . Но, браќата Коен со римејкот на истоимениот филм од 1969 година, успешно ја вратија почитта која овој жанр ја изгуби низ годините.

Џеф Бриџис во „True grit“ е Маршал Рустер Когбурн, остарен платеник специјализиран за пронаоѓање криминалци, кој го бие глас дека е најбезмилосен од сите, а токму таа карактеристика ќе биде пресудна за 14-годишната Мати Рос (Хејли Стансфилд) да го ангажира со цел да го пронајде Том Чејни (Џош Бролин) убиецот на нејзиниот татко. „Ќе го фатам Чејни, жив или мртов“ вели младата Мати Рос. На патувањето до територијата на Индијанците каде што се крие Чејни, ќе им се придружи и тексашкиот ренџер Ла Бјуф (Мет Дејмон) кој исто така сака да го види Чејни обесен но за многу поголема парична награда.

Неколку нешта во римејкот веднаш паѓаат во очи кога го гледате. Прво одличната глума од 14-годишната Хејли Стенсфилд која во филмот покажува вистинска зрелост, интелигенција и цврстина иако ова и е првиот игран филм во кариерата. Џеф Бриџис има 40 години искуство зад себе, но таа е навистина одлична, без разлика што ова е дебитантски филм за актерката. Второ, одличната фотографија од Роџер Декинс која му дава доза на мистерија на овој филм и која го прави интересен за гледање од визуелен аспект, наспроти сцените на терор кои ни се претставени. И трето брилијантните режија и сценарио за кои се погрижија Итан и Џоел Коен.

Во нивната верзија на овој класик променети се неколку нешта, но промените вродиле со плод, бидејќи го доближија филмот до мејнстрим публиката а, сепак го има нивниот печат. За разлика од првиот филм, кога централната фигура во филмот беше маршалот Когбурн (а со тоа и Џон Вејн) тука товарот на филмот преку сценариото е пренесен на ликот на Мати Рос (Стејнфилд), па се добива чувство како тој да има споредна, а Рос да ја има главната улога, но актерката совршено се снаоѓа со одговорноста која и е дадена. Од режисерски аспект римејкот е помрачен, а зимата, снегот и мрачното време во кое е сниман филмот само го надополнуваат тој впечаток. Присутна е и техничката карактеристика која станаа заштитен знак за браќата, а која ја има во повеќето нивни филмови како: „ No country for old men“, или „The big Lebowsky“. Нарацијата во True Grit доаѓа од возрасната Мати Рос (Елизбет Марвел) со која и филмот завршува, па во финалните сцени таа ја објаснува нејзината судбина по патувањето, но и таа на Когбурн и Лабјуф. Пријатно изненадување во сценариото е и татковската заштитничка врска која ќе се роди кај Когбурн. Таа ќе му даде топлина на ликот , нетипична за човек со репутација на безмилосен убиец и контрадикторна на неговиот физички изглед. Џош Бролин во улогата на Чејни е совршен избор на негативец, и ова е втората соработка на актерот со браќата Коен, но се добива впечаток дека неговиот лик е недоволно развиен и недоволно застапен во минутажа. Сепак, за поздравување е неговиот кастинг. True Grit е одличен филм кој успешно ја поврати репутацијата на овој жанр, а фановите за тоа треба да се заблагодарат на двајца талентирани филмаџии. Браќата Коен.

Гледајте го True grit (2010) ако ви се допаднале: „True grit“ (1969), „The quick and the dead“ (1995), „The missing“ (2003) „3:10 to Yuma“(2007) „High Noon“ (1952).

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.