|
Македонија од 1944 година до 1990 година |
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Автор | ||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
„Бугарите нив ги држеле понастрана, не им давале раководни места и не ги вклучиле во политичкиот живот. Незадоволни од тоа држеле тајни средби и барале и тие да влезат во државната управа и да имаат свои претставници во бугарскиот парламент. По војната, тие што останаа доследни на сопственото убедување за бугарскиот карактер на Македонија, кои и не претставуваа некоја политичка сила, беа прогонувани и осудени од македонска држава, а еден број ликвидирани без судење“, вели д-р Чакарјаневски.
Се' уште е тајна колкав е вкупниот број на тие што биле ликвидирани од новата комунистичка власт, но со сигурност се знае дека без судење се стрелани 54 велешани. Во Ресен се убиени 17 лица, исто така, без судење, како и една поголема група во Куманово. На Димитар Чкатров, Димитар Ѓузелов и на некои нивни приврзаници им било судено во Скопје. Двајцата биле осудени и потоа тајно ликвидирани. Каде се погребани не се знае. И во Битола бил одржан судски процес на пробугарски квислинзи и поддржувачи на Михајлов на чело со Стефан Светиев, кој бил осуден на смрт. |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А што мислеше ти
Па зар у Бугарија не се судат убијци |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
54+17=71
+поголема група во Куманово /колку голема?/ Значи имаме да речеме 80 Македонци ликвидирани без судење од Македонци за кои се знае со сигурност. Колку ли се оние за кои не се знае? Колку ли се оние кои биле судени и тогаш ликвидирани? Колку велешани биле ликвидирани од окупаторот и колку од комунистите? |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Но Велешаните не убиле никој,си ја бранеле татковината - додека предавниците го угостиле окупаторот па тргнале да убиваат свои неистомисленици - што мислиш ти дека ги чекало кога паднале Фашистите - медаља
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бидејќи се разговоривме за право, дали ќе ни даде информација модераторот - правник, кој бил законот според кој ги суделе соработниците со окупаторот.
Името на законот ме интересира и дали може да се најде некаде. |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Македоне, ајде те молам да одговориш. Важно е.
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Постојат повеќе прописи донесени во текот на НОБ во однос на судењата на воените злосторства, дејствувањето на судовите и нивното одвојување од воените судови. Со Законот за неважност на правните прописи донесени пред 1941 година и за време на непријателската окупација, се укинуваат сите казненоправни прописи кои биле дел од предвоеното југословенско право, како и казненоправните прописи донесени од окупаторите. Во 1945 година донесена е Повелба за Устројство на народните судови, а истата година е преточена и во Закон за уредување на народните судови. Истотака во 1945 година, со решение на Првото Вонредно заседание на АСНОМ е донесено и решение за создавање специјален суд за судење на престапите против македонската национална чест. Таквите престапи претставуваат сите видови соработка со окупаторот, со кои грубо се навредува честа и угледот на македонскиот народ, а што не може да се квалификуваат како предавство или помагање на окупаторот во вршење воени злосторства. Би го споменал овде и Законот за кривичните дела против народот и државата. Пречистен текст на овој закон може да се преземе овде. Истотака, ќе го споменам и Општиот кривичен законик, донесен во 1947 година. За најлесно да дознаеш врз основа на што се судени соработниците со окупаторот, оние кои вршеле воени злосторства или други казнени дела, спореди го дејствието на казненото дело со законското битие. Во моментот кога казненото дело ќе се преклопи со законското битие на делото, ќе го добиеш одговорот. Сепак, тука се поставуваат огромен број прашања. Несомнено треба да се погледне и самата казнена постапка против лицето и начинот на које водена, дали можеби се пристапило и кон начин како штосе пристапило во Нирнберг и многу други нешта, но тоа не е за на овој подфорум, затоа што треба да се отворат прашања кои не се поврзани со историјатам, туку со правото, законите, постапките. |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Убиството на Лена Стојческа
Откако ја прочитав статијата, се прашувам, од каде можел Колишевски да ги знае овие нешта и дали навистина не згрешил во врска со ова? Сепак, тој не бил присутен тие години во Македонија, не ги поседувал сите информации од терен, а и подоцна, немало начин да ги дознае овие нешта, иако бил еден од најмоќните луѓе на македонската држава. Од друга страна, ако Узуновски навистина бил тоа што е наведено во статијата, немало по смената да ги извршува сите можни функции, како што е началник на Управата за цивилна заштита во Државниот секретаријат за внатрешни работи на Југославија, а од 1963 година и началник на Управата за народна одбрана во Државниот секретаријат за народна одбрана на Југославија. |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На форумов, порано, меѓу членовите од Бугарија се ширеше еден мит, наметнат од некого или нешто, дека во Македонија, по ослободувањето од окупацијата било забранувано прославувањето на Илинден.
Сепак, членовите од Бугарија сега може да се уверат дека Илинден бил прогласен за национален празник од страна на АСНОМ: Изменето од Македон - 05.Јули.2011 во 15:19 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еве го и ставот на британскат амбасада, на чија содржина, пак се базира содржината на погорниот извештај до Стејт Депармтентот на САД: Од разговорот на британскиот амбасадор Стивенсон со Емануел Чучков: Писмо на францускиот амбасадор во Софија oд 24.11.1947 година, во кое се вели дека Бугарија се согласува за припојување на пиринскиот дел на Македонија кон Федеративна Македонија, која е дел од Југославија: Телеграма од F. McLean до Foreign Office од 21.01.1945 во која тој пишува за желбата за обединување на македонскиот народ за обединување: Писмо на A. Eden во кое се опишува ставот на Велика Британија која одбива прифаќа создавање македонска држава во рамките на Југославија, но без деловите на Македонија кои се под власт на Бугарија и Грција: Изменето од Македон - 26.Септември.2011 во 23:45 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Британски погледи за решавање на македонското прашање, 26.08.2011 |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Многу убаво ви се читат документите.... нема што
Инаку што има да се говори за Македонија од 1944 до 1990 ?
Живот во рамките на Југославија-Перфектна икономика ,благоденствие за народот полна среќа за државата.А тоа што србите се проширувале нивната политика ич не е за замаране.Важно е дека народот е имал пари за одмор надвор од Југославија и секогаш фрижидерот е бил полн.
Кој што го отрекува тоа е не фер човек. Изменето од емил - 26.Септември.2011 во 23:57 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зарем не ги читаш документите? Последниот навистина не се чита, ама другите одлично се читаат. Најверојатно имаш проблем со видот. Јас носам очила, ама одлично ги читам оние документи кои се на англиски. Француски не знам добро, ама затоа други знаат.
Има многу да се говори за тој период. Да се расчисти со одредени митови и измислици,особено оние пласирани и раширени во Бугарија, за што пример е твојов пост, да се разјаснат некои нејасни нешта, да се разоткрие светската политика во однос на нерешеното македонско прашање и ставот на големите сили во однос на истото, како и животот на Македонците во современата македонска држава. Србите во Македонија не се рашириле, се рапирила југословенската федерација. Македонија не била во составот на Србија, туку била република во федерацијата, а Македонците биле конститутивен народ на Југославија. Патем, полниот фрижидер не значел дека се било во ред. Полниот фрижидер не успеал да направи теророт, едноумието, мачењето, затворањето и сите други страшни работи кои се случувале во социјализмот да исчезнат и да се заборават. А и тој полн фрижидер не бил полн благодарение на југословенската економија и производство, туку на кредитите и помошта од демократските и капиталистички големи сили, кои имаат желба Југославија да остане надвор од рамките на она што се нарекуваше Источен блок. Изменето од Македон - 27.Септември.2011 во 15:17 |
||
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |