|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика | страница <1 7576777879 98> |
Автор | |||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
СТЕВА ИЛИЕВА, ПОСЛЕДНИОТ ЖИВ СВЕДОК НА СТРЕЛАЊЕТО НА 12 -ТЕ ВАТАШКИ МЛАДИНЦИ
Не тераа да газиме по крвта на другарите Стева Илиева, Ката Мешкова, Павлина Илиева и Невена Хаџијорданова пред точно 65 години го преживеале стрелањето на 12-те ваташки младинци, благодарејќи на полицискиот началник Петко кој му се спротивставил Шеесет и пет години поминаа од пеколно жешкиот 16 јуни 1943 година кога во Моклиште, по наредба на полковникот Љубен Апостолов, бугарските војници од полицискиот одред "Ѓорѓи Бенковски" ги стрелале, а потоа со бајонетите од пушките ги измасакрирале телата на 12-те ваташки младинци. Убиството се случило близу Моклишкиот манастир на местото викано Чаирот пред очите на нивните четири другарки - Стева Илиева, Ката Мешкова, Павлина Илиева и Невена Хаџијорданова. Преживеале, благодарејќи на полицискиот началник Петко кој му се спротивставил на поручникот Костов кога сакал да ги убие и девојчињата оти било срам да ги вратат назад во селото. Сеќавањата на крвавиот настан на 81 - годишната Стева Илиева од Кавадарци, која токму на денот на убиството наполнила 16 години, и денес се свежи. Вели како вчера да се случил: "Кметот не собираше од куќите со готов список, сите не имаше по име и презиме", раскажува таа. Уапсени се заедно со нивните дванаесет другари и приведени се во селската кафеана на Васил Хаџијорданов каде се испрашувани и тепани. "Кожинката ни ја свлекоа од ќотек, не тепаа со гума, со тупаници и суровици, не тераа да признаеме дека сме биле сите заедно на 1 Мај во Моклиште и дека ги помагаме партизаните. Велеа дека во џебот на Диме Чекоров нашле слика од излетот на која не има сите, па така го направиле списокот. Ама сестра му Тимка после ми кажа дека пред да го уапсат таа му ги исчистила чевлите и му ги проверила џебовите - ништо немало. Диме е наклеветен, ама до ден - денес не се разбра кој го предаде", вели Стева. Откако молкум ги поднеле сите тортури и измачувања, полицијата ги одвела кон местото наречено Чаирот. Најстариот од сите, 27 - годишниот Васо насетил дека нешто лошо се подготвува, па почнал да бега, а по него побегнале и Диме и Герасим. "Тогаш беше издадена наредбата 'оган'. Ги гледавме другарите како паѓаат пред нас. Ги фатија и ги убија сите, а потоа за да се уверат дека никој нема преживеано, со бајонетите ги избодеа нивните тела. Пискавме, а тие не тераа да им газиме по крвта оти сме работеле заедно со нив, со шумкарите", раскажува баба Стева. Бугарските војници ги вратиле девојките назад во селото, им ги предале на роднините пред селската кафеана и издале наредба убиените младинци да не се носат назад, туку да се закопаат на местото каде што се убиени, па за неполн час целата војска го напуштила селото. Жителите од Ваташа се кренале на нозе. Глетката што ја затекнале била страшна - телата на сите младинци биле искасапени, а крв имало на сите страни. Родителите ги оплакувале убиените деца, а селаните ископале ров, го послале со гранки што ги искастриле од јаворите и ги наредиле сите дванаесет младинци во него. Ги погребале во истата лесна облека во која биле облечени, испокинати и искрвавени, покриени само со чаршаф. Подоцна, посмртните останки на стреланите младинци биле на два пати преместувани - еднаш погоре, близу до патот, а подоцна во Спомен - паркот каде во знак на сеќавање и вечна почит е подигнато спомен - обележје. Годинава, на 65 - годишнина од стрелањето на ваташките младинци, на спомен - обележјето во Моклиште ќе им биде оддадена уште еднаш достојна почит за нивната прерано пролеана младешка крв, како на една од многуте длабоки лузни во историјата на македонскиот народ. |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Македоне, вчера му кажа на Чоли нешто, сега и ти истото. Дај да ги видиме изворите за бројките кои ги пишуваш. За Охрана не си на јасно што претставувала, види се тоа. Се бара извор за 3000, 12 000. |
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да би мирно седело - не би чудо видело... Ако не беа бегале, ке се разминеха само со един лобут, ама така мим е било пишано. --- А сега си представи обратната ситуациjа: Партизаните са фатили неколко бугарски воjници и ги водат под конвоj кон штабот. Внезапно неколко од пленетите се втурваат да бегат... Како ке реагират конвоираштите ги партизани? |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Б уги, тоа вашата историја за 1941-1944 само на основа на сеќавања ли се пишува? 81 годишниот може многу работи да се сеќава.
|
|||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
27 godishniot Vaso trebalo da se zamisli pred da bega |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А да ги испотепаме ли преживеаните од Бугарскиот терор па после да пишуваме историја како сакате вие - мислам што има поубаво објаснето од сведоштво кое доаѓа од очевидец.
И зошто да не бега ДА БЕ - ти ако почнат да те тепаат у Скопје ке седиш ли додека да те убијат или ке бегаш |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се чудам кои сеќавања за Ваташа се вистина. Нели бугарските окупатори ги извеле од селото со намера да ги ликвидираат. До сега насекаде такви работи ги читав. А сега некој се сеќава дека младинците побегнале. Тоа е многу значајно сеќавање. Ајде да видиме Македон што ќе му одговори на прашањето на Чоли. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ги прочитав весниците, а терминологијата не ја употребуваме само ние, туку и многу други. Таа терминологија досега никој не ја оспорил, освен вие, што секако, сте засегнати.Секако, говорам за терминот окупатори. Не знам друга, за вас, не и за нас, спорен термин. Лазар Мојсов е сеуште жив. Инаку тој припаѓал на националистичкото крило на раководството и е човекот кој ќе биде "тивко замолчен" од страна на власта, поради еден инцидент со британскиот амбасадор во однос на Македонците од Грција. Говорот на обвинителот не е поврзан со изнесување конкретни случки, затоа што случките се подолу изнесени сосема јасно. Македонскиот суд го обвинува за полициската акција бидејќи дел од акцијата се спроведувала на територијата на Македонија, а започнала од Судрулица, а за настанот во Сурдулица не е осуден, тоа е само изнесено пред судот, со цел да се објасни сета акција. Јас судењето го објаснив неколку страници поназад и немам намера да се повторувам. Доколку некој смета дека некаде згрешив, нека го демантира тоа, ама со поткрепа на кажаното, со точно утврдена грешка при спроведување на материјалните или процесните закони, а не само да пишува дека станува збор за комунистичко судење, а самиот да не знае ниту што е судење, сведок, доказ, признание и сл. Каснакоски, ова што го напиша за некакво мое судење е смешно. Прво-новата Влада може да е било каква, ама не може да ме обвини доколку за тоа нема соодветен закон. Второ- нема да ме обвини Владата, туку обвинителство. Дури и да донесе таков закон, јас не сум дејствувал во времето кога тој закон постоел, ниту сум знаел дека ќе се донесе таков закон, па затоа и ништо не сум прекрил, а ако донесе таков закон, согласно правилото lex retro non agit, нема начин да ми се суди врз основа на тој закон, затоа што не би било во согласност со Уставот на Република Македонија, каде е забрането ретроактивно дејствување на законот. Дури и сето тоа да биде усогласено со законите, па дури и Уставот на Република Македонија, постојат судски инстанци надвор од судскиот систем на Република Македонија, каде ќе можам да се обратам. На крајот на краиштата, во таков случај нема да ме суди за воени злосторства, затоа што на форумов јас не сум сторил некакво воено злосторство, кое како такво е дефинирано во меѓународното право. Ќе те потсетам на еден ист ваков пример во историјата, а тоа е судењето во Нирнберг. Сите обвинети се бранеа дека дејствувале во согласност со Уставот, законите како и наредбите добивани, а кои биле во согласност со законот, затоа што нацистичкото раководство било мошне прецизно, па сите свои дејствија ги покрило со Устав и закон, што значи дека сите нацистички лидери дејствувале во согласност со Уставот и законите на тогашна Германија. Сите пак закони биле донесени од пропишаниот орган, во точно утврдената постапка, без ниту најмала грешка. Сепак, судот во Нирнберг ги осуди, онака како што ги осуди оној во Скопје. Во случајот сите правни принципи не беа почитувани, но, сепак, злосторствата против човештвото порано беа, иако мошне штуро, дефинирани, па иако обвинетите не знаеја за тие дефиниции, судот се повика на истите и ги осуди. Непознавањето на правото никого не ослободува (ignorantia iuris naeminem excusat). Во Југославија пак, истотака, со ретроактивно дејство на законот, иако истотака и со судење за злосторства против човештвото, беа осудени оние како Богданов и другите, иако тука веќе има и други елементи, како нечовечко постапување, командна одговорност, па и многу други дела за кои се покренало обвинение. Мошне јасно е неговото судење, затоа пак ќе кажам, секој кој мисли дека нешто не било во ред, нека го докаже тоа, со соодветен член од закон или друг правен акт. |
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако целта на воjниците е била масакр, тие ке да убиеха сите - зошто да остават живи сведоци на масакрот? Целата работа е станала на jуруш, станала е паника при бегството, почнала е стрелба по бегалците... Тие кои не са бегали са останали живи. А можело е сите да си останаат живи ако не било злополучното бегство. |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А дали е бил суден полковникот Љубен Апостолов, коj е бил началник на полицескиот отред во Ваташа според баба Стева Илиева?
|
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Расказ на една друга баба:
ПО 62 ГОДИНИ ОД СТРЕЛАЊЕТО НА ВАТАШКИТЕ МЛАДИНЦИ Цвеќе и солзи за убиените другари Утрото ни рекоа дека ќе не носат на сликање и не поведоа кон Чаирот, двајца по двајца, во колона. Токму на местото каде што пред една недела танцувавме. Но, кога стигнавме таму наместо музика одекнаа рафали, со солзи раскажува Павлина Касапова за последниот час на своите 12 другари. Злосторот се случи на 16 јуни 1943 година, кога бугарските окупаторски војници стрелаа 12 младинци од кавадаречкото село Ваташа. Баба Павлина тогаш имала 15 години и е една од четирите девојки што извлекле жива глава. Плаче и го прераскажува тој крвав ден што го растурил друштвото на млади скоевци од Ваташа, кои кришум им помагале на партизаните. Им носеле храна и облека, пренесувале пораки и оружје, ги оставале "под таа и таа лоза, во тој и тој ред". Но, некој ги накодошил. - Тоа кобно утро десетмина бугарски војници, заедно со кметот на Ваташа, не собраа во кафеаната. Не затворија внатре и не тепаа. Ниеден збор не кркнавме, не поткажавме ниту еден од постарите. Потоа ни рекоа да одиме нагоре, кон Моклиште. "Ај, горе кај што танцувавте во минатата недела", ни рекоа. Небаре ќе не сликаат. Бевме млади и лични, ама зошто да не сликаат? Јас и братучетка ми не носевме ни опинци, бевме боси. Одевме двајца по двајца, а од страните не чуваа бугарски војници - ги опишува Касапова последните чекори на своите 12 другари. Солзите повторно потекуваат по лицето на старицата кога го опишува последниот час од денот кога засекогаш ги изгубила 12-те другари. - Каква измама! Не не сликаа! Ги наредија и почнаа да пукаат. Рафали од к*ршуми се истурија врз нив. Тие, кутрите, попаѓаа како покосени. Се стресовме ние девојчињата. Кој може да го гледа тоа рамнодушен? Ѓерасим се обиде да бега, но го ранија. Како сега да му ја гледам крвта. Одеше и пискаше: Ох, мајко, ох мајко... Васо се пикна во едни капини за да се скрие. Диме Чекоров го ранија во ногата кога сакаше да бега накај каналот со вода. И падна, не можеше да се спаси. Му отидоа таму, го искасапија. Сите ги искасапија, со нож им ги бодеа очите на некои. Ужас! Како сето тоа да беше малку, па нам на девојчињата ни ги ставија пиштолите во устата и не натераа да газиме по телата на другарите - раскажува старицата, а солзите не и сопираат. И девојките биле окрвавени со крвта од стреланите другари, од кои некои се уште давале знаци на живот. Принудени биле да газат по нивните тела за да ги заплашат девојките што биле поштедени од рафалите. - Бевме испрскани од нивната крв. Газевме, немаше што друго да правиме. А еден од другарите, душичка, ја фати сестра си за раката и не ја пушташе. Целата се тресам и сега кога се сеќавам на таа грозотија. Не беа сите умрени кога газевме по нивните тела. Некои се превртуваа. А Блаже, како сега да го гледам пред мене. Се чудам како имавме сили да живееме по сето тоа - воздивнува од болка баба Павлина. Вели дека ни денес нема мир и со години по овој настан се згрозувала од униформите и од униформираните. --- Се разминава версиjата на баба Павлина со версиjата на баба Стева, ама неjсе... |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Изворот за тие 12 000 е една ваша книга: "Macedonia and Bulgarian National Nihilism — Ivan Alexandrov" (Macedonian Patriotic Organization “TA” Australia Inc. 1993) Изворот за тие 3000 е македонска книга, напишана од непосреден учесник во сите борби во Егејска Македонија, Вангел Ајановски-Оче. Книгата ја поставив и на темата за Македонците од Егејска Македонија. Еве ја уште еднаш. Одамна тврдиш дека не ми е јасно, ама затоа во дебатата на темата за Егејските Македонци, секој што знае да чита, може да види што претставувала, не му треба ниту твоето, ниту моето толкување, па лесно да извлече заклучок кому нештата му се нејасни. А ако мислиш дека нешто ми значат мене твоите тврдења, во голема заблуда си. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Целта била да се заплашат сите помагачи на македонското-национално движење. Случаи како оној во Ваташа има многу. |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Благодарам на Македон за опстојниот одговор, но ќе му кажам дека ако дојде влада како она, никакви законски норми, меѓународни судилишта и сл. нема да го спасат. Ќе си го осуди судот по инструкции од владата и тоа е.
Ширењето на големобугарска пропаганда, обидите за негирање на востанието на 11 октомври, масакрите од бугарскиот окупатор како случајот во Ваташа, претставувањето на Делчев, Груев, Сандански и другите македонски херои како Бугари, македонските преродбеници како бугарски и сите слични навреди на македонската национална чест ќе бидат казнети од една таква влада, независно од постоечките закони. Абе некој дали знае нешто повеќе за фамозниот закон за заштита на македонската национална чест? Никаде не најдов нешто поцелосно. |
|||
Внеси реплика | страница <1 7576777879 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |