|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика | страница <1 100101102103104 146> |
Автор | |||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еден јазик можеби зборуваш ти, Pat кој те поддржува и останатите кои мислат како вас, со оние од Црно Море, ако сакате и со оние од Владивосток, но сепак, факт е дека македонскиот стандарден јазик е посебен јазик, колку и некој да се труди да го негира тоа. Поврзаност постои, несомнено голема, но тоа не значи дека јазиците се идентични, поради тоа што во одреден историски период имале заеднички нишки. Тоа е исто како да кажеш дека рускиот и украинскиот, српскиот и хрватскиот, па и други се исти, а јасно е дека не се, иако имаат доста заеднички нешта. П.С. Пред да говориш за хрватскиот стандарден јазик, проучи го малку загрепскиот говор, па ќе сфатиш зошто хрватскиот е таков каков што е. |
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да, ама тоа што ти го зборуваш е само национално - политичка свест, а не и научно - лингвистичен факт. Ако можеш да се разбереш со некој без да ти треба преведувач, а притоа никогаш да не си го учел тој јазик порано, тоа несомнено сочи кон тоа дека се работи за еден јазик. А тоа за загрепчани, ако едните велат грах (Хрватите), а другите пасуљ (Србите), тоа не ги прави јазиците различни. Кај нас ги има и двете форми: грав (лит) и фасуљ (диј.), а плус тоа имаме и боб, исто така дијалектно. Но во поглед на општата лексика, како и на морфолошките особености а исто така и синтаксата, српскиот и хрватскиот се еден јазик. Тоа си го знаат и Хрватите и Србите. А инаку во хашкиот суд кога го судеа Шешељ, босанецот употреби слушалки, за да му преведат што зборува Шешељ, што беше тажно, а не смешно - со оглед на добро познатата историја.
Истото тоа се однесува и за македонскиот и бугарскиот јазик. Тие два јазика се еднакви по својата суштина, по својата структура и по својата лексика. Фонетските разлики, т.е. гласовните особености како тоа дали некаде е бјало, а некаде бело, дали е ношт или ноќ итн. тоа се само мали фонетски процеси при кои што карактеристичните гласови развиле варијанти во сите словенски јазици. Така јатот кај нас, делумно кај Бугарите и исто така делумно кај Србите се развил во е. Во Кониковото евангелие исто така има остатоци од ја наместо е. Истиот тој глас кај дел од Србите, и кај Хрватите и Босанците се развил во је или ије, на пр. бијело или бјело. Протословенските групи тј и дј на пример кај западните Словени се развиле во ц и ѕ, кај јужнословенските народи, вклучително и кај нас во повеќето краишта се развиле во ќ и ѓ, а кај Бугарите во шт и жд. Но и тука нема остри граници. Ние немаме пеќина, туку имаме пештера, немаме свеќеник туку свештеник, имаме топоними како Кривогаштани, Велгошта итн. а да не зборуваме за дијалектите во југоисточниот како и во југозападниот дел каде што тие се развиле во шт или шч, т.е. имаме гашчи, гашти, кашча, к’шча итн. А зборуваме само за вардарскиот дел. Исто така и во Бугарија, и тоа не во пиринскиот дел, има ке, ќе, че наместо ште. Вејке наместо вече, како нашето веќе. Тоа се само мали разлики. |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас и руски можам малку да разберам, ама тоа не значи дека јас и Русите говориме на еден јазик. Од друга страна, за загрепскиот говор, кој не случајно го споменав, особено за оној познат како загорски говор, ако не се лажам, ќе ти треба дефинитивно и преведувач. Чинам дека нема потреба да покажувам дека хрватскиот е посебен јазик. А и од научно лингвистички аспект, македонскиот јазик е посебен од бугарскиот јазик, со свои особености и самостоен развоен пат. Тоа што можеби пред многу векови се говорело на ист јазик во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, па дури и Русија и Украина ништо не менува. |
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Покажуваш индикцаија дека си експерт по лингвистика. Со оглед на тоа би те запрашал, како и по кој основ словенскиот, односно старословенскиот јазик или ако сакаш јазикот на македонските словени станува бугарски? Со други зборови ме интересира процесот на словенизација на бугарскиот јазик или поточно бугаризацијата на словенскиот јазик. Незборуваме за периодот по формирањето на бугарското кнежевство поради тоа што тоа е најромантичарскиот дел на новата држава. Всушност тогаш почнува да се пишува читај научно документира словенонбугарската национална историја и несомнено е преполна со ординарни лаги и тешки заблуди. Како некој кој бил толку моќен и го освоил половина свет се доведува во состојаба каде за неполни 200 години ќе ги изгуби сите свои карактеристики и мајчин јазик, а од друга страна ќе биде во состојба да го наметне сопственото етничко име? Те прашувам тебе од причина што сметам дека ти би бил во состојба да дадеш задоволителен одговор. Од Бугарите претрпев големо разочарување, затоа што досега не сум сретнал ниту еден кој би можел да одговори на тоа прашање. |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зар против слависти ке одите,само за Бугарофилски идеи
|
|||
depo
Сениор Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јазиците што си ги споредил се слични не се исти. Македонскиот и Бугарскиот се блиски јазици воошто не се исти. Блискоста отсекогаш била злоупотребувана. Хрватски и Српски се поблиски меѓусебно отколку Македонски и Бугарски. |
|||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
eve naprimer kaj vas e: "блиски" kaj nas e "blizki"
|
|||
depo
Сениор Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еве на пример на Германски и на Англиски куќа се пишува исто таква мала разлика. |
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еве да направиме една мала споредба:
Хрватски: Лјета на селу сам проводио у врту или на њиви, редом са баком, дједом и цјелим родом. Чак смо с братом имали и одрјеѓено мјесто у бакином врту. Српски: Лета на селу сам проводио у врту или на њиви, редом са баком, дедом и целим родом. Чак смо с братом имали и одреѓено место у бакином врту. Бугарски: Летата на село прекарвах в градината или на нивата, редом с баба, дјадо и цјалата рода. Дори с брат ми си имахме отредено мјасто в градината на баба. Македонски: Летата на село ги поминував во градината или на нивата, редум со баба, дедо и целиот род. Дури со брат ми си имавме и одредено место во градината на баба. Што се однесува до загрепскиот дијалект, кој што припаѓа на кајкавското наречје, ако прашалната заменка „кај“ место „што“, како и ред други особености го прават засебен јазик, тогаш слободно можеме да го прогласиме и гевгелискиот дијалект за посебен јазик. И уште една работа во врска со хрватскиот и српскиот јазик; не залудно во времето на Југославија тој јазик во Србија се нарекуваше српскохрватски, а во Хрватска хрватскосрпски. Изменето од Pat - 11.Октомври.2010 во 16:21 |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да дополнам дека на бугарски може да се каже исто во машки род- "целиот род", како и "целата рода", и двете форми се правилни.
Така што разлика во двете реченици практички нема. Изменето од lav4eto - 11.Октомври.2010 во 19:49 |
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во Црногорскиот јазик гледам што се употребуват уште две букви - З́ и С́. Интересно, дали само таа е разликата со српскиот език?
|
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
На македонски правилно е „така што“. „Така да“ е србизам, аналогија на српското „тако да |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Pec
Нов член Регистриран: 03.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 11 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дијалектен континуум има од Триглав во Словенија до Црно Море во Бугарија - што значи низ целиот Балкан, а не само од Охрид па до Црно Море. |
|||
Pec
Нов член Регистриран: 03.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 11 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За жал(твоја) Македонскиот јазик е посебен јазик и тоа е научно лингвистички факт. Ако не веруваш прочитај малку литература од областа на Лингвистиката и Славистиката и ке ти стане јасно.
Е сега направи БУМ. Ова значи дека Словачкиот и Чешкиот јазик се исти.Рускиот и Украинскиот јазик се исти. Шведскиот и Норвешкиот се исти. Жалам, меѓутоа модерната лингвистика ги третира како ПОСЕБНИ.
Не се исти, туку се многу слични. Тоа се должи на тоа што и двата јазика имаат заеднички предок - Старословенскиот јазик, како и тоа што се соседни, блиски јазици. |
|||
Внеси реплика | страница <1 100101102103104 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |