|
ВИСТИНСКИТЕ НАМЕРИ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО |
Внеси реплика | страница <1234 5> |
Автор | |||||||||||||||||||||
bobiii
Нов член Регистриран: 06.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 22 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
Мој предлог е на "таа персона" да и поставиш 3 прашања: 1.Дали тогаш(во далечното минато)важело Меѓународното право? 2.Што претставува меѓународното право,зошто е донесено,дали служи за да ги заштити "помалите" и стави во еднаква положба како и "поголемите","посилните"? 3.Дали во тоа време владеела политика на меѓународни принципи,кодекси или политика на војувања,разделба на територии? Сведок си поради постоење на меѓународното право,помалите земји се далеку во порамноправна положба со посилните. Секако дека постојат и денес различни методи на уцени и притисоци(вето за влез во организација,ембарго на увоз/извоз итн),за да ја исполниш желбата на некоја поголема сила,но сепак имаш избор да го направиш тоа доброволно(со твоја согласност и потпис) или ќе се спротиставиш за разлика од порано кога тоа било насилно без никој да те праша(пр.Бук*решки договор делба на народот и територијата без да прашаат дали на овој простор има народ кој сака заеднички да живее во своја самостојна независна земја Вардар+Егеј+Пирин). Значи затоа денес и притисокот е на наша страна,за ние самите да се откажеме(со наш потпис) и прифатиме нешто што они од надвор неможат насилно да ни го направат,без наша согласност...значи тие неможеа ни референца да ни стават без ние самите да се потпишеме. Затоа е и последната шпекулација далеку невистинита кога Делавек*рас рече дека САД+неколку помоќни земји од Европа ќе седнеле на маса заедно со членови од ООН и ќе ни ставеле име без нас да не прашаат а тоа ќе важело за меѓународна употреба без разлика дали ние ќе сме сакале или не.-Тоа е апсурд,поголема лага неможе да постои!!! А тоа за влезот во ООН не е доказ дека си држава,а во спротивно не си-покажува и примерот со Косово...иако не е во ООН сепак е самостојна држава. -Во тој случај ако не си членка на ООН губиш меѓународна финансиска мултилатерална помош во форма на кредити од меѓународни фондови,неможеш да имаш аранжмани со ММФ,не можеш да извезуваш надвор од земјата итн...но затоа пак постојан билатерални(финансиски,правни,трговски,воени)договори... а со добра надворешна политика земја по земја можеш да ги придобиеш и да создадеш пријатна општествено економска клима!!! |
|||||||||||||||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
Како поткрепа на муабетот за идентитетот и придавките, текст од Владимир Петковски, универзитетски професор и поранешен
амбасадор:
Пресудна битка за придавките Битката за придавките како ознака на идентитетот Грција веќе ја бие со сите расположиви средства. Најсвеж пример за тоа се огорчените настојувања во дебатата во Европскиот парламент по повод Извештајот за Македонија да се бришат сите придавки. Од аспект на придавките, со сегашниот нивни предлог за географска одредница во името - Република Северна или Горна Македонија - државјаните на земјава би биле „северномакедонци“, државјанството „северномакедонско“, јазикот „северномакедонски“ итн. Значи, клучното прашање е идентитетот, поточно, неговото меѓународно манифестирање. Тоа е алфа и омега на нивниот пристап, а начинот да се негира идентитетот е да се промени името со додавање придавка што ќе стане дефинитивен составен дел на идентитетот. Само во овие релации го гледам заемниот однос на името, референцата, идентитетот. Попрецизно, каква е релацијата име/придавка? Придавката произлегува од именката, т.е. во овој случај, од името на земјата. Повторувам, придавките македонски (граѓанин), македонско (државјанство), македонски (јазик), македонско (општество, стопанство итн.) се врзани т.е. произлегуваат од името на земјата. Затоа за нас е многу битно овие придавки, кои сега недостасуваат, конечно да ги внесеме во личната карта на Македонија во ОН. Како појаснување, секоја земја во ОН има лична карта, која се состои од четири елементи: долго т.е. официјално име, кратко т.е. техничко име, придавка за јазик и придавка за народ. Ова е битно и заради фактот што овие придавки/ознаки, по автоматизам, ги преземаат и ги внесуваат во официјално користење и Советот на Европа и ЕУ. Малку се зборува за еден друг аспект на прашањето за името, а тоа е таканареченото долго или официјално име и кратко или техничко име под кое се заведени земјите во списокот, адресарот на ОН. Кај нас ова прашање е во сенка на „главната дебата“ за името. За нас, како Република Македонија, овој аспект на прашањето за името е исто толку важен колку и користењето на референцата. Долгото име на Германија е Сојузна Република Германија, а краткото - Германија. Идентично, Руската Федерација - Русија, Француската Република - Франција. Уставното име на поранешна Југославија се менуваше неколку пати по Втората светска војна, но краткото име секогаш остануваше - Југославија. Какви би биле пораките од оваа практика за Македонија? Со приемот на земјата во ОН во 1993 година под референцата поранешна југословенска Република Македонија, наместо под уставното име, создадена е ситуација во која референцата во меѓународната комуникација всушност фигурира како еквивалент на долго име. Македонија, засега, е единствена земја во ОН што нема кратко име. Нагласувам, битката за краткото име што би морале да ја избориме е исто толку важна, бидејќи токму со него земјите се претставени во сите меѓународни организации. Опасноста од географската додавка на нашето име, на што жестоко инсистира Грција, е во тоа што придавката лесно се лепи за името на земјата и на тој начин се наметнува како решение и за придавките, македонски/македонско. Згора на тоа, краткото име полесно прозвучува и влијае врз формирањето на перцепцијата за земјата кај обичните луѓе, особено во меѓународните рамки. Да ги земеме за пример големите меѓународни спортски и културни манифестации - Олимписките игри, светските и европските првенства, регионалните натпревари, Евровизија и слично, на кои земјите се претставени со нивните кратки имиња. Колку за појаснување, акронимот ПЈРМ во овој контекст нема никаква врска со краткото име. Иако е тоа несоодветен, би го нарекол, „нелегален акроним“ што го наметнува Грција, на прв поглед за да навреди и омаловажи, се работи за добро смислено подметнување со кое настојува на мала врата да го заобиколи зборот Македонија и да го наметне во јавната комуникација како еден вид колоквијално име. Тоа е само еден политичко-психолошки „ќор-фишек“, бидејќи и самите знаат дека обидите за користење на правно непостојниот акроним се однапред осудени на неуспех. Во овој поглед тие, иако ги знаат добро меѓународните норми, сепак, често се обидуваат според логиката, пробај, можеби ќе успееш, да наметнат такво означување на разни меѓународни собири. Многу е важно колку ние како претставници на разни меѓународни собири сме вешти и добро подготвени да реагираме на ваквите провокации. За жал, често се случува наши претставници од разни области, поради неинформираност, лоши подготовки дома, неукост или недоволна координираност со МНР. Во вакви околности наједноставно е да се побара од организаторот да се користи референцата во целосен назив или во форма на ПЈР Македонија, а не акронимот ПЈРМ. Овие аспекти на прашањето за името се од посебна важност и укажуваат на можните опасности од несоодветно решение на спорот со името врз идентитетот на земјава во меѓународен контекст. Повеќе од очигледно е дека, според потезите на грчката надворешна политика во последниве 18 години, оспорувањето на официјалното име на Република Македонија е само преттекст за пошироко негирање на македонскиот идентитет, вклучувајќи го и прашањето на македонското национално малцинство во Грција. |
|||||||||||||||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
Se soglasuvam so tekstot sto go izlozi Anastea pogore od prof. Vladimir Petkovski. Mozebi, ako vekje se bara kako kompromis geografska odrednica ,i ako toa bide Severna, treba da stoi pred Republika Makedonija, pa da bide S.R. Makedonija. Togas moze da bide razumen kompromis, i Grcite zadovolni a i nie zadovolni. No, dali namerite na Grcija se iskreni kon nas i dali ke se soglasat taka da bide? |
|||||||||||||||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
Кога сме кај намерите на Грција, дали се искрени или не, едно сведоштво од Дора Бакојани:
Дали некој верува во искреноста на намерите на Грција? И дали уште ќе се залажуваме дека се’ ќе се заврши со промената на името??? |
|||||||||||||||||||||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
Македонија не смее (никако) да и попушти на Грција
Изменето од Анастеа - 11.Август.2010 во 02:54 |
|||||||||||||||||||||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|||||||||||||||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
...ajde bee?!...mnogu jak ovoj o'gang izgleda...
...tuku,...ako i ja snema ,..nikoj nema da i bide kriv , ..osven samata taa.... ...t.e poedinci ,..koishto narodot si gi biral da gi vodi,... ...a ne da gi....eliminira! |
|||||||||||||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||||||||||||||||||||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
Овој Робин...да не е некој пензионер и лобист па да кажува она што се очекува од него, всушност за тоа што е платен?
И некако овој наплив на фактори од надвор кои всушност немаат никаква политичка тежина во моментов...зошто даваат изјави за јавноста и се труби на сите звона.?
Еве ги и нарачаните однадвор..вувузели и мегафони..видете ги наредните листи за парламентарци од дијаспората...тие гарант ќе бидат на листите...
Сепак САКАМ да чујам предлози и ставови на ВЛАДАТА И ПРЕГОВАРАЧИТЕ а не на нејзини полтрони...Сепак владата ќе одлучи.
|
|||||||||||||||||||||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|||||||||||||||||||||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|||||||||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
линкот не функционира ,Новаче
|
|||||||||||||||||||||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
Линкот е тој: http://novamakedonija.com.mk/NewsDet...tIzdanie=22103
Или поинаку:
НОВА Македонија од Петок 08.10.2010 година , број 22103
Содржината е следна:
Конечно, Друцас ги отвори грчките картиТој им порача на сите дека не се работи за името на државата, туку за т.н. „македонско прашање“! Стави до знаење дека името е само параван и начин да се постигнат многу подлабоки цели
Изменето од Анастеа - 11.Октомври.2010 во 01:10 |
|||||||||||||||||||||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|||||||||||||||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
......poleka be malku,...kaj se djapash?
...ti go osporuva samo onoj nametnatiot od nekoi tuka identitet ,a ne vistinskiot....
- i....ambasoadorot vika:
"................ Свесна дека тоа мора да се спречи, во август 1988?! година, таа за прв пат во историјата почна официјално да го користи името на регионот, Македонија, и за северниот дел од земјата и за три дистрикти. Целта набргу се потврди: да се оспори постоењето на Македонците, надвор од Грција."
...ajt' majkataa?!...
...ovie grcive , pokraj se drugo i vidoviti da ti bile,a?
...pa, osetile ili nekoj im shepnal deka gorniot komshija ke im se raspadne , pa ajde, si rekle...pobrzo da prekrstime nie se i seshto...za da gi dupime posle novite komshii,.....a?
...a, kolku shto pamtam , ushte pred triesetina godini sum videl tamu natpisi makedomija,...dodushe,...se chudev togash , otkaj pa i tamu taa...ama..
...sega mi e pojasno,..shto ,..kako ,...i zoshto ! Изменето од brza - 10.Октомври.2010 во 16:45 |
|||||||||||||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||||||||||||||||||||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
Абе Брза, не од 88'ма, туку од пред 10 години се знаеше дека е готова работата со Југославија штом умро је највечи мрав.
|
|||||||||||||||||||||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
бла, бла, бла... Се тече, се се менува, само името било одсекогаш и ќе остане засекогаш. Поради тоа што само уште глупоста е непроменлива категорија, сами изведете го следниот заклучок. |
|||||||||||||||||||||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|||||||||||||||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||
...e, pa sega e jasno zoshto i pred triesetina godini imashe makedonija tamu,..
..a i sigurno imalo,so desetici godini porano !
mozebi , zashto celo vreme " se tresele grcite kutri...i se pitale...
...shto ke pravat ako nekogash se svestat onie od ...ogre?!
|
|||||||||||||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1234 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |