IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости - останати спортови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости - останати спортови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Занимливости - останати спортови
    Испратена: 10.Ноември.2009 во 16:14
Идејата како и секогаш е на НАСА.
Туку, ако најдам и слики некој ќе постирам, а од неодамна дознав дека ова е спорт во кој спортистот ќе спасува космонаути, а може и рекреативно. Рекреацијата ќе се реализира со десет минутно скокање од почетокот на крајот на атмосверата од напред и ќе има температура при триење со воздухот на спортистот од 200 степени целзјусови, а брзината од 1400 километри на час. Забавата ја растурал само кислородот кој довагал отпосле во контакт со спортистот, а потоа се отвара и традиционалниот падобранец и се си е како порано...среќа


Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2010 во 01:25
Site interesni i neobicni raboti okolu sportovite za koi nema soodvetna tema stavete gi ovde...
 
Na primer: Izmislen nov sport;  Bokserot 'x' ostanal bez zabi koga zena mu go spukala so tava; Rakometarot 'y' dobil topka u glava dodeka zjapal vo devojkite vo publikata; Maratonecot 'z ' napravil short cut od 5 km dodeka trcal ....i red takvi raboti...плазење
 
 


Изменето од gonzo - 09.Септември.2010 во 01:34
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2010 во 20:29

ТОП-5 СПОРТСКИ БРАДИ


Се опушти на залезот од кариерата. - Легендата на македонското ватерполо Сашо Поповски


Елегантно запуштен. - Милко Ѓуровски


Секој циклус, нова брада. - Перо Антиќ


Го памети ли некој без брада? - Веселин Вујовиќ додека го водеше Вардар


Попостојано неизбричен од Зарков или Манасков. - Гоце Макалоски

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2010 во 16:30
Еве ви нешто смешно среќа 
 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2010 во 13:58

ТОП 5 ПРОПАДНАТИ СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ

Пливањето го има Охридскиот маратон, боксот - "Златен гонг", борењето - "Македонски бисер", а кајакот се уште го привлекува интересот со ИКАС, иако веќе не за празникот Илинден. И тоа се натпреварувањата кои го издржале тестот на времето и опстојуваат и покрај хроничните финансиски проблеми, макар и по цена на губењето на добар дел од некогашниот квалитет. "Вест" избра пет спортски манифестации кои не успеале да заживеат како традиционални.

1. Скопски пливачки маратон

Неуспешниот обид на Скопје да му парира на легендарниот Охридски маратон, за среќа, беше изведен само еднаш. Возобновен во 2004 година, тој се претвори во целосен дебакл, откако трката беше прекината бидејќи водата во езерото Матка се покажа неиздржливо студена за учесниците. И покрај големите најави, веќе никој не спомна да се одржи повторно. Ќе се изненади ли некој ако кажеме дека победи Петар Стојчев?

2. Скопје опен

Скопје е една од ретките европски метрополи без макар и просечен тениски турнир. А, не беше секогаш така. До 2001 година, на терените во Градски парк гледавме мечеви од Отвореното првенство на Скопје, кое може да се пофали дека ги има донесено и Марат Сафин и Иван Љубичиќ, се разбира, пред да станат славни. Подоцна спаднавме на еднократни фјучерси и сателити.

3. "Трофеј Македонија" во ракомет

Речиси да нема година, а Ракометната федерација на Македонија да не најави повторно одржување на некогаш квалитетниот турнир "Трофеј Македонија", кој имаше свое издание и за машки и за женски репрезентации. Вистината е дека тој се организира на секои пет години, а, можеби, и поретко, па по оној во Велес пред две години, прашање е кога ќе го дочекаме наредниот.

4. Суперкуп во кошарка

Кошарката е единствениот колективен спорт кај нас кој може да се пофали дека организираше Суперкуп-натпревар, во кој се соочуваат шампионот и победникот на Купот од претходната сезона. Денес го нема ни него, па и новата сезона ќе стартува викендов без овој спектакл. Суперкупот опстана пет изданија, но по 2007 година немаше најави дека ќе продолжи.

5. "Трофеј Македонија" во кошарка

Ова е најнеуспешната премиера на една спортска манифестација во Македонија, бидејќи беше откажана уште пред да почне. "Трофеј Македонија" за првпат требаше да се одржи ова лето во Охрид, но како што најавените учесници еден по друг почнаа да го откажуваат своето доаѓање, така и КФМ донесе одлука да го остави за некои подобри времиња.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2010 во 14:22

Најскапиот тим вреди 645 милиони евра

Ако имате пари за трошење, а го сакате фудбалот, замислете си кои играчи би ги довеле во својот тим. Тоа во денешно време го прават арапските шеици и притоа добро се забавуваат. Специјализираната страница за фудбалски трансфери "Трансфермаркт.де" во својата база на податоци ја има вредноста на секој фудбалски професионалец на земјината топка.
Меѓу најскапите фудбалери на светот навистина се само играчи од топ класа. Најскап голман на светот е Икер Касилјас од Реал Мадрид. Најскапи дефанзивци се Пике и Видиќ, а играч за врска е Иниеста. Најскап фудбалер на денешницата е Меси, кој вреди неверојатни 100 милиони евра. За споредба, највреден македонски играч е Горан Пандев кој е проценет на 18 милиони евра. Ако се состави најскапиот тим тој би вредел 645 милиони евра.
Ви ги претставуваме 11 најскапи фудбалери, потоа идеалниот тим од кој испаднаа Кака, Снајдер, Рибери... поради компонирање на тимот, а за нивните колеги на истите позиции сепак треба да потрошите повеќе финансии. Го избравме и тимот, кој достојно може да се "носи" со екипата составена од најскапите колеги, а би бил значително поефтин, во ситуација кога би одлучиле да заштедите.
Најскапите 11 (645 милиони евра): Меси (100), К. Роналдо (90), Иниеста (60), Фабрегас (55), Руни (55), Вилја (50), Торес (50), Чави (50), Рибери (45), Снајдер (45), Кака (45).
Идеални 11 (575 милиони евра): Касилјас (35) - Лам (28), Видиќ (35), Пике (35), Маикон (32) - Иниеста (60), Фабрегас (55), Чави (50) - Меси (100), Роналдо (90), Руни (55).
Поевтините 11 (241.5 милиони евра): Жулио Сезар (25) - Киву (15.5), Вермален (18), Пепе (22), Дани Алвес (30) - Озил (27), Елија (17), Насри (18) - Форлан (20), Луис Фабиано (24), Луис Суарез (25).

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2010 во 07:50

ТОП 5 ВЕЧНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ

Кој не ја знае животната приказна на Лео Меси, кој на 12-годишна возраст ја напушти родната Аргентина за да стане еден од најдобрите фудбалери на денешнината во дресот на Барселона. Дидје Дрогба, Самуел Ето, Дирк Новицки... имаа сличен пат кон славата, заминувајќи на други континенти години и години пред да се слушне за нив во нивните татковини. "Вест" избра петмина најуспешни репрезентативци кои никогаш не играле на професионално ниво во Македонија.

1. Ѓорѓи Христов

Партизан беше првата станица во интернационалната кариера за голем број фудбалски таленти од Македонија, но најисплатлива инвестиција му беше битолскиот голгетер. Тој дојде во Белград како 18-годишник, а кога замина во Англија, вредеше 1,5 милиони фунти. Потоа, каде се не играше (Холандија, Шкотска, Унгарија, Израел, Финска...). Секаде, само не во Македонија, иако еднаш го сликаа со дрес на Вардар во рацете.

2. Владо Илиевски

Еден од најдобрите македонски плејмејкери, исто така, стигна во белградски Партизан кога наполни 18 години. Оттука, замина за Унион Олимпија од Љубљана, клуб и град за кои струмичанецот, по се изгледа, и ќе ја врзе својата иднина, имајќи предвид дека таму заснова и семејство. Во меѓувреме, Илиевски настапуваше за некои од најдобрите екипи од Шпанија и Италија.

3. Величе Шумуликоски

Своевремено анонимец, а денес капитен на македонската фудбалска репрезентација, тој беше откриен во 2002 година, кога го носеше дресот на чешкиот прволигаш Синот (денес Словачко). Родениот стружанец ги направи своите први фудбалски чекори во Словенија, а најдобриот период му беа двете години во руски Зенит. Откако не успеа во Англија, избра да се пресели во Сибир. Не, по казна, се разбира.

4. Илчо Наумоски

И високиот прилепчанец беше практички непознат во Македонија кога со своите игри во Австрија се наметна во репрезентацијата во 2003 година. За да си го овозможи тоа, Наумоски дури се откажа од австриското државјанство, но и десетина години од почнувањето на професионалната фудбалска кариера, тој и натаму настапува во тамошната Бундеслига.

5. Предраг Самарџиски

Несудениот пик на НБА-драфтот уште како средношколец се пресели во Белград заедно со семејството, а кошаркарскиот развој го помина во престижната школа на Партизан. Кога дојде време за игра, таму не успеа да се избори за голема минутажа, па беше проследен во локалниот ривал ФМП Железник. Двометрашот од Скопје ова лето ја напушти Србија и ја продолжи кариерата во Турција.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2010 во 18:12

ТОП 5 ПИШМАН-РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ

Хрватскиот пливач Дује Драгања крена голем прав кога објави дека ќе настапува под знамето на Катар, за потоа да ја повлече својата одлука. Белорускиот ракометар Сјаргеј Рутенка се откажа од желбата да ги брани боите на Шпанија и се врати во својата матична репрезентација по неколку години играње за Словенија. Спортот навистина нуди необични животни одлуки и избори, како во случајот на овие петмина македонски спортисти.

1. Ока Николов

Стандардниот голман на Ајнтрахт Франкфурт за првпат доби шанса да го облече дресот на македонската репрезентација во времето на Ѓоко Хаџиевски и во период од три години одигра пет пријателски средби. Тој остана на вакви почесни настапи, бидејќи за нешто поофицијално му требаше македонски пасош, што, пак, бараше да се откаже од германското државјанство. Николов не беше подготвен за тоа.

2. Александар Маленко

Од многуте моменти кои ја обележаа неговата колоритна спортска биографија, особено се истакнува епизодата во која нашиот најдобар пливач најавува дека во иднина ќе настапува под знамето на Обединети Арапски Емирати. Тоа едно време ја забавуваше јавноста во периодот кога не се случуваше ништо во неговата кариера. Маленко секогаш знаеше да привлече внимание.

3. Марио Ѓуровски

Како роден белграѓанец, младинец на Црвена звезда и син на легендарниот Милко Ѓуровски, Марио мислеше дека вратите на српската фудбалска репрезентација му се ширум отворени, па смело изјавуваше дека не го интересира друг дрес. Кога увиде дека тоа нема да се случи, ние му го простивме овој излив на непатриотизам и го зедовме кај нас.

4. Кирил Георгиев

Македонската шаховска репрезентација доби големо засилување во велемајсторот Георгиев во пресрет на Олимпијадата на Блед во 2002 година и тоа водеше кон пласманот на одличното осмо место. Наредната година, Георгиев стигна и до четвртото место на ЕП во Истанбул, а потоа, незадоволен од третманот на државата, прифати да игра за селекцијата на Бугарија.

5. Горан Славковски

По потекло Македонец, по земја на раѓање Швеѓанец, младиот голгетер беше во дилема за чија репрезентација да игра и ова дополнително се искомплицира кога во целата приказна, по непознати канали, се вмеша и Хрватска. Славковски спектакуларно ја избра Македонија, за потоа да го одложува своето деби. На крајот, одигра три средби за младата селекција и прашање е што добивме со него.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2010 во 16:27

ТОП-5 НАВРЕДИ ВО ФУДБАЛОТ

"Сите можете да ми го попушите"

По повод неодамнешниот вербален инцидент помеѓу напаѓачот на Сампдорија Антонио Касано и претседателот на клубот Рикардо Гароне, "Билд" направи ранкинг од петте најтешки навреди во фудбалскиот свет. Не изненадува пласманот на легендарниот Диего Марадона на врвот на листата, по низата вулгарности кон медиумите и кон останатите колеги, но сепак на чело се најде неговата навреда на сметка на новинарите по квалификацискиот меч за СП во Јужна Африка додека ја предводеше Аргентина.
ТОП-5 НАВРЕДИ:
1. ДИЕГО АРМАНДО МАРАДОНА (новинари) - "Им се заблагодарувам на навивачите и на играчите, но на никој друг. Сите останати можете да ми го попушите... Мене ми е сеедно што ќе напишат тие к*рвински синови.
2. АНТОНИО КАСАНО ( претседателот на Сампдорија) - "Можеш да ме бакнеш во задникот... Да те еб... во уста.
3. МАРКО МАТЕРАЦИ (Зинедин Зидан) - "Помила" ми е твојата к*рва од сестра"
4. РОБИ КИН (Мик Мекарти) - "Ти си еб... лажго! Ти си еб... дркаџија! Не те ценев како играч, не те ценам како тренер, а не те ценам ни како личност. Ти си еб... дркаџија и можеш да си го напикаш Светското првенство во задникот. Единствената причина поради која имам работа со тебе е бидејќи си селектор на мојата земја, иако не си ни Ирец, туку посран Англичанец.
5. НИКОЛА АНЕЛКА (Рајмонд Доменек) - "Да те еб... во уста, валкан к*рвин син!".


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2010 во 19:28

ТОП 5 НАЈУСПЕШНИ НЕОЛИМПИСКИ СПОРТОВИ

Атлетиката и пливањето секогаш се исчекуваат со најголем интерес кога ќе почнат олимписки игри, но тоа се спортови во кои Македонија е не епизодист, туку, уште полошо, статист. Исто е и со колективните спортови, во кои уште го чекаме првиот настап на некоја наша репрезентација.
Место тоа, во Македонија владеат некои други спортски херои, за кои ОИ се недостапни, зашто нивниот спорт, едноставно, го нема во програмата.

1. Карате

Иако сакаме да се пофалиме со долгата традиција во боксот и борењето, нашиот најуспешен боречки спорт во моментов е каратето. Тоа се потврди и минатиот викенд, кога Жарко Арсовски освои бронза на Светското првенство во Белград, а, пред него, медал од европски првенства донесоа и Огнен Груевски, Наташа Андонова, Иво Цветковски и Сашко Арсовски.

2. Куглање

Ова е спорт кој не познава возрасни ограничувања. Иако никогаш не ни недостигаа квалитетни куглари, медали во името на Македонија денес освојуваат и Хрвати и Словенци. Борис Бенедик, Дамир Фучкар и Леонарда Мајер се веќе ветерани, а новата генерација ја предводи 20-годишниот Бранко Манев, кој на неодамнешното ЕП во Австрија се закити со две бронзи.

3. Параглајдерство

Центарот на овој атрактивен спорт во државата е Прилеп, односно тамошниот клуб Делта. Оттаму доаѓаат речиси сите претставници на Македонија во Светскиот куп, а најбројни се членовите на семејството Јованоски. Постариот син на селекторот Миле Јованоски, Мартин, беше лидер на светската ранг-листа, што досега не сме го имале во ниту еден друг спорт.

4. Маратонско пливање

Охридскиот маратон, како манифестација од светски углед, беше инспирација за голем број македонски пливачи да се посветат исклучиво на настапи во отворени води. Но, блескавата традиција денес се обидува да ја одржи единствено Евгениј Поп Ацев, кој го наследи Томи Стефановски во Гран при серијата на ФИНА и сезонава за малку не го надмина неговиот севкупен најдобар пласман на петтото место.

5. Кик-бокс

Спорт кој може да исполни која било сала во кое било време. Пред четири години, Скопје беше одличен домаќин на Европското првенство, за потоа Иле Ристески да се врати со бронзен медал од последните две светски првенства. Серијата сјајни настапи беше продолжена и на неодамнешното ЕП во Баку. Во комбинација со ултимејт фајт борби, спектакл секогаш е загарантиран.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2010 во 05:05

ТОП 5 НОВОПЕЧЕНИ ТРЕНЕРИ

Помладите генерации цел живот ги знаат Фабио Капело и Џовани Трапатони како врвни тренери, можеби, и не знаејќи дека на тоа му претходеше подеднакво успешна играчка кариера. Во поново време, сме сведоци на иста ваква трансформација кај Пеп Гвардиола, Франк Рајкард, Карло Анчелоти, Роберто Манчини... Преминот од играч во тренер за некои е толку брз, а за некои и толку успешен, што дури и се надминуваат себеси во новата професија.

1. Емил Рајковиќ

Никогаш ѕвезда, ретко стандарден, овој класичен бек-шутер имаше свои моменти во дресот на Работнички и кога беше избран да го води амбициозниот проект на Фени индустри, тоа се чинеше како преголем залак за тренер без искуство. Но, Рајковиќ се покажа дораснат на доверениот предизвик и, под негово водство, кавадарчани прераснаа во најдобриот кошаркарски колектив во земјата, потврдено со две шампионски титули.

2. Илчо Ѓорѓиоски

Неговата репрезентативна кариера се сведува на само неколку одиграни минути во прославената победа над Ирска од 3:2 на "Градски", а потоа имаше и трансфер во Турција. Затоа, пак, не можеше да посака подобар почеток на тренерската кариера, откако во својата прва сезона на клупата на еден клуб и ја донесе шампионската титула на Македонија ЃП.

3. Николче Здравески

Иако беше ставен, па симнат од црната листа на УЕФА поради наводното учество во местење, на Здравески не може да му се оспори успешното тренерско деби, обележано со титулата на Победа во 2007 година. Здравески оствари завидна кариера како клупски играч и е еден од последните асови на прилепскиот фудбал, а за националниот тим настапи еднаш, а и тоа не му се брои, бидејќи е од неофицијален натпревар.

4. Звонко Шундовски

Кога пред две години беше именуван за тренер на Металург, тоа му беше првиот ангажман надвор од битолскиот ракомет (читај: Пелистер) воопшто. Иако во подредена улога, металурзи таа сезона неочекувано го освоија Купот, по што Шундовски му ја препушти клупата на Лино Червар. Учејќи го селекторскиот занает како помошник на Вујовиќ и Темелковски, Шундовски денес ја води машката ракометна репрезентација.

5. Тони Јакимоски

Поранешниот дефанзивец на Љуботен, Вардар и Цементарница се избори за единствениот настап во репрезентацијата на пријателски натпревар во финишот на мандатот на Андон Дончевски. Како тренер, го прероди Тетекс: го врати во Првата лига, го предводеше до првиот трофеј (Куп), му обезбеди деби во еврокуповите, а сезонава е и конк*рент за титулата по серијата од 20-ина меча без пораз.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2010 во 14:34
Среда, 17 Ноември 2010 13:47
Share

Порталот Goal.com објави своја листа на најголемите фудбалски ривалства, во првите десет се најде и ривалството помеѓу Хрватска и Србија, со образложение дека тоа има слаба врска со фудбалот.

 

Србија и Хрватска најдоа место помеѓу првите десет најголеми ривалства во светскиот фудбал. Овој портал констатира дека таа омразеност која постои одамна, успешно се пренесува и врз другите спортови како тенисот, ракометот, кошарката и ватерполото.

Завршниот коментар на Goal.com за ова дерби е дека, ако се гледа од политички аспект, веројатно ова е најголемо ривалство во светот на фудбалот, ривалство кое може да се сретне во сите сфери, а најмалку во спортот.

Во Топ 10 место најдоа и следниве дуели:

Бразил – Аргентина

Двете најголеми јужноамерикански нации изградија меѓусебно ривалство кое секогаш е на највисоко ниво и никогаш нивните дуели не се пријателски.

Англија – Шкотска

Шкотите секогаш ги гледаат Англичаните како вечни непријатели, голем удел во тоа има политиката и историјата помеѓу двете земји, а јавна тајна е дека „Тартан армијата“ секогаш навива против Англија на големите натпреварувања.

Jапонија – Јужна Кореја

Двете најголеми сили на истокот на Азија ова ривалство го именуваат како „Ханелион“, термин што ги означува сите спортски дуели помеѓу двете земји.

Алжир – Египет

Мечевите помеѓу овие две репрезентации неизбежно се проследени со насилство, а неретко и самите играчи се инволвирани во пресметките.

Холандија – Германија

Ова според Goal.com е најголемото европско дерби. Омразеноста која Холанѓаните ја имаат кон Германците еволуирала и од отворено непријателство прераснала во софистициран презир. Победите над Германија во Холандија дури се опеани дури и во посебни песни.

Салвадор – Хондурас

Ривалството помеѓу овие две земји е едно од најголемите во Јужна Америка и многу често било сцена на крвопролевања.

Португалија – Шпанија

Едно од ретките ривалства кое е поврзано само со фудбалот, Португалија и Шпанија се пријателски земји, основа на таа фудбалска омразеност е мислењето на двете земји дека подобро играат фудбал од својот сосед.

Иран – Саудиска Арабија

Непријателството помеѓу двете репрезентации на овие земји е од чисто политички причини кои скоро секогаш се пренесуваат на теренот.

САД – Мексико

Ова е најновото ривалство во светот на фубалот, поради тоа што Мексико беше доминантен во минатиот век. Растот на ова непријателство започна на СП 2002. година кога Американците стигнаа до полуфиналето и Мексиканците мораа да се соочат со фактот дека не се веќе суверен фудбалски господар на Северна и Средна Америка.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2010 во 12:40

ТОП 5 КРАТКИ СЕЛЕКТОРСКИ АНГАЖМАНИ

Африканските репрезентации летоска на СП во Јужна Африка воведоа пракса на еднократно ангажирање реномирани селектори, очекувајќи успех и врвни резултати преку ноќ. Иако тоа е најпримамливата функција за тренерската фела во секој спорт и ретко кој би се осмелил да ја одбие, тука може многу да се добие, но и уште повеќе да се загуби. Така, и во македонскиот спорт има примери на тренери за кои тоа бил само краткотраен излет.

1. Цане Крстевски

Тоа буквално беше викенд-селекторски ангажман за битолчанецот. Драган Здравковски поднесе оставка, а македонските ракометни терени беа суспендирани на една година поради случајот "Прокоп", па двомечот со Исланд во рамките на баражот за СП 2001 моравме да го играме на гости. РФМ му ја довери невозможната задача на Крстевски, кој остана на тие две средби како селектор.

2. Ѓоко Хаџиевски

Првиот македонски тренер кој бил селектор на две различни фудбалски репрезентации. И додека се уште се води како најуспешен предводник на Македонија, од Хаџиевски не се бараа големи амбиции кога му беше доверено да го води Азербејџан во завршницата на квалификациите за ЕП 2008. Поточно, по оставката на неговиот претходник, тој само требаше да ги одработи последните два натпревара.

3. Стојан Петрушевски

Златната резерва на претседателот на Вардар Михајло Михајловски уште еднаш беше повикана на помош кога машката ракометна репрезентација непредвидено остана без селектор пред стартот на квалификациите за ЕП 2006. Во текот на едномесечниот ангажман, Петрушевски имаше обврска да ја одведе селекцијата до баражот, а потоа беше заменет со Зоран Живковиќ-Тута.

4. Љубомир Мечкиќ

Прославениот српски тренер раководеше со втората фаза од амбициозниот проект на подем на македонското ватерполо и дојде на готово, кога веќе имавме обезбедено пласман на ЕП 2008 во Малага. Сепак, тој си ја исполни целта и со осмото место на првенството, Македонија следната година играше и на СП во Рим. Неговиот ангажман заврши со ова ЕП.

5. Слободан Сантрач

Првиот странец на кормилото на нашиот фудбалски национален тим ќе остане запаметен и како најнеуспешен и најкраткотраен досега. Србинот издржа на оваа функција едвај пет месеци и за тој период оствари скор од една победа и три порази, почнувајќи ги квалификациите за СП 2006. Ненадејно реши да се повлече летото 2004 година, образложувајќи го тоа со семејни причини.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2010 во 23:26

ТОП 5 КРАТКОТРАЈНИ ФУДБАЛСКИ ХИТОВИ

Се сеќава ли уште некој дека во Првата фудбалска лига на Македонија играле и екипи како Вардарски, Кожуф, Брегалница (Д) и Куманово? Можеби, ама, главно, како екипи на кои таму не им било место. Постои и онаа друга група клубови, кои, исто така, не се задржале долго во одбраното друштво, но барем се потрудиле да остават трага, макар денес звучало тоа како приказни за една сезона.

1. Милано

Во три сезони, колку што беа членови на прволигашкото друштво, кумановци двапати беа вицешампиони, а во 2008 година стигнаа и до финалето на Купот. Колата тргна надолу кога контроверзниот газда заврши зад решетки, па без финансиер, клубот немаше пари ниту да плати котизација за настап во сезоната 2009/10 и се откажа и од Втората лига. Денес е третолигаш.

2. Балкан

Тимот од Чаир влезе во Првата македонска лига од Втората ексју лига и во првите две сезони од осамостојувањето го оправдуваше статусот на една од нашите најдобри екипи, завршувајќи на третото место две години по ред. Во годините што следеа, Балкан константно назадуваше, се до сезоната 1998/99, кога за последен пат беше виден во елитата. Денес не опстојува.

3. Башкими

Уште еден кумановски прволигаш со краток век на успешност. Башкими одигра пет полни сезони во најдобрата македонска лига, при што највисоко успеа да се искачи до шестото место во 2005 година, кога се закити со единствениот трофеј во својата историја, Купот. Ја почна и шестата сезона, но се откажа по неколку кола поради беспарица. Денес не се натпреварува.

4. Маџари солидарност

Клубот од скопската населба Маџари доживеа ѕвездени моменти, па го допре дното во рок од две сезони во Првата лига. На своето деби во 2003/04 г. се пласираше на шестото место, а веќе следната пакуваше куфери за враќање во второлигашката конк*ренција. За малку ќе понесеше и еден трофеј, но загуби во финалето на Купот од Башкими. Денес му прави друштво на Милано во Третата лига-Север.

5. Скопје

Тимот од Автокоманда беше апсолутен хит на есенскиот дел од сезоната 1997/98, кога напредуваше од тазе прволигаш до второто место на табелата. На крајот на истото првенство спасуваше жива глава, па во последното коло се избори за уште една сезона во елитата. А, тоа траеше токму толку - само уште една сезона. На Скопје потоа му требаа 11 години да заигра повторно во Првата лига.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,235 секунди.