|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика | страница <1 9899100101102 146> |
Автор | |
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не Буги, горе наведената поделба на јужнословенските јазици нема никаква врска ни со Коминтерната, ни со Варшавскиот пакт, ни со перестројката. Тоа си е исклучиво лингвистично прашање, и прашај било кој славист, дали ќе е од Америка, дали од Јапонија или од било каде, истото ќе ти го каже. Тоа си е наука. А тоа за македоноидите, негридите, и жолтата раса, тоа ти остај го на страна..
Изменето од Pat - 08.Октомври.2010 во 18:25 |
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па баш Славистите тоа го потврдија Нема лаги нема превари
Не е се црно бело како што сакаш да прикажеш |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
оД ЛИНКОТ НА бУГИ.
сАМО ДЕКА И ВО кОНИКОВСКОТО ЕВАНГЕЛИЕ И ВО лЕКСИКОНОТ на Данаил од Москополе македонскиот јазик е со поинаков идентитет. |
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислам дека за Кониковското евангелие токму на овој форум се има расправано надолго и нашироко:
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15316 |
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПС Тоа дека Кониковското евангелие било постаро од Лексиконот дали е вистина?
|
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Но и да е така како што тврдат македонските научници за еввангелието, не гледам каква врска има тоа со поделбата на јужнословенските јазици која што е потврдена од научниците ширум светот. Што сакаш да докажеш со тоа Буги?
http://www.britannica.com/EBchecked/topic/354297/Macedonian-language |
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Така потврдија славистите - џабе Пат ние да расправаме до 101 и пак назад има луѓе кои работат и тоа им е животен сон,сакале ние или несакале тие сонот го остваруваат
На пр. Полскиот професор Влоѓимјеж Пјанка е автор на десетина авторски книги и околу стотина статии, речиси сите од потесна македонистичка област. Редовен професор е на Варшавскиот универзитет, пред тоа над 20 години на Универзитетот во Виена. Пази што тврди таа : Која е посебноста на македонскиот јазик? - Што е тоа што е единствено Македонско. Нагласив дека секој јазик има еден фонд на зборови што не се совпаѓаат со друг литературен јазик. Има многу зборови во најблиските јазици, како што се македонскиот и бугарскиот, како што се чешкиот и словачкиот, српскиот и хрватскиот, како и двата лужички јазици. Македонскиот јазик за основа го има централното наречје, а бугарскиот североисточното наречје, а тоа се илјадници километри и различни дијалекти. Говорот на Софија и говорот на Скопје се поблиски од литературните јазици, говорот на Ниш, исто така. Но, друго е разговорната, дијалектната форма, а друго се литературните јазици. Што е она што е типично македонско, бидејќи јас се занимавам со споредбена граматика на словенските јазици. Тројниот член што го има во македонскиот јазик никаде го нема, само во еден дел од родопските говори и тоа во друга форма. Второ, удвоениот објект во некои бугарски дијалекти може да се слушне, но, сепак, тоа е одлика на македонскиот литературен јазик. И трето, минатите времиња со глаголската форма „има“. Тие, исто така, дијалектно можат да се слушнат во Бугарија, но во цела Македонија тие се нашироко познати, како и во повеќето македонски дијалекти. Тие се трите главни одлики на македонскиот јазик. И сите тие се среќаваат единствено во македонскиот јазик, ниту во еден друг словенски јазик ги нема! Меѓутоа, и самите Бугари имаат различни мислења. Некои навистина признаваат дека постои македонски јазик. Други, пак, сакаат да бидат политички коректни, можеби мислат, ама не изјавуваат дека има македонски јазик. Но, има и такви професори што велат дека нема никаков македонски јазик. Како лингвисти бараме да ни покажат докази. Тие одговараат, тоа не е важно. А што е важно? Кога зборуваме за јазик, треба да укажеме на структурата на јазикот, дали се разликува или не, дали е ист јазик или не. На моето прашање за посебноста на македонскиот јазик тие ми одговараат: „Ние го чувствуваме духот на јазикот, тоа е истиот дух што го имаат луѓето во Македонија и кај нас“. Со духовите не сакам да се занимавам. Јас сум научник, сакам докази. Јас докажувам дека тоа се два различни јазика. |
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е ако де, денес тие се сметаат за два одделни јазици, некои докажуваат, а некои спорат. Но ете јас да те прашам тебе:
Зошто никој не докажува дека македонскиот и српскиот се два одделни јазици? Во било кој труд за јужнословенските јазици, секаде ќе сретнеш дека македонскиот е најсроден со бугарскиот, спротивно од тоа што се обидел да го наметне Блаже Конески. |
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А зошто да се докажува,Србите јасно на сите Славистички средби кажуваат дека до Ниш се зборува повеке Македонски отколку Српски - збориме за дијалекти
Србите и ден денес Црковно го пеат Македонското слово,што ти е на тебе - па Србите од Македонскиот прво Вук Караџиќ ги раздели а подоцна Тито со СрпскоХрватската граматика - Истата приказна е и со Бугарите,само тие за учител го имаа Русинот кој двапати реагира во нивната азбука и граматика |
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е тоа веќе ми личи на отворена српска пропаганда, само читана обратно. Тоа дека Србите и ден денес го читаат македонското слово затоа не ни ја признаваат црквата, така ли? Веројатно поради тоа што нашето им мириса на бугараштво. А инаку, за воведување на реформата на В’лкан Караџоски во Македонија повторно треба да му благодариме на Блаже Конески, а на кој друг....
|
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ти тоа видиш го гледаш како политика ама славистите тоа го гледаат како природен развој и во секој поглед,во секоја реченица го потенцираат Македонскиот корен на сите Славјански јазици денес - затоа и ти напишав претходно,нема политика,нема лажење и превари - Македонскиот јазик е уникатен сам по себе и неможе да се спои ниту со едниот ниту со другиот колку и да им ставаш политички примеси
|
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Славистите зборуваат за наречје на македонските Словени од околината на Солун. Тогаш јазикот се нарекувал словенски. Тоа се однесува за 9 век. Во Кониковото евангелие од 14. век веќе се препознаваат денешните карактеристики на говорите на денешните македонски Словени, само што тие јазикот го нарекувале „мполгарски“. Ние денес тој јазик го нарекуваме македонски, и тоа си е се во ред, тоа се историски процеси. Меѓутоа тие процеси Блаже Конески сакал да ги претстави во малку поинакво светло, а и сесрдно се потрудил да ги сврти нештата низводно, буквално кажано. Сакал сосила да не сврти кон север, а кога сме веќе кај реформите тоа се гледа и во азбуката. Во бугарскиот правопис се променети само две букви, колку се променети кај нас, и благодарение на кого? Нели Вук Караџиќ, како што ти тврдиш, ги одделил Србите од Македонците, епа ете, Блаже Конески упорно си трчкал по Вук Караџиќ, тоа го докажал во повеќе наврати. Само што во Македонија не сите се како Блаже Конески.
Изменето од Pat - 08.Октомври.2010 во 19:35 |
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОООООООООООО
Пак лаги и превари - Македонски јазик си е Македонски јазик - истиот оној јазик кој го користеле светите браќа за да ги покрстат Бугарите Ете види |
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа од Кирил и Методиј ли е? Најди ми дел од житијата каде што јазикот се именува македонски, бугарски или српски, и ќе ти поверувам.
|
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
Внеси реплика | страница <1 9899100101102 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |