IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонската репрезентација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонската репрезентација

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 35>
Автор
Порака
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 16:33
makedonska mu rabota
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 16:37
изненадување Брзо се премисли, не му требаше многу време изненадување
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Pavaroti Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Експерто нумеро 2

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pavaroti Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 17:41
Originally posted by Schatzii Schatzii напиша:

изненадување Брзо се премисли, не му требаше многу време изненадување

Да се носи дресот на репрезентацијата е гордост,никогаш не треба да му се дозволи да го облече повторно.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 18:14
Originally posted by емил емил напиша:

Му мина лутината на Пандев.....


 


Пу Пу неважи
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 18:16
Originally posted by Pavaroti Pavaroti напиша:

Originally posted by Schatzii Schatzii напиша:

изненадување Брзо се премисли, не му требаше многу време изненадување

Да се носи дресот на репрезентацијата е гордост,никогаш не треба да му се дозволи да го облече повторно.

Нека го облечи ама нека му ја мисли сега повеќе зошто така скокаше и Наумовски и Лазаров па послем се вратија.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 19:25
Треба да се има разбирање за ситуацијата на Пандев. И нему не му е лесно да игра со таква фрустрација, да има за соиграчи просечни фудбалери (освен Новески, Митрески и Попов). Но, така е тоа со малите земји, од нив можат да се родат само еден двајца супер таленти во генерација. Во фудбалот е најтешко да се пласираш на едно СП или ЕП, бидејќи денес буквално сите играат фудбал, не е како порано... И мене ми се има случено после пораз да речам веќе не ја гледам мк репрезентација, но кога ќе дојде денот на натпреварот одам или на стадион (ако е послаб противник, да не се нервирам тамуголема%20насмевка) или сум нацртан пред ТВ. да
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2010 во 21:38
Ме чекаат на пик "големите" Македонци!

"Никогаш и никаде не сум изјавил дека се откажувам од Македонија и од репрезентацијата. Секогаш сум бил горд Македонец, а за тоа какви исклучоци на луѓе живеат во неа тоа е посебна тема и посебна проблематика"

Распарчен е Горан Пандев од некои медиуми, фудбалски навивачи, обични граѓани, лимари, штофари... но и од функционери во ФФМ и селектори. Сите се разочараа и се служат со приказни без притоа да разговараат и да ја лоцираат вистинската причина за настанатиот хаос. Најдоброто во спортот од Македонија не можеше да ги издржи навредите, клеветите и начинот на кој се омаловажуваат неговите квалитети, успеси и достигнувања.
"Не ми се верува. Зарем можеше и ова да се случи? Многу сум разочаран. Многу! Ни во најлош сон немаше да помислам дека и ова е возможно...", зборува отворено Горан Пандев за "Македонски спорт". Истиот оној медиум кој пред десетина години веруваше во детето од Струмица кое ја доби етикетата феномен, за која летаа критики и навреди, но токму тоа дете оваа 2010 година им докажа на сите дека е играчиште. Дека со Интер стигна до врвот на Италија и Европа и дека е една од ретките убави работи кои i се случија на оваа наша мала Македонија. Пред фактите молчат и боговите, а бројките кои се зад Пандев се можби уште сега недостижни за следните генерации и генерации. Но! Во што е проблемот!? Беше објавено дека Горан Пандев повеќе нема да игра за Македонија. Фудбалерот на Интер вчера околу пладне од Милано ја кажа вистината околу настанатата случка.
"Никогаш и никаде не сум изјавил дека се откажувам од Македонија и од репрезентацијата. Никогаш! Станува збор за една лажна верзија и приказна пласирана од одредени лица. Мислам дека ме чекаат на 'пик'. Некои луѓе како да не можат да ме поднесат, како да чекаат да се фатат за сламка за да се истурат врз моето име и мојата личност со што ги покажуваат своите вистински лица. Нека им служи на чест затоа што тоа се 'големи' Македонци. Браво! Со нив фудбалот и државата ќе оди напред. А јас ќе поминам низ сe и низ овие напади. Јас можам отворено да кажам дека сум горд Македонец, но и горд на сe она што го направив досега за фудбалот во мојата држава. За жал, толку можам...а ме напаѓаат некои кои се никој и ништо. Не сакав да реагирам, да се оптоварувам со сето ова. Имало и порано вакви срамни напади, но сега се минаа сите граници...", разочарано зборува Пандев.
Но во што е проблемот? Зошто толку тензии и една ваква негативна атмосфера!?
"Јас сум повреден. Имам проблем и жалам што не играм против Русија и Андора. Жалам. Секогаш кога сум бил фит сум бил тука. Навистина имам проблеми затоа што повредите не се до крај санирани, а дополнителни проблеми имам по настапите за националниот тим. Не сакам никому да се правдам, но јас секогаш за националниот тим давам повеќе од 100% Секогаш. Можеби најмногу сакам победи и успеси. Па сите кои се со мене во Интер играат на СП и ЕП. Сон на секој фудбалер е да успее и со националниот тим. Тоа е посебно задоволство затоа што за репрезентацијата се игра од љубов од срце, а не за пари. Некои луѓе не можат да ги разберат основните принципи и затоа жалам што таквите се осмелуваат да критикуваат, да коментираат иако истите се никој и ништо и се загубени и залутани во фудбалот. Дополнителен проблем е тоа што јас не сум дал таква изјава дека се откажувам. Ме нападнаа како да сум најголемиот проблем во нашиот фудбал. Не ми се верува. Вакви глупости не сум видел", коментира најдобриот фудбалер на Македонија за повредите, нападите...
По шпекулациите дека Пандев се откажува следеа и фуриозни, но и безобразни напади од обичните граѓани. На веб-страниците, на порталите може да се причитаат секакви навреди, критики, но и некои ставови кои Пандев не ги заслужува:
"Се согласувам дека Македонија може и без мене. Впрочем, се може без секого. И јас сум сега тука, утре ќе престанам со фудбал, но некој друг треба да игра. Би се радувал доколку националниот тим постигне успеси а да не сум во тимот. Па тоа е моја држава и не можам да бидам контра. Секогаш кога губиме проблемот е во Пандев. Секогаш Пандев, Пандев и Пандев. А што можам јас!? Треба еднаш да се гледа во вистината со отворени очи а не за одредени лични интереси на одредени личност да се кријат фактите. Што имаме ние!? Каков квалитет, каков фудбал се игра во земјава!? До каде ни отиде фудбалот!? Па една Ерменија нe растури среде Скопје. И!? Повторно Пандев, повторно свирежи и пцости. Точно дека ние играме, но некои проблеми се подлабоки. Не се секогаш виновни фудбалерите. Реалната слика е таа. Ние немаме сили да се бориме за високи дострели во овие квалификации. Немаме сила и тоа се виде по стартните два меча. Би сакал да не е така, но ние со Ерменија ќе се бориме да бидеме на 4. место. За жал, тоа е вистината и сите треба да се бориме за да се создаде една подобра атмосфера за едни подобри идни времиња. Потребно е да се кажат реалните работи затоа што со молчење ќе ни се случуваат само дебакли. А јас мислам дека имам право да дадам свој став за квалитетот на фудбалот. Можеби тоа некому му одговара или не, но вистината е таа гледано од моја страна. Можеби други имаат поинакви видувања", гласно кажува Пандев, кој верува во подобра иднина која ќе дојде само ако се вледа во очи на вистината.
Струмичанецот вчера беше во родниот град. Со приватен лет стигна да побара помош со познатата струмичанка Шинка која лекува повреди. Има проблеми со коленото и пред него е пауза од две недели. Вчера се врати во Милано и веднаш терапии, третмани.
"Каде си имам проблеми со повредата па уште ова ми требаше. Не кријам. Многу сум нервозен и не можам да трпам неправди. Сега почнаат да ѕвонат и медиумите од Италија, а потребен ми е мир.... Некои луѓе едноставно не знаат какви проблеми можат да им направат на други. Јас не заслужив вакво нешто. Со ништо не сум им дал причина за ваквите напади. Но реков. Не сакам да се заморувам со такви лица и нека им служи на чест...", беше крајниот коментар на Пандев, кој за "Македонски спорт" ја кажа и другата страна на приказната која е спротивна од онаа која беше лансирана деновиве.
А на Пандев му посакуваме брзо заздравување, враќање на теренот и успеси со Интер па и со националниот тим. Неговите успеси со Интер се и успех на фудбалот во Македонија. Сите беа со Пандев пролетва во Мадрид и сите на нозе кога со македонското знаме струмичанецот го крена големиот пехар на УЕФА. Е тоа е историски момент кој, за жал, брзо се заборава и се удира врз Пандев, единствениот фудбалски бренд кој го има во моментов Македонија.



Секогаш ќе играм за Македонија!!!
"Секогаш ќе играм за Македонија и сум играл и со повреди и со проблеми.... Додека можам ќе играм", открива Пандев околу неговата репрезентативна иднина. Нашиот најдобар фудбалер има и свои поинакви размислувања за сегашната реалност:
"Знаете и вие. И со вас во минатото многупати сме разговарале за проблемите во македонскиот фудбал. Истото беше и со Вест. Разговаравме отворено дека ако ги загубиме овие квалификации би било добро да одморам, да им се даде шанса на помладите и да се создаде атмосфера за следниот циклус. Што има лошо во сето тоа. И многу други поголеми фудбалери го правеле истото. Но сега е рано да се размислува за такво нешто. Ако се победат Андора и Русија, се враќаме во игра. Во моментов не сум со репрезентацијата поради повреда. Многмина не знаат, но јас на своја рака дојдов да играм со Словачка и Ерменија а не бев комплетно фит. Згора на тоа се повредив на дуелот во Скопје. Сето тоа се проблеми кои ги имам подоцна со клупските лекари во Интер кои бараат да не влегувам во ризик, но мојата желба е да & помогнам колку можам на репрезентацијата. За жал, многу луѓе сето тоа не го разбираат. Веднаш ме осудија, ме навредуваат, ме критикуваат. Се служат со глупости и невистини, а вистината е таа. Не сум дал изјава дека се откажувам. Што да кажа повеќе....", децидно тврди Пандев.


Не можам да ги поднесам свирежите
Пандев веќе со месеци потенцира дека е разочаран од односот на навивачите во Скопје.
"Ние не сме Бразил или Шпанија. Ние сме Македонија. Не можеме секогаш да победуваме и далеку сме од позициите со кои би можеле да направиме сензација. Барам од навивачите да го сменат својот однос. Да ги замнеат свирежите и навредите со поддршка за националниот тим. На нас, фудбалерите, многу ни пречи таквиот нивни однос. Тоа делува на сите на теренот. Факт е дека подобро играме на гости. Но еднаш треба сите да сфатиме. Заеднички интерес и заедничка цел е репрезентацијата. Треба да бидеме заедно. Треба да гледаме како е тоа кај другите и да учиме. Зарем ние играме за да не победиме!? Јас повеќе не можам да ги поднесам тие свирежи. Многупати ме извадиле од такт. Многупати сме губеле па на крај сме победувале. А свирежите не се забораваат. Најмногу боли кога твоите те осудуваат иако во таквите моменти е потребна поддршка", зборува Пандев за односот на навивачите кон дресот со државниот грб.


Хари и Јонуз "разочарани"
Се огласи Мирсад Јонуз: "Шокиран сум од Пандев". Се јави и Харалампие Хаџи-Ристески: "Изненаден сум од изјавата". Двајцата кои се виновници за хаосот во фудбалот, а посебно за слабите резултати на националниот тим докажаа дека се загубени и дека не се на линија со најдобриот фудбалер - Горан Пандев. А дури вчера следеше и реакцијата на бев-страницата на ФФМ, но и Јонуз и Харалампие се докажаа во своите изјави околу случајот "Пандев". Тоа што тие коментираа е доказ дека не се чуле со Пандев, дека не се во контакт со него. И тиа како и другте веднаш со реакции кои не се на ниво и не се за луѓе кои имаат функции како селектор и како прв човек на ФФМ. Браво за двајцата. И тиа како и другите се дел од ударот врз Пандев, а тој тоа не го заслужи.
"Не сакам моето име да се меша во никакви приказни околу тоа дали сум за Хаџи-Ристески или за некој друг. Јас сум само за подобар фудбал и не сакам да ме мешат во фудбалската политика", изјавува Пандев.

Бугарска лекција - "Бербатов"
Македонија треба да учи, медиумите да гледаат што се случува во другите земји, а навивачите да го почитуваат државниот тим. Не сакаме да оправдуваме, да критикуваме. И да не сака Пандев да игра за Македонија тоа е негова лична одлука. Сепак, вистината е поинаква и нашиот најдобар фудбалер кажува дека тој и во иднина ќе биде дел од државниот тим.
Се направи голема фама за ништо. Се нападна Пандев за ништо. А на сите тие кои критикуваат би им дале совет да прочитаат бугарски медиуми. Таму деновиве топ тема беше доѓањето на Матеус за селектор и новиот обид да се врати Бербатов. Сепак, фудбалерот на Манчестер Јунајтед е категоричен. "Не играм за Бугарија". Тоа е негова одлука. Нема таму навреди, критики, дека се може и без Митко. Истото беше и со Ибрахимовиќ во Шведска и со еден куп други познати ѕвезди. А кај нас веднаш со огнени стрели кон Пандев. Бил ваков, таков - предавник. Срамота!


http://www.sport.com.mk/?ItemID=2D67BB440C05944986E4AADFC5C0059D
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2010 во 21:39
Пандев и Илиевски предводници на спортските „блефери“

Фудбалот одамна не бил толку во центарот на вниманието на македонската јавност како што е случајот во изминатите два дена, откако се појави изјавата на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев дека повеќе нема да игра за Македонија. Колку и да се обидува сега струмичанецот да ја амортизира оваа изјава и да тврди дека е лошо пренесена, факт е дека тој изрази замерки на сметка на македонската публика и на нејзиниот начин на оценување на неговиот и на трудот на неговите соиграчи на зелениот терен.

Пандев и другите репрезентативци беа исвиркани по ремито во Скопје во мечот со многу полошата селекција на Ерменија, што беше главната причина фудбалерот на милански Интер да се дрзне да помисли да престане да игра за Македонија. Колку и да се правда и да демантира струмичанецот, тешко е да се поверува дека јавноста во државата во скоро време ќе му го заборави овој кикс. Каква ќе биде нивната реакција најдобро ќе покаже првиот следен меч на кој Пандев ќе настапи за репрезентацијата на домашен терен.

Случајот со Пандев не е изолиран во македонскиот спорт, иако досега ниту еден друг спортист не излегол јавно и не кажал дека повеќе нема да игра за Македонија. Своевиден пандан на фудбалерот на Интер во кошарката е неговиот сограѓанин Владо Илиевски, кој во изминативе шест-седум години само два-три пати доаѓал да настапува за македонската национална селекција. Сегашниот член на љубљанска Унион Олимпија наоѓаше разни изговори вадејќи се со повреди, семејни обврски и клупски проблеми само за да ги избегне долгиот тренажен процес со репрезентацијата и настапот за неа во текот на летото.

Пред неколку години тој и беше казнет од Европската кошаркарска федерација (ФИБА-Европа) за намерно избегнување на репрезентативните обврски со сума од 40.000 евра, по што, веќе следната, сезона прв се појави на тренинзите од страв за нова казна. Годинава Илиевски повторно не играше за Македонија, наводно поради повреда, кој беше оценета како сомнителна од страна на предводниците на македонската кошарка.

Покрај двајцата струмичани, во минатото бевме сведоци и на неколку други специфични однесувања од спортисти што важеа, односно сé уште важат, меѓу најдобрите во Европа. Кошаркарот Петар Наумоски, на пример, никогаш не го избегна настапот за репрезентацијата, но секогаш имаше замерка за начинот на кој државата му враќа за вложениот труд. Пеце имаше замерки и на односот што навивачите, пред сé тие во Скопје, го имаа кон него, па се случуваше само поради тоа националниот тим да игра надвор од престолнината. Токму поради оваа присилна преселба во Охрид по инсистирање на Наумоски кошаркарската селекција не успеа да се пласира на ЕП 2003 по поразите од Германија и од Хрватска, кои, според стручњаците, ќе можеа да се избегнат ако се играше во некоја од скопските сали.

Вториот во овој случај е ракометарот Кирил Лазаров, кој исто така никогаш јавно не се заканил со неиграње за Македонија, но честопати знаел да ја критикува работата на Федерацијата, која ја сметаше за виновник за лошите резултати на националниот тим чиј предводник беше токму тој.

И.К.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=106101027122&id=9&setIzdanie=22101
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2010 во 21:46
a, ne Makedonskata selekcija na toj natprevar so Ermenija bese "mnogu polosata".


Ednas vekje rekov: i 5:0 da zagubat, ako igraat so srce, ako se trudat, nikoj nema da im zameri. Vaka, neka ja poglednat snimkata, pa sami neka si dadat "preodna" ocena. Ako mozat.

Изменето од Marko Polo 1 - 06.Октомври.2010 во 21:48
Incredible Blue
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2010 во 22:27
Navodno se profesionalci. Ako se, profesionalno neka si ja vrsat rabotata. Na koj ne mu se igra za reprezentacija - podobro e da ne igra, otkolku samo da popunjava brojna sostojba.
Incredible Blue
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2010 во 13:42
Македонија вечерва против Андора

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе ја има улогата на фаворит на вечерашниот натпревар против Андора кој се игра во рамките на групата „Б“ од квалификациите за Европското првенство 2012.

И покрај тоа што се соочува со повредени играчи и нарушена атмосфера во репрезентацијата по случувањата со капитенот Горан Пандев, селекторот Мирсад Јонуз најави сигурна победа и освојување на три бода замисленостод дуелот со последнопласираната селекција од групата.

Почетокот на натпреварот во Ла Вела е закажан за во 19 часот.

Освен Андора - Македонија во денешната програма од оваа група уште играат: Република Ирска - Русија и Ерменија - Словачка.

По две одиграни кола водат Република Ирска и Словачка со по 6 освоени бодови, Русија има 3, следуваат Ерменија и Македонија со по 1 бод, а последна е Андора без бодови.


Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2010 во 13:45
Originally posted by Schatzii Schatzii напиша:



 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Селекторот Мирсад Јонуз најави сигурна победа и освојување на три бода од дуелот со последнопласираната селекција од групата.
 
газење%20од%20смеење
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2010 во 13:52
Си кажува вицови човекотголема%20насмевка
мене ми се чини дека ќе заврши 0:0чекање
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2010 во 13:56
Максимум 0:1. голема%20насмевка
 
Освен ако Хаџиристески не отишол некаде во Сингапур да уплати на кладилница. Можно е и 1 - 2. 1:0 на полувреме за Андора, 1:2 на крај за МК. голема%20насмевка
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 35>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.