|
Министерство за образование |
Внеси реплика | страница <1 2122232425 33> |
Автор | |
CICAMACA
Група Регистриран: 18.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 57 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во Министерството за образование имало неправилности од кога е формирано.Колку запуштени училишта има и колку неквалитетни учителки, наставнички и професорки.......
И кај нас кога се аплицира за некој странски грант најпрво се пресметува хонорарот на учесниците, а после се прави предмер и пресметка за работите. И сите имаат пари а школите руинирани , нема нагледни средства, Заводот во Д. Капија е за никаде.........ненаменски истришени пари, а виновен нема!!!!!!! Тоа од една страна а образовните програми кои се застарени и неспроведени е тоа е навистина казниво! Нема учебници да се купат, а нема ни од училиште да им дадат на децата. Децата со посебни потреби не се знае по која програма учат и по која метода и што и до каде треба да совладаат........па родителите незнаат дали децата научиле и ако треба да критикуваат некого.......Хаос во сеопштата конфузија во државата, но најбитно е што сеуште трае преродбата, па еден ден ке се разбудите ПРЕПОРОДЕНИ. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секој има право да се надева на позитивни промени. Не е наш минус ако во некого сме верувале и сме се надевале. Нека се замислат оние кои НЕ РАЗОЧАРАЛЕ
Околу учебниците, во написот јасно стои дека сите (такаречи) ги направил претходниот министер. Младиов наследил хаос кој тешко се средува. Околу децата со посебни образовни потреби- имам многу пишувано во соодветните теми од искуство од обидите за интеграцијата на овие дечиња во редовната настава. Вака како што е сега- само се удоволува на родителите, за децата е страшно. Се додека не се направи добар тим од училишен психолог, дефектолог од дејноста каква е попреченоста ( а не сурдолози или тифлолози да работат со деца со попреченост во развојот) и кога ке се стави наставникот во улога на интегратор на другите деца со ова со ПОП а не обратно ке биде вака како што е-некој ке заработи од некое проектче, па ке избега, ке унапреди во службата и ке заборави која му била појдовната скала. Како и да е-нема поголем грев, да се поигруваат со судбината на овие дечиња. Затоа и реков дека младиов министер не е крив за затекнатата состојба. Сега со дрва и камења маваат по него лица кои колку до вчера беа на тие функции а не направија ништо. Овој барем се обиде |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве нешто интересно...
Министрите за образование трошеле незаконски Неофицијално, коментарите во МОН вчера биле дека сегашниот министер Никола Тодоров имал најдобар извештај во споредба со неговите претходници, |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве си кажа маката младово министерче. И јас си го верувам. Неговиот претходник потрошил се што можеше да се потоши и затоа го сменија-го “казнија“ со депортирање во Австралија (та нели така и ја формираа таа земја-со депортација). Сега на младово министече за да оди на пат други му плаќале
Јас не сум патувал или патував со кола до Словенија, зашто немавме пари за карти. Обично кога патувам гледам картите да ми ги плаќаат други, како Светска банка на пример, рече Тодоров. И сега јас си прашувам- Може ли тие другите да муплатат и за даскалите да земат плата. Не за друго- септември е тежок месец-зимници, деца у школо. А и жал е да го казнат МОН за каснење. Може ли да ги замоли партискине му другари да потсопрат малку со споменици, дисконти, тоалет хартии од по 8 евра... ручеци од 18 000 евра... додека дадат плата, после се што ќе остане нека трошат. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште не се знае дали МОН ќе исплаќа ...или на МОН ќе му платат
МОН не им ги исплатило хонорарите на авторите |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ги читам вестиве и реакциите околу ова
Од 6 и 7 одделение во стручно среднои се чудам зошто веднаш проектов се пречекува на нож.Колку да изгледа небулозно ако здраво се размисли ке се разбере суштината на ова. Наиме во образованието има феномен на деца кои имаат потешкотии со учењето “теорија“ по сите предмети кои се учат но имаат “фат“ за одреден занает. Жалосно е таквите деца а губат време во борбата за едно 2 кога можат да изучат занает и да си го заработуваат своето лепче печејки го занаетот. Единствено се плашам да не падне на Уставен заради косење со законот за задолжително средно или да не се судри со прописите од Конвенцијата.... за детското право на образование |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од образованието направија... каша попара... деветолетка ама ко осмолетка плус еден... е ај сега од шесто, право во средно... те седмо па средно.. те само прва година.. те само втора... ама може и до трета... ако сакаат и до четврта... а бе ова се ко тарифите на мобилниве оператори... питај бога колку тарифи... вакви такви... се лажеш земи ова земи она... а парите исти... цел факултет треба да завршиш за да знеш што и колку тарифи има, па што секоја нуди... и образованиево стана исто... |
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Interesno e kako se plasira nekoja LAGA, a laga e zaradi faktot shto nema nikakvi dokazi za toa kako se perele pari, kako se kradelo i neznam shto drugo vo vreme na vladava od Gruevski. Malce e smeshno i stramno shto lagite i aramilukot na SDSM -ZA KOJ IMASHE DOKAZI I ODEA AFERI NA SITE TELEVIZII SE KAZUVA DEKA SEGA GI IMALO. E ARNO AMA DOKAZI NIKADE, AFERI USHTE POMALCE, I SE SE SE POPRISUTNO E PRESTAVUVANJETO NA SDSM KAKO SPASITELI OD VETAR. Abre makedonci takov ni e mentalitetot ama shto da se pravi. "da mu umri kozata na komshijata". A bre jas koga uchev sredno duri vo Chetvrta godina vidov kompjuter od model MARTA ( tie shto se odbiraat od ova znaat shto e toa) 15 god se vozev po pat so dupki da stignam do grad, sega imam pat od dva sloja. I REVOLTIRAN SUM, AMA REVOLTIRAN SUM OD NASHATA DEMOKRATIJA SHTO DOZVOLUVA DA SE BABOTI SE SHTO TREBA I NETREBA. ABE AKO NESHTOTO E BELO, BELO E I TOCHKA. AKO E CRNO, CRNO E I TOCHKA. AKO KRADE OVAA VLADA KE SI ODI I TAA KAKO ONAA NA SDSM. AMA DO SEGA OTISHLE POVEKE OD 100 MILIONI VO EDNA GODINA KAJ ZEMJODELCITE PREKU SUBVENCII. NEMAL GRUEVSKI STAPCHE ZA NA SEKOMU DA MU TECHI MED I MLEKO AMA I TAKA DA BIDE, PAK MANA KE MU NAJDI NEKOJ, KOJ ETE ZNAEL DVA ZBORA A NEZNAE DA GI POVRZE.
|
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
[QUOTE=mamamd] Ги читам вестиве и реакциите околу ова <h2 ="title">Од 6 и 7 одделение во стручно средно </h2>
Подобро на тие што не им се учи да завршат какво такво образование и да имаат диплома одколку да останат со осмо или она девето одлеление. |
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оливерка добро го подбра дечкото, овај министерот.... добро е вака на интервју да ги слушнеш, инаку со изјавите лесно се извлекуваат ако не им одговара.
http://www.alfa.mk/default.aspx?mId=104 Изменето од Kali - 16.Октомври.2010 во 13:08 |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас мислам дека министерчево младо и зелено бајаги им брцна во око на “автономашите“. Ке го јадат ко бело лепче. Арно им беше, под превезот на автономијата “колеа и бесеа“ во бричењето на суво на студентите. Кој бре можеше да праша до доаѓањето на овој министер на власт зошто наплаќаат толку за испит, за казнена сесија, за студентски парламент за триста дрангулии? Кој пак можеше да зуцне зошто професорите ги нема на предавање, за еден потпис бре мораше да се бараат со потерници? Секоја чест на исклучоците ама мноооогу голем дел до максимум ја злоупотребија демократијата и автоомијата. Па она со книгите-ако немаш купено книга нема на испит
а за квалитетот на предавањата да не збориме- 700 студенти на куп. Одржи си монолог и заминиси. Тоа ли е Болоња? Тоа ли е 700 евра и приватна квота?Само едно ќе кажам- Не попуштај министре! УКИМ - „Леснотијата на Министерот за образование Тодоров“ |
|
Radijator
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne znam dali na TV imaat spomnato nesto no kako i da e. Deneska razgovarav so edna profesorka od gimnazijata Jane Sandanski vo Strumica i mi rece deka niz obrazovnite instituciii vo Makedonija ima pusteno inspektori koi po naredba od Ministerstvoto za obrazovanie planiraat da im lepnat kazni na profesorite od 300 do 500 evra poradi ostetuvanje na kompjuterite. Najverojatno profesorite ke ja bojkotiraat nastavata.
|
|
Just because i see the world with my own eyes, that doesn't make me a sinner !!!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас многу си го аресам министерчево младо и зелено, ама денеска нешто ме замисли професорката Ванковска (и нејзе многу си ја аресам). 90 години постои, а сега го растураме
Сценарио за растурање на УКИМ |
|
Внеси реплика | страница <1 2122232425 33> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |