|
Социјализам или капитализам? |
Внеси реплика | страница <1 1920212223 61> |
Автор | ||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Грешка! Романови воопшто не беа уништени од луѓето, ниту пак толку мразени од истите, туку од неколкумина, кои беа многу далеку од мнозинство. Не случајно веднаш по револуцијата, не ги убија, туку ги преселуваа од едно место на друго, а потоа, по наредба на Ленин беа убиени, а нивните тела однесени на тајни места, за кои знаела само највисоката власт, криејќи го тоа од сиот народ, а секој кој се интересирал за тоа, исчезнувал веднаш. Несомнено дека животот во времето на Романови не бил многу убав и лесен, но, во екот на големи војни такво нешто не било можно ниту во развиените земји. Интересно е што социјалистите, во повоената обнова на земјата, ги остваруваа проектите на "лошите" Романови, ама секако, тоа никаде не беше кажувано.
Тоа беше социјализмот во практика, не започна истото со Сталин, туку со самиот Ленин. Сопственото толкување на лидерите се разви поради неможноста да се остварат идеите на Маркс и Енгелс во практиката. Тоа Ленин го увидел, па затоа мошне бргу и го напуштил концептот за смрт на државата, па истата ја бирократизирал, создавајќи голема и моќна администрација. Сталин отишол подалеку, говорејќи дека државата треба да стане моќна, а смртта ќе настапи подоцна. Зборовите се зборови - ама по делата ги познавме. Крајот го украси делото.
Во капитализмот се случува сето тоа, но без постоење едноумие, непотребна идеологизација, моќен и нефункционален бирократски систем, масовни интернирања. Несомнено дека се придобивка од идеите за социјална држава, кои секако се потикнати од социјалистичките теории, иако не крајно, но сепак, тие не се онакви какви што беа во рамките на поранешните социјалистички држави.
Преструктуирањето, тивко не сигурно, започна и во САД. А точно е дека никогаш САД нема да го прифати социјализмот. Би претставувало голем удар, земјата која важи за бастион на демократијата да прифати едноумие и еднопартиски систем, или пак некаква идеологија различна од демократската.
Политичките алтернативи доколку не ги остварат сите идеи, нема да се стекнат со мандат од страна на мнозинството, потребно за добивање на власта. Крупниот капитал несомнено ќе издејствува поволна положба, но сепак, истиот нема да може да гласа во име на мнозинството.
Тоа за кое говориш се нарекува социјална држава, а има разлика меѓу социјализмот и социјалната држава.
Можеш ли да дадеш пример, отприлика, на која земја мислиш? Инаку и сега опстојува еден таков систем во Северна Кореја, иако веќе полека, но сигурно, се претвора во монархија со социјалистичко уредување, нешто, кое верувам, ниту самите може да си го објаснат.
Не би се сложил околу НР Кина, затоа што не е придобивка едноумието, цензурата, моќниот државен апарат, но социјалните мерки дефинитивно се придобивка. Погледни ја oваа страница и кажи ми дали веруваш во напишаното овде. За мене ова е слика на она што беше и социјализмот во пракса во голем дел од земјите на источниот блок. Изменето од Македон - 02.Октомври.2010 во 12:50 |
||||||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Ќе те молам да го препрочиташ мојот пост, добро анализарј го, па после коментирај.
Нема да ти одговорам на твоите комнетари од причина што многу суварно гледаш на работите. Сметам дека многу еднодимензионално ги перципираш така наречените социјалистички ситеми и делата на нивните протагонистите. Мислењето го формираш врз основа на матријалите кои ги читаш, не искуствено. Сепак треба да се читаат и обајснувањата на оние кои од денешен аспект се сметаат за губитници. Мислам дека вистината е накаде на средината. Најмалку сакам да испадне дека слепо се држам за социјалзимот како систем, а уште помалку за онај каков што беше реалниот социјализам во источниот блок. Меѓутоа, социјализмот е неминосвност, сакал некој да признае или не. Една држава или еден систем кој почнал да се социјализира прашање е на време кога ќе премине во социјализам. Социјализацијата е процес кој ќе доведе до промена на системот. На тој пат ќе има многу препреки, сопки, но еволутивниот развој неможе да се сопре, па макар тие се викале и САД. Значи зборуваме за еволуција, а не револуција. Луѓето, бизнисите, услужните дејности и закондоавство постепено се прилагодуваат кон ново настанатите околности. Во тоа се состеше и големината на Маркс кога пишувал за тоа, кога средствата за производство ќе ги надминат постоечките производствени односи, тогаш ќе биде неопходна промена на односите. На запад има цели оддели на иститути кои зе бават со делото на Маркс. Сосема норамлно е да се проучува непријателот, нели? Поимот социјална држава кој го користиш е многу погрешен. Нема социјални дражви во светот има капиталистички држави, кои се почесто воведуваат социјалистички придобивки, односно плетат заштитна мрежа. Денешниот работник со секој изминат ден станува се позаштитен. На западот пензиските фондови се воведуваат во 70 години од минатиот век, универзалната здравствена заштита исто така во 70тите, беспалтното државно образовние, загарантиран годишен одмор, продилно боледување, инвалиднина..... Ќе ми простиш ама тие придобивки во социјалистичките земји беа воведени барем едно 30 години порано. Дали си запознат дека во една Австралија до средината на 70тите години непостоела универзална здравствена заштита? Дали знаеш дека тогашниот Премиер Гоф Витлам има испратено делегација на експерти во Загреб и Белград за да го проучуваат здравстениот систем на тогашна Југославија? Дали знаеш дека превентивниот или универзалниот здравствен систем во Австралија е југословснкиот адаптиран на австриајлски услови? Се е тоа мој Македоне политичка борба за опстанок на една идеологија или продолжување на нејзиниот век на траење. Немој да веруваш дека зад плаштот на демократијата непостои сива еминеција која не се грижи за идолошката подобност на раководните кадри, медиумите.... и се она што го формира јавното мнение. Да, системите кои се спроведуваат на запад делуваат во таа насока, да му обезбедат на граѓанинот услови да работи, твори и неостане гладен. Се додека народот живее со верба дека ситемот им ги обезбедува нивните потреби, се дотогаш тој систем ќе опстанува. Разнишаната доверба ќе има импликации по јавниот ред и мир. Зарем тоа се почесто не се случува во Грција, Франција, Шпанија...... На крајот ради твоја информација, сум имал прилика да го почувстувам и едниот и другиот систем, како практично така и теоретски. Значи ова го пишува паталец, а не гаталец. Пак ќе ти го препорачам да го погледнеш последниот филм на Мајкал Мор, Капитализам - љубовна приказна. |
||||||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Platenik, речиси сите од тие системи беа имплементација на учењата на Маркс и Енгелс. Сите тие недоследности кои се појавија беа резултат на неможноста учењата на Маркс да се имплементираат во пракса. Силната и неприкосновена моќ на државата како и бирократизацијата на истата беа резултат на неможноста системот да ги даде резултатите кои се очекуваа од идеите на Маркс и Енгелс. Кога не успеа да се постигне доволно со колективизацијата и национализацијата, се пристапи кон изгладнувањето, тероризирање, со цел прикажување непостоечки достигнувања. Сето тоа се историски факти. Пак ќе прашам нешто, нешто што и Messenger го постави како прашање. Дали некој може да ми наведе успешен социјалистички модел, ама притоа да не ја наведува НР Кина, која внесе доста капиталистички елементи, туку чист социјалистички успешен систем? Најмалку сакам да испадне дека слепо се држам за социјалзимот како систем, а уште помалку за онај каков што беше реалниот социјализам во источниот блок.
Пак ќе кажам, социјализацијата не значи и социјализам. Никој повеќе нема да дозволи идеологизација каква што имаше порано, едноумие, национализации, колективизации и слични смешни нешта.
Сосема нормално е да се прочува се што може да донесе некаков бенефит на општеството.
Тој термин постои во многу Устави и други значајни акти на повеќе држави во светот. Инаку, ќе те потсетам држава на социјална благосостојба беше и Велика Британија определен период, како и сега што се скандинавските држави. Социјална држава никако не значи и она што во социјалистичките земји постоеше, туку држава која има истакната и успешна социјална функција. Зарем во Велика Британија, во шеесетите години,не постоеше држава на социјална благосостојба?
Почитуван Платеник, ќе те потсетам дека таа борба со некој незнаен непријател изеде повеќе од 75 милиони животи.
Секогаш и секаде постои сива еминенција, но сепак, демократската рака на сивата еминенција не ги грабнува луѓето во ноќта и не ги носи онаму од каде што никој не се вратил...
Не велам дека не си имал прилика, ниту пак помислив но би сакал да појаснам, тој систем кој ти го почувствува не е оној кој постоел во педесеттите години овде, а опстојал до почетокот на
Во ред, ќе го погледнам и тој, досега го гледав оној за американскиот здравствен систем, сега ќе го гледам и овој, па ќе дебатираме повторно. Изменето од Македон - 20.Октомври.2010 во 00:41 |
||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Eве што носи лудата желба да се одржи социјалистичко општество, моќна армија и наследна "црвена монархија".
Глад во Северна Кореја |
||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
i?...zarem treba da gi zalam sega shto gladuvaat?
a kolku milioni imaat frleno za mavzolej na onoj,..sung .li beshe ,..koj li,
ili kolku milioni troshat za nuklearno naoruzuvanje i ispituvanje na istoto?
i da gi zalam sega a,
pa tie se preku dvaesetina milioni, zarem imaat zrno oriz ...namesto mozok u glava pa shto gi trpat tie kim..il.....majmuni , poradi koishto ete duri i gladuvaat!
..a ,samo malku podole se nivnite brakja,..edna od najprosperitetnata zemja vo svetot vo poslednite decenii..
ma , nek' crknat shtom nemaat pamet u glava!
|
||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Па и за жалење се, во такво општество и не може лесно да се стори државен удар. Пример за тоа е СССР во владеењето на Сталин, чии идеи се имплементирани во Северна Кореја. Инаку, целта со поставување на ова е токму она што ти велиш, да се замислат сите поддржувачи на вакви диктаторско-тираниски системи кон што доведува овој систем. Трошење милијарди на нуклеарно вооружување, провокации, мавзолеи, паради и сето тоа на крај крунисано со движење кон комунизам, ама зачинет со наследна монархија. Да не е трагично (мошне трагично) би било смешно. P.S. Решение на ваквите нешта е само она што се случи во Камбоџа... Изменето од Македон - 03.Ноември.2010 во 19:22 |
||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
ama , aj da ne mu pretat na cel svet, ich oko i da ne mi trepne, ama ovie pak , drski k'o nikoj do sega,
i planetava bi ja raspolovile da mozat , samo i samo nikoj da ne im soli pamet!
a i ona so podmornicana ,..
bogami, svetot bi bil mnogu poubav bez takov rezim ili kako onoj iranskion sega,....
|
||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Мислам дека поврзувањето на социјализмот со тоталитарните режими и диктатурите не е примерно како и капитализмот со најзаостанатите држави во Јужна Америка, Африка или Азија...Се зборува за системи а не за уредувања во некои држави...Инаку скандинавските држави се најблиски до социјалистичко уредување и поимањето на социјална птавда...Тоа е мое видување...Секако дека либералниот капитализам има проблеми па се враќаат на државен...а како понатаму....тоа сеуште го разгледуваат најразвиените држави....и најмоќните...
Изменето од marsovec - 03.Ноември.2010 во 20:40 |
||||||||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Ти би бил во право, кога социјализмот би постоел во некоја нетоталитарна држава. Таква држава досега немало. Сите социјалистички држави, а не некои, беа тоталитарни, без исклучок. Либералниот капитализам можеби има проблем, но социјализмот пропадна. |
||||||||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Сепак скандинавските држави се доста блиски до социјализам..и социјална правда...а со најширока демократија...Инаку ние денес сме според се подолу од билокоја демократска држава...
Инаку диктатурите исто така биле обележје на капиталистички држави...Франкова Шпанија и многу други ...воени хунти...а капитализам????
|
||||||||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
не е до системите толку, колку што е до самите власти и начинот на уредување на државите, социјализмот, комунизмот и капитализмот се различни во секоја држава посебно и сметам дека и социјализмот и капитализмот се во ред, само доколку се во рацете на вистинскиот владетел, кој тешко дека постои... |
||||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||||||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
|
||||||||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Marsovec, ти правиш ли разлика меѓу концептот на социјална држава и социјализам? Чинам не, барем според ова што го пишуваш. Скандинавските земји го прифатија концептот на социјална држава, но не и идејата за социјализам. Кај нив постои социјална правда, но не постои присилна еднаквост. Кај нив постои демократија, не едноумие. Кај нив постои приватна сопственост, а не државна или како што ја нарекуваа овде, општествена сопственост. Тоа е разликата меѓу социјалната држава и социјализмот. Точно, во капитализмот истотака имаше едноумие, диктатури и слични други тираниски системи, но, сите тие заедно не донесоа 72 милиони жртви, колку што се жртвите од СССР, Кина, Камбоџа, Северна Кореја, Романија. Патем, тоа се жртвите само од наведените земји. Ако кон тоа ги додадеме и од другите социјалистички земји, којзнае колку повеќе ќе испаднат. |
||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Zabegan, освен Југославија, кажи ми, во друга држава каде социјализмот се разликуваше од оној во СССР и другите реалсоцијалистички држави? Јас не знам пример за некоја слободоумна социјалистичка држава, во сите имало диктатура, едноумие и тиранија. |
||||||||
Внеси реплика | страница <1 1920212223 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |