IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Бугари - 100% ТуркоМонголи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бугари - 100% ТуркоМонголи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 735736737738739 824>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2010 во 16:49
Кој - Алтај ли
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2010 во 16:53
Неправда Буги, неправда, кој го правел фотошопот згрешил, заборавил да го стави знамето на земјата која аспарух ја формирал. Се заборава ли татко?

Ех чеда Аспарухови!

Изменето од Platenik - 28.Септември.2010 во 16:54
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2010 во 19:21
Originally posted by AndronikD AndronikD напиша:

на Pat.
Словенската азбука е дело на Византија и е направена само раководејќи се од византиски интереси, за да се покори "проклетото словенско племе". Нам сосема ни била доволна оралната традиција која се пренесувала и уште се пренесува.(патем, не сум сретнал ногу опевање на ханови/канови таму) За жал сета таа христијанска византиска традиција и византиска историја што ни се нафрла ни е сосема туѓа. Впрочем никогаш и не успеале да не христијанизираат до крај... или можеби мислиш дека византиците палеле огнови на рамноденицата зимска и пееле ласцивни песни :).
Да потсетам повторно, Византија е директен наследник на Римската империја, оние што не знаат каков крвник е таа империја на македонците нека научат.
О да, и те потсетив дека тракискиот јазик е ногу блиску до "протословенскиот" (чунки имаме сочувано какви такви документи за тракискиот, најзачуваните три табли се во новиот музеј во Атина, во подрумот претпоставувам штом никој не ги проучува поопстојно). а ти пак словени, геноциди, масовно преселување. Веќе кога така суверено ги употребуваш тие термини те молам објасни ни ги нас понеуките :).

Старите Грци имале дионисии, си слушнал ли за нив? За време на тие фестивали го правеле токму тоа, се пијанчеле, правеле оргии и пееле безобразни (ласцивни де намигнување ) песни. Римјаните исто така имале сродни, а исто така и секоја друга култура. Сепак ние не сме толку посебни, а и не сме сами на светот. И протословените настанале од нешто, не биле создадени од калта во тундрите и степите таму, зад Карпатите намигнување

Инаку, ти кажав, во старо време јазиците биле многу послични отколку денес. До пред илјада години Кирил и Методиј создале писмо и ги преведувале светите списи за сите Словени според наречјето кое го научиле од Словените крај Солун. А илјада години пред тоа можеш да си замислиш како изгледало. Не залудно има таков термин во лингвистиката наречен „индоевропски јазици“. Тоа не е затоа што постоел народ Индоевропјани, туку затоа што сите јазици од Индија и Европа потекнуваат од еден јазик, или потесна група на јазици, а која пак што во минатото била сродна со друга група, можеби семитската.

Инаку да, сите луѓе потекнуваат од Африка намигнување
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
AndronikD Кликни и види ги опциите
Група
Група

Регистриран: 25.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 43
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AndronikD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2010 во 12:13
Originally posted by Pat Pat напиша:

Старите Грци имале дионисии, си слушнал ли за нив? За време на тие фестивали го правеле токму тоа, се пијанчеле, правеле оргии и пееле безобразни (ласцивни де намигнување ) песни.

А браво за старите Грци. И денешните Грци имаат голем дел од тие обичаи задржано. А сега назад на прашањето, мислиш ли дека Византијците во Константинолпол го правеле тоа?

Originally posted by Pat Pat напиша:

Римјаните исто така имале сродни, а исто така и секоја друга култура. Сепак ние не сме толку посебни, а и не сме сами на светот.

Читај внимателно што пишувам. Не реков дека сме единствени. Ете за Грците прочитај погоре, па и сонародниците ни кои се кажуваат б'лгари и тие имаат слични обичаи и сите народи, но не и Византијците (патем Византијците е регионална и граѓанска но не етничка определба, нешто слично како денешниве Б'лгари). Реков дека Византија е наследничка на Римската империја, но ни од далеку не е иста. За нивната врска со паганството помисли си само на укинувањето на филозофските школи од страна на Јустинијан...

Originally posted by Pat Pat напиша:

И протословените настанале од нешто, не биле создадени од калта во тундрите и степите таму, зад Карпатите намигнување

Да настанале од врапци, чунки само врапци се најдени зад карпатите, и покрај тоа што на кутрите Руси рацете им се скрвавеа копајќи. А и не ми кажа како ги селеле наваму. изгледа како Сталин шо ги селел Грузијците со воз (патем и со такви модерни средства не успеал да ги исели). А не ми ја кажа тајната на репродуктивната моќ нивна, ит.н и.т.н ....
Но ајде да ти помогнам, словените се настанати после еден екуменски сабор. кој и каде и зошто ти ќе си откриеш.

Originally posted by Pat Pat напиша:

Инаку, ти кажав, во старо време јазиците биле многу послични отколку денес. До пред илјада години Кирил и Методиј создале писмо и ги преведувале светите списи за сите Словени според наречјето кое го научиле од Словените крај Солун. А илјада години пред тоа можеш да си замислиш како изгледало. Не залудно има таков термин во лингвистиката наречен „индоевропски јазици“. Тоа не е затоа што постоел народ Индоевропјани, туку затоа што сите јазици од Индија и Европа потекнуваат од еден јазик, или потесна група на јазици, а која пак што во минатото била сродна со друга група, можеби семитската.Инаку да, сите луѓе потекнуваат од Африка намигнување

Инаку ништо не ми кажа. Да не ти се помешани годините малку. Пред две илјади години имало повеќе различни јазици отколку сега. Таа теорија за којашто зборуваш е за многу, многу порано. Инаку немаше да се расправаме со овој џганов од југ на кој јазик зборувале Македонците.
За индоевропските јазици, за сатем-кентум поделбата и сета таа папазјанија од колонијалистичка наука еве ти една песничка со Астерикс и Обеликс како главни јунаци:
http://lexiline.blogspot.com/2010/02/satem-centum-error-der-satem-kentum.html
можеби таа ќе те поттикне да се запрашаш зошто со уката шо ни ја давале цел живот не можиме да одговориме на прости прашања....
Поздрав
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2010 во 13:36

Како прво, луѓето не се растенија, тие имаат нозе, и доколку не си знаел можат со нив да одат, а исто така и да трчаат. Покрај тоа, тие одамна ги припитомиле коњите, па можат и да јаваат, а исто така и тркалото е многу одамна измислено, па така не знам за какви „папазјании“ зборуваш ти. Дали си знаел, дека кога веќе зборуваме за старите Грци, уште во 15 - 10 век пр.н.е. имало добра инфракструктура во градовите, имало куќи на спратови, канализации, поплочени улици, тротоари итн. а пак да не зборуваме за мостови. Тоа со Карпатите е се разбира хпотеза, ама можеби Словените се тие народи кои што старите Грци ги нарекувале Скити, а можеби и не, како и да е...Големата преселба на народите едноставно е нешто што не може да се негира, како ни фактот дека првите луѓе настанале во Африка. Ако тогаш успеале да се префрлат од Африка(а зборуваме за неандерталците всушност), и да се рашират се до европскиот север, тогаш што останува за хомосапиенсот кој што се раширил низ сите простори кои што денес ги населуваат луѓето, или можеби мислиш дека Јапонците и Кинезите исто така се создадени од врапци во нивните татковини, и од секогаш биле Јапонци и Кинези и ништо друго?

Понатаму, забораваме на некои факти, како што е наталниот прираст. Онака како што денес се множат Албанците, на времето се множеле Словените. Па пред само пеесеттина години во Македонија и не бил толку редок случајот каде што во едно семејство имало и до десет деца.

А за сатем и кентум јазиците, пријател, ти знаеш ли што всушност значи тоа? На пример, денешниот италијански би можел да се смета за сатемски јазик, арно ама латинскиот несомнено бил кентумски, бидејќи токму на латински сто се велело кентум, а во денешниот италијански е ченто, значи од гутурали, првичната согласка постепено преминува во сибилант, како што е кај нас сто, или кај санскритскиот сатем, од каде што и доаѓа тоа групирање во кентум и сатем јазици.

Историјата, лингвистиката, како и сите науки впрочем се темелат врз факти, а не врз фантазирање. За фантазирање си има една друга област која што се нарекува сајенс фикш’н.намигнување

Фантазмите на Ангелина Маркус и Александар Донски нема да ни донесат ништо добро, само ни ја заглупавуваат младината. Ние тука си живееме во еден вид Потемкиново село, или во роман на Џорџ Орвел.

Изменето од Pat - 29.Септември.2010 во 13:40
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
AndronikD Кликни и види ги опциите
Група
Група

Регистриран: 25.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 43
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AndronikD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2010 во 16:51
Ќе се обидам да бидам краток зошто дискусијава озбилно ни застранаува од темата на нишкава.
Originally posted by Pat Pat напиша:

Како прво, луѓето не се растенија, тие имаат нозе, и доколку не си знаел можат со нив да одат, а исто така и да трчаат. Покрај тоа, тие одамна ги припитомиле коњите, па можат и да јаваат, а исто така и тркалото е многу одамна измислено, па така не знам за какви „папазјании“ зборуваш ти.

Па најбитно од сето тоа е дека имале мозок, па не ги пуштале секој ден коњите да ги носат кај ќе стигнат. За секоја миграција имало причина, а кога имало причина и без тие технолошки пронајдоци се селеле. како и да е дури и застапниците на теориите на Сите од Африка и на Индоевропската инвазија не допуштаат такви миграции на толкаво население за толку мал период. (значи да ја оставиме таа папазјанија што и претставуват тие две теории, ти правиш папазјанија од папазјнаијата ).

Originally posted by Pat Pat напиша:

Дали си знаел, дека кога веќе зборуваме за старите Грци, уште во 15 - 10 век пр.н.е. имало добра инфракструктура во градовите, имало куќи на спратови, канализации, поплочени улици, тротоари итн. а пак да не зборуваме за мостови.

Да, биле развиени, секако не до тој степен за којшто говориш, но такви работи во тоа време можело да се најдат на Блискиот Исток на пример. Како и да е ова е аргумент против разноразните насилни целокупни миграции што се припишуваат на тој период на тој простор, затоа што зборува за континуитет, не за прекин.

Originally posted by Pat Pat напиша:

Тоа со Карпатите е се разбира хпотеза, ама можеби Словените се тие народи кои што старите Грци ги нарекувале Скити, а можеби и не, како и да е...

Можеби, а можеби и не.

Originally posted by Pat Pat напиша:

Големата преселба на народите едноставно е нешто што не може да се негира, како ни фактот дека првите луѓе настанале во Африка. Ако тогаш успеале да се префрлат од Африка(а зборуваме за неандерталците всушност), и да се рашират се до европскиот север, тогаш што останува за хомосапиенсот кој што се раширил низ сите простори кои што денес ги населуваат луѓето, или можеби мислиш дека Јапонците и Кинезите исто така се создадени од врапци во нивните татковини, и од секогаш биле Јапонци и Кинези и ништо друго?

Може да се негира се што треба е, како шо кажа Ленон, да се потрудиш.
Ќе ти кажам само два магични збора Мултирегионална еволуциона теорија и PCT. И само две напомени: Јас не негирам мигирање на луѓето, и второ тие што те учеле на непогрешивиот канон на Индоевропската инвазија и Сите од Африка заборавиле да ти кажат дека таква миграција каква што им се припишува на словените е многу проблематична дури и во рамките на нивното учење.

Originally posted by Pat Pat напиша:

Понатаму, забораваме на некои факти, како што е наталниот прираст. Онака како што денес се множат Албанците, на времето се множеле Словените. Па пред само пеесеттина години во Македонија и не бил толку редок случајот каде што во едно семејство имало и до десет деца.

Ова е некоја заебанција или шо? Не вреди ни да се коментира.

Originally posted by Pat Pat напиша:

А за сатем и кентум јазиците, пријател, ти знаеш ли што всушност значи тоа? На пример, денешниот италијански би можел да се смета за сатемски јазик, арно ама латинскиот несомнено бил кентумски, бидејќи токму на латински сто се велело кентум, а во денешниот италијански е ченто, значи од гутурали, првичната согласка постепено преминува во сибилант, како што е кај нас сто, или кај санскритскиот сатем, од каде што и доаѓа тоа групирање во кентум и сатем јазици.

Добро и што? Сега откако убаво ми објасни шо чудо е тоа да ти посочам дека моето мислење беше за арбитрарноста на таквата вештачка поделба. Оти има премногу исклучоци и проблеми со таа теорија. Впрочем песната е и за тоа и е напишана од еден еминентен противник на таквата арбитрарност. (читај ја во германскиот оригинал за да ја доловиш и комичната страна и смислата на неговите забелешки).

Originally posted by Pat Pat напиша:

Историјата, лингвистиката, како и сите науки впрочем се темелат врз факти, а не врз фантазирање. За фантазирање си има една друга област која што се нарекува сајенс фикш’н.намигнување

При едно предавање му вели еден студент на Хегел:„Ама професоре вие тоа што го говорите нема врска со фактите“ на што Хегел мирно одговорил: „Дотолку потешко на фактите“. Да светот, како што рече Витгенштајн е составен од факти, за наша жал ние од тие факти имаме само ментални претставувања или мисли. Оваа позитивистичка дефиниција што ти ја даваш не е прифатлива дури ни за неопозитивистите, а не пак за постколонијализмот на кој не за џабе неколкупати ти укажав. За жал на многу наши универзитети занимавањето со таа методологија на изучувањето е сајанс фикшн. Затоа и историјата и лингвистиката се предаваат како да се аритметика. Значи да повториме, Историјата, лингвистиката
како врочем и сите науки се темелат врз мислите за фактите, и токму заради тоа ништо и не се зема здраво за готово и се подлежи на еден постојан процес на испитување, секогаш имајќи го на ум дијахрониското знаење за развојот на науките.

Originally posted by Pat Pat напиша:

Фантазмите на Ангелина Маркус и Александар Донски нема да ни донесат ништо добро, само ни ја заглупавуваат младината. Ние тука си живееме во еден вид Потемкиново село, или во роман на Џорџ Орвел.

Јас не сум Ангелина Марку, ниту Александар Донски. Јас не сум за теориите за континуитет заради тоа што така ми одговара туку затоа што се многу пообјаснувачки од ајде да ги наречеме кај нас воистановените теории. Младината ни ја заглупавува единствено плукањето на сите што имаат поинакво мислење само тоа и ништо друго. Зошто ако си го читал Орвел, ќе знаиш дека најлошо од се кај Орвел е кратењето на фондот на зборови на државно издадените речници. Те потсеќа тоа на некое ни блиско време? Мене да.
Македонец сум и горд сум на тоа, па какви и да се Македонците.
Од дискусијава толку. Мислам дека ја исцрпевме а и надвор од темата е.
Поздрав и ќе се видиме на некоја друга нишка. Можеби веќе на "Манастирска книжевна дејност во Македонија до доаѓањето на Турците"? којзнае...
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2010 во 18:33
Гледај, како што кажав, науката се темели врз фатки. Значи кога се учи историја, таа се учи од изворите, пред се од археолошките пронајдоци кога станува збор за старите култури, а потоа разни документи и сл, па потоа сите останати толкувања и толкувања на толкувањата. Да се каже нешто како, „епа можеби и не е така како што викаш“, не е доволно. На ревизионистите им останува или да понудат конкретни факти кои што ќе го побијат досегашното гледиште, или пак да измислат временска машина, а досега не го сториле ни едното ни другото.

И ајде, за се ни е виновен неоколонијализмот, масоните, темпларите, сите тие кои што прават огромни заговори за да ги експлоатираат малите народи, така што ќе ги спречат да се сетат на нивното славно минато па да не можат да пркнат.

И кое кратко време на големите преселби, ти се молам. Па тоа се случувало од 3, 4 век па се до 11 век. Тоа кратко ли време ти се чини? Па што беа направиле Германците за само четири години? Или ајде, мал ли е просторот кој што го поминал Александар во неговите десеттина години на владеење?

Што се однесува до лингвистиката, абе тоа си е цела наука бе пријател, која што е поврзана и со историјата, но и со психологијата. Јазиците, нивното потекло и поврзаност, се иследуваат преку една дисциплина која што се нарекува историска компаративна лингвистика. Се тргнува од денешната состојба, па преку пишаните извори, се споредуваат сличностите и разликите во дадени региони земајќи ги притоа историските прилики, и според тоа се донесуваат конкретни заклучоци. Значи, се иследува точката А, како и точката Б, меѓутоа не се заборава и патот кој што е изминат меѓу тие две точки. Е арно ама ние тој пат го забораваме. Ние сме вечни, и белата раса потекнува од нас.

Што се однесува до „македонскиот народ, каков и да е“, абе јас не го доведувам во прашање. Само што немам потреба од таков патос, во тоа е  работата. Националноста јас не ја доживувам како идеологија, или уште повеќе, како религија, бидејќи само чекор потаму е фашизмотнамигнување

Меѓутоа, ние и тука имаме проблем. Премногу сме малечки за да бидеме фашисти.
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2010 во 18:36
Е фала богу да прочитам еден саглам муабет
НАУКАТА СЕ ТЕМЕЛИ НА ФАКТИ

Факт е дека Аспарух е од ТуркоМонголски происход - и сега што,ке го правиме брат на Мисирков
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2010 во 20:12
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Факт е дека Аспарух е од ТуркоМонголски происход

Факт ли е? Ајде бе.

Значи другиот факт е дека Мегалос Александрос е Грк. Барем има негови изјави. „Јас Елинот“ мислам изјавувал насекаде.

Тоа се вика право на самоопределување. Несакајќи да те поврзуваат било на кој начин со ТуркоМонголи, ти се правиш Грк.

Добро, ама ТуркоМонголите ги измислиле токму Грците за да ве прилапаат. Пред 100 г. не успејале, сега гледам им успева.

ОК!
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2010 во 20:15
Знаеш кој се најинтересни патеписци???Од оние од спротивната пропаганда,за нив другите непостојат
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2010 во 20:57
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Е фала богу да прочитам еден саглам муабет
НАУКАТА СЕ ТЕМЕЛИ НА ФАКТИ

Факт е дека Аспарух е од ТуркоМонголски происход - и сега што,ке го правиме брат на Мисирков

Да бе...Мисирков тоа вика - ни лук јал, ни лук мирисал....
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2010 во 20:53
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Знаеш кој се најинтересни патеписци???Од оние од спротивната пропаганда,за нив другите непостојат

Тука треба да појасниш.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2010 во 22:01
Што е нејасно - мешаш ти баби и жаби па можеби и збунка си направил сам на себе си - но прашај ке ти објасниме,еден факт разјаснивме Мисирков и Аспарух никако не се ист род или иста нација поточно - сега друго што те интересира
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 11:24
Темата е эа ТуркоМонголи а не эа Македонци
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 735736737738739 824>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,500 секунди.