![]() |
|
Посебноста на нациите |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2324252627 34> |
Автор | ||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Имаш сега за истражување материјал - само гледај,па може и од тебе нешто ке излезе паметно - може
![]() |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Може, босанскиот весник ли списание ли е дадено само до 1905, по некое време може да има продолжение.
|
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Може може зашто да не - кога денес еден Каракачан направи континуитет на ВМРО се е друго можно
![]() |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Тоа е нешто неочекувано. Ама не си во право сосема. Авангардот се освестил 30те години. Прашањето е дали одел одпред на народот или го следувал во освестувањето. |
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ептен така |
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во периодот 1903-1904 година, по Илинденското востание, условите во Македонија биле значително лоши. Над Македонија како да надвиснале црни облаци, земја со вечни метежи, безредија од непрестајни битки и крвопролевања. Соседните земји, Србија, Бугарија и Грција како птици грабливки.Постојано вршеле пропаганди врз македонското население. Најчесто тоа го правеле преку нивните прпагандни инструменти, црквата, училиштата.
На тој начин, видливи биле нивните претензии кон Македонија. Македонското население во тоа време живеело многу разединето, измешано со други народи, племиња, верници па така и големи тешкотии да се сплотат во една цврста заедница, и да се поддржуваат во борбата за самостојност.Македонското население живеело како под саач, изолирано од надворешниот свет. Единствен надворешен свет биле посетите на некои научници, патешественици од Западна Европа, Русија. Враќајќи се во нивните татковини, тие отворено во печатот пишувале за животот на македонското население. Интересни се нивните записи кои остануваат како трајно сведоштво за вистинските случувања во Македонија низ минатото. Посебно заслужува внимане начинот на кој ги гледале и интерпретирале настаните и животот во Македонија во 1903-1904 година. Рускиот публицист Рејнхелит Николај Николаевич – ‘Македонија не е голема, но како етнографско шаренило претставува таа само на едно место! Не можете да направите разграничување ниту по националности, ниту по аспирации, ниту по богатство, ниту по сиромаштија. Сето ова е во едно купче, во пределите на еден ист санџак, на една иста каза. Тука мирното население, тука се заговорниците, тука се ограбените и ограбувачите. Да имаше ред, - заклучува тој- колку би цветала земјата‘ ??? Навистина вредна забелешка, и ден денес ако некој странски патешественик случајно помине низ Македонија, не е чудо истото да го забележи. Историјата како да ни се повторува. Англискиот публицист хенри Ноел Брејлсфорд пак се прашувал и бил исправен пред дилемата дали Македонците се Срби или Бугари? Според него – ‘Тие не можат да бидат Срби бидејќи нивната крв одвај е чисто словенска, а исто така тешко и дека се Бугари бидејќи при своите освојувања Србите оставиле многу српска крв во нивните вени. Тие веројатно се она што биле пред постоењето на бугарската и српската империја – словенски народ кој потекнува од различни стебла. Ако се потпреме на српските и на бугарските јазични особености, ќе забележиме дека македонскиот дијалект не е ниту едниот ниту другиот. Македонскиот народ, заклучува Брејслфорд, ‘би бил среќен ако беа постојаните закани на насилство и измами‘ Ирскиот патриот Роџер Кајсмент (погубен од Британците по востанието во 1916 година) рекол;‘Јас знам за две трагични истории во светот, едната е на Ирска, другата на Македонија. И двете оспорувани и мачни‘ Еве што е кажано и запишано за Македонија од страна на познати светски историчари -Античките Македонци секогаш се нарекувале Македонци, што всушност и биле. -Хелените се перчат пред Македонците како полубогови сред диви ѕверови. -Македонијо, татковино моја, ти се роди цар кој ќе ги надмине сите други пред него, со кои ти од памтивек си се гордеела! - Гордеј се Филипе, радувај се Македонијо, зашто ти си татко на Александар, а ти се викаш негова татковина. Хенри Ноел Брејлсфорд бил англиски публицист, Роден во 1873 година а умрел во 1958 година. Поддржувач на националноослободителното движење во Ирска, во Индија и во Египет, а особено на Балканот. За време на првата светска војна, бил на чело на пацифистичката Лига на демократскта контрола. Во Македонија доаѓа веднаш по Илинденското востание, како член на Хуманитарната помош за Македонија. Тој покажал големи симпатии кон македонскиот народ. Низ Македонија патувал пет месеци и благодарение на неговиот статус на хуманитарец, имал можност да се движи насекаде, придружуван од својата сопруга. ‘На крајот, иако нашата работа беше чисто добротворна, иако ја избегнувавме политиката и настојувавме да им помогнеме на луѓето од сите народности и вери подеднакво, не можевме да ги одбегнеме сомневањата и непријателствата што растеа во атмосфера на нечесност и интриги.За да се избегне политиката на земјата, таа треба прво да се проучи........... |
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Вистина е што Хенри Ноел Брејлсфорд се е прашувал... ама не е точно цитиран. Ете го што точно се е прашувал: Са Македонците Срби или Бугари? Прашањето е константно се праша и догматично одговори во Белград и Софија. Но урокот од историја, очигледно е дека не постои одговор на сите. Тие не се Срби, нивната крв тешко може да се нарече чисто словенска. Мора да има во неjа, некои вмешувања на бугарската и други не-ариевски составки (кумански татарски, печенежки, и др.)... Macedonia: Its Races and Their Future |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Историјата низ очите на другите
Можат ли балканските народи заеднички да пишуваат историски поглавја, кои денес ги делат на „ние“ и „тие“? Еден таков проект веќе постои, на кој работеа група историчари од 11 земји, а како производ се објавени четири книги од „Читанки на поновата историја на Југоисточна Европа“. На неодамнешната прес-конференција беше претставено второто издание на српски јазик на овие читанки, кои ги обработуваат историските теми: Отоманско Царство, Балканските војни, Нациите и државите во Југоисточна Европа и Втората светска војна. Читанките се замислени како дополнителен наставен материјал, а програмскиот директор на Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа, Ненад Шебек, вели дека идејата на целиот проект е да им се овозможи на учениците да ги погледнат својата нација, земја и општество низ очите на другите земји во регионот. - Тука се застапени оригинални извори од времето кога се случил некој настан. Нема коментари и изџвакани заклучоци, туку материјалот поттикнува критично размислување. Историјата не се претставува само како збир на датуми, војни, крунисувања, убиства, туку ја опфаќа и историјата за положбата на жените, како и историјата на културата, уметноста, занаетите, а и положбата на цивилите во војните - нагласува Шебек. Читанките се објавени на осум јазици и, според Шебек, ги користат наставниците во Албанија, Босна, Хрватска, Кипар, Македонија и во Србија, а низ обуката поминале повеќе од 800 наставници. Тој сепак додава дека засега нема можност да се направи попрецизна анализа за користењето на читанките во наставата. - Сметаме дека е важно токму на болните теми од заедничкото минато да се покаже како за историјата може да се размислува од друг агол. Тој агол е мултиперспективноста. Тоа значи дека секој одделните настани ги гледа на различен начин и дека ние преку историските извори ги претставивме тие различни видувања - вели Шебек. Според него, не може тукутака да се дојде до заеднички став за минатото, но треба да се прикажат сите различни пристапи кон историските контроверзии. - Читанките ги разбиваат повеќето историски митови и го укинуваат етноцентричниот пристап кон минатото. На пример, го укинуваат митот дека српската нација е жртва на сите соседни народи. Овие книги покажуваат дека сите на Балканот се чувствувале така во различни историски ситуации - додава Шебек. Повисокиот научен соработник во Хрватскиот институт за историја, Марио Јареб, вели дека имали можност детално да ја проучи содржината на читанките, но дека за нив нема добро мислење. - Станува збор за политикантски интониран проект, кој се занимава со вештачки направен регион, во кој, од којзнае какви причини, е втурната и Хрватска. Тоа се однесува на сите четири читанки, чие евентуално усвојување би можело да значи за хрватските ученици дополнително оптоварување со непотребни содржини. Така, на пример, хрватските ученици од четврта година во гимназија врз основа на тие читанки би можеле многу да дознаат за „премногу важните“ теми, како што е ситуацијата во Истанбул и во Атина за време на Втората светска војна - нагласува Јареб. Според него, истовремено во соодветната читанка воопшто не се зборува за италијанската окупација на хрватските простори, како тема што е клучна за разбирање на настаните и процесите во тој период. Јареб оценува дека е тешко, а можеби и невозможно во практиката да се дојде до заеднички ставови за минатите настани, а особено за оние што претставуваат спорни точки. - Историската наука спаѓа во групацијата на општествени науки и, меѓу другото, ги изразува вредносните судови и интересите на конкретната општествена заедница, во која истражувачите дејствуваат. Таа не постои во безвоздушен простор и учесниците во процесот на научната работа ги вреднуваат историските процеси, настани и личности во согласност со своите верувања, односно со вредностите на општествената заедница чии припадници се - предупредува Јареб. Српскиот историчар Чедомир Антиќ нагласува дека проектите за заедничко пишување на историјата би можеле да бидат успешни, но основен предуслов е зад нив да не стои никаква политичка агенда. - Меѓутоа овој проект е несериозен и политизиран. Тука повеќе станува збор за преговори отколку за историски факти. Имаше слични обиди и кога Французите и Германците ја пишуваа заедничката историја, но и тоа испадна бесмислено, бидејќи го опфатија периодот по 1945 година, кој беше премногу блиску за да може да се согледа на соодветен начин. Зошто, на пример, заедно не пишуваа за француско-пруската војна? Можеме и ние како нив да пишуваме историја со Албанците по 2010 година, но медиумските извештаи ли ќе ни бидат историски извори - додава Антиќ. Од друга страна, Шебек нагласува дека работата на историските читанки е целосно лишена од политиката и политикантството и дека во тој процес работеле некои од најголемите имиња на националните историографии во регионот. - Не станува збор за рецепт што ни го наметна некој од страна, туку за концепт што во 2002 година го смислија самите наставници од 11 земји од Југоисточна Европа како одговор на етноцентричната настава, која и натаму е доминантна. Дали може да се каже дека е несериозен проектот, чии рецензенти се едни од најдобрите познавачи на Балканот, на чело со Марија Тодорова, која и во нашата читателска публика е многу добропозната по познатата книга „Замислувајќи го Балканот“? Дали може да се смета за несериозен проектот што досега успеа да ја добие поддршката на вкупно 27 донатори, почнувајќи од националните држави и меѓународните организации како ОН и ЕУ, па сé до приватните фондации - додава Шебек. Според него, проектот директно беше пофален и во резолуција на Европскиот парламент, а ја има поддршката и на речиси 1.000 наставници од целиот регион. http://www.novamakedonija.com.mk/Uploads/Image/2010/SEPTEMVRI/balkanshistory.jpg |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
nemoze, oti ako ja stavim i vashta istorija vo nashte chitanki premnogu drveta ke bidat demolirani, atreba da se grizime za gorite
|
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Читанките се објавени на осум јазици и, според Шебек, ги користат наставниците во Албанија, Босна, Хрватска, Кипар, Македонија и во Србија, а низ обуката поминале повеќе од 800 наставници. Тој сепак додава дека засега нема можност да се направи попрецизна анализа за користењето на читанките во настават
![]() |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Нешто интересно.
|
||
![]() |
||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() taa imate li ja cheteno be |
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Тоа е за неписмени
![]() |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2324252627 34> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |