IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Фрчковски имаш ли коментар за Глигоров 1995-та?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фрчковски имаш ли коментар за Глигоров 1995-та?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 14151617>
Автор
Порака
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2010 во 20:27
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

Originally posted by orlov orlov напиша:

Originally posted by ninja_34 ninja_34 напиша:

Колку само невистини, полувистини и разни шпекулации слушнавме во изминативе години кои се однесуваат на атентатот на Глигоров. Секогаш ова прашање се актуелизира пред секои избори и се затишува одма после секои избори. Колку само анкетни комисии и работни групи се формирани досега и секогаш епилогот е ист - недостиг на вистински информции. Бидејќи сите информации во врска со атентатот, сите досегашни влади и политички структури на одреден начин ги имале во своите раце, а никој досега ништо не изјавил или открил повеќе од она што сите и го знаеме (мултигруп, бртиславска врска, разузнавачи од србија, аслан нуиши, алигаторот и други) јас искрено се сомневам дека нашиве служби имаат било каква соодветна информација за тоа кој стои зад атентатот, па така ни остануваат нашите чаршиски претпоставки и ловење на вештерки.




Имаат.
Ама за добри пари и добро се молчи.
Инаку отиде главата.

ма кои добри пари човеку...ако оваа власт имаше било каква информација досега од Фрчко немаше да има ни трага...
знаеш ли ти Орлов колку поени ќе добиеа кај народот ако оваа(или било која) власт го расчистеше случајот со Киро Глигоров?
не знаат ... може само да си нагаѓаат ко бабите на чешма



Vo golema zabluda SI.
Nikoj nema da dobie poeni, zjalno e shto dogovorno dvete politichki opcii go stavija sluchajot Ad Akta, so toa shto vechno go ukjutaa na misteriozen nachin istrzjniot sudija Zdravko Vasilev, koj samo shto go imashe spremeno izveshtajot ne uspea nitu da go dostavi tamu kade treba. Utredenta beshe pronajden mrtov vo svojot stan.



Изменето од orlov - 25.Септември.2010 во 21:12
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2010 во 21:21
Поени и пари нема во работите кои ги работиме.
Времето ќе си го стори своето. Но темата за да добие во тежина мора да се врати во почетната положба со име, презиме, наслов и датум на кој беше поставена.
Постојат мал милион отворени прашања од кои резултираше и самата ДЕБАТА.
Пажливо читајтеги и аналитички гледајте на нив. Заколучокот сами ќе го донесете зошто е организирана ДЕБАТАТА......
...давајате и свои мислења.


Отворени прашања кои ја потикнаа организацијата на оваа дебата:

 

                       

Ø  официјално неразјаснетите елементи на етиологијата и феноменологијата на атентатот;

Ø  криминолошките, виктимолошките и криминалистичките димензии на атентатот;

Ø  политиколошките димензии на атентатот;

Ø  регионалната констелација на политички и безбедносни односи и процеси на Балканот и атентатот;

Ø  внатрешно-политичката состојба и надворешно-политичките определби на Република Македонија пред и после атентатот и атентатот;

Ø  конституирањето на Република Македонија како нова држава на Балканот и атентатот;

Ø  политички, безбедносни и други општествени последици по Република Македонија од атентатот;

Ø  атентатот врз претседателот Глигоров – облик на тероризам од внатрешни, надворешни или комбинирани (внатрешно-надворешни) политичко-радикални позиции?;

Ø  политичкото дејствување на претседателот Глигоров и атентатот;

Ø  стратешките определби на Република Македонија за евроатлански интеграции и атентатот;

Ø  дали атентатот претставува најголема мистерија на македонското општество и држава или истиот е настан ад акта;

Ø  дали причините за атентатот се релевантни и присутни во обликувањето и на денешната општествено-безбедносна и политичка стварност во Република Македонија;

Ø  политичката, безбедносната и стратешката култура на релевантните општествени субјекти во Република Македонија и атентатот;

Ø  можноста од актуелно постоење на систем на организирано и активно дезинформирање за атентатот со цел - трајно инсталирање на неверодостоен општествен диск*рс за атентатот и трајно нерасветлување на атентатот;

Ø  облиците на политичко насилство во Република Македонија пред атентатот и нивната можна поврзаност со атентатот;

Ø  односот на релевантните државни органи на Република Македонија кон атентатот;

Ø  односот на политичките субјекти во Република Македонија кон атентатот;

Ø  позитивните и негативните импликациии од односот на медиумите кон атентатот;

Ø  дали постои поврзаност на атентатите на Балканот; и

Ø  многу други прашања кои ги наметнува логиката на размислување за неоткриените облици на политичко насилство.  


,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2010 во 00:03
Kako uchesnik vo DEBATATA samo bi rekol se e jasno.
Ne ostanaa ne postaveni prashanjata:
1. Zoshhto Frchkovski ne dojde na DEBATATA? iako uredmop okanet i potvrdi deka kje dojde.
2. Atentat e vo 09:45, Frchkovski vo 11:45 zaminuva za Bugarija i od Sandanski vo 12:35 izdava naredba granicite da se zatvorat. Shto prviot policaec ponese so sebe vo bugarija?
3. Koj ja narachasmrtta na Zdravko Vasilev- sudija koj ja vodeshe istragata i toa samo na den pred da go predade predmetot od istragata vo ponatmoshna postapka.
4. Koj od doma skashe da ja destabilizira MAkedonija pa napravi atentat vrz Gligorov?
5. Tuka nema da zapreme. Atentat nema da ostane misterija i pokraj toa shto Frchkovski pod prevezot Direktor na Fondacijata Gligorov misli deka veshto se krie.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2134&ArticleID=149356


Изменето од orlov - 02.Октомври.2010 во 00:05
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2010 во 00:05
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

Колку само невистини, полувистини и разни шпекулации слушнавме во изминативе години кои се однесуваат на атентатот на Глигоров. Секогаш ова прашање се актуелизира пред секои избори и се затишува одма после секои избори. Колку само анкетни комисии и работни групи се формирани досега и секогаш епилогот е ист - недостиг на вистински информции. Бидејќи сите информации во врска со атентатот, сите досегашни влади и политички структури на одреден начин ги имале во своите раце, а никој досега ништо не изјавил или открил повеќе од она што сите и го знаеме (мултигруп, бртиславска врска, разузнавачи од србија, аслан нуиши, алигаторот и други) јас искрено се сомневам дека нашиве служби имаат било каква соодветна информација за тоа кој стои зад атентатот, па така ни остануваат нашите чаршиски претпоставки и ловење на вештерки.
 
 
Ова сум го кажал пред една и пол година...и ништо од тогаш се нема променето....да
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2010 во 00:06
Истото ќе важи и до година
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2010 во 16:38
Zdravko Vasilev istrazjniot sudija koj ja vodeshe istragata za atentatot, den pred da go DOSTAVI IZVESHTAJOT OD ISTRAGATA pronajden e mrtov vo svojot stan. A potoa Frchkovski stana direktor na FONDACUJATA Gligorov. Koj ja posakuvashe destabilizacijat na Makedonija odkako Gligorov na Miloshevic mu kazja NE za bilo kakvo zaednichko zjiveenj, i deka nie se orientirame kon NATO.
Nabgu sleduvashe padot na rezjimot na Miloshevic no i Atentatot na Dzjindzic.
Nepoznanica e samo koj gi poseduva dokaznite materjali i analogno na toa dali tokmu poradi toa Dragan Pacinov zamina na Florida?
Slednata DEBATA e naskoro.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2010 во 23:24
Zdravko Vasilev go poznavav licno, kako i celata negova familija. So nego na nekoj nacin sum povrzan i rodninski.

Na edno od semejnite sobiranja na moe prasanje sto se slucuva, do kaj e rabotata so istragata za atentatot, mi rece, glej si tvoja rabota i ne go pikaj nosot kaj sto ne ti e mesto.

Moram i da kazam deka nikoj ama bas nikoj od semejstvoto ne bese spomnal deka covekot e bolen ili taka nesto. Barem jas nemav cueno takva rabota.
Negovata nenadejna smrt mnogu gi iznenadi site koi sto go poznavavme kako od semejstvoto taka i od krugot na prijatelite.

Za nego tolku imam da kazam.

A site tie nekakvi mafii sto se provlekuvaat po javnosta kako navodni organizatori na atentatot, se e toa gola voda. Nikoj od mafijata nema korist dali kiro ke bide ziv ili ne.
Korist od negovoto zaminuvanje koj bese neprikosnoven po popularnost kako vo MK taka i vo negovata partija se znae koj imase. Edinstven vo SDSM koj se sprotivstavuvase na idnata privatizacija kako sto bese zamislena bese Kiro.

Moe mislenje e deka samo idnata pljacka sto trebase da se napravi pod prevezot na privatizacijata sto bese zamislena vo krugovite na SDSM, bese alkata koja gi natera konspiratorite na takov cekor.

Golema krivica vo celata taa pljacka ima i bivsiot premier Ljubco koj im ovozmozi na komunjarite sami da vladeat 4 god. vo periodot 94-98.
Dali se raboti za nekakov dogovor medju SDSM i Ljubco od toa vreme??? Dali nekoj od togasnata opozicija ( VMRO ) strasno se ima ofajdeno od odlukata da ne se ucestvuva vo parlamentot vo tie godini???
Veruvam deka tajnite eden den ke izlezat na videlo.    
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2010 во 23:54
Dobro e shto si del od nash*te, iako prijatelski ili rodninski. No Zdravko imaa interes mnogumina da go zamolchat.Pogore napishav na samo nekolku dena od smrtta bevme zaedno. Nikolash ne beshe bolen. Toa shto go kazja nekolku dena pred smrtta posle tolku vreme go kazjav na 30.10. 2010 na DEBATATA i veruvaj deka Gligorov vo toj period napravi chekor koj ne go ochekuvashe nikoj od nego. Zatoa i se sluchi toa shto se sluchi.
A Crvenkovski i Ljubcho se posebna epizoda vo taa storija narewcena ,,Atentat na Gligorov,,.
Decata negovi i denes ne sakaat da zboruvaat za toa shto mu se sluchi na Zdravko.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 01:09
Kazi Orlov nesto poveke za DEBATATA na 30.10.2010. Ne sum vo tek.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 14:57
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Kazi Orlov nesto poveke za DEBATATA na 30.10.2010. Ne sum vo tek.



Podobro bi bilo Frchkovski da kazje zoshto ne dojde a e povekje informiran od site koi bevme na DEBATATA.
.............inaku kje ja ima i kako prilog ponatamu vo nekoj od dnevnite vesnici. Sepak za pochetok e povekje od dobro. Ochekuvavme od site pokaneti dosta od niv da ne dojdat iako potvrdija deka kje dojdat. No za zjal samo Frchkovski- za kogo bea nameneti moite prashanja i Pavle Trajanov ne dojdoa. Ostanatite do eden site bea i dadoa svoj udel vo DEBATATA.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 20:02
Денеска Љубе Бошковски рече дека се знае нарачателот....Па ај да чуеме..
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 20:25
Originally posted by annaja annaja напиша:

Денеска Љубе Бошковски рече дека се знае нарачателот....Па ај да чуеме..



Ako go znae togash sigurno mora da idel kaj nego u podrum na vino.намигнување
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 21:42
Петнаесет години од атентатoт врз Киро Глигоров 03.10.2010
 

Денеска се навршуваат 15 години од неуспешниот атентат врз првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров Помалку

Атентатот врз Глигоров беше извршен со автомобил бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога тој со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија.
Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски.
Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.
Се уште е непознато кој стои зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена.

(Погледај во Досие)


Георгиевски: Извршителите на атентатот врз Глигоров се во земјава
30.09.2010
 

Според Георгиевски, двете клучни прашања за расветлување на атентатот се осамостојувањето на Македонија односно кому му пречел Глигоров и кој најмногу добил од криминалниот бизнис за време на грчкото ембарго, односно би изгубил од неговото укинување Помалку

„Сто процентно сум сигурен дека извршителите на атентатот врз поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров, се внатре во земјата и претпоставувам дека се уште живи. Но загрижувачки е што слободата за таков атентат може да си ја дозволи само некој кој навистина се чувствува комотен и слободен во земјава“, рече поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски на денешната дебата ,“15 години од атентатот врз претседателот Глигоров – мистерија или настан ад акта”, во органзиација на Ветераните на АРМ.
Според Георгиевски, двете клучни прашања за расветлување на атентатот се осамостојувањето на Македонија односно кому му пречел Глигоров, кој во тој период кога државата конечно ја потврди својата самостојност, ја имал целата власт, а Владата била минорна. Второто прашање е и кој најмногу добил од криминалниот бизнис за време на грчкото ембарго, односно би изгубил од неговото укинување.
„До денес не сакам да прифатам дека некој политичар од Македонија стои зад атентатот заради некакви бенефиции. Сметам дека се работи за структури кои командата ја примиле од страна, но загрижувачки е што тие структури се уште постојат и тоа е проблем на македонската политика. Дали ќе дозволиме со нерасчистувањето на овој случај  тие недефинирани структури да ги контролираат и насочуваат процесите во државата., рече Георгиевски.
Пратеникот Стојан Андов рече дека за атентатот на Глигоров македонската држава и општество покажале тотална неефикасност.
„Не можеа да го заштитат, иако неколкупати алармирал дека добива отворени закани, а по атентатот немало сериозна истрага“, рече Андов кој во време на атентатот беше претседател на Собранието.
Тој смета дека за целосно расветлување на случајот треба да се разгледа тогашното однесување на институциите во државата, како Владата, Парламентот, министерствата за внатрешни работи, за правда и за одбрана, како и Обвинителството и судовите, но и политичките партии.
„Мора да имаме прецизна оцена како овие надлежни органи си ја вршеа својата работата и како се држеле партиите. Мора да бидат отворени и разгледани и партиските архиви, но и однесувањето на интелектуалците“, рече Андов.
Според заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров, кој на дебатата се обрати во својство на новинар, упати на неговата книга „Атентати“ издадена една година по атентатот со која дава преглед на цела достапна фактографија за настанот.
Тој рече дека кога ја читал книгата од денешен аспект, мисли дека знае кој стои зад атентатот, но посочи дека нема докази и не смее да каже.
Според него атентатот врз Глигоров бил апсолутно успешен, ја завршил својата работа, бидејќи неговите политички капацитети и неговото влијание биле апсолутно намалени.
Според Илија Николовски, генерал во пензија од Здружението на ветерани, постои дефицит на информации и треба да се охрабрат надлежните органи да преземат мерки и активности за да се расчисти овој како што го рече, најмистериозен и контроверзен настан во поновата македонска историја, бидејќи за тоа постои научна и општествена оправданост.
Aктуализирање на проблемот со атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров и подигање на свеста кај граѓаните и особено државните безбедносни органи за негово расветлување, е целта на научно-стручната дебата што ја организираше Форумот за безбедност и Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста, на која присуствуваа поранешни и сегашни политичари, универзитетски професори, научници, аналитичари, експерти од областа на безбедноста, претставници на невладини организации и новинари.
Неуспешниот атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров беше извршен со автомобил бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога  тој со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија.
Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.
Се уште е непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена.



,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 21:45

Тутунската мафија и атентатот врз Глигоров?!
18.09.2009
 

Балкански атентати Помалку

Атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров и по 14 години останува мистерија. Најверојатно така и ќе остане по забошотената истрага од неговите први соработници и сопартијци. Останува преку повремени појави да се следи трага која може ако не да доведе од извршителите, тогаш да насочи за причините за атентатот

Пишува: Серјожа НЕДЕЛКОСКИ


Доброупатениот во случувањата на овој дел од Балканот, белградскиот адвокат со македонско потекло Тома Фила, во интервју за агенцијата Инпрес го потврди она што Форум во серија го пишува и докажува. Поточно, дека атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров е извршен со логистика од неговото најнепосредно политичко и безбедносно окружување. А, како што стојат нештата, најверојатно и самите инспиратори на чинот кој каскадно имаше и своја политичка употребливост - треба да се бараат во истиот круг. Недвојбен е, имено, впечатокот дека тогашниот државен врв, и тоа неговите највисоки позиции, е длабоко инволвиран во криминалите со кои се кршеше ембаргото врз режимот на Слободан Милошевиќ. Тие носеа големи профити, што впрочем го потврдува и Фила велејќи: “...Мојата адвокатска канцеларија во Белград е сместена покрај гигантите, како што се Цептер, Белградски саем и други. Правно ја застапував и Делта, фирмата со која се поврзуваат тие бизниси, па и самиот Шутурко. Е, сега, дали некој нешто зел? Сосема е логично да се сомневате. Најверојатно, некој и зел нешто. Но, треба да се знае дека СРЈ беше под ембарго и ништо не можеше да се купи по редовна цена. Можностите за екстра профити беа огромни. Јас ќе ви откријам дека тутунот од Македонија беше плаќан со жито. Фактурите се поминати преку една трета земја, да не ја бламираме јавно. Во суштина, стоката само 'про форма' ќе излезеше од Србија, наводно во друга држава (европска), а само по 5 метри, од 'ничија земја', се враќаше назад. Во прашање беа пратки кои овозможуваа, поединечно, чист ќар од 100 до 200 илјади тогашни марки. Значи, во прашање беа стотици милиони марки. Дали нешто зеле Шутурко и другите? Веројатно сите зеле по нешто!?”

“МАРЛБОРОТО” ГО ФИНАНСИРАЛО СДСМ

На ова неизбежно се надоврзува и сведочењето веќе презентирано во Форум на Петрит Аме, кој на службениците на велешката ДБК во информативен разговор им кажува за перењето пари од илегалната продажба на цигари што, според неговото признание, се вршело преку братот на тогашниот министер за внатрешни работи на Македонија, Љубомир Фрчкоски, преку фри-шопот Челебија, каде цигарите се истоварале, а камионите оделе празни за Србија, со тоа што за пазарот на Косово морало да одат оригинални цигари, производство на Филип Морис, а на пазарите во Македонија одела и “четворката” која е фалсификат и се произведувала во Бугарија и во Југотутун, односно во Стококомерц од Прилеп со знаење на тогашната македонска влада. Шверцуваните цигари бос и ЛМ кои потекнувале од Македонија-табак се носеле до Албанија, каде што се истоварале во околните села до границата и уште истата вечер по споредни патишта со магариња и коњи преку преминот “Блато”, преку селото Спас се враќале назад. Во јули 1997 г., така требало да бидат префрлени дури пет шлепери!
Шверцот на марлборото носено за Косово и Србија, според полициските документи, се остварувал во соработка со Вања Бокан, кој бил сопственик на 30-ина фирми, и Мики Пешиќ, и двајцата од Белград. Вања Бокан отворил акредитив кон Филип Морис во вредност од 2.700.000 долари преку Беркли банка од Кипар. Цигарите ги купувале по цена од 270 долари за еден мастер бокс (50 штеки), а тие на една тура товареле по 960 до илјади мастер бокса, а декларирале по 300 до 400-тини. Тоа значи дека од еден камион заработувале по 70 до 80 илјади долари, кои потоа ги делеле на три дела.
Аме како главен човек за илегалната трговија со цигари во Македонија го посочува починатиот Данчо Шутурков, вечниот “втор човек” на Македонија-табак, за кого во распитот во Велес вели дека ја ужива заштитата на тогашниот премиер Бранко Црвенковски и на кадрите од СДСМ како логистика и дека како противуслуга за тоа ја финансирал партијата. За секоја пратка цигари која ќе минела преку македонската територија, на Шутурков, според исказот на Петрит, морало да му се плати такса од 25.000 германски марки, кој издавал сертификат дека цигарите се производство на Македонија-табак, а на границата со тогашна СР Југославија се покажувала друга фактура во која стоело дека камионите се товарени со друга стока. Од самата граница, цигарите ги преземала СДБ на Црна Гора и ги носела до директорот на Зета, Ѓукановиќ.
За шпедитерските услуги била задолжена Македонија-табак, а парите во Македонија ги носел Пешиќ, кој последната пратка ја донел со хеликоптер на МВР на Црна Гора, во придружба на двајца инспектори и Петрит, при што слетале на скопскиот аеродром и во вреќа му предале 2.750.000 германски марки на Шутурков. За една година тие успеале да пренесат 300 шлепери натоварени со цигари наменети за СР Југославија.

ПОВРЗАНОСТА НА БАЛКАНСКИТЕ АТЕНТАТИ


И доколку сведочењето на Петрит, кој по сопственото признание е припадник на подземјето, никогаш досега никој не го демантираше, секако дека она што го загатнува авторитет од таков калибар каков што е Тома Фила, треба да биде демантирано. Но за тоа, се разбира, треба да се има аргумент.
Овие сведочења - да повториме, потврда на она што Форум го пишуваше - не смеат да се сметнат од ум воопшто разработувајќи ја темата за атентатот врз Глигоров. Затоа што тој непосредно пред атентатот се закани дека ќе почне пресметка со организираниот криминал, којшто, како што се гледа, имал огромни финансиски профити од шверцот со цигарите, од кои дел оделе за плаќање на наклонетоста или заштитата на македонските политичари.
Од друга страна, пак, јазолот почна да се одмотува по 13 години со уште еден атентат што силно одекна на Балканот. Станува збор за убиството на сопственикот и новинар на загрепскиот неделник Национал, Иво Пуканиќ. Имено, хрватските власти во текот на истрагата за ова убиство дошле до сознанија дека уапсениот Жељко Миловановиќ можеби учествувал и во атентатот врз Глигоров во 1995 г. Паралелата што се прави со двата атентата е тоа што Пуканиќ беше познат како разобличувач на балканската тутунска мафија, а како нарачател за неговото убиство се споменува Сретен Јоциќ познат како Јоца Амстердам, контроверзен бизнисмен кого го означуваат за еден од шефовите на тутунската балканска мафија. А, испреплетеноста на балканското криминално подземје, како и во случајот со атентатот врз Глигоров, се покажува и во случајот на убиството на Пуканиќ, кога според исказот на заштитениот сведок, Миловановиќ во Загреб добил логистика од хрватска криминална група, која, пак, во Бугарија  за сметка на српското подземје изведувала атентати врз припадници на тамошното подземје, конк*ренти во бизнисите со шверцот на нафта и оружје. За тоа колку е моќна оваа структура во која се вмрежени криминални, полициски и политички пипки, зборува и податокот дека хрватскиот претседател Стипе Месиќ во Софија кон крајот на април го предупредил српскиот колега Борис Тадиќ, дека по апсењата на Јоца Амстердам и издавањето потерница по Станко Суботиќ Цане, балканската тутунска мафија, која инаку е формирана во периодот 1993-1994 г., е на штрек и според разузнавачките информации му се заканувала на српскиот претседател. Ова во интервју за белградски Блиц го потврди и Ратко Кнежевиќ, кум и поранешен соработник на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ кој е и самиот истражуван (па ослободен од истрагата поради имунитет) од судот во Бари за шверц со цигари.
Вториот момент кој ги доведува во поврзаност скопскиот и загрепскиот атентат е информацијата од безбедносни извори дека и во двата случаи се споменува лице со прекар “Бели”. Извори од поранешното југословенско воено разузнавање според начинот на кој е извршен атентатот врз Глигоров го препознаа стилот на извесен оперативец на КОС. Од нивното искуство и соработка со тоа лице ги потсетија на извесен “Бели”. Меѓутоа, според нив, атентатот на Глигоров е најверојатно извршен од некој кој го имитирал неговиот стил или од негов ученик, затоа што нивните сознанија беа дека посочениот страдал во акција во Германија.
Третиот момент кој ги поврзува двете злосторства - но истовремено е многу индикативен во македонскиот случај - е тоа што според хрватската јавност дел од скутерот пежо во кој бил ставен експлозивот што го уби Пуканиќ ì бил од драгоцена важност на истрагата врз која одредена заинтересирана групација се обидела да влијае дури и преку дипломатски канали. Во Скопје, пак, иако имаше наводни сведоци каде е купено амито поставено пред хотелот Бристол, а скопјани се сеќаваат дека доказите брзо по атентатот беа исчистени. Веднаш беа отстранети фиќото кое ја забави претседателската колона за кое подоцна се покажа дека ì припаѓало на полицијата и било возено од нејзини службеници, автомобилите од придружбата и мерцедесот на Глигоров, како и остатоците од автомобилот-бомба, а улицата Македонија беше чистена со шмркови. Така, најголемиот дел од доказниот материјал беше уништен неколку часа по експлозијата, а подоцна драмолетката што ја приреди тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски, со (не)оставката, со барањето песок по скопските визби и со прогласувањето на извршители на атентатот - бугарската компанија Мултигруп и т.н. “Братиславска врска”, истовремено барајќи политичка конотација во атентатот, само докажува дека сценариото за убиство на Глигоров однапред било подготвено и со обезбедено “покривање”. Тоа, пак, не може да се стори без внатрешна поддршка и влијание на тогаш неприкосновената политичка врхушка на државата. И, секако, без тоа да биде дебело платено.

Тома Фила: Атентатот на Глигоров му го направија неговите
05.08.2009
 

Реномираниот белградски адвокат Тома Фила во интервјуто за агенцијата Инпрес ги потврдува наводите и на Форум за атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров. Имено, информациите што ги поседува нашата редакција недвојбено посочуваат дека зад обидот за убиство на Глигоров од 1995 г. стојат испреплетените интереси на лица од тогашниот политички врв на Македонија, организиранито криминал и интересите на разузнавачки служби, што може да ги проследите во нашето досие Атентат – Глигоров Помалку

Тома Фила е адвокат од Белград, човек со одлични релации и познавања на состојбите на Балканот и во Европа. Како адвокат пред Хашкиот трибунал за воени злосторства сторени на територијата на поранешна СФРЈ Хаг бранеше десетина обвинети.
Фила е човекот кој од својата формална позиција, но и неформално - како човек кој потекнува од Македонија, ја одигра клучната улога во омекнувањето на ставот и донесувањето на одлука - на македонска државна делегација да и’ се дозволи чевствување во манасторот „Свети Прохор Пчински“. Тој говори и за атентатот врз Киро Глигоров, за тоа дека Македонците се најзаслужни за решавањето на статусот (каков таков) на Јованка Броз, вдовица на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито.
„... Барем во Србија и ден-денес е присутно мислењето дека атентатот на првиот претседател на независна и самостојна Република Македонија, му го направил некој од неговите соработници.“
Ова во разговор за новинската агенција Инпрес, го тврди познатиот адвокат од Белград, со македонско потекло, Тома Фила. Тој денес е советник на заменик-претседателот на српската влада, министер за внатрешни работи и лидер на Социјалистите, Ивица Дачиќ. Истовремено, Фила е и советник во Синодот на СПЦ, на патријархот Павле, односно, во моментов, на неговиот застапник митрополитот Црногорско-приморски Анфилохие.
„Бев скептичен и тогаш и сега“, вели натаму Фила. Тој не наоѓа никаква корелација во тоа што атентатот беше ден по средбата на Глигоров со Слободан Милошевиќ, во Белград. Знам дека наредниот ден по атентатот, врвни луѓе од безбедносните структури на Србија (Јовица Станишиќ и други) беа повикани во Скопје за да помогнат. Со нив имав добри релации и кога брзо се вратија во Белград, ми кажаа: ’...не знаеме зошто не’ повикаа кога е сосема јасно дека е тоа дворски атентат, извршен од луѓе во самото непосредно опкружување на Глигоров’. Значи, нивното мислење е дека атентатот е извршен однатре, а не однадвор“, вели адвокатот Фила.
На прашањето како гледа на српско-македонските односи од аспект на црковниот спор, Тома Фила вели:
„Нема отворени проблеми меѓу Србија и Македонија, особено меѓу народите од двете држави. За Србите, Македонците се најсакана нација. Дури се и пред Црногорците. Никој не пречи да се формираат школи, медиуми. Србија дури и издвојува буџетски средства за тоа. Србите немаа ништо против и за признавањето на Косово од страна на Македонија, за разлика од Црногорците, за што нема да им простат. Тие знаеја дека е тоа прашање на македонското пристапување во НАТО, дека беа принудени. А НАТО е ’рбетот за Македонија. Без НАТО, Македонија ќе биде со скршен ’рбет“, појаснува Тома Фила.
Во врска, пак, со спорот мегу СПЦ и МПЦ, Фила вели:
„Тоа е навистина голем, отворен проблем. Но, ќе ви откријам една работа. Државната делегација, предводена од претседателот на Собранието Трајко Вељановски, во манастирот Св. Прохор Пчински, јас однапред кажав, дека ќе биде примена, со ист третман и по ист протокол, каков што беше оној, кога, на истото место Бранко Црвенкоски беше пречекан од Воислав Коштуница. И тоа без изненадувањето – Вранишковски“, тврди Фила.
Фила открива дека согласноста на СПЦ, да и се дозволи на државната македонска делегација да го чествува Илинден во манастирот, не била случајна. На тоа се работело подолго време, за тоа станало збор и при неодамнешната посета на македонскиот премиер Никола Груевски на Белград.
„Јас малку помогнав, колку што можев, но главната заслуга е на амбасадорот Љубиша Георгиевски. Отиде да разговара со Иринеј Бачки, благословот го добив јас, го доби и Љубиша. Вранишковски нема да биде таму, а делегацијата на Македонија, не само што ќе положи венец, туку ќе биде и угостена. Ќе работиме и натаму на тоа СПЦ и МПЦ да се најдат на една заедничка платформа, за што јас ќе го искористам сето свое влијание“, вели Тома Фила.
Соговорникот на Инпрес тврди дека запад, односно „... САД не сакаат федерализација на Македонија. Тие, само ќе ги користат Албанците, додека се инструмент на нивните интереси на Балканот. Останувам оптимист, е дека нема овде во Македонија потенцијал за некаква ’босанска’ разврска, односно општа граѓанска војна и во таа смисла сум оптимист во поглед на иднината на Македонија“, вели Фила.
Меѓутоа додава дека Македонија мора да ги процесуира Хашките случаи, кога се во прашање обвинетите Албанци.
„Беше сосема очекувано - додава Фила - овде да се пронајдат кандидати за Хаг, од двете спротивставени национални заедници. Според Хашките критериуми, повеќе од осум лица погубени се смета за масовно убиство, за геноцид, актерите се воени злосторници. Барем во два наврати имаше по толку жртви меѓу македонските бранители. Меѓутоа, се процесуираа само Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски. Што е со втората страна? Ако Хаг не сака намерно да процесуира случаи на Албанци, се разбира со влијание и содејство на САД, тоа мора да го направи Македонија. И самата обвинителка Карла дел Понте призна дека САД не сакаат да даваат пари за тоа. Знаете: нерасчистените односи ја упропастија бивша Југославија. Македонија не треба да го заборави тоа искуство. Јас знам дека е Хаг политички суд, меѓутоа секој што направил злостроство мора да оди таму“, додава Тома Фила.
Во интервјуто Фила открива дека за статусот, каков таков, на вдовицата на југословенскиот лидер Јосип Броз Тито, Јованка Броз, биле заслужни само Македонци. Тој самиот и’ го издејствувал пасошот што неодамна и’ беше даден, како нејзин правен застапник.
„Димче Беловски многу направи за Јованка. Владо Камбовски и’ ја среди пензијата, во висина на платата на претседателот на Сојузното (југословенско) собрание. Киро Миљовски и’ ја среди ситуацијата со куќата. Јованка и’ должи многу на Македонија. Таа вели дека Драгољуб Ставрев и’ направил зло, наводно, со пиштол ја избркал од резиденцијата?! Сега живее во една помошна зграда, што се користела за стражарница, близу Белиот дворец. Не верувам, Ставрев не беше човек што вади пиштоли. Но, којзнае како било во тие комунистички времиња? Јованка и натаму останува на тоа тврдење. Како и да е, по смртта на ’Стариот’ , Македонци се погрижиле за нејзината судбина“, вели во подолгото интервју за Инпрес, Тома Фила.


,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 14151617>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,217 секунди.