![]() |
|
Венко Марковски- жртва на политиката или не? |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 8> |
Автор | ||||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Даже нема смисла од дискусиjа за нешто кое е документирано.
Инаку во секоj еден случаj можеме да фантазираме. Такви истории на маса(а дали пиел воопште Миле?)да ги ставиме овде е глупаво. Ме праша што мисли Вени, па затоа ти отговорив-ако сакаш има саjт негов, прашаj го лично. |
||||
![]() |
||||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Темата е :Венко Марковски- жртва на политиката или не? Венко е политиката , прво во Македонија , а подоцна и во Бугарија . Венко ( политиката ) е причината за многу жртви . Мислам , колку треба да допринесеш за Македонија за да добиеш безплатно вила на Водно , добра плата , комотен живот , привилегии од државата ? Тоа Венко , членот на комисијата за кодифицирање на македонската азбука , партизанот кој војувал против Бугарија , иницијаторот за АСНОМ и.т.н. , го добил во Бугарија , во Живкова Бугарија . Закупнина 10 стотинки за 180 метри квадратни со два декара двор ? Изменето од eptendosadno - 15.Декември.2009 во 15:08 |
||||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||||
![]() |
||||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Значи, претставници на две спротивставени пропаганди, србоманија vs бугароманија. Клише! Незнаев дека сум бил србизиран (од Конески и неговата азбука) и што толку убаво пишувам на српски јазик. Кога веќе еднаш ќе се престане да му се споменува името на тој Марковски?! Човекот јасно се изјаснил кому му е лојален. Не ме чуди приказната за Миле, сум бил изложен на такви изливи на емоции од прва рака, додуша во затворн круг, во четири очи, никој да нечуе. Мене ми е доста од петата колона. Изменето од Македон - 15.Декември.2009 во 16:46 |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
![]() |
||||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Преведено од Бугарски :
Но кој точно е Венко Марковски? Тој е роден во 1915 година во Скопје. Студира словенска филологија на СУ "Св Климент Охридски", а во 1941 година е уапсен поради антифашистката поема "бие дванаесет". Првите му, преткомунистички дела се "Гонда вода" и "Крсто Поле", подоцна станува партизанин, пак активно соработува на левиот печат. Во 48-ма Марковски, кој до крајот на животот е убеден идеалист-сталинист, влегува во конфликт со Тито, лежи во затвор, а од 56-до 61-ва е протеран во кампот "Голи Оток" - остров во Јадранското Море, каде што Тито е праќа внатрешни политички противници. "Голи Оток - остров на смртта", се нарекува објавената кај нас книга на Марковски за Страшниот концентрациониот логор. Таа е издадена само во САД. Самиот остров - пусто и карпесто место, е избран не од друг, а од познатиот подоцна српски дисидент Милован Ѓилас за оваа човекољубива цел ... Како што се вели, кој нема гревови, прв да фрли камен ... Во 1965-та Венко Марковски се преселува во Бугарија конечно. Под покровителство лично и по порачка на Тодор Живков,ја пишува книгата "Крвта вода не става" - одговор на тритомната "Историја на македонскиот народ". Ова е едно од едно темелно истражување на македонското прашање. Книгата е напишана во 71-ва, издадена е 10 години подоцна,а целиот тираж е уништен на складиштето, пак по желба на Тодор Живков. "Всушност Живков го користеше Венко Марковски како скриен коз - смета Вени Марковски. - Во политичката интрига на сложените односи меѓу Софија, Белград и Москва, Венко Марковски беше оружјето, што ту се вадеше, ту се криеше." Внук му смета, дека академската титула, дадено на Венко Марковски во 1979 година, како и прогласувањето на академикот за херој на НРБ подоцна, е одговор на лошо односи со Југославија. Венко Марковски живееше со семејството во вилите на ЦК во банка до крајот на животот, под строга заштита. "Се чудев зашто го чуваат така добро, но подоцна сфатив дека голем број поранешни логораши од" Голи Оток "гинат под невообичаени услови" - признава Вени. Другиот внук, Игор Марковски, вели за дедо си: "Беше многу некористиљубив човек. Не сакаше да купува куќа. Не сакаше имот. Кај него зимата доаѓаа секакви луѓе за милост, и тој обично им помагаше. Нема да заборавам како еден важен човек од БАН дојде да плаче на дедо за стан - имал големо семејство итн. Дедо му помогна - му дадоа петсобен стан - е точно, не во центарот, а во крајна населба. После оној донесе мезе со вино, се колнеше: - Ќе си го ставам потретот ти ѕидот, додека сум жив ќе е таму. Истиот после стана виден политичар, претседател на Народното собрание, а скоро по 10 ноември пушти голема статија против веќе мртвиот ми дедо. ГГо сретнав на еден коктел и го прашав: "Како е станот?" Тој поцрвени и запуфти, после избега. Да е жив и здрав, нема да му го кажам името, но тој ќе се сети, кога ќе го прочита тоа. А и луѓето ќе се сетат. " Синот на Венко Марковски - Миле Марковски, трагично загинува во автомобилска несреќа во 1975 година, на само 35 години. Тој самиот писател, автор на кратки хумортични приказни. Најинтересни се делата за деца. Синовите Игор и Вени неодамна издадоа сликовница "Тврдоглаво време" со сопствени средства. Оние кои се познавале со Миле Марковски, приказна за еден животен човек со одлично чувство за хумор, и безусловно боемски карактер. Во тој поглед и Игор, и Вени се поголема негова спротивност. Тие не само што не пијат и не само што не пушат. Игор не влегува во просторија во која се пуши, не пие дури ни боза. Вени не пие дури кафе - тој е фан на колата. Ги прашувам на што се должи овој им аскетски облик. "Можеби на фактот дека во детството ни здраво ни опушти - смета Игор. - А може и на нешто друго". Вени не се буни, кога му велам, дека на стари години дедо му се попрочу со доста автопародии, кои веќе бликаа од искрени бесмислици. Таква беше на пример поемата "Чернобил", посветена на нуклеарната катастрофа во СССР. "Тој веќе беше болен од рак, кога ја издадоа книгата. Го направија, за да го зарадуваат, но не разбраа дека му прават мечешка услуга" - вели Вени. Е, што, простено нека му е и на Александар Геров, лека му земја на стари години не поразмислуваше ... Затоа пак чудно свежо звучат некои текстови на Миле Марковски, пишувани пред скоро 40 години: Се смеам по цел ден; и кога ми се смее, и кога не ми се смее. Смеам се: наутро, попладне, пладне, вечер. Се смеам и кога спијам. Но не плаче, кога се смеам. Има луѓе кои се смеат и плачат. Ете така - плачат. Јас, всушност, се смеам, за да не плачам. Миле Марковски Игор Марковски, во моментов води емисии на радио "Витоша" и "7 дни", како и Вени, во моментов премиер на Интернет општеството Бугарија, не се качуваат на писателско скалило. "Дедо дури ни се лутеше дека не пишуваме" - се сеќава Вени. Игор е завршен ВИТИЗ и економија, но се реализира главно како телевизиски и радио водител. Само што воопшто не сака неговото име да се поврзува со "Секоја недела" на Кеворк од која чува лоши спомени. "Сакаме да сме марионетки - вели тој за популарниот арменец. - Диктираат прашање по телефон и во слушалката. И само Јоско Срчаджиев разбра, дека јас намерно го имитирам во слика, кога задавам негово прашање. Тоа беше мала одмазда - пародии. Некои новинари не почувствуваа, дека сум станал негова копија. " Вени, исто така, не се слави со особено говорлив карактер. Битките со КПД по повод престојните ограничувања на пристапот до интернет го направија популарен во последните недели. Во моментов се суди со КПД. "Интернетот е тоа што не прави слободни и не поврзува со светот. И бидејќи таа слобода не е по вкусот на некои луѓе, а играат и економски интереси нема да се изненадам ако исходот на случајот се предреши горе, иако правите сме ние. - се скрушува Вени. - размислувањето на претставниците од КПД замрзнало некаде во 18 век. Тие не влечат назад. " Сложеното и контрадикторно име на Венко Марковски го одбележало засекогаш животот на најблиските му. Ова име и помага, и пречи, но браќата велат дека секогаш го носеле гордо. "Венко Марковски не бил никогаш член на ЦК на БКП, весниците сметаат - категоричен е Игор .- Но ранг му беше понекогаш како член на Политбирото." И двајцата браќа сметаат дека по милостивата судбина потоа си замина на време дедо им, кој не се погрижи за никаков личен имот за време на големата власт. "Вели не - што ви е куќа, кола - ете државата ви дава да користите. Новото време требаше да го сосипе" - велат браќата. Вени мисли дека во 86 и 87 година, дедо му се разочарал од политичката ситуација. А уште од 73 година односите меѓу него и Тодор Живков се оладиле. Иако Живков запазил до крајот привилегиите , бидејќи дејствуваат така секогаш дури и со оние кои ги губеле позициите. "Крвта вода не става, така ли?" - Питам Вени. "Нашата не станува, за другите не знам. Покрај тоа што мојата омилена мудрост е друга - Никогаш човек не треба да се зема насериозно" - возврати тој. Вени .цом.бг Изменето од Македон - 15.Декември.2009 во 17:06 |
||||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||||
![]() |
||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
eptendosadno, убаво составен пост, со докази за она што и досега си го кажа, само да те надополнам со уште нешто, мислам дека и тоа е значајно да се каже, а и погоре го споменав. Непостоењето на еден борец за бугарштината по ослободувањето и самата желба да се издигне таков голем борец по ослободувањето, од Венко создаде некаков митски Прометеј, не случајно спротивставувајќи му го токму Колишевски, најмоќниот човек во Македонија во тоа време, меѓутоа не водејќи сметка за вистината, а тоа е дека немало никаква "борба меѓу титаните", сепак се создаде една смешна ситуација, доста непријатна, чија невистинитост лесно може да се провери. Самиот факт дека Венко е осуден дури по поддршката за Резолуцијата на Информбирото, а не веднаш по сите оние судири ( кои за волја на вистината се сосема мали ), говори доволно за митскиот карактер на Венко. Истотака ако некој прочитал дел од писмата на Венко од Голи Оток, ќе види дека самиот тој, кога говори за сопствената осуда и молбите за помилување, не го споменува ниту Лазар Колишевски, ниту пак некој друг значаен човек од тоа време. |
||||
![]() |
||||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
О.К. Јас дојдов до закључок дека темата Венко Марковски- жртва на политиката или не? би требало да се однесува за периодот од 1992 до денес , затоа што во своето време он креирал политика или самиот дозволил да креираат со неговиот потпис . Види , на Голи Оток имало многу десиденти , имало многу сталинисти , борци за независна Македонија , и.т.н. , прашање е зашто е одбран Венко од сите нив , зашто е направена театарска представа со буџетски пари токму за него ? Мене ми се чини дека Венко е одбран токму за да се создадат услови за да се врати “ нашата “ стара азбука ( руската т.н. бугарска - ЈУ, ЈА , темниот вокал .... ) да се има “ научна “ критика на тритомната “ Историја на македонскиот народ “ напишана од еден десидент , наводно борец против србизацијата на азбуката ,историјата , јазикот ... односно , бугаризирањето ( осознавање на вистината ) да отпочне со делото на Венко , да , само во тој случај Венко е жртва на политиката . Времето го покажа вистинското лице на одреден број политичари од тоа време кои го експлатираат Марковски , дознавме кој се , што се и за што се . Еден таков обид за реанимација на десидент е направен и со понова дата . “ Операција “ во која учествувал лично председателот на Бугарија - Прванов , требало да се создаде икона во ликот на Методи Димов, десидент од Белгија , но чинам дека не постигнале доволно добар ефект и тој проект е запоставен . Изменето од eptendosadno - 15.Декември.2009 во 18:16 |
||||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||||
![]() |
||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Интересно гледиште, на настаните од 1992 наваму. После ова кое си го напишал ( а и од изворите кои си ги посочил погоре како поткрепа на напишаното ), мислам дека секому ќе му е јасно дека со сето ова се обидуваа некои да протнат низ мала врата "тројански коњ" со кој ќе се поткопаат темелите на македонштината одвнатре. Всушност, како што и самите бугарски извори пишуваат, Венко беше марионетка на политиката на Живков и НР Бугарија, пред се во односот меѓу СФР Југославија,односно НР Македонија и НР Бугарија, за што и самиот е заслужен и нема потреба да се бараат виновници. |
||||
![]() |
||||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ќе да сте грешка Живков не го пушта на Голи Оток.Судирот на Венко е во времето на војната кога во Бугарија во затвор е Колишевски и
![]() Венко,Шатев и Брашнаров се да се ослободи ![]() И затоа по ослободувањето овие тројца се пуштени на Голи Оток освен Шатев кој е на домашен притвор во Битола (прашајте ќе ви кажам зошто). Брашнаров умира таму. Шатев умира во тука. Само Венко се спаси од налетот на Колишевски и компанијата. Како судел судот во Скопје добар пример е и Ченто. Затоа многу малку важна е азбуката,книгата и сите овие работи што сте ги напишале.Ама ако човек учи додека е жив ![]() Изменето од mungos80 - 20.Декември.2009 во 00:32 |
||||
![]() |
||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
||||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
![]() |
||||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() Proba |
||||
![]() |
||||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Што пиши во документот каснаковски???
![]() |
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
![]() |
||||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Гледам јас што пиши, ама се чудам од каде србинот ги знае овие детали.
Дали Марковски ја изгубил стипендијата заради тоа? Доколку што знам песните се од 1938, а документот е од 1940. Зошто ќе чекаат 2 години за да му ја одземат стипендијата. Можеби бил интересен на српските служби поради тоа што бил противник на ВМРО? Инаку пак те поздравувам. Ако те нема тебе, нема што да пишуваме! |
||||
![]() |
||||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
стипендијата му ја одзема бугарската власт,зошто Марковски е бугарски стипендист.А причината е...?
Каснаковски изгледа дека не знаеш да читаш српски???Јас научив српски,бугарски ти изгледа имаш проблем со српскиот јазик ![]() ![]() |
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |