|
Не прави идол или слика на она што е горе |
Внеси реплика | страница <1 1314151617 23> |
Автор | ||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
alf, ti blagodaram na kusata diskusija, iako izlegovme nadvor od temata. Faktot deka nash*te dva sveta nemaat nikakvi zadnichki tochki ne znacheshe deka ne treba nikogash da se sretnat.
Bidi mi pozdraven i uzhivaj vo Veroispoved. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
alf
Сениор Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 631 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
.
Изменето од alf - 19.Септември.2011 во 13:22 |
||
teodul
Сениор Регистриран: 05.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 190 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Втората Божја заповед вели: „Не прави за себе идол, ниту некаква слика (на грчки: икона) на она што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се клањаш ниту да им служиш, оти Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнуваа децата до третото и четвртото колено, оние, кои Ме мразат; Кој покажува милост на илјадници, кои Ме сакаат и ги пазат заповедите Мои." (Излез 20:4-6)
Дане мисли заповедта на ниедна слика на небото од материјален карактер зошто знаеме дека тогаш можело да се обожува се што ке се види ( бог сонце,бог венера ,бог слон,бог крава,бог риба .......) Значи идолопоклонство представува иконообразување на нешто туго од нашиот Бог т.е. материјални измислени богови додека преку многу иконообразби на историјатот на нашето верување ( преку фрески ) до иконообразување на одредени угодници не се прави никаков бог и не е идолопоклонство зошто никој не се поклонува на парчината дрво или друг материјал ами оддава поклон - признавање на таа личност или настан кој е интерпретиран. |
||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ufffff a za ovaa kolku diskutiravme aaaaaaa i pak ne najdovme sredina ....
|
||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Платон, Сенека и многу други пагански филозофи велеле: „Ние не им се поклонуваме на идолите туку преку нив им се поклонуваме на боговите“. Додека учените пагани тaка ги употребувале, простодушните им се поклонувале. Учените црковни учители можат да пишуваат за нијанси меѓу почитувањето и поклонувањето на иконите, но простодушноите не ги разбираат тие разлики и им се поклонуваат на идолите како на нешто божествено,кое може да им помага како нешто свето, кое може да им предава светост на оние кои што го целиваат, како на нешто спасително што може да ги излекува, да истерува ѓаволи и др. Сето тоа е познато од црковната историја. Сепак неоспорлив факт е дека Христос, Христовите ученици и првите генерации на христијани не употребувале икони. Дали иконите се богоугодни? Не мора да се расфрламе со библиски стихови. Само погледнете ги денешните последици од иконите и ќе дојдете до заклучокот. Од иконите се прави бизнис, истите се сметаат за фетиши: луѓето ги ставаат на ретровизори за да ги чуваат од сообраќајќи, студенти ги носат на испити за да положат, луѓето ги целиваат и им се клањаат, им припишуваат чудотворни (недокажани) моќи. Сепак во Новиот завет се спомнува само една единствена икона - Иконата на Ѕверот, кога патем исто така ќе биде чудотворна и тоа поткрепена со реални, а не измислени чуда. |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mnogu vistinito... kolku shto chovekot e poblizu do prosvetlenosta, tolku pomalu mu trebaat paterici.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
teodul
Сениор Регистриран: 05.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 190 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А што со иконите кои пуштаат крв или миро ( масло) или оние кои сами се изрежале одма до некоја нацртана икона.
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А што е со католичките статуи кои исто така прикажуваат течење на крвави солзи од очите на статуата која ја претставува блажената Марија? Зарем овие ефтини трикови (на кои им се смеат современите магионичари и илузионисти) ќе ги земеме за критериум на вистината? Ако православните денес се возбудуваат со овие ефтини трикови, тогаш што ќе биде кога ќе се појави Антихристот и ќе ја направи својата чудотворна икона која дури и ќе прозборува и ќе направи да бидат убиени сите што нема да и се поклонат: "Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. И му беше дадено да вдахне дух во иконата на Ѕверот така што иконата на Ѕверот да прозборува, и да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на иконата на Ѕверот." (Откровение 13:14-15) Немој да мислиш дека на оваа икона ќе биде нацртан некој црвен ѓавол со рокчиња, со опашка и со гребло во раката. Тоа ќе биде фантастично убава икона, бидејќи знаеме дека и „самиот сатана се преправа во ангел на светлината.“ (2 Коринтјаните 11:14) До сега не се случило некоја икона да прави вакви чуда (а и они останатите не се докажани, туку се само рекла казала). Библијата вели дека многумина ќе и се поклонат на таа икона. Што мислиш, кои ќе бидат тие што ќе и се клањаат на таа икона? Се разбира, оние кои и денес имаат слабост кон иконите, оние кои и денес ги сметаат за свети и богоугодни. Тие ќе бидат полесно прелажани. А оние кои денес не се поклонуваат ниту на икона каде што е распнат Исус Христос, за нив ѓаволот малку повеќе ќе се помачи за да ги убеди дека таа негова икона, каква и да е, ќе биде достојна за клањање. |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Bravo ova zapoved prekrasno si ja razbral-- se slozuvam sosema so tebe, ke se molam na Boga i cetvrtata zapoved da ja razberes na istiot nacin. Biblijata mnogu dobro dava odgovor na site prasanja samo treba da se bara mudrost od Boga za da se razbere!! pozz |
||
www.myspace.com/sblagoj
|
||
teodul
Сениор Регистриран: 05.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 190 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А што со нетлените - нераспаднати тела на светителите и тоа е илузија?? |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Неодамна, од Рим купив мала статуетка на Пресвета Богородица и ја ставив покрај кандилото и иконите. Станува збор за статуата Богородица од Лурд (Our Lady of Lourdes).
Знам дека статуетката ја симболизира Пресвета Богородица, што на овој настан кажала дека е безгрешен зачеток, нешто што не е во согласност со Светото Писмо. За ова сум свесен и за мене такво нешта оваа статуа не симболизира. Потоа, на некои места прочитав дека во Православното Христијанство не се дозволени статуи на Господ Исус Христос, Пресвета Богородица и светиите, односно, дека тие треба да се изобразуваат само на икони, а не и статуи и дека Православните Христијани не треба да имаат статуи, бидејќи со самата форма на статуата не се будела духовноста, напротив, се славело телесното. Побарав и неkoи одлуки од Вселенските Собори, но таму се говори за икони,ликови, без да се прецизира какви ликови, а не се прецизира дали се дозволени изобразувања како што се статуите. На друго место пак прочитав дека одлуките на Соборите се однесуваат и на статуите и да бидам искрен, сето тоа мошне ме збуни. Зборот "ликови" е доста општ збор. Сфатив дека на VII Вселенски Собор се говорело за икони, а не за статуи, но тој собор е прифатен како Соборен и од тогашниот Папа, кој цврсто се борел за признавање на одлуките, а знаеме дека во тоа време се употребувале и статуи. Најдов дури и статуи пред православни цркви: Втората статуа е од Константинопол, X век. Ja сфаќам разликата меѓу статуата и иконата, која е прозорец кон Небесното Царство, но, особено ме интересира, дали е точно едно тврдење кое го прочитав, дека статуите се седиште на демони и дека се спротивни на Десетте заповеди, бидејќи биле симбол на идолатрија. Дали може некој да ми одговори дали во православното Христијанство се почитуваат статуите, онака како што се почитуваат иконите, а истото да го поткрепи со одлуки од соборите, Светите Отци и православна литература и дали воопшто е дозволено православните Христијани да имаат статуи, или истите се забранети? Благодарам однапред на одговорот! Изменето од Македон - 06.Јуни.2011 во 17:41 |
||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pocituvaj onaa sto ti mislis deka e ispravno ...
|
||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Одсрце и најискрено му Го посакувам секому - како што посакувам за себеси и своите најблиски - потполното помазание и исполнение со БОЖЈИОТ Светол Дух, преку Кого сите прашања во Дух и во Вистина стануваат потполно одговорени! Затоа ние отсега никого не познаваме по тело; иако Христос Го познавме по Тело, но сега веќе не Го познаваме како таков! (2 Коринтј. 5:16) Изменето од spiros - 07.Јуни.2011 во 00:22 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас првенствено на иконосликарството и на фреско гледам како на уметност, посебна дисциплина и лично сакам да се опкружувам со сликани икони оти визуелната графика ми помага да се конектирам со сопствените чувства и да комуницирам подобро со своите мисли, т.е ги насочувам своите молитви.
Дали е погрешно или не, незнам, јас чувствувам дека е исправно.
|
||
Beauty fades, dumb is forever
|
||
Внеси реплика | страница <1 1314151617 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |