IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 129130131132133 146>
Автор
Порака
Џо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Каубоец

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Џо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2010 во 19:53
Go down on the balcony
To reveal your destiny
See the cars rollin'
The high winds blowin'

Under the trees a desert is revealed
Inside the desert...MORE TREES!!!

Under the shade , of the tallest tree.
A village whose houses had many such balconies...
Oh , the doors of perception may be...
Or such...they may not.
Be...

From the view of your balcony...
Future life is to be seen.

Just look at the growing trees...


Изменето од Џо - 01.Август.2010 во 19:54
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima



Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2010 во 17:10
Related image
 
          Пре
красниот Тој

Пре
свет е овој ден....
предолго се знаеме за  да биде вистина....
преамбициозно ме посакуваш....
претивок е твојот глас...

Претопло за да го имам бакнежот од твоите усни...
пресветло за да ја видам твојата сенка...
пребучен е мојот глас...
превлажно е моето тело...

Предалеку е сонцето....
преблиску се твоите раце...
префорсирано дишам...
преболно е да си речеме збогум.....

Пребрзо кажани зборови...
предлабоки се чувствата...
пре, пре, зарем само  пре...
прекрасно и престиж е ....човек да те познава !!!




Изменето од bijonse1 - 05.Јули.2018 во 20:33
Кон врв
Командантица Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Командантица Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2010 во 11:02
.....Дождот.....

Капка по капка
ја чувствувам неговата смелост
неговиот мирис
ме заносува
во стравот на бурните ноќи
како магла да допирам
исчезнува
студен трепет чувствувам
по моето лице
потекува
како доцен ноември,
се заканува
со острите канџи
на сивилото
го гледам и се плашам
помислувам, плачам..
но дождот е секогаш позади прозорецот
подоцна исчезнува!

..Живеам за да умрам..!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2010 во 23:56
    radost od..чуждина!

Орелски крилја jas  си метнaх,
И в грчки ст'рни  си прелетнех!
На
грчkи места ја си отидех,
и видех солун,халкидик видех
,......
и видех да с'нцето  тамо   светит,,

не како вамо, мрачно угревјат.

..................................................

Овде је мрачно, и мрак м'обвиват,
И темна м'гла земја покриват ;
Пљачки и мучки и пропалици,
Силни мизерии  и бедни вијулици,
Околу м'гли и мразој земни,
А в гр'ди студој и мисли темни.

Не, ја не можам овде да седам,
Не, ја не можам пљачки  да гледам!
и пак орелски крилја јас ке си метнам
И в грчки  ст'рни ке си прелетнам;
На
грчки места ја ке си идам,
Да видам
атина, крета   да видам.

Тамо зората греит душата,
И с'нце светло зајдвит в гората ;
Тамо дарбите природна сила
Со с'та раскош ги растурила:

Бистро море гледаш белеит,
Или од ветар синотемнеит;
Поле погледниш или планина,
Сегде божева је хубавина.

Тамо по срце в кавал да свирам,
С'нце да зајдвит, ја да умирам.


    ..........brza 2010 ©



Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
G1RL Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 103
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај G1RL Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2010 во 15:54
Иако не сум многу по пишување еве нешто од мене...
       

Црни мисли
И оваа ноќ осамена седам
со залутан поглед некаде гледам
црни мисли повторно ме обвиваат
тагата и болката повторно ме завиваат

Со што заслужив да биде така
зошто животот вака ми враќа?
Се што знам е болка и лага
за среќа незнам но знам за тага

Како да продолжам идеја немам
се што сакав животот ми зема
Се што вредеше изгубив веќе
сега венам ко обично цвеќе

Незнам како е да си сакан од некого
иако љубовта ја давав секому
Незнам како е да имаш другар прав
иако секој го сметав за драг
Незнам како е да ти подадат рака
но во животот кога-тогаш се се плаќа

Надешта е мртва сега и засекогаш
но омразата незнам дали ќе изчезне некогаш
Желбата за одмазда во мене гори
се чувствувам ко војник принуден да се бори

Смртта станува најпосакуваното нешто
но јас сум глумец го кријам тоа вешто
Нека бидат среќни тие нека биде среќен тој
и онака за него бев само странец некој
Можеби кругот ќе се сврти некогаш
ветувам дека ќе издржам сега како и секогаш.


Имам некој талент или да се откажувам навреме

Изменето од G1RL - 30.Август.2010 во 15:54
TODAY COULD BE YOUR BEST, WORST OR LAST DAY IN YOUR LIFE...
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2010 во 16:54
Законот на долгите чекања

Кога егото ќе се накачи
врз масивните планини
на една немоќ,
повикај го дождот со
вртоглав танец,
да ти го размачка лудилото…
И престани да веруваш
дека си подоздравел…
Размачканото е
разредена обилност,
иста суштина
разделена на детали,
главен текст во
милион фусноти,
расфрлани куќи
од еден ист дом…
Му ги грицкам ноктите
на овој бавен ден,
зошто со моите не успевам
да изгребам ни една цигара.
Мојата розова несоница
не успева да се продаде
за најцрниот кошмар.
Законот на долгите чекања
ми ја искушува трпеливоста.
Вистина е…
Снегулката што го издржа
теророт на летото
ќе биде убиена од тежината
на првиот снег.





Срца од стиропор

…А сакавме да им кажеме

оти нема љубов меѓу гениталиите…

оти има денови од пролетта,

што ни ластовичките не ги знаат…

оти има згазени цветови

што и покрај сè,

пуштаат семе за догодина.

Ни довикуваа прекари
што ги протолкувавме
како називи на
неоткриени ѕвезди.
И подобро ни прилегаа
на ликовите,
отколку
имињата што
ни ги дале
нашите родители.
Ние во нивниот
свет постоиме
како коцки мраз,
излишно поставени
на тацната
од топла шолја
чај во декември.
Со тенкиот скалпел
на гневот,
ни ги режат срцата,
оти мислат дека
и нашите се
како нивните.
Трошки од стиропор
наместо крв…





Совршено

На дождовните капки
им недостига твојот лик.
Неочекувано фатени во
блуд со шминката,
ја признаваат сета вина,
посакувајќи небо да
им се твоите очи.

Се сеќавам колку сакав
да имам мокра улица со тебе
и еден распукан ѕид од
куќа со прекрасна фасада.
Сакав крцкав трем
и градина со свенато цвеќе,
за да не биде совршено…

Со тебе сакав залудност
како цртање снег,
и очигледна лага
како утеха пред смрт.
Сакав ветрот
да ми љубомори
што имам прсти
за твојата коса
и да ме повикаш дома
на последниот чекор
пред врвот на светот,
оти ти недостигам,
како што твојот лик
им недостига
на дождовните капки.
И јас би се вратил,
на нашата мокра улица,
во нашата куќа со
совршена фасада
и еден распукан ѕид.
Би те гушнал
на нашиот крцкав трем
и би ти нашол…
Да, би ти го нашол
совршениот цвет
од нашата градина со
свенато цвеќе…





До кога?

Крило од морски галеб ти
е шамивчето со кое
се простуваш од летото,
а јас до тебе
- крварам на
врвот што ни
облаците не го виделе.
Заробен од стравот
да не почнам да верувам,
си ја полнам душата
со ситен песок
и се одрекувам
од радоста што
веќе се топи во нов очај.

Која е другата страна?
Таму кај што не се дише
или таму кај што не се сонува?

Си ги наместивме
смртните постели
и наскоро
ќе молчиме легнати
на перјата
од мртви птици.

Овде
доживуваме.
Овде
доодуваме.
Овде
догоруваме.
Овде
довршуваме.

До кога, до кога?

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2010 во 19:05
Originally posted by brza brza напиша:

mozebi vi lichi ama.....moja e!да.........:<h5 ="style1"><strong ="style1">       Т'ГА ЗА ......живот!</h5>

Орелски крилја как' да си метнех,

И в чужди ст'рни да си
прелетнех!

На чужди места ја да си идам,

Да видам Newyork, Hong kong да
видам,

Да видам дали с'нце и тамо

Мрачно угревјат, како и вамо.



Ако как' овде с'нце ме стретит,

Ако пак мрачно с'нцето светит;

На пат далечни ја ќе се стегнам,

И в други ст'рни ќе си побегнам,

К'де с'нцето светло угревјат,

К'де небото ѕвезди посевјат.



Овде је мрачно, и мрак м'обвиват,

И темна м'гла земја покриват ;

Пљачки и мучки и пропалици,


Силни мизерии  и бедни вијулици,

Околу м'гли и мразој земни,

А в гр'ди студој и мисли темни.



Не, ја не можам овде да седам,

Не, ја не можам пљачки  да гледам!

Дајте ми крилја ја да си метнам

И в чужди  ст'рни да си прелетнам;


На чужди места ја да си идам,

Да видам Miami,bermudi  да видам.



Тамо зората греит душата,

И с'нце светло зајдвит в гората ;

Тамо дарбите природна сила

Со с'та раскош ги растурила:


Бистро море гледаш белеит,

Или од ветар синотемнеит;

Поле погледниш или планина,

Сегде божева је хубавина.



Тамо по срце в кавал да свирам,

С'нце да зајдвит, ја да умирам.

......Thank's!голема%20насмевка



................mornici me...lazat!...seushte!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2010 во 22:23
Влажен бакнеж


http://images2.layoutsparks.com/1/172432/corpse-water-drops-splatter.gifhttp://picfor.bildero.net/001FDB34/Kiss-Me-In-The-Rain-sexy-rain-hot-Love-black-and-white-Wet-Couples-hugs-passion-kisses-Love-stuff-mine-tags-romantic-romanse_large.jpghttp://images2.layoutsparks.com/1/172432/corpse-water-drops-splatter.gif

Не го сакам црниот облак што е сега над нас...
не го сакам ниту овој ветар што ќе донесе уште...
не го сакам ниту твојот поглед кој е толку смирен а олуја се спрема...

Сакам да го почувствувам студенилото на облакот на моето лице..
сакам капка по капка да се тркала тоа студенило по моите усни....
сакам припиена блуза намокрена со студенилото по моите гради...

http://images2.layoutsparks.com/1/119408/beach-lover-rain-drops.gif


конечно .....дожд....

мижам нагоре прекрасно чувство на моето лице....
се вртам со раширени раце прекрасно чувство врз моето тело...
трчам боса .....

и желба ми се роди...

ја сакам твојата прегратка....
го сакам твоето мокро тело..
замижи...

на дождов бакни ме....

http://images2.fanpop.com/image/photos/13800000/The-Notebook-Rain-Kiss-Animation-rachel-mcadams-and-ryan-gosling-13899356-300-155.gif



Изменето од bijonse1 - 20.Септември.2010 во 18:13
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2010 во 11:15
http://www.hindoogle.com/blog/wp-content/uploads/2007/12/anakin-mustafar.jpg

             Страшен лик

Наеднаш само кога ќе се појавиш …

со твојот нестварен лик

меѓу тие  други убави замислени..

Морници ме лазат и очи затворам…

ахх таа  кривина во мисла ми се појавува

скришно те погледнувам и  те упивам…

Страшна фигура црна заканувачка…

поглед што здив  застанува

збор што неискажан останува…

Ветар силен дожд разнесува…

а мене сонце ме грее

брееее љубов ќе да е тоа??

http://myhungryghost.files.wordpress.com/2007/10/ghost1.jpg



Изменето од bijonse1 - 08.Ноември.2010 во 20:59
Кон врв
Џо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Каубоец

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Џо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2010 во 20:53
I can make you scream without the use of pain...
I can make you dance under the heaviest rain...
I can make you breathe where there is no air...
Can i make you smile ?!
-While every face is hidden under a cold vail...?!
I can make you wanna die from passion , while everyone else fails...

Trully yours...




...Cocaine...


Изменето од Џо - 30.Септември.2010 во 21:29
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima



Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 16:00
http://14.media.tumblr.com/2m8BXUfrimni3grob3Fsgq2no1_500.gif

  Јас ...таа друга половина...!!!

Дали просторот или времето е криво??

ме чекаше …а знаеше дека нема да дојдам

те чекав …ама знаев дека нема да те има…

безвременски простор празно царува

конечно никој никого не чека….


Секој ден си со мене а не те гледам

секој ден сум со тебе а ме немаш

ја лизнувам сувата усна влажна е…

поднослива болка на бедрата мои

уххх  на папокот  пеперутки рој…


Ги затворам  очите  за да те видам

не зборуваш за да те слушнам

мене топлина ме зашеметува…

претесно тебе ти станува

среде бел ден звезда од небо засветува…


Се случи наеднаш бучна тишина

осеќам како далечината не зближува

не признавам дека блискоста не одалечува …

вети ѕвезда  ќе ми  симнеш

а добив само бесконечен топол  кревет !!!



Изменето од bijonse1 - 01.Октомври.2010 во 16:01
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2010 во 16:12

http://www.moillusions.com/wp-content/uploads/2009/11/bsfc4q676v_2_sharbat_gula_450_Natural_Hallucinogen_ish-s450x390-27627-580.gifhttp://www.animationbuddy.com/Animation/Nature/Stars/Stars_flash.gif

    Мрш надвор !!!

Мрш надвор од мојата глава

не дека ќе ме замислиш  и  ќе ме предомислиш…

ма неееее  јас  сум само топол  ветер

кој ќе профури низ твојата клучалка…


Мрш надвор од мојата зеница

не дека ќе ме погледнеш  и ќе ме стопиш…

ма неееее јас сум само мала искра

која ќе угасне пред да се запали…


Мрш надвор од моите усни

не дека ќе ми прозбориш и ќе ме  бакнеш…

ма неееее  јас сум само нежен  допир

кој ќе исчезне  штом ќе се избришеш…


Мрш надвор од моето срце

не дека ќе затрепери и ќе ми го скршиш…

ма нееее јас сум  само  тик так звук

кој  ќе те посети саде  на будилник…


Мрш надвор од  мојава душа

не дека не можеш не дека не сакам

ма неееее јас сум само една сенка

која вечно ќе остане но каде…

во твојата глава …  зеница … усни… срце… или во твојата душа??

http://www.animationbuddy.com/Animation/Nature/Stars/Stars_flash.gif



Изменето од bijonse1 - 13.Октомври.2010 во 16:14
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2010 во 21:32
http://www.uredidom.com/Portals/0/CLANCI_FOTO/vrt_i_okucnica/zelena_klupa/zelena_klupa_03.jpg

  КЛУПА

Дали памтиш ???

една есен…

едни чекори…

една клупа…

те запознав !!


Дали памтиш …

еден паднат лист…

еден допир…

еден трепет…

те посакав!!


Дали памтиш…

еден облак…

еден  дожд…

една стреа…

те љубев…


Дали памтиш…

еден сончев зрак…

еден божилак…

една воздишка…

те имав…


Дали памтиш…

една есен…

една клупа…

едни чекори…

те изгубив…

animation4wl2.gif%20Rainbow%20&%20Rain%20image%20by%20jito57



Изменето од bijonse1 - 08.Ноември.2010 во 20:55
Кон врв
Anthony Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anthony Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2010 во 21:35

Never ban me
ban never dies
don't you want somebody to love?
don't you need somebody to love?

П.С Посветено на една модераторка
It’s nice to be important....it’s   important to be nice!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 129130131132133 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.