|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика | страница <1 6667686970 98> |
Автор | |||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
На 19 април 1941 година, при навлегувањето на бугарските единици во Струмица, Месниот комитет на КПЈ и Клубот на есперантистите организирале масовни демонстрации со учество на неколку илјади граѓани. Пред седиштето на есперантите се собрало маса граѓани и во поворка тргнале по улиците на Струмица. Носејќи ја картата на Македонија ги извикувале паролите Македонија на Македонците, Да живее слободна Македонија, Долу шпиони.[3] --- от книгата ↑ „Струмица и Струмичко низ историјата“ (1969), Манол Пандевски, стр. 404. http://mk.wikipedia.org/wiki/Народно-ослободителна_борба --- Сега да видим, коj говори истината? Ефтим Гашев или Манол Пандевски? Според првиот Струмичани демонстрираали против влегуването на бугарските воjски, според вториот - од клубот на есперантистите организирали акциjа со парола: " Да живее слободна Македониjа, долу шпионите!" Че таа акциjа е била во поткрепа на бугарските воjски кои са донесле слободата от српката окупациjа. |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Партиската организација реши свеченостите да ги
претвори во демонстрација против окупаторската бугарска војска. Овие акции се подготвувани и спроведени преку Клубот на есперантистите, кој работеше под раководство на Партиската организација. На состанокот во Клубот на есперантистите бил составен план на акциите и поделени задачите. Една група од 10 младинци добила задача на транспарентите да испише пароли: „Македонија на македонците", „Смрт на шпекулантите", „Долу шпекулацијата", „Долу скапотијата и експлоатацијата" и да се нацрта карта на цела Македонија што требало да се носи на чело на поворката од демонстрантите. На состанокот било решено хорот да се подготви и пее повеќе револуционерни песни. Членовите на Есперантскиот клуб добиле задача да спроведат широка агитација за што помасовно учество на граѓаните во демонстрациите, кон чија подготовка се пристапило во Клубот. Манол Пандевски Ги видовме паролите: „Смрт на шпекулантите", „Долу шпекулацијата", „Долу скапотијата и експлоатацијата"... Нели шпекулантите са били во Струмица преди влегуването на бугарските воjски? Возниква вопросот: кои са шпекулантите? |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Македонците знаеле дека Бугарите се шпекуланти и кога дојдат во Македонија нема начин да не шпекулираат и експлоатираат. Заради тоа партиската организација, знаејќи што ќе се случи, организирала демонстрации против оние кои ќе шпекулираат во идните години на тешка окупација. Тоа се вика превенција на окупацијата. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Доволно е да се погледне здебеленото и да се види за какви "спомени" станува збор. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сите тие луѓе кои ги чекале Бугарите како ослободители, заедно да ги собереш се помалку отколку едно маало. Затоа овие слики не значат ништо. Скопје било голем град и тогаш, со повеќе десетици, ако не и стотина илјади жители. Во 1945 година, по доаѓањето на Тито во Македонија, се собрале 60 000 жители. Ако веќе калкулираш со бројки, имај го тоа в предвид. |
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Види сега - прекрасно сознавам што тие филми за посрештането во голема степен са режисирани и са дел од пропагандата. Сите го прават. Како са го направиле во Скопиjе и во 1945 год. по доаѓањето на Тито. Но да се вратим на темата коja Анастеjа постави... Според неjа во Струмица во април 1941 г. е имало демонстрации против влегуването на бугарските воjски. (зоштото го е пишал Ефтим Гашев) И другото спротивно на тоа е бугарска пропаганда? Видим што Манол Пандовски во 1969 г. е видел собитиjата по различно. Некаков клуб на есперантистите и некаков хор коj пеел револуциони песни.... Голем "отпор" нема што. Каj нас казват: "Като нема риба и ракот е риба" |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Чоли, во градот на Струмица имало протести против влегувањето на бугарските војници, додека надвор од градот, бугарофилите и профашистичките граѓани ги пречекале бугарските војници. Eве сведоштво од непосреден учесник на настаните Нема потреба од философирање. Изменето од Македон - 11.Септември.2010 во 15:01 |
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За Сандо Масев не е точно како го сборуваш.Истиот не е убиен, умрел 4 месеци после ослободуването му од арестот: Нужно е посебно да се одбележи дека меѓу другите уапсени во јануари 1942 година, в затвор попадна и Сандо Масев, млад поштенски службеник, член на КПЈ и истакнат активист во Струмица. И Сандо беше жестоко мачен и тепан од бугарските полицајци. Од полицискиот участок излезе како тежок болесник; нему просто му беше одземен животот и веднаш потоа беше отпуштен од работа. Четири месеци потоа, на 12 мај 1942 година, Сандо Масев умре во страшни маки во Скопската болница, каде што беше однесен само пред еден ден. стр. 490 |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Има потреба од разјаснуванје на деталите, оти со просто око се гледа дека сведокот си лаже како што сака.
Значи уште на 8 април градското партиско довереништво знаело што ќе се случи, а сигурно и Хитлер уште не знаел. Сите сеќаванја го имаат недостатокот што сеќавателот се сеќава на работи, кои не се случиле со цел да се претстави како херој. И Гашев едно се сеќава сега, ама тогаш други работи вршел. Тоа други се сеќаваат за него. |
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Веднаш по навлегувањето на Германците, во Струмица бил формиран и таканаречениот „Македонски национален комитет", од приврзаници на Димитар Ѓузелов, кој им служел на германските окупатори во градот како цивилна власт до доаѓањето на бугарските единици. Тој вршел подготовки и за пречекот на бугарската војска и полиција, а по доаѓањето на последните, кога ја одигра својата улога, овој Комитет бил распуштен од Владата на Богдан Филов. Партиската организација во Струмица го знаеше денот на пристигањето на бугарските единици во Струмица. Партиското поверенство на 8 април одржал состанок, на кој ја разгледа настанатата ситуација по окупацијата на градот и околијата, и донесе одлука што може да се резимира во следново: 1. Да се разбијат кај масите евентуалните илузии дека бугарската војска и власт се ослободители, — пропаганда ширена со децении, туку да се објаснува дека тие доаѓаат како фашисти и окупатори, со цел да го ограбуваат и експлоатираат македонскиот народ. 2. Да се поведе борба против сите шпекуланти, предавници и бивши соработници на српската власт, кои веднаш по доаѓањето на Германците почнаа да пактират со нив, и кои по доаѓањето на бугарските власти беа склони да соработуваат со истите, користејќи ја таквата ситуација за сопствено богатење и експлоатација на работните маси. 3. Да се спречи свечениот пречек на бугарските окупаторски војски, кои го подготвуваа одделни шпекулантски и фашистички елементи од градот како: Ефтим Бојчев. д-р Александар Белев, Никола Нанов, Динчо Скерлев, Томо Иванов и неколкумина други. Партиската организација реши свеченостите да ги претвори во демонстрација против окупаторската бугарска војска. Овие акции се подготвувани и спроведени преку Клубот на есперантистите, кој работеше под раководство на Партиската организација... ...Кога на 18 април се пренел гласот за доаѓањето на бугарската војска, пред Клубот на есперантистите се собрало маса граѓани, предимно младинци и работници, и во поворка тргнале по улиците на Струмица, носејќи ја картата на Македонија и испишаните пароли, пеејќи револуционерни песни. Кога стигнале во центарот на градот, месните колаборационистички елементи се обиделе со сила да ја растурат поворката и да ги скинат транспарентите. Младинците и работниците не го дозволите тоа, пресметнувајќи се физички со нив. А поворката, приближувајќи се кон крајот на градот, сè повеќе се зголемувала, кон неа се приклучувале новопридојдени граѓани. Во таквата ситуација пробугарските елементи биле принудени да одделат група од пет до шест „благонадежни" струмичани кои да излезат надвор од градот и таму да ги одржат своите поздравни говори, но и тоа многу не помогнало. Кога бугарскиот 14-ти пешадиски полк, предводен од полковникот Димов влегол во градот, народот ги дочекал со извикување на антибугарски пароли(???), со работнички револуционерни песни и носејќи ги транспарентите на кои беа испишани паролите „Македонија на Македонците" и други, како и картата на Македонија... Другите (антибугарски) пароли веке ги видохме: Долу шпекулациjата |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Што не е јасно бе Чоли, баш за Струмица ли најде да манипилураш, сечеш делови од текстот во книгата како што ти одговара, па ги извртуваш?! Сакаш со дрвото да ја сокриеш шумата, ама тешко дека ќе успееш, при жива струмичанка тука која ја има дома и книгата и во главата сведоштвата од своите предци. Многу убаво си е напишано во книгата, точно онака како што било и како што напишав во претходниот мој коментар: и за пречекот, и за протестот, кој што организирал, и за шпекулантите кои биле, и за ѕверствата. Баш фино што ја стави книгата тука, јас ќе ги постирам страните во кои е опишан пречекот и протестот на бугарските војници, целосно, без твојата цензура. Читај убаво и не филозофирај. Место за пропаганда тука нема, се е јасно. ОКУПАЦИЈА НА СТРУМИЧКА ОКОЛИЈА 1. ПРОПАСТА НА СТАРА ЈУГОСЛАВИЈА И ОКУПАЦИЈА НА СТРУМИЦА По настаните од 27 март 1941 година, кога народите на Југославија, предводени од Комунистичката партија на Југославија ја урнаа ненародната влада на Цветковиќ — Мачек, стана јасно дека Југославија ќе биде нападната од фашистичките сили. Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија на чело со Јосип Броз — Тито, укажа на блиската фашистичка опасност за Југославија од страна на фашистичките сили. Познато беше дека германските војни сили беа концентрирани во соседна Бугарија, согласно спогодбата склучена меѓу Хитлерова Германија и Бугарија. Од први март 1941 година, Бугарија стана воена германска база за напад на Југославија и Грција. Струмица и Струмичко како граничен крај кон Бугарија, се наоѓаше на еден од мошне важните операциски правци, низ чија територија се излегува, преку Радовиш и Штип, во Брегалничката долина и Овче Поле, а на друга страна преку селото Костурино и Валандово — кон Вардарската долина, Дојран и Гевгелија, а понатаму кон територијата на Грција. Овие беа важни комуникации што ги сврзуваат сите спомнати правци и места и овозможуваат движење, префрлување и дејство на моторизирани и други сувоземни војски. Во реонот на Петрич на бугарската територија, беа сконцентрирани 18-ти и 30-ти германски корпус, кои по заземањето на Струмица имаа за задача: преку Дојран и Гевгелија да ја нападнат Грција. Кога на 6 април, Хитлеровата војска отпочна ненадеен напад по сите граници на Југославија, на кој му претходеше силно воздушно бомбардирање на важните центри во Југославија, пред сè на Белград, а во Македонија на Скопје и Штип, во раните утрински часови, по претходна силна артилериска и авио- подготовка, отпочна нападот на струмичкиот правец и веќе негде во претпладневните часови истиот ден, германските единици ја окупираа Струмица и поважните места во околијата, продолжувајќи ги своите дејствија во правец на Валандово и Дојран, а со друг дел од силите се упатија кон Радовиш и Штип. Ваквиот брз успех на германските единици може да се објасни со тоа што германските сили беа апсолутно надмоќни во жива сила и воена техника. Воените власти во стара Југославија, па и во Струмица не беа извршиле целосна мобилизација, војската беше наоружена со слабо и застарено оружје. Дел од офицерите од 49-ти пешадиски полк и граничните единици беа петоколонаши и сееја дефетизам меѓу војниците и командниот кадар. Потоа, не беше извршена концентрација на силите во местата што требаше да го затворат и бранат правецот на германското настапување. Артилериската муниција и другиот воен материјал неопходен за војна, место да се префрли на позициите во близина на границата, бил истоварен во реонот на градот. Штабот на Брегалничката дивизија, не сакал да ги даде потребните транспортни средства за неговото префрлување до позициите. Мал дел од артилериската муниција бил префрлен до положаите со болничката кола на 49-ти пешадиски полк, и тоа на барање од некои млади офицери, а по иницијатива на поручникот д-р Миољуб Кичиќ, за што бил остро нападнат од командантот на дивизијата, со мотивација дека болничката кола е за превоз на болни и ранети, а не на муниција. Тој барал муницијата, ако нема со што да се транспортува, да лежи таму каде што била. По доаѓањето на Германците во Струмица, муницијата паднала во нивни раце, како и голема количина оружје и друг воен материјал. Отпорот, организиран од некои млади офицери на положаите во близина на границата, набргу бил совладан, и тоа со доста жртви. Поради недостиг на муниција, како и заради напуштањето на позициите од повисоките команди и штабови, војниците биле принудени да се повлекуваат неорганизирано. Повеќето од војниците потоа биле заробени од германските војски. Мал дел од претставниците на буржоазијата, главно шпекулантски елементи и предавници, побрзаа да ги поздрават германските офицери. Тие беа истите оние луѓе, што само до пред еден ден, соработуваа со големосрпската власт во околијата и ја искажуваа својата лојалност кон ненародниот режим на стара Југославија. 2. ВЛЕГУВАЊЕ НА БУГАРСКИТЕ ОКУПАТОРИ ВО СТРУМИЦА На 27 март 1941 година, кога Хитлер донесе одлука да ја нападне Југославија, тој имал и готови планови за поделба на нејзината територија, што подоцна било и докажано. Според овие планови, Бугарија за заслугите што ı ги направи во освојувањето на Југославија и Грција, го доби најголемиот дел од Македонија како и други југословенски територии. Тогаш меѓу останатите краишта од Македонија и Струмица беше окупирана од Бугарската армија. По таков начин бугарската империјалистичка буржоазија веруваше дека во лицето на фашистичка Германија ја нашла силата, за остварување на нејзиниот санстефански сон. Затоа, неколку дена по германските војски, стигнаа во Струмица и некои големобугарски емисари, чија задача беше да го подготват народот за свечен пречек на Бугарската армија и полиција, односно за окупација и на струмичкиот крај. Меѓу овие се наоѓаа и неколкумина приврзаници на бившата михајловистичка ВМРО и емигранти кои ı служеа на фашистичка Бугарија како: Васил Катин — Голаш, Атанас Нушката, Атанас Ансаров, Панде Арабаџиев, Љамо Комаров, Дончо Алаџов, Мирчо Лазаров и други. Веднаш по навлегувањето на Германците, во Струмица бил формиран и таканаречениот „Македонски национален комитет", од приврзаници на Димитар Ѓузелов, кој им служел на германските окупатори во градот како цивилна власт до доаѓањето на бугарските единици. Тој вршел подготовки и за пречекот на бугарската војска и полиција, а по доаѓањето на последните, кога ја одигра својата улога, овој Комитет бил распуштен од Владата на Богадан Филов. Партиската организација во Струмица го знаеше денот на пристигањето на бугарските единици во Струмица. Партиското поверенство на 8 април одржал состанок, на кој ја разгледа настанатата ситуација по окупацијата на градот и околијата, и донесе одлука што може да се резимира во следново: 1. Да се разбијат кај масите евентуалните илузии дека бугарската војска и власт се ослободители, — пропаганда ширена со децении, туку да се објаснува дека тие доаѓаат како фашисти и окупатори, со цел да го ограбуваат и експлоатираат македонскиот народ. 2. Да се поведе борба против сите шпекуланти, предавници и бивши соработници на српската власт, кои веднаш по доаѓањето на Германците почнаа да пактират со нив, и кои по доаѓањето на бугарските власти беа склони да соработуваат со истите, користејќи ја таквата ситуација за сопствено богатење и експлоатација на работните маси. 3. Да се спречи свечениот пречек на бугарските окупаторски војски, кои го подготвуваа одделни шпекулантски и фашистички елементи од градот како: Ефтим Бојчев. д-р Александар Белев, Никола Нанов, Динчо Скерлев, Томо Иванов и неколкумина други. Партиската организација реши свеченостите да ги претвори во демонстрација против окупаторската бугарска војска. Овие акции се подготвувани и спроведени преку Клубот на есперантистите, кој работеше под раководство на Партиската организација. На состанокот во Клубот на есперантистите бил составен план на акциите и поделени задачите. Една група од 10 младинци добила задача на транспарентите да испише пароли: „Македонија на македонците", „Смрт на шпекулантите", „Долу шпекулацијата", „Долу скапотијата и експлоатацијата" и да се нацрта карта на цела Македонија што требало да се носи на чело на поворката од демонстрантите. На состанокот било решено хорот да се подготви и пее повеќе револуционерни песни. Членовите на Есперантскиот клуб добиле задача да спроведат широка агитација за што помасовно учество на граѓаните во демонстрациите, кон чија подготовка се пристапило во Клубот. Месните шпекулантски елементи, како и оние што беа дојдени од Бугарија, а го подготвуваа свечениот дочек на бугарските фашисти, кога разбраа за подготовките на партиската организација почнаа со разни провокации и заканувања, настојувајќи тоа да го спречат. Ним најмногу им пречеше картата на Македонија. Пуштија гласови дека ако се носат транспаренти со испишани пароли, бугарските војници ќе стрелаат во масата. И покрај заканите и провокациите, партиското членство и младинците ги продолжиле подготовките за демонстрациите. Кога заканите не помогнаа, Ефтим Бојчев, со група негови истомисленици, се обиде населението така да го распоредат, давајќи им на луѓето бројчиња и определувајќи место кој каде да се наоѓа и кој треба да присуствува на дочекот, а кој не. Со тоа смислено сакаа да ги разделат демонстрантите да не бидат на едно место, во група, ами да бидат раскинати. Истовремено бил подготвен и говор кој требало да го одржи некој од демонстрантите, но до тоа не дошло. 3. ДЕМОНСТРАЦИИ ПРИ ВЛЕГУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО СТРУМИЦА Кога на 18 април се пренел гласот за доаѓањето на бугарската војска, пред Клубот на есперантистите се собрало маса граѓани, предимно младинци и работници, и во поворка тргнале по улиците на Струмица, носејќи ја картата на Македонија и испишаните пароли, пеејќи револуционерни песни. Кога стигнале во центарот на градот, месните колаборационистички елементи се обиделе со сила да ја растурат поворката и да ги скинат транспарентите. Младинците и работниците не го дозволите тоа, пресметнувајќи се физички со нив. А поворката, приближувајќи се кон крајот на градот, сè повеќе се зголемувала, кон неа се приклучувале новопридојдени граѓани. Во таквата ситуација пробугарските елементи биле принудени да одделат група од пет до шест „благонадежни" струмичани кои да излезат надвор од градот и таму да ги одржат своите поздравни говори, но и тоа многу не помогнало. Кога бугарскиот 14-ти пешадиски полк, предводен од полковникот Димов влегол во градот, народот ги дочекал со извикување на антибугарски пароли, со работнички револуционерни песни и носејќи ги транспарентите на кои беа испишани паролите „Македонија на Македонците" и други, како и картата на Македонија. Со тоа на бугарските окупатори им беше ставено до знаење дека Струмица ги дочекува како непријатели. Исто така тоа значеше дека на македонците не им е до бугарските „национални идеали" и до „велика Бугарија", туку до обединувањето на распокинатата Македонија и до слобода и социјална правда. Партиската организација во Струмица, истапувајќи со пароли со политичка содржина и со картата на Македонија, следени од поголемиот дел на граѓанството, ја искажаа својата политичка и национална зрелост. И покрај постоењето на колебливост и страв кај одделни членови на Есперантскиот клуб, иницијативата на партиската организација за изведување на демонстрации против бугарите беше прифатена од широките слоеви на граѓанството. По пристигањето на бугарската окупаторска војска, на неколку дена пристигна и бугарската полиција, како и административниот апарат. Сите чиновнички места во општините, во банките, поштите и другите установи биле пополнети со чиновници доведени од Бугарија. Бугарската окупаторска власт и војската, уште од самото доаѓање, настојуваа да се прикажат како ослободители, а не окупатори на македонскиот народ. Тие започнаа да ја негираат македонската нација, настојувајќи да го искоренуваат македонскиот и да го заменуваат со бугарскиот јазик, и воопшто останаа верни на својата политика што ја водеше бугарската буржоазија уште пред ослободувањето на Бугарија, подвлекувајќи дека го „ослободиле" македонскиот народ после дваесетгодишно ропство под Србите. Нашиот народ и во Струмичко ги виде „ослободителите" со нивната вистинска физиономија. Уште од првите денови тие започнаа со блокади и претресувања на градот и селата, а под изговор дека бараат оружје. Целта на овие претреси беше да се опљачка она што се може и каде што се може. Бил претепуван секој оној кој на каков и да е начин се обидувал да противречи. Селаните од село Сушица најдобро ги запомнија „ослободителите", и тоа уште во април 1941 година. При влегувањето на бугарската војска во селото биле опљачкани повеќе куќи и поголем број селани. Еден бугарски војник, на селскиот оџа Ибраим Мустафа му го дигнал и саатот од џебот. Кога оџата отишол да се жали кај бугарските офицери и го посочил војникот, офицерите го избркале, тврдејќи дека тој војник не бил во селото Сушица. Вечерта војниците и старешините од „8 рота" на 14-ти полк, дошле пак во Сушица, упаднале во куќата на оџата и неколку други турски куќи, заедно со кметскиот намесник, поставен само неколку дена пред тоа, дигнале сè што нашле и убиле шестмина души Турци сосе оџата. Освен тоа, бугарските војници ги силувале жените и ќерките на убиените, а потоа им ги изгореле куќите. Во оргиите на бугарските војници, тие раниле и еден свој војник. Окупаторите го искористиле тоа и пред населението го прикажале случајот дека биле божем нападнати од селаните, меѓутоа народот од Сушица и околните села, ја знаеја вистината. Сите убиени од Сушица биле познати како многу поштени и работни луѓе. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Чоли, во книгата "Судењата како последен пораз", го имаме сведоштвото на таткото на Сандо Масев, погледни го на страна 75. Колку и да се обидуваш да вметнуваш некои додатни сведоштва, кажувања, она изјавено од најблиските и непосредни сведоци, особено и пред суд, доволно говори. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Oва го говориш за Сандо Масев или за протестите кои ги опишува Мара Минанова?
Каснакоски, Бугарија тогаш била дел од фашистичките сили, германските војски тргнаа од Бугарија во Македонија
Jaс се потпирам на непосредното сведоштво, не на тоа што некој слушнал, подоцна дознал и слично. А непосредното сведоштво укажува дека бугарската војска не била дочекана како ослободител во Струмица и била пречекана со протест. |
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не ја знам сликата ниту од кога е, ама ти пак твоето: дрвото пред шумата! Претпоставувам да знаеш малку повеќе за за историјата на Струмица штом тука дискутираш, за нејзиното потпаѓање под бугарска власт после Бук*решткиот договор па се до Нејскиот договор 1919-та. Ова биле едни од најтешките години во струмичката историја, оттогаш останале и пробугарски настроени групи, и објекти, но и сеќавања кај народот за ѕверското однесување на бугарската власт од тој период, па си знаеле што треба да очекуваат со нивното повторно доаѓање во градот. Затоа и бил отпорот толку голем кај струмичани. Инаку, во центарот на градот имаме еден хотел “Есперанто“ (додуша руиниран е веќе). По твојата аналогија, дали тоа имплицира нешто за струмичани? Можеби сме есперанто-вци, по твојата логика? |
|||
Внеси реплика | страница <1 6667686970 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |