IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонската репрезентација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонската репрезентација

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 35>
Автор
Порака
HEPBO3EH Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај HEPBO3EH Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2010 во 02:40


Предлагам истава тема да се отвори уште еднаш, специјално за да си коментираат таму женските членови! Стварно тапа коментари пишуваат (чест на реееетки исклучоци)
Некои дури и чувство за хумор имаат






Originally posted by Schatzii Schatzii напиша:

Нашите кога биле уигранима%20ајде немам желба да ги гледам кога играаттага






Originally posted by zamislena zamislena напиша:

...Ај сега вака ..па и не беа толку лоши нашиве , ако се земе во
предвид дека играа со ...по две леви нозе ........  но ..па.. за толку да

се критикуваат и онака ...  со  УАААА   .... да си заминат ....тага....

..нека%20ти%20е%20срам..  Почнаа да растураат Ерменците во последните  десеттина минути  намигнување.......    и тие многу шанси пропуштија....

..Од мене  имаат .....  мала поддршка ...мислам  Македонскава Репрезентација ........среќа

 





Originally posted by BiBi_G BiBi_G напиша:

ne gi gledav vecerva...mi bese sram не%20зборувам





Ги молам споменатите да не се навредат




Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2010 во 03:44
Originally posted by HEPBO3EH HEPBO3EH напиша:

Тоа е. На пријателските парче правиме, а сега за малце ќе изгубевме од Ерменија и тоа среде Скопје.

МОРА некој да сноси одговорност. Ако не некој од играчите тогаш парем тренерот да си оди. Не може никој да не е крив. Оној во Словачка црвен картон доби, овој денеска за врат го фати Ерменцон, ќе се тепал демек...

Јас лично имам впечаток дека со пола сила играа нашиве. После им викала цела публика дека биле хомосексуалци, е ќе им вика!

Ако не победиме два пати во октомври, (без разлика што играме со Андора на гости и со Русија дома) би требало да се смени пола тим + тренерот.

Денеска еднинствено ми се допадна на Милко малиот
како игра. Марио ќе биде играчиште опасно, така ми изгледа. Нема респект многу многу... И Стевица Ристиќ не беше лош. А другиве...

Уште не е касно, може нешто да се поправи иако сега сме на табелата 5-то место. Мислам дека досега не сме биле претпоследни


Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Nasite igraa dobro se dodeka bea vo igra Mario Gjurovski i Stevica Ristic.Da ostanea tie dvajca vo igra do 90 minuta ke go resea natprevarot vo nasa korist.Posebno ovoj Mario Gjurovski e struja, znae da vleze vo sansa. A i Stevica Ristic e majstor za golovi... Mislam deka ovie dvajca zasluzuvaat da im se dade sansa i pogolema minutaza.Sega, neka ni e nazdravje bod protiv Ermenija koga ne znaat kogo da pustat da igra a koj da sedi na klupa хипнотизиран



Се сложувам, ама немаа душа веќе сиротите, како само они да играа...



Jas sum siguren deka ako ostanaa vo igra Mario i Stevica ke dadevme uste dva gola najmalku i ke gi pobedevme .

Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2010 во 11:06
ќе биде бе ....... некад .. не губете надеж веднаш .... ова е само варка , финта ......... да помислат другите дека сме очајни , никакви , со две леви , па да се опуштат во дуелите со нас ........ ќе ги тепаме сите останати па и Русија а на словаците ќе им вратиме мило за драго коа ќе дојдат кај нас ....... Ерменците ќе ги скинеме таму и на крај ќе завршиме како први во група .......... СФ ...... ни Артур Кларк не може вака .......... газење%20од%20смеење
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2010 во 17:59
Zaboravi da spomenes deka UEFA kje gi preispita sudiskite odluki od mecot vo Bratislava i kje go ponistat golot...
Кон врв
keravn Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 48
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај keravn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2010 во 17:25
Ако со Словачка се сметаше дека е несреќен пораз, ерменците синоќа во Скопје не почестија со бод, иако требаше до врв да ни ја наполнат мрежата, но што е многу поважно ни потврдија дека имаме селекција за маргинални достигнувања. Што уште треба да ни се случи за да сватиме дека немаме капацитет? И конечно нели е ова доволно и за фудбалските сеачи на магла да престанат во својот речник да употребуваат термини од типот лесна група, бараж, пласман.

Стануваат здодевни, лажната еуфорија и нереалната амбициозност со кои влегуваме во квалификациските циклуси. Веќе станува очигледно дека за себе имаме превисоко мислење што токму најдоговорните во селекцијата безмилосно го потенцираат иако и самите не се баш најубедени во тоа. Но тоа стана убав и проверен инструмент, да се грабне позицијата, а потоа да се опстане што подолго на неа без оглед што се случува. Кога основната цел е тоа, да се владее по секоја цена и да се води селекција само за побогато ЦВ.

Ерменија во Скопје да држи час по фудбал и да си замине дома разочарана со само освоен бод – и тоа со право. Затоа би било добро да се признае дека стануваме селекција од третиот европски ешалон, да не се игра со емоциите на искрените фудбалски фанови и да им се отстапи место на некои што можеби нешто можат да поправат во период од 10-ина години. А баражите и пласманите да им ги препуштиме на некои поквалитетни и поумни, примери има, Црна Гора, Словачка, Словенија, Кипар.
“Laugh as much as you breathe and love as long as you live.”
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2010 во 18:11
Originally posted by Marko Polo 1 Marko Polo 1 напиша:

Zaboravi da spomenes deka UEFA kje gi preispita sudiskite odluki od mecot vo Bratislava i kje go ponistat golot...
 
 
и службено ќе ни припишат 3 бодови голема%20насмевка
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2010 во 23:15
Originally posted by keravn keravn напиша:

Ако со Словачка се сметаше дека е несреќен пораз, ерменците синоќа во Скопје не почестија со бод, иако требаше до врв да ни ја наполнат мрежата, но што е многу поважно ни потврдија дека имаме селекција за маргинални достигнувања. Што уште треба да ни се случи за да сватиме дека немаме капацитет? И конечно нели е ова доволно и за фудбалските сеачи на магла да престанат во својот речник да употребуваат термини од типот лесна група, бараж, пласман.

Стануваат здодевни, лажната еуфорија и нереалната амбициозност со кои влегуваме во квалификациските циклуси. Веќе станува очигледно дека за себе имаме превисоко мислење што токму најдоговорните во селекцијата безмилосно го потенцираат иако и самите не се баш најубедени во тоа. Но тоа стана убав и проверен инструмент, да се грабне позицијата, а потоа да се опстане што подолго на неа без оглед што се случува. Кога основната цел е тоа, да се владее по секоја цена и да се води селекција само за побогато ЦВ.

Ерменија во Скопје да држи час по фудбал и да си замине дома разочарана со само освоен бод – и тоа со право. Затоа би било добро да се признае дека стануваме селекција од третиот европски ешалон, да не се игра со емоциите на искрените фудбалски фанови и да им се отстапи место на некои што можеби нешто можат да поправат во период од 10-ина години. А баражите и пласманите да им ги препуштиме на некои поквалитетни и поумни, примери има, Црна Гора, Словачка, Словенија, Кипар.


Браво keravn ... да
Сакале или не , ни се допаѓало или не ... тоа е вистинската реална слика за Македонската репрезентација....
Останува само надежта дека ... некогаш може да биде подобро
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2010 во 07:50
Пад од пет места за Македонија на листата на ФИФА

Пет места подолу во споредба со минатиот месец, односно на 71-та позиција се најде фудбалската репрезентација на Македонија на најновата ранг листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денеска.

Причина за полошиот пласман од августовското рангирање кога македонската селекција беше 66-та е поразот од Словачка и нерешениот исход со Ерменија во почетните две кола од квалификациите за ЕУРО 2012.

Од противниците на Македонија во квалификациската група, Словачка е најдобропласирана и е на 16.позиција, Русија е на 25.место, Република Ирска е на 33.место, Ерменија е 105-та, а најслабопласирана е Андора која е на 202-та позиција и е следниот противник на македонската репрезентација во 3.коло од квалификациите.

На врвот на ФИФА листата и натаму е светскиот шампион Шпанија, пред Холандија и Германија која го истисна Бразил на 4.место. Аргентина е петта, пред Англија Уругвај, Португалија и Египет. Првата десетка ја заокружува репрезентацијата на Чиле.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 20 октомври.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2010 во 18:37

Без Попов против Андора и Русија

Македонската фудбалска репрезентација на претстојните два квалификациски дуела, на 8 октомври во Ла Вела против Андора и четири дена подоцна против Русија во Скопје, ќе биде без стандардниот репрезентативец Горан Попов. Тој завчера се појави во дресот на Динамо Киев во второто полувреме од средбата на Лига Европа против Шериф и ја обнови повредата поради која претходно отсуствуваше од мечевите од украинското првенство.
Поради ова, селекторот Мирсад Јонуз го ослободи Попов од обврските, но, истовремено, изјави дека нема да повикува ново име за следниот двомеч.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 15:15

Шокиран сум од Пандев

Селекторот Мирсад Јонуз со неверица ја прими информацијата дека најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев се откажува од настапите во репрезентацијата.

Информацијата, што "Вест" ја објави во вчерашниот број, дека Горан Пандев повеќе нема да игра за Македонија му го загорчи утринското кафе на селекторот во Барселона, на подготовките на репрезентацијата за квалификацискиот меч со Андора.
- Не верувам дека Пандев повеќе нема да игра за репрезентацијата. Добро го познавам и мислам дека го изјавил тоа повеќе во афект - не можеше да поверува репрезентативниот учител.
- Сепак, ако тоа го изјавил Пандев, јас ја почитувам секоја негова одлука, но, истовремено, знам, ако биде в ред со повредата, може да се случи тој уште в сабота да се појави на подготовките за натпреварот со Русија.
Селекторот се наврати и на односот на публиката кон репрезентацијата.
- Болат свирежите од навивачите, кои дома секогаш треба да бидат наш 12. играч. Не беше пријатно да се слушаат свирежите во финишот на мечот со Ерменија. Публиката не исвирка и по водечкиот гол на Катар, па на крајот победивме. Но, треба да биде јасно: сите сакаме да победуваме на секој меч. И публиката и фудбалерите и целиот македонски народ сака да се радува на победите, но ние не сме Бразил, Шпанија, Аргентина..., па да играме толку успешно. Знам дека Пандев е под голем притисок бидејќи секогаш најмногу се очекува од него, но убеден сум дека ќе се премисли и повторно ќе ја предводи репрезентацијата - изјави Мирсад Јонуз.
Инаку, што се однесува до македонската репрезентација, која во Ла Вела се подготвува за мечот со Андора, поради повреда на раката Јонуз нема да може да смета на голманот Дарко Тофилоски и, најверојатно, како трет голман ќе биде повикан Кристијан Наумовски

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 15:25
Главата горе, се може и без Горан Пандев          

      
Струмичанецот, кој е наш најдобар фудбалер, многупати досега го покажал екстра-квалитетот на натпреварите за неговите клубови Лацио и Интер, но факт е дека, иако вложувал многу труд, не паметиме негова добра партија за македонската репрезентација       
       
      
Најдобриот македонски фудбалер во моментов, фудбалерот на Интер Горан Пандев, се дрзна да и соопшти на јавноста дека веќе нема да игра за репрезентацијата поради тоа што бил разочаран од однесувањето на публиката и од третманот што А-тимот го имал воопшто. Нималку капитенски, иако за овие квалификации ја доби честа да ја носи лентата на својата рака, во најлош можен момент пред важните дуели со Андора и со Русија, Пандев со оваа изјава до максимум ја вжешти и онака многу нервозната атмосфера во таборот на селекторот Мирсад Јонуз. Наместо да се обиде да дејствува смирувачки и, ако не може играчки, барем вербално да ги поддржи другарите од А-тимот, струмичанецот себично, како што многупати досега се однесувал и на теренот, му заби нож на и онака полумртвиот македонски фудбал.

Немаше вчера ниту еден љубител на фудбалот што мирно ја дочека веста за откажувањето од Македонија на најефикасниот на репрезентацијата. Но како никогаш досега сите го осудија тој потег, многумина го нарекоа кукавички и себичен, а мнозинството го оквалификува како крајно невнимателен и со лош тајминг.

Можеби и со право, откако струмичанецот направи очајно лош маркетинг, најмногу за самиот себеси, зашто иако е наш најдобар фудбалер, екстра-квалитетот го покажуваше само на натпреварите за неговите клубови Лацио и Интер, а факт е дека, иако вложуваше многу труд, не се памети негова добра партија за македонската репрезентација.

Аргументите на Пандев дека си оди поради лошиот однос на публиката спрема него и националниот тим воопшто не држат, зашто навивачите имаат право за парите што ги даваат да влезат на натпреварите, да демонстрираат незадоволство на секаков начин, секако ако тоа е во рамките на ненасилничко однесување. Така што, ако публиката со овации ги испрати македонските фудбалери по поразот дома од Шпанија (2-3), кога видоа како играчите го оставаат срцето на терен, исто така има право со концерт свирежи да го осуди „балетанскиот“ пристап на дуелот со Ерменија (2-2), меч што, според Пандев, ја прелеал чашата на незадоволство. Исто така, навивачите имаат право да бараат големи резултати, особено што гледаат дека пристапот на играта во клубовите и во репрезентацијата воопшто не е ист. И на крајот на краиштата, свирежите на навивачите на дуелот со Ерменија не беа само за Пандев туку за целиот тим, на чело со стручниот штаб, па никој од преостанатите не се дрзна да се откажува од понатамошно играње. И нека се запраша нашиот најдобар фудбалер како им е на најмалите, чиј идол е токму тој, кога го гледаат миленикот како само тој молчи кога се изведува македонската химна пред почетокот на натпреварите. А во училиштата учат дека пеењето на химната е најсветото нешто кога станува збор за бранење на државните бои.





Прашањето е зошто Пандев внесува немир во тимот токму во овој момент, кога пред Македонија се два меча, гостувањето кај Андора и мечот дома со Русија. Напаѓачот на Интер не е од вчера македонски репрезентативец и секогаш ги слушал свирежите на трибините, зашто публиката воопшто не е сменета. Каква-таква, разгалена или не, македонската фудбалска јавност многупати нелогично постапувала спрема најдобрите македонски фудбалери, но на крајот на краиштата, секогаш била на нивна страна. А на Пандев тоа не му пречеше кога беше фудбалер на Лацио со само една освоена (куп) титула, а наеднаш му стана главна болка откако минатата сезона со Интер освои сé што можеше да освои како професионален клупски фудбалер. За да го има досието перфектно, му недостига само учество на некое големо репрезентативно натпреварување, Светско или Европско првенство. Но од таа шанса, Пандев се откажа многу лесно...

Болеста што ја имаше кошаркарот Петар Наумоски, а ја прележа и ракометарот Кирил Лазаров, го фати и Пандев. Веројатно славата и парите на македонските спортисти многу често им удираат во глава и, наместо да дојдат и да даваат максимум секогаш кога треба, тие на најмала пречка се откажуваат и многу лесно му вртат грб на националниот грб. И секогаш грешката ја барале кај другите, никако кај себеси. А за споредбата да биде квалитетна докрај, многупати досега сме се радувале на победите на Македонија, благодарение на кошевите на Наумоски и на головите на Лазаров, но истото не може да се каже и за Пандев. Ексклузивноста да се радуваат на неговите успеси секогаш ја имаа само навивачите на Лацио и на Интер...



ФФМ може да го суспендира ако одбие да настапи

Според правилата на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Горан Пандев може да добие суспензија од страна на ФФМ ако одбие настап за репрезентацијата. Ако кој било фудбалер не се одзве на повик на селекторот, а притоа игра без проблеми за матичниот клуб, може да биде суспендиран од страна на матичната федерација, а потоа ФИФА да му забрани да игра за неговиот клуб.

Најсвеж пример за сличен случај е откажувањето на францускиот репрезентативец Клод Макелеле, кој изјави дека нема повеќе да игра за селекцијата на „триколорите“. Но откако Француската федерација се закани дека ќе го суспендира и тој ќе нема право на настап за неговиот тогашен клуб Реал Мадрид, Макелеле се јави на подготовките на А-тимот и настапи на натпреварите


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10510951329&id=19&setIzdanie=22100


Одличен текст според мене

Изменето од mungos80 - 05.Октомври.2010 во 15:25
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 15:32
ima dva vida makedonski fudbaleri


Pandev i drugite


Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 15:36
fakof na publikata i toa e
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 16:22

Му мина лутината на Пандев.....

 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 35>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.