|
ПОУКИ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ |
Внеси реплика | страница 123 7> |
Автор | |
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 14.Јуни.2006 во 17:24 |
ПОУКИ НА ПУСТИНСКИТЕ ОТЦИ
Во една пригода, рече ава Григориј: – Овие три работи Бог ги бара од секој човек што примил крштевање: од душата бара правилна вера, од устата вистина, од телото непорочност. Раскажуваше ава Касијан: Беше еден старец кого го служеше некоја света девица. Но луѓето озборуваа: – Тие не се чисти. Слушна старецот за ова. А кога требаше да умре, им рече на отците: – Кога ќе умрам, засадете го овој стап на гробот; па, ако пушти лисја и донесе плод, знајте дека сум чист спрема неа, а ако не пушти лисја, знајте дека згрешив со неа. Го засадија стапот, и на третиот ден тој пушти лисја и донесе плод. И сите го прославија Бога. Некој монах дојде при ава Макариј Египетски, и му рече: – Ава, кажи ми поука како да се спасам. А старецот му рече: – Појди на гробиште и почни да ги кудиш умрените. И отиде монахот на гробиштето и почна да ги куди умрените и да фрла камења по нив. Кога се врати, му раскажа на старецот. А овој му рече: – Ти кажаа ли нешто? Монахот одговори: – Не. Старецот му рече: – Појди повторно утре, и пофали ги. И, откако повторно отиде на гробиштето, монахот почна да ги фали, велејќи: – Апостоли свети и праведници. Па се врати при старецот и му рече: – Ги фалев. А ава Макариј го праша: – И ништо не ти одговорија? Монахот рече: – Не. Тогаш старецот му рече: – Гледаш ли, ги навредуваше и ништо не ти рекоа, и ги фалеше и пак ништо не ти одговорија; така и ти, ако сакаш да се спасиш, биди мртов: како и овие умрени, немој да ја имаш на ум ниту неправдата ниту славата човечка, и ќе можеш да се спасиш. Говорел Ава Макариј: „Ако е понижувањето за те*е e пофалба, сиромаштијата – богатство, а недостигот – изобилие, нема да умреш, зашто не може да се случи, оној што е правоверен и што се подвизува во благочестивоста да падне во нечистотијата на страстите и во демонска прелест.“ Изменето од sard - 14.Јуни.2006 во 17:28 |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еднаш ава Нистерој одеше низ пустина заедно со еден брат. Здогледаа некој ѕвер, та и двајцата побегнаа. Подоцна братот го запраша:
– Зарем и ти се плашиш? А старецот му одговори: – Не се плашам, чедо мое; но од полза ми е што побегнав, зашто во спротивно не би можел да избегам од духот на суетата. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Му се исповеда некој монах на ава Пимен:
– Направив голем грев и сакам да поминам три години во покајание. Му рече старецот: – Многу е. А монахот го запраша: – А една година? Овој му одговори: – Многу е. А присутните прашаа: – А четириесет дена? Старецот повторно одговори: – Многу е. Па додаде: – Ви велам, ако човек се покае со сето срце и не продолжи да прави грев, за три дена Бог ќе го прифати. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Го запраша ава Јосиф ава Сисој:
– Колку време му е потребно на човека за да ги отсече страстите? Старецот му рече: – Сакаш да знаш за времето? – Да. А ава Сисој му одговори: – Во оној час во кој ќе се појави страста, веднаш пресечи ја. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рече ава Пимен:
– Како што чадот ги изгонува пчелите и тогаш се зема сладоста на нивниот труд, така и телесното задоволување го изгонува стравот Божји од душата, и i го одзема секое трудољубие. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ава Силуан и неговиот ученик Захариј беа еднаш во посета на некој манастир; пред да заминат од манастирот, ги натераа да каснат малку.
Кога се враќаа, ученикот најде извор и посака да се напие. А старецот му рече: – Захариј, денес е пост. А овој му возврати: – Па нели јадевме, оче? Старецот Силуан му одговори: – Тоа што јадевме беше од љубов; а сега, чедо мое, се држиме до постот. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
Anai
Нов член Регистриран: 08.Јуни.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ги имам читано на Премин портал,
вистинско богатство,
ти ја препорачувам книгата Старец Силуан ...........
|
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да сум ја читал, ама одамна.
|
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
Vlade
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 193 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Go prasale monasite eden starec: "Otec, zasto ti sekogas stois na prozorec koga tvojot brat gi pee psalmite?", A starecot odgovoril: "Zasto ne sakam nekoj da pomisli deka go tepam."
Eden mlad iskusenik go zaprasal svojot starec" "Otec, moram li sega celosno da go ostavam svetot?" A starecot rekol: "Ne se sekiraj, ako zazivees navistina hristijanski, svetot tebe ke te napusti."
Igumenot go zaprasal novodojdeniot iskusenik: "Ako imas tri zlatnika, bi im gi dal li na siromasite?" "Od se srce Otec!" "A, tri srebrenika" "Sekako." "A tri bakarni paricki?" "Ne." "Zasto ne?" se zacudil igumenot. "Zasto tolku imam."
Nekoj zlonamerni postojano mu dosaduval na Starecot so svoite prasanja: "Zarem, ti Otec. veruvas vo toa deka Jona tri dena preziveal vo utrobata na kitot?" "Ne znam, ke go prasam koga ke go vidam vo rajot". "A sto ako e slucajno vo pekolot?" "Togas ti ke go prasas..."
|
|
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Повелете ова е нешто многу вкусно.
Кликнете врз линков:
Живот и подвизи ~ Поуке и разговори Изменето од Pravoslavie - 20.Октомври.2006 во 17:36 |
|
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|
orto
Сениор Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.bsn.org.yu
Изменето од orto - 23.Октомври.2006 во 00:46 |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАЗГОВОР СО СТАРЕЦ ПАИСИЈ СВЕТОГОРЕЦ
|
|
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pravoslavie,
Blagodaram za prekrasniot tekst. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
orto
Сениор Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Слава Оцу и Сину и Свјатоме Духу
АМИН
Свети книги
Светите книги читај ги со целото свое срце и само тогаш ке се стекниш со врлини и твојта душа ќе бите исполнета со радост и веселие. (Св. Ефрем Синајски) Граници
Границите помеѓу православието и ересите се испишани со крв. (Старац Јероним Светогорац)
Непријатели
Живеј во мир не само со своите пријатели, туку и со своите непријатели; али само са своите лични непријатели, не и со непријателите Божи. (Св. Теодосије Кијевских пећина) Вера - темел
Верата е единствен благословен темел на личниот животот и друштвениот живот и уредувањето државно. (Св. Николај Жички) Слобода Златна Како чисто платно им се дава слобода на луѓето; кога луѓето ке ја изгнасат , мораат да ја исперат во солзи и крв. Зошто слободата или е чиста или никаква. Или Златна Слобода, нераздвојна од Чесниот Крст, или никаква. (Св. Николај Жички) Слобода во Бога
Слобода во Бога а не од Бога - тоа е права слобода, непролазна, животворна, радосна, златна.'' (Св. Николај Жички)
|
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
Внеси реплика | страница 123 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |