|
Занимливости околу исхраната |
Внеси реплика | страница <12345 20> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Џем од круши
Еден килограм круши излупете ги, исчистете ги од семките, па варете ги во покриено тенџере со малку вода додека не омекнат. Потоа, добро исцедете ги, испасирајте ги, додадете 500 грама шеќер и сок од еден лимон, па џемот варете го додека не се згусне. Ладен сос од домати Шесто грама домати излупете ги, исечете ги на коцкички и ставете ги веднаш во подлабока чинија. Излупете четири чешниња лук и ситно исечкајте ги со десетина ливчиња босилек, па измешајте ги со доматите. Потоа, во доматите сипајте околу половина литар масло, зачинете ги со сол и бибер, па сето тоа добро измешајте го. Претходно сварените шпагети веднаш измешајте ги во ладниот сос од домати. Сирење на скара За да приготвите сирење на скара, тогаш треба да изберете постаро овчо или козјо сирење, со малку маснотии. Оние кои не јадат млеко и млечни производи, може да приготват и тофу сирење на скара, претходно маринирано во соја сос. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сок за добро утро
Не без причина повеќето нутриционисти препорачуваат денот да се почне со природен овошен сок. Таа напивка на организмот му ги обезбедува потребните витамини и минерали, ги активира желудникот и цревата и ја спречува утринската хипогликемија (намалување на шеќерот во крвта), која може да предизвика вртоглавица, слабост, промена на расположението, болка и депресија. А, на оние кои наутро не чувствуваат глад, овошниот сок ќе им го подобри апетитот и ќе им помогне без проблеми да го земат најважниот дневен оброк - појадокот. Тиква против замор Ако со денови се чувствувате заморно, а не знаете поради што, стручњаците за исхрана укажуваат оти причината би можела да биде недостиг на железо, хром или на двата елементи. Железото можете да го надоместите со продукти како што се дропчињата, меѓутоа, ако не ги сакате, спасот побарајте го во тиквата и семките од тиква, магдоносот, копривата, гравот, грашокот, леќата, оревите, лешниците и сончогледот. А, хромот го има во интегралните житаки, печурките, сувото грозје и во ренот. Лукот пријател на жените Со оглед на тоа дека е богат со селен, лукот не служи само за намалување на притисокот, туку се покажа и како голем пријател на жените. Зашто, најновите истражувања потврдија оти овој минерал е важен заштитен фактор во случаите кога постои ризик од ненамерен абортус. Освен тоа, доколку се внесува во количество поголемо од нормалното, селенот за 40 отсто го намалува ризикот од некои облици на тумор. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Портокалите го спречуваат стареењето
н Го јакнат одбранбениот систем. Го содржат витаминот Ц, но и многу други квалитетни состојки н Што содржат Два портокали ја задоволуваат дневната потреба на организмот за витамин Ц, во него се наоѓаат и витаминот Б1, бетакаротин, фолна киселина. Во сто грама има 34 калории. н Зошто се добри Се борат против слободните радикали, го спречуваат стареењето, ги јакнат крвните садови и имунитет на организмот. н Им се препорачува на Пушачите, зашто никотинот го намалува нивото на витаминот Ц во организмот. н Дозволено количество Еден портокал дневно. Најдобро е да се земе наутро, пред појадок. н Се подготвува Најдобро е да се јадат свежи и излупени. Ако сакате повеќе сок од портокали, треба да се испие веднаш по цедењето, затоа што винаминот Ц се намалува во воздухот. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Спанаќот - лек против изгореници
Спанаќот се користи и за лекување на изгореници. За таа цел, листовите од спанаќот се пржат на тивок оган во маслиново масло, а откако ќе омекнат, се сечкаат и се ставаат како облоги на изгорените места. Капината во детската исхрана Плодовите од капината се широко застапени и во народната медицина и во детската исхрана, благодарение на составот. Плодот е богат со витамините Е, А, Б1, Б2, ПП и со флавоноиди кои ги закрепнуваат крвните садови. Пектинот во плодот е корисен за чистење на организмот, а јодот и другите микроелементи помагаат на функциите на ендокринолошкиот систем. Големите количества на целулоза ја помагаат работата на цревата. Сокот и свежите плодови се природни мултивитамински препарати. Со конзумирањето свежи капини се нормализира нивото на хемоглобин во крвта, зашто содржи железо. Шампињоните како зачин Шампињоните, со оглед дека содржат ароматични и други мирисни компоненти може успешно да се употребат како зачин за други јадења. Така, тие се незаменлив дел од супите и филовите за месо. Јадењата со месо од претходниот ден, печурките како со волшебно стапче ќе ги претворат во нови. Печурките динстани со кромид, зачинети со мелен црвен пипер и со мајонез, може да се додадат во претходно подготвените шницли од говедско и од свинско месо. Сосот од печурки заедно сварени со моркови и магдонос значително ќе го освежат месото во говедската супа. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Подготвување
Не пржете ги долго, ниту пак не варете ги долго, зашто така ги губат мирисот и вкусот. Динстајте ги во загреан путер, најмногу осум минути. Сушење Сувите печурки имаат јак вкус и мирис, па внимателно додавајте ги во јадењата. Кога ги купувате, проверете дали се суви, крцкави. Пред да ги употребите, треба да ги потопите во млака вода од 15 до 30-тина минути. За зимница Можете да ги киселите или да ги подготвите во масло, како и да ги замрзнете - цели ако се мали или исечени на помали парчиња. Најпрво кратко проварете ги во благо солена вода. Рок на употреба: 6-7 месеци. Варете ги неодмрзнати. Место запршка Во современата кујна, место запршка, се препорачува да се сварат шампињони, па да се испасираат во пире. Така подготвени ќе го згуснат секое јадење. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дињата посилна од никотинот Сочната и ароматична диња посебно им се препорачува на пушачите, зашто нејзиното месо изобилува со супстанци кои ја штитат слузокожата на устата, како и со антиоксидансот - витаминот Ц (пет пати повеќе отколку во лубениците и десет пати повеќе отколку во свежата смоква). |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со боровинки против грчеви во стомакот
Вообичаените летни тешкотии - грчеви во стомакот и повраќање - најчесто не се опасни и траат само ден-два, но треба што полесно да се пребродат. Боровинките изобилуваат со танин кој ја стега столицата, така што и чајот е едно од решенијата. Во 5-6 филџани вода 10 минути варете 1-2 лажици плодови или суви лисја, оставете го да отстои 15 минути, прецедете го и испијте го. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оревите чувајте ги на студено место
Ако оревите долго време се чуваат на топло место, во нив може да се создаде супстанцијата афлатоксин, која е мошне опасна за здравјето. Афлатоксинот се таложи во црниот дроб и може да предизвика цироза. Затоа, веднаш по берењето, оревите треба да се сушат на студено место, каде што има провев, а никако на сонце. Исчистените ореви најдобро е да се чуваат во фрижидер, во пластични ќеси, а во визбите или на таваните може да се чуваат само во текот на зимските месеци. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Смоквите хранливи и калорични Поради пријатниот вкус и хранливата вредност, смоквите се мошне ценето овошје. Се јадат свежи или сушени, а се користат и за преработка. Смоквата е полна со ситни семчиња. Зрелиот плод има многу млечен сок. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Измијте пред да гризнете
Уште еднаш ве предупредуваме: пред да навалите на овошјето или зеленчукот добро исперете го и исушете го. Извештаите на светските центри за контрола и превентива на болести велат дека бројот на труења со храна од конзумирање на заразено овошје и зеленчук во последниве 10 години е зголемен за повеќе од двапати. Главните причинители се салмонелата и ешерихија коли, заедно со вирусите на хепатитисот А и норвок, кои можат да ги нападнат речиси сите видови на овошје и зеленчук. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тостот му дава енергија на организмот Како мала ужина, тостот е идеален. Со големо количество на јаглени хидрати, овој крцкав леб дава пријатна ситост и ги спречува нападите на глад. Организмот континуирано се снабдува со енергија и на тој начин психичката и физичката способност на организмот остануваат константни. Покрај тоа, тостот не содржи уште некои значајни материи освен драгоцените масти. Како и муслито со јогурт, ореви или со овошје, тостот со кашкавал и домати или, пак, без ништо, секогаш годи. |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Витамин Б3 за намалување на холестеролот
Ниацин припаѓа на групата на витамините од групата Б комплекс и доста поволно делува на нашето севкупно здравје. Доста е ефикасен кога станува збор за намалување и контролирање на нивото на холестерол во крвта. Самиот ниацин претставува витамин со терапевтски одлики и може да ни помогне за лечење на многу тегоби и болести. Едноставно кажано, ниацинот е витамин Б3, кој е исклучително важен за правилно функционирање на нашиот организам. Што се однесува на обликот во кој е застапен, посебно се истакнуваат два начини, а тоа се: никотинската киселина и ниацинамид. Кога станува збор за одржување на правилниот метаболизам на ќелиите и апсорбција на јаглехидратите, се смета дека ниацинот е еден од пресудните супстанци. Позитивни ефекти Овој витамин е најмногу застапен во млечните производи, живината, рибата, оревите и не масното месо. Доколку сте вегетаријанец, треба да внесуавте што поголема количина на ореви, за да немате проблеми со недостатокот на ниацинот. Ниацинот го има уште во компирот, пченката, авокадото и грашокот. Кога станува збор за бројните позитивни влијанија на овој витамин на општото здравје на особите, треба посебно да го напоменеме подобрувањето на циркулацијата, одржување на здравјето на кожата и поттикнување и јакнење на менталните способности и помнење. Исто така, ниацинот е силно корисен фактор во процесот при кој доаѓа до создавање на додатна енергија неопходна за работа на ќелиите и телото. Ефикасен е и при лечење на респираторните, како и васкуларните пореметувања и заболувања. Варење на храната и зголемување на лачењето на стомачните тегоби Уште една во низата позитивни каракеристики на овој витамин е и неговиот потенцијал функционирањето на системот за варење да го направи уште подобар, а познато е и дека унапредувањето на варењето, води и до поубав и сјаен изглед на кожата. Ниацинот игра важна улога за нормализирање на лачењето на стомачните течности, што додатно допридонесува за подобро варење. Покрај тоа, го поттикнува и апетитот, како и работата на нервите. Регулирање на холестеролот во крвта Познато е дека голем број на особи кои страдаат од срцеви пореметувања и срцеви заболувања им се препорачува поголема доза на ниацин, бидејќи тој помага при намалувањете и регулирањето на лошиот холестерол во крвта. Ниацинот, исто така помага во превенцијата на нивото на корисниот холестерол, кој може да спречи заболување на ѕидовите на артериите. Останати позитивни ефекти на ницинот Освен споменатите позитивни ефекти, овој витамин е пресуден и во лечењето на палегра, како и бројните кожни и нервни пореметувања. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Црниот ориз подобар од боровинките Црниот ориз содржи повеќе антиоксиданси на антоцијанот, инаку проверени борци против кардиоваскуларните проблеми, ракот и другите болести, од боровинките, открија стручњаците од Американското друштво на хемичари. Американските научници нагласуваат дека црниот ориз е побогат со влакна и со витамин Е од боровинките, а има и многу помалку шеќер. Овој вид ориз, освен тоа, содржи четири пати повеќе железо и два пати повеќе силициум отколку белиот ориз, а е богат и со фосфор, калциум, селен, цинк и со влакна. |
|
Внеси реплика | страница <12345 20> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |