IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Опасни лекови, кои слободно се продаваат кај нас!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Опасни лекови, кои слободно се продаваат кај нас!

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Опасни лекови, кои слободно се продаваат кај нас!
    Испратена: 29.Август.2010 во 21:41
Mагичниот Вентор / Ventor (Nimesulide (http://en.wikipedia.org/wiki/Nimesulide)) ја елиминира главоболката за 20-тина минути. Но али сте се запрашале некогаш, дали тој аналгетик можно е да е опасен (токсичен)???

Наместо позитивни коментари, бев запрепастен кога прочитав дека Nimesulide (кај нас познат под името Вентор) речиси секаде е забранет поради предизвикување хепатотоксичност што доведува до оштетување на црниот дроб, кое во 50% од случаите предизвикува откажување на црниот дроб.

Значи, обратете внимание. Nimesulide се наоѓа под имињата:
Aulin, Ainex, Drexel, Donulide, Edrigyl, Eskaflam, Heugan, Mesulid, Minapon, Nexen, Nidolon, Nimed, Nimedex, Nimesil, Nimulid, Nimutab, Nise, Nisulid, Scaflam, Scaflan, Coxtral, Lusemin, Medicox, Nidol, Nimalox, Nimesil, Nimotas, Nimulid, Nise, Sorini, Ventor, Willgo...

Ја отворам темава затоа што знам дека доста од вас го употребуваат, како ефикасен и моќен аналгетик против главоболка, менструални болки и тн. - а не ги знаат страшните контраиндикации кои ги предизвикува овој „лек“.

Доколку имате информација за други лекови кои се забранети низ целиот цивилизиран свет, а кај нас слободно се продаваат - слободно наведете ги тука заедно со изворите на информацијата. Барем ние да бидеме информирани.
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 21:42
П.С.
Се покажа,после неколку случаи во ирска, дека лекот не е адекватен за долготрајна употреба, бидејќи во повеќе случаи после терапија од 2месеци со истиот лек дошло до оштетување на црниот дроб,со холеостатски хепатитис итн.Лекот до сеа е забранет само во ирска (италија се во процедура), а се размислува генерално да се исфрли од употреба.
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2010 во 10:15
Originally posted by Omar Omar напиша:

П.С.
Се покажа,после неколку случаи во ирска, дека лекот не е адекватен за долготрајна употреба, бидејќи во повеќе случаи после терапија од 2месеци со истиот лек дошло до оштетување на црниот дроб,со холеостатски хепатитис итн.Лекот до сеа е забранет само во ирска (италија се во процедура), а се размислува генерално да се исфрли од употреба.



Токму така,Венторот не е адекватен за долготрајна употреба,тој се препорачува за поинтензивни болки,каде не помагаат послаби аналгетици.
Препорачана доза  е 1 до 2 таблетки на ден ,но никако подолго од  5 дена,затоа што може да направи оштетување на црниот дроб.
Секој лек е меч со 2 острици,еве на пример кортикостероидите....тие се неопходни во лекувањето на одредена болест,но со подолга употреба можат да доведат до остеопороза.
Значи секој лек на извесен начин е штетен,затоа постои скалило за корисност и штетност и проценката за неопходноста и времетраењето на лекување со одреден хепатотоксичен лек ја одредува лекар.
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,160 секунди.