Испечати | Затвори го прозорот

Опасни лекови, кои слободно се продаваат кај нас!

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23130
Датум на принтање: 26.Ноември.2024 во 13:09
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Опасни лекови, кои слободно се продаваат кај нас!
Постирано од: Omar
Наслов: Опасни лекови, кои слободно се продаваат кај нас!
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 21:41
Mагичниот Вентор / Ventor (Nimesulide (http://en.wikipedia.org/wiki/Nimesulide)) ја елиминира главоболката за 20-тина минути. Но али сте се запрашале некогаш, дали тој аналгетик можно е да е опасен (токсичен)???

Наместо позитивни коментари, бев запрепастен кога прочитав дека Nimesulide (кај нас познат под името Вентор) речиси секаде е забранет поради предизвикување хепатотоксичност што доведува до оштетување на црниот дроб, кое во 50% од случаите предизвикува откажување на црниот дроб.

Значи, обратете внимание. Nimesulide се наоѓа под имињата:
Aulin, Ainex, Drexel, Donulide, Edrigyl, Eskaflam, Heugan, Mesulid, Minapon, Nexen, Nidolon, Nimed, Nimedex, Nimesil, Nimulid, Nimutab, Nise, Nisulid, Scaflam, Scaflan, Coxtral, Lusemin, Medicox, Nidol, Nimalox, Nimesil, Nimotas, Nimulid, Nise, Sorini, Ventor, Willgo...

Ја отворам темава затоа што знам дека доста од вас го употребуваат, како ефикасен и моќен аналгетик против главоболка, менструални болки и тн. - а не ги знаат страшните контраиндикации кои ги предизвикува овој „лек“.

Доколку имате информација за други лекови кои се забранети низ целиот цивилизиран свет, а кај нас слободно се продаваат - слободно наведете ги тука заедно со изворите на информацијата. Барем ние да бидеме информирани.



Коментари:
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 21:42
П.С.
Се покажа,после неколку случаи во ирска, дека лекот не е адекватен за долготрајна употреба, бидејќи во повеќе случаи после терапија од 2месеци со истиот лек дошло до оштетување на црниот дроб,со холеостатски хепатитис итн.Лекот до сеа е забранет само во ирска (италија се во процедура), а се размислува генерално да се исфрли од употреба.

-------------


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 31.Август.2010 во 10:15
Originally posted by Omar Omar напиша:

П.С.
Се покажа,после неколку случаи во ирска, дека лекот не е адекватен за долготрајна употреба, бидејќи во повеќе случаи после терапија од 2месеци со истиот лек дошло до оштетување на црниот дроб,со холеостатски хепатитис итн.Лекот до сеа е забранет само во ирска (италија се во процедура), а се размислува генерално да се исфрли од употреба.



Токму така,Венторот не е адекватен за долготрајна употреба,тој се препорачува за поинтензивни болки,каде не помагаат послаби аналгетици.
Препорачана доза  е 1 до 2 таблетки на ден ,но никако подолго од  5 дена,затоа што може да направи оштетување на црниот дроб.
Секој лек е меч со 2 острици,еве на пример кортикостероидите....тие се неопходни во лекувањето на одредена болест,но со подолга употреба можат да доведат до остеопороза.
Значи секој лек на извесен начин е штетен,затоа постои скалило за корисност и штетност и проценката за неопходноста и времетраењето на лекување со одреден хепатотоксичен лек ја одредува лекар.


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk