|
Пропозиции за изложба |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | ||||
Zoran K
Модератор Регистриран: 17.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 3244 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Touche !
|
||||
Zoran K
Модератор Регистриран: 17.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 3244 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Nemam nishto protiv da se odreduvaat razni kategorii vo naptrevaruvanjata ( veruval ili ne, kaj mene duri postojat posebni kategorii na fotografiranje zhivotni i cvekjinja vo priroda i vo zooloshka ili botanichka gradina), no imam protiv arhaichnoto inkvizitorsko definiranje shto pretstavuva umetnichka fotografija, a shto ne i kakvi alati se dozvoleni vo nejzinoto sozdavanje, a kakvi ne. Patem, povikuvanjeto na kriterijumi od National Geographic ne ti e na mesto. Toa e magazin so tochno odredena cel koja ne dozvoluva shiroka sloboda na manipulianja so fotografiite so koi vidno bi se smenila realnosta na prirodata. Toa e magazin tokmu za prirodata i chovechkite artefakti vo nea, a ne za slobodna umetnichka ekspresija. Изменето од Zoran K - 26.Август.2010 во 17:51 |
||||
focus
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 15.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 78 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Korektivnoto filtriranje na fotografijata nikako ne moze da bide smetano za grev, naprotiv pozelno e za da se tehnicki dotera istata. E sega za "pogolemi" intervencii, montazi i slicno moze da se diskutira za toa kade prestanuva fotografijata a od kade pocnuva ilustracijata.
Koga zboruvame za fotografijata kako takva, mi se postavuva edna dilema: dali skeniraniot list, tekstura, kora od drvo, ili bilo sto e fotografija? A? |
||||
If your pictures aren't good enough, you aren't close enough.
|
||||
Марио
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 136 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Гледам се развило дискусија окулу фотошопирањето на фотките и што е дозволено или не...
Гледам коментари дека не било ништо дозволено освен контраст и манипулација на светла. Океј, а што велите за фоткањето со филтри на објектив? Пример за лендскејп фотографија. Дали тоа е фотографија или графички дизајн?!?! Чекај бе, неможе да биде графички дизајн пошто е излезена од апарат! Е сеа, македонија со просечна плата од 300 евра, па луѓево едвај купиле ДСЛР па решаваат да симулираат филтри во Фотошоп. Дали експожр блендинг е манипулација? Немам пари да купам НД градиент, фоткам 3 фотки со различна експозиција и благодарение на пиратскиот софтвер ги спојувам и ја добивам истата сцена како во реалноста... Тоа графички дизјн е? Или не е фотографија? Не ве разбирам... примерот со формула 1 беше сосема на место! Лудост е да се одредуваат границите на тоа што е фотошопирање кое не влегува во фотографија или не... техологијава оди напред и има тави фотошоп гуруа што нема да приметите дека тоа е монтажа а не фотка! Пример земете ги фотките на Rarinda Prakarsa или на Martin Stranka. Дечково е повеќе од фотограф :)! И да ова е страшна манипулација, ама постигнато е тоа што е сакано за него. Мартин е поет, фотограф, уметник пред се... За крај, оваа дискусија е излишна зашто ќе ви пратам една моја фотографија која воопшто нема фотошоп а е surreal. Користени се 2 ND Gradient 8 филтри на sigma 10-20mm. Ефектот е тој. Зајдисонце, долга експозиција. Бев 100 пати прашуван дали сум ја изманипулирал фотографијата во фотошоп. Одговорот е едноставно НЕ! Изменето од Марио - 26.Август.2010 во 23:48 |
||||
Tegla
Сениор Регистриран: 16.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 2213 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Tie koristat Photoshop i toa e zabraneto I manipulaciite zaedno so fotografijata ne pocnaa pred 5-6 godini, so DSLR i PS. Eve edna fotomanipulaciia od 1932 . Da ne redam nadrealisti, kubisti, ekspresionisti...itn, itn...nema potreba. Samoto pretvaranje na jpg fajlot od kolor vo B&W e golema manipulacija. Stavot mi e deka manipulaciite mora se dozvoleni i dobredojdeni. Kolku povekje tolku podobro. |
||||
That is called grain. It is supposed to be there.
|
||||
Tegla
Сениор Регистриран: 16.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 2213 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ova se objasnuva mnogu lesno. Fotografija znaci crtanje so svetlo na fotoosetliv medium. I toa bese jasno se do pojavata na elektronskiot nacin na zapisuvanje na svetloto. So filmot e jasna rabotata. Crtas so svetlo i rezultatot e fizicki prisuten vo forma na negativ ili pozitiv. Digitalnata fotografija, ili ona sto se narekuva taka e samo vizuelna reprezentacija na odreden binaren kod koj moze da se otvori vo notepad i da se izmeni. Istoto e i so digitalniot print - vizuelna pecatena forma na binaren kod. Ako toa e taka togas se sto e jpg, bmp, tga, tiff, png itn, se fotografii spored standardite na toa sto sega se narekuva fotografija. Zboram za formata, ne za sodrzinata. Zatoa i fotokopija i sken se fotografii, bidejki fotografijata e forma, a ne sodrzina. Sodrzina e portret, pejsaz itn.. Tehnika e dolga ekspozicija, infrared itn.. I jas sto pravam so moite negativi? Gi skeniram. Prakticno pravam makro fotografija so golemo zgolemuvannje. I toa e fotografija ili ne e? A, ako skeniram predmet, na primer dokument? Dali toa e fotografija ili ne? Spored novite standardi, toa e fotografija samo so razlicna sodrzina od taa na negativot. Mojot skener ima se sto treba da ima onoj ured sto se narekuva digitalna kamera, znaci ima dual lens sustem so multicoating, ima CCD senzor i seto toa e vrzano so personalen smetac koj gi izvrsuva funkciite na procesiranje ili ona sto se narekuva DIGIC kaj Canon, ili Expeed kaj Nikon. Skener znaci opticki citac, pa shodno na toa e kamera koj so pomos na svetlina ja izvrsuva svojata funkcija. Ima nekakva sustinska razlika od ona sega sto se narekuva foto kamera? Nema nikakva, pogotovo sto se koristi duri i ista tehnologija koja se vika CCD ili CMOS I za kraj. Digitalnite grbovi kaj golemoformatnite kameri se skeneri. Dali pred niv kje stavite dokument ili pejsaz e nevazno. Na krej sepak e fotografija. Ako nekoj misli sprotivno treba seriozno da razmisli da smisli novo ime za ona sto se vika digitalna fotografija Zatoa zemete si fotokopir i fotografirajte za izlozbi na binarni kodovi Изменето од Tegla - 27.Август.2010 во 00:49 |
||||
That is called grain. It is supposed to be there.
|
||||
cyb3rc0re
Нов член Регистриран: 17.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 27 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не реков дека имам против на креативно изразување преку фотошоп манипулации, напротив, добро е кога некој има што да каже.
Но сметам дека фотографијата (цртање со светлината) денес стана цртање во фотошоп (што според мене е графички дизајн), и наместо како сликата од Марио погоре, да излезеш надвор и да експериментираш со филтри и долги експозиции и што уште не, седнуваш со најновиот ЦС5 и плугини од торенти и наеднаш добиваш титула фотограф. Да потсетам: „Фотографијата како поим може да биде дефиниран како запишување на слики со помош на леќа и материјали кои се чувствителни на светлина. Самата фотографија зависи од вештината на фотографот. Зборот фотографија произлегува од грчките зборови φως/фос ("светлина") и γραφις/графис ("четка") или γραφη/графи, кои означуваат заедно "цртање со светлина". Продуктот на фотографијата се нарекува фотографска слика.“ - ова е од википедија, ако прогуглам Фотографија „Графичкиот дизајн е процес на визуелна комуникација со користење на текст и/или фотографии односно илустрации за да се престави информацијата или пак да се истакне некоја порака. Графичкиот дизајн во голем дел значи познавање на естетски вештини и мојстории, вклучувајќи типографија, фотографија, илустрација, симбол и боја и нивно сложување односно комбиникрање. Графичкиот дизајнер има за задача да го визуелизира сeкое идејно решение со цел другите да можат полесно да го разберат. Неговата задача е комбинирање на вербални елементи во една организирана и ефикасна целина.“ - ова е исто од википедија ако прогуглам графички дизајн. Пошто темата е Пропорции за изложба (сите се согласуваме дека е за фотографија изложбата, освен ако поинаку не е наведено од организаторот), сакав само да продискутирам во врска со зборот „изменета“ спомнат погоре. Иако сите подразбираме Фотографија, дали ако ја пратам жената (сликата од претходиот пост) ќе ми се прифати како „изменета“ фотографија? Може сум ја сликал, па сум и ставил Filter > Artistic > Dry Brush... во ЦС5 Не сакам да звучам архаичко инквизиторски, но за официјални манифестации и изложби на фотографии (како и натпревари) треба да се биде немилосрден во однос на техниката. А рака на срце обожавам да гледам добри креации во фотошоп. И за крај, поуживајте со пародијата: http://www.youtube.com/watch?v=3ScWu7pG7r0 |
||||
Tegla
Сениор Регистриран: 16.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 2213 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ne koristi Vikipedija za seriozna komunikacija Ne e seriozno Fotografija e fotografija, nema "moze da se definira vaka ili onaka". Vestinata na fotografot nema nikakva vrska so znacenjeto na zborot fotografija tuku so red drugi raboti.
I ova e stav koj treba da se pocituva, no nemilosrdnost bez tocno opredeleni pravila, do najsitni detali moze da se narece ZAM, ili fashizam sadizam, shovinizam i drugi ZAM izrazi . Zatoa nemilosrdnost vo pravilata znaci deka tocno kje se nabrojat site nedozvoleni tehniki na obrabotka. I toa do detali, na primer levels od tolku do tolku, gama od tolku do tolku, ovie filtri se zabraneti, ovie tehniki se zabraneti, itn... deka se sto ne e zabraneto e avtomatski dozvoleno. Licnite sogleduvanja dali nesto e mnogu ili malku e neseriozna rabota i zavisat od licen vkus i izbor. I za kraj. Kade e tuka umetnosta? Ili sto e toa umetnost, ili sto znaci umetnicka fotografija? Ako stanuva zbor za izlozba na umetnost, site mozni tehniki, metodi, obrabotki, dorabotki se dozvoleni. Ne gledam zosto nekoj bi ja ogranicuval covekovata kreacija. Jas na primer imam stav deka digital B&W e FAKE. Ako nekoj saka B&W neka zeme vistinska rabota - B&W film. No ova e moj stav sto ne znaci deka e pravilen i deka se sto e digital B&W e loso. Licnite stavovi se edna rabota, realnosta e druga Ovie moi postovi nemaat vrska so izlozbata za koja stanuvase zbor vo prviot post. Ne mi se svigja tvrdiot stav okolu ona sto znaci postprodukcija vo vreme na postmodernizam. Ovie stavovi da bea od lugje koi seuste rabotat tradicionalno kje gi razberev. |
||||
That is called grain. It is supposed to be there.
|
||||
cyb3rc0re
Нов член Регистриран: 17.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 27 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Уметничката фотографија си е уметничка фотографија. Како што реков, во случајов сметам дека треба да има јасни граници што е фотографија, а што дизајн. Не мислам во навредлива смисла дизајн, туку во оваа:
пр.натпревар во Nature фотографија. Еден фотограф излегол со 400мм Ф4, јако стативиште, во некоја дивина, долго чекал и конечно уловил добра слика од орел. Друг, со Д40х (како мојот) и 18-55мм отишол во зоолошка, го сликал орелот таму и во фотошоп нацртал небо, шума, па дури и зајак кој исто го сликал таму, демек орелот го лови сега. И едната и другата фотка се супер, не се познава која е вистинска а која не. Што е вистинска фотографија во случајов? Кој е поголем мајстор за фотографија, и што е етички исправно? Кој е фотограф? Втората фотографија секако ќе си најде место под небото (можда за сток) но тој што ја направил нека не става титула фотограф, туку некое друго поприкладно име (дигитален манипулатор малце грубо звучи, можда има некое помеко). Ако на разни манифестации (натпревари, изложби, итн) повеќе признание се предава на дизајн наместо на фотографија, нека се преправат во пр. Изложба на творби, место Изложба на фотографии. Од друга страна, ако се дозволува „изменета“ фотографија, добро е да има граница, за да не се случи да пратам слика со Filter > Artistic > Dry Brush... или од скенер како што рековте погоре. Со ваквото темпо на работите, во иднина може ќе има неколку „чудни“ луѓе како мене кои им е битна опремата и креативното изразување со неа за стварање на фотографија, а другите ќе одат на принцип боење во фотошоп. После тоа време, никој посматрач на фотографија нема да верува во она што го гледа, поради премногу користените манипулации, па и тие што креираат вакви фотографии, нема многу да се трудат да ствараат. Фотографијата ќе умре од неетичност. И наместо една фотографија 1000 зборови, ќе биде една фотографија една лага (ова го прочитав негде, не е мое :) ) |
||||
branko_k
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 10.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 682 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
drugar, probuvas da dades objasnuvanja za nesta za koi sto se uci fakultet. mesas poimi. od strana seto toa izgleda mnogu nespretno. poimot "fotografija" go mesas so poimot "dokumentarna fotografija". postprocesingot go mesas so graficki dizajn. zboruvas za "natprevari vo nature fotografija"... fotografijata ne e olimpijada. izlozbite i natprevarite za koi sto zboruvas se tolku zastarena forma na natprevaruvanja sto veke gubat smisla i vrska so realnosta. tamu imas fotografii na slobodna tema i se prima edna turlitava od podvidovi na fotografijata bez nekakov jasno definiran kriterium: dokumentarna, portretna, konceptualna, pejsazna, makro fotografija itn... i site ovie podvidovi gi ocenuvaat trojca clenovi na zirito koi sto se "eksperti za site vidovi na fotografija"? toa izgleda realno? kakvi kriteriumi ke primenat i dali ke napravat nekakva distinkcija pomegju konceptualnata i makro fotografijata? i toa zvuci isto tolku nespretno kako i tvoive postovi pogore. batali vikipedija. da bese vikipedija reper za se, site ke imavme znaenje za po nekolku fakulteti do sega...
obicno protiv postprocesingot zboruvaat lugjeto koi ne go vladeat dovolno. stravot i odbivnosta od nepoznatoto e covecka karakteristika. |
||||
itan14
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 30.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 545 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Hmmm...
Branko e kompletno vo pravo... Zosto? Nema potreba a se etiketira nesto sto e umetnost. Vuzuelniot izraz na sekoj se reflektira preku krajniot rezultat, a procesot koj sto e iskoristen e sosema nebiten. Ako za nekoe delo osnovata e fotografija (analogna ili digitalna), obrabotena na nacin koj mu odgovaral na avtorot da se iskaze, tuka zavrsuva prikaznata. Toa e fotografija. Sto e razlikata vo toa dali ke koristam GND filter ili warming filter, i toa istoto da go napravam vo PS? Sto e razlikata vo dodge i burn vo darkroom ili vo PS? Sto e razlikata vo koristenje na poveke ekspozicii vo telo, ili niven kompozit vo PS? (Vsusnost ima, polesno e vo PS no toa ne ja namaluva kreativnosta na avtorot.) - Ne me razbiraj pogresno, i jas koristam kolku sto e mozno poveke od samoto telo, i koristam sekakvi mozni filtri a toa sto go nemam/ne mozam so telo go dopravam vo PS. Dali e foto-manipulacija IR fotografijata na digitalno telo? Koristam IR filter, Custom WB za IR fotografija, i contrast i brightness vo obrabotka. Toa so film ne mozelo nikako da se dobie, (Color IR). Po tvojata definicija toa ne e fotografija. Tipovi na fotografija - Ziri Mnogu pati raskazuvana tema, koja za zal vo MK nikako da se promeni. Dovolno bese da se vidi ziriranjeto na Nature delot na izlozbata vo Kumanovo lani i da e jasno deka zirito zastanalo so vremeto... |
||||
cyb3rc0re
Нов член Регистриран: 17.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 27 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не знам, не сум студирал на фотографија. Можда има некој што студирал и да каже што учеле.
Ова може да се каже и во обратна насока, дека постпроцес прават тие што не ја владеат техниката на фотографирање. Но не е тоа поентата. Исто како што не ми е поентата да ограничам уметничко изразување, ниту да бранам „стари и напуштени“ техники на фотографија, ниту да искарам некој зошто користел фотошоп место апарат, ниту дали википедија е репер или не, ниту дали натпреварите се или не се поврзани со реалноста. Спомнавте формула 1. Слично на оваа расправа, дали возачот е тој што победува, или болидот. Дали фотографот е тој што слика или софтверот. Дали сакате фотографијата да каже 1000 зборови, или една лага. Дали е подобро убавото да го овековечите реално, или на обичното да му дадете уште 50%. Овие се прашања на кои не барам одговор, секој различно размислува и тоа се гледа и низ фотографиите. Само сакам да го дадам мојот „1 денар“ во врска со ова. Се согласувам во врска со натпреварите, натпревар треба да има кога условите и пропозициите се јасно и до детал дефинирани. Се друго рачунам како изложба. |
||||
branko_k
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 10.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 682 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
tokmu toa mi e poentata
apsolutno netocno. pogledni gi samo stranite na eni libovic, melvin sokolski, ansel adams itn...
ova se vika zamena na tezi. ne znam, no mozebi go zamisluvas softverot sam da si klika po funkciite sto gi ima, potpolno avtomatizirano, neli?
tie iljada zborovi mozat da bidat i laga i vistina. navleguvas vo filozofski vodi koi sto ne mozes da gi pratis. pogledni gi samo filmovite na kubrick, tarkovski, slikite na pikaso i brak, fotografiite na andrzej dragan i david lachapelle... sve realizam, a? umetnosta ne e samo ubavoto da go ovekovecis kakvo sto e. toa e najprostata forma na umetnost. koga ke vneses nesto tvoe vo realnosta kakva sto ja znaeme i od toa ke izvleces filozofsko prasanje ili eventualno odgovor, togas umetnosta ja postignuva svojata polna sila. ti zboruvas celo vreme za dokumentarna fotografija, i po toa prasanje recisi site tuka se soglasuvame deka ne smee da se koristi manipulacija. ama fotografijata ne e samo dokumentarnata... Изменето од branko_k - 27.Август.2010 во 13:23 |
||||
focus
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 15.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 78 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Seto ova mene mi e potpolno jasno (sum go pisuval vo Emiter pred nekolku godini), prasanjeto bese postaveno so druga cel, da natera na razmisluvanje za (ne)smislata na celata ovaa diskusija, odnosno za mesanjeto babi i zabi. Demek sto e fotografija a sto ne e i koga e, a koga ne e? Predlagam malce relax so fotografiite na Jerry Uelsmann. |
||||
If your pictures aren't good enough, you aren't close enough.
|
||||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |