|
Природни маски за лице, коса и тело |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |
Hedonistka
Сениор Shapeshifter Регистриран: 17.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1.Маска за сјај. Сјај во косата можете да постигнете и со домашно приготвување на маска за коса. 2 мали лажички мед, се меша со сок од еден лимон до степен на хомогена смеса, се нанесува на сува коса со помош на чешел. По околу 10 мин косата се исплакнува добро и се мие како и обично. 2.Компири и мед против опаѓање на косата. Ако ви се капе косата, треба да направите маска со свежиот сок од компир. Излупете 1 голем компир, изрендајте го и изстискајте го сокот. Измешајте 2 лажици од овој сок со 2 лажици сок од Алое и 20 г мед. Втријте ја добиената смеса во коренот на косата со лесно масирање со прстите. Потоа си внесете полиетиленска шапка за бања, или се завива главата со фротирна крпа крпа. По 2 часа измијте ја косата со топла вода и соодветен шампон. Правете ја маската 2 пати неделно, додека дојде подобрување во состојбата на косата и таа ќе престане да паѓа. 3.Лимонски спреј за сјај 2 парчиња лимон 2 чаши вода Ставете вода и лимон во суд на ринглата да зоври. Намалете ја температурата и оставете да врие, додека изври половина вода (околу 30 минути). Извадете го од ринглата и оставете да се излади. Прецедете од парчињата лимон и истурете во шишенце со распрскувач. Чувајте ја смесата во фрижидер. 4.Маска со Коприва Исечете на ситно 50г. листа од Коприва и ги залејте со 400мл. зовриена вода. варете ја смесата 20 мин, извадете ја од огнот, откако ќе се излади се прецедува и се додава во водата за миење на косата. Маската од Коприва е исклучително корисна за коските, освен дека заздравува косата, таа зголемува густината на косата и ја храни. Секој ден може да се втрива тоа средство во коренот на косата. 5.Маска против опаѓање на косата со пиво При опаѓање помага и жешкото пиво. Со него се премачкува косата и се завива со затоплена крпа. Оваа процедура, сепак, се прави најмалку 5 дена секој ден. 6.И последното нешто против опаѓање на косата е лута пиперка која што се втрива во главата.. Засега немав време да ги пробам некои од маските но ако некој проба нека пише дали имаат ефект ..следниот пат ќе напишам уште многу маски ... Изменето од Hedonistka - 23.Август.2010 во 15:01 |
|
If you are reading this, get a life!
|
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знам само за една работа: за подочњаци.
Ќе клајш компири или крастајци... Ќе седиш така десет минути... И надевај се дека ќе бидеш поуба. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Maska za lice od morkov:
Izmiksiraj eden pogolem morkov vo blender so 1 lazica maslinovo maslo i nanesi ja maskata na liceto.Ostavi ja da deluva 20 minuti potoa izmij go liceto so mlaka voda. Losion za cistenje lice edna casa sok od krastavici pomesan so edna casa mineralna negazirana voda i nekolku kapki sok od limon pomesaj gi da dobies izednacena masa.Cisti go liceto sekoe utro i navecer so natopeno pamukce od ovoj losion,porite ke se iscistat, a kozata ke ti sveti. Domati Piling maska kasa od domati e odlicen piling za kozata na liceto i teloto pred da se izlozis na intenzivno soncanje.Izmiksiraj so blender sreli domati i vednas nanesi gi na celata koza.Ostavi da deluva 15 minuti, a potoa istusiraj se so mlaka voda. Maska za lice naredi krugovi od domati na liceto, legni i opusti se 20 minuti.Potoa izmij go liceto i nanesi hidratanten krem. Losion za kosa vo 2 litra mlaka voda dodaj 100 ml jabolkov ocet- isplakni ja kosata so ovoj losion i taa ke dobie fantasticen sjaj. Tonik za lice Izmiksiraj so blender penesto edna pogoelma zelena salata i edna casa slatko mleko.Soberi gi potoa tonikot vo sisence i cuvi go vo friziderot.Mozes da go koristis za sekojdenvno cistenje na liceto ili ako ti se pojavat akni. |
|
Hedonistka
Сениор Shapeshifter Регистриран: 17.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
bravo barem toa imame krastavici,domati |
|
If you are reading this, get a life!
|
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Маска за сува и оштетена коса: лажичка рицинусово/бадемово масло, 1 жолчка и 1 лажичка мед, се нанесува, масира, се остава 15-20 минути, и потоа убаво се мие со шампон.
|
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За сува и оштетена косаБожествена маска со мед и млеко
Испасирајте ја бананата и кон неа додајте го бадемовото масло. Затоплете го малку млекото, колку за да можете да го растопите медот во него. Млекото со мед додајте го во смесата со бананата и добро промешајте. Ставете ја приготвената маска на скалпот. Прво масирајте го скалпот, а потоа разнесете ја смесата надолу по прамените. Оставете ја да делува 20-30 минути. На крајот, измијте ја косата со шампон. Ревитализирачка маска со авокадо и мајонез
Испасирајте го авокадото. Додајте ги мајонезот, маслото и медот и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја маската на косата и масирајте 2 минути. Потоа, ставете најлонска капа и оставете ја смесата да делува 20 минути. Измијте со млака вода и шампон За мрсна косаКисела маска за здрав блесок
Измешајте ги дадените состојки и мешајте додека не се растопи медот. Навлажнете ја косата (со помош на крпа отстранете ја преголемата влажност) и потоа ставете ја маската на скалпот, па разнесете ја надолу. Оставете ја да делува 20-25 минути и измијте ја косата со шампон. Јаболкова маска за неверојатно мека и нежна коса
Во изренданото јаболко додајте ги оцетот и сокот од лимон и промешајте. Ставете ја смесата на скалпот и нежно масирајте. Разнесете ја маската и надолу кон врвовите, но сепак внимавајте најголем дел да остане на скалпот. Ставете најлонска капа и оставете ја смесата да делува 30 минути, а потоа исплакнете со вода и измијте ја косата со шампон. За нормална косаПриродна маска за сјај и мекост
Изматете го јајцето и во него додајте ги маслото и медот. Мешајте додека не се соединат. Ставете ја маската на главата и со врвовите на прстите лесно масирајте и разнесете ја смесата по целата коса. Ставете најлонска капа и оставете ја маската да делува 30 минути. Измијте со млака вода и шампон. Заштитна маска за цврстина и хидратација
Изматете ги двете белки од јајце и во нив изрендајте ја краставицата. Додајте ги маслиновото масло и медот и убаво промешајте. Нанесете ја смесата на главата и полека со прстите разнесете ја низ косата. Ставете најлонска капа и оставете ја маската да стои 30 минути. На крајот, измијте ја косата со шампон. . |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чувствителната кожа може многу да пати во текот на зимата. Затоа потребно е постојано да се грижите за неа.
Сите оние скапи препарати не можат да ви гарантираат дека ќе имате прекрасна кожа полна со сјај.
Затоа еве еден рецепт кој може да ви помогне во борбата против црвенилото на носот што се појавува од безмилосната зима.
Како да го приготвите?
За овој рецепт ви е потребни околу 100 гр кисели јаболка, 150 гр млеко и 2 жолчки од јајце.
Како се нанесува овој рецепт?
Изрендајте ја јаболката и ставете ја во млекото и оставете ја смесата се додека не почне да врие и додека не добиете млечна каша. Кога смесата ќе се олади, додадете ги жолчките и добро изматете ја смесата.
Како да ја употребите смесата?
Маската нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 15-17 минути. За многу брзо време, црвенилото од кожата ќе се изгуби и по употреба на оваа маска, кожата ќе ви стане мека и сјајна.
Корисно е маската да ја нанесете и на очните капаци и на вратот, па затоа оставете ја маската да делува околу 20-тина минути.
Јаболката се употребува и за масажа
Јаболката исто така може да се употреби и за време на масажа. За време на ваквата масажа, за многу брзо време се постигнува неверојатна свежина на кожата. Јаболката треба да се исече на 4 делчиња и со тие делчиња полека да се трие кожата.
Оваа масажа може да се користи неограничено, особено на онаа кожа која е сува и се првута.
|
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лејдис имате пробано некоја од горенаведeниве маски за коса?... и имаат ефекат да знам дали да спремам...
Изменето од sanja-a - 07.Февруари.2011 во 17:16 |
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
оваа ти е добра маска,немаш многу спремање немораш ни мед да ставаш,доволно е и масло само подобро би било маслиново или чичково само лажичка ти е малку,доволно би било пола шишенце(од оние најмалите),мачкај од пола коса врвот е битен а не коренот во оваа маска.....ајт пробај |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
фала пуно... ке ја тестирам уште сега
|
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
рецепАтот ми се погоди ептен...косата е помека и со сјај
|
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Браво,два пати месечно е доволно да ставаш ваква маска |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
RECEPTI ZA UBAVINA SO CRN CAJ
Efektite od crniot caj vrz zdravjeto veke dolgo vreme se poznati.Ovoj pijalok deluva stimulativno vrz teloto,ja namaluva pospanosta i umorot.Vazen izvor e na vitaminite C i E,i e dokaz za negovoto antibakterisko i antiinflamatorno dejstvo.Crniot caj moze da se koristi vo mnogu tretmani za ubavina. NEGA NA KOZATA I TEMNA KOZA Crniot caj e priroden antioksidans i odlicen e vo borbata protiv slobodnite radikali koi predizvikuvaat predvremeno stareenje.Zatoa ne dvoumete se odvreme na vreme koristete go ovoj pijalok za mienje na liceto,kozata ke bide zategnata,a po priroden pat vasiot ten ke potemni. LEK ZA PODOCNACI Oblozite od crn caj ke gi ostranat otocite na ocite i temnite krugovi.Stavete kesicki caj na vasite oci i ostavete gi 10 do 20 minuti. RECEPT ZA UBAVI USNI Crniot caj pomaga usnite da ja zadrzat vlagata i mekosta.Stavete kesicka topol crn caj na usnite i drzete gi 5 minuti,po tretmanot ne plaknete ja ustata. GO ZGOLEMUVA SJAJOT NA KOSATA Svarete 2 casi crn caj i nanesete go na vlazna kosa sto prethodno ste ja izmile so sampon.Ovoj tretman ke ja potemni vasata kosa i ke ja napravi sjajna. PROTIV MIRIZLIVI NOZE Taninot vo cajot pomaga vo borbata protiv bakteriite sto se razvivaat na nozete.Stavete gi nozete vo crn caj,i po nekolku minuti izbrisete gi bez plaknenje. |
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во изренданото јаболко додајте го медот и мешајте додека не се соединат. Ставете ја смесата на лице и оставете ја да делува 20 минути. Потоа измијте го лицето со топла вода. Оваа маска не се суши, па не чекајте да се случи тоа за да ја измиете. |
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |