IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Петар Чаулев
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Петар Чаулев

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 20:05
I sto e interesnoto vo intervjuto, osven deka bil naklonet kon SSSR i Komintern?
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 20:19
Eve na primer zosto duri vo 2008 godina se doznava, a na internet go ima blagodarenie na mene
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 20:22
Evalla za toa sto iznesuvas fakti. Znaes deka zaradi toa te /kako vi e uvazavam?/
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 00:05
Evalla Bugarski li e zborзбунетост
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 07:18
Од протобугарските.
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 07:44
Участието на П. Чаулев,(макар и од Виена), во убиството на Т. Александров, за нас беше несомнено. Поради неговите отцепување од другарите во Централниот комитет била е донесена одлука во конгресите на Струмичкиот и Серскиот револуционерни окрузи дека тој подлежи на најголемата казна. Кога во декември 1924 година се состанаа конгресот на Солунскиот револуционерен округ во кој и јас бев делегат, се доби известување дека П. Чаулев беше убиен во Милано од Д. Стефанов [46]. Ал. Протогеров и Задграничното претставништво, поткрепени со одлуките на Серскиот и Струмичкиот револуционерни окружни конгреси, беа решиле да се стави најголемата казна на П. Чаулев, загдето се беше продал на Москва за 500 долари, кои ВМРО му даваше да ги врати и загдето е заговарал против Т. Александров. Ал. Протогеров, како член на Ц.К и Задграничното претставништво, беа зеле тоа решение со целиот риск да одговараат пред општиот конгрес. А не дочекаа последниот да осуди П. Чаулев, па тогаш да биде егзекутиран, затоа што беа останале живи само двајца членови на Централниот комитет, од кои П. Чаулев со Влахов беа се изјасниле за тие оторизирани претставници на ВМРО, а тоа носеше секој ден пакост за делото и недоумение во светот кој всушност претставува ВМРО и има право да зборува и дејствува од нејзино име, Протогеров или П. Чаулев. Впрочем до општиот конгрес ние имавме веќе и одлуките на три од окружните конгрес од општо пет дека П. Чаулев заслужува смртна казна. Ив. Михајлов испрати Д. Стефанов да изполни казната и Организацијата потоа направи сите напори како потроши значителни суми за адвокати и сведоци, за да биде ослободен екзекуторот на П. Чаулев. Миланскиот суд навистина го ослободи...
Спомени на Георги Баждаров
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 08:32
Другото лице на П. Чаулев:

Петар Чаулев охридски војвода, е избран во 1911 година за член на Централниот комитет. Млад човек, тој беше многу суетен. Можеби развратително му подеjстваа и хвалебствиjaта на весникот "Камбана" во хуриетските дни во 1908 година "Камбана" беше оставила на Петрета Чаулев колонка во неколку броја да опише своите патни импресии низ Македонија во режимот на слободата. На овој начин младиот војвода, револуционер, наскоро самиот се почуди дека е писател! При оскадицата на големи луѓе за револуционерна дејност по хуриетот во режимот на младотурците, поработи касметот на Чаулев и стана големец во ВМРО - член на Централниот комитет. Со тоа неговата амбиција беше повеќе од задоволна, толку повеќе дека конк*рент за тоа високо место му беше Милан Матов, поранешен член на Битолскиот окружен комитет, војвода и брат на Хр. Матов. Во 1911 и 12 година Петре Чаулев беше во Битолско, но не разви посебна активност. Повеќе се криеше, наместо да работи. Смеевме се со најголемата негова револуционерна акција: заложено било едно магаре со бомби и со запален фитил било испратено низ пазарот во Кичево, за да експлоадира. Така во историјата на нашата револуционерна борба беше запишано како бомбаш и едно магаре.
Во пролетта на 1915 година вкупната војна беше во текот си, Чаулев учествува во Валандовската акција [37] од страна на Турци и Бугари-Македонци. Сепак, тој се држел на премногу чесно растојание назад и со тоа го посрами донекаде името на македонскиот револуционер, за кое Турците се однасуваха со почит. Во големата војна замина со една партизанска единица во Крушово, каде што влегол откако бугарските војници беа предизвикале бегството на Србите, но бидејќи Чаулев беше влегол прв во градот, фалеше се дека тој го ослободил. Кога бугарските војници освоиха Охрид, П. Чаулев беше назначен таму за градоначалник и кликаше со шашката по калдарамите на цар Самуилова престолнина. Помислил дека Македонија е веќе за секогаш ослободена, без да прашува другарите си Александров и Протогеров, П. Чаулев беше дал изјава до централната канцеларија на Либералната партија и беше се објавил Радославист (Радославов – председник на Либералната партиjа б. м.), санким да не го ja испревари некои друг!
Но поради катастрофалното завршување на големата војна за Македонија и Бугарија, на законска основа, П. Чаулев си остануваше во Централниот комитет по Неjскиот договор за мир. Сметан за несериозен од кафене на кафене разправаше масали и се држеше со сите пријател. Тој не беше прогонуван од дружбашите. 1920 и 1921 година тој помина во Софија. Еден охридчанец, кој беше дошол во Софија, како го гледа на едно прослава му вели: "Па што ние те знаеме оти си онаму вото Охридско, пак ти си бил тука" - "Пред три дена се вратих" - одговорил невозмутимо Петре Чаулев, а не беше бил таму.
Конечно во март на 1922 година го склонихме да замине. Вечерта пред да тргне, имав последен разговор со него - јас, Прличев и наоѓаштиот се случајно таму професор Милетиќ. Чаулев почна да ми се фали дека како влезе во Македонија, ќе собере 800 Бугари и Арнаути и ќе нападне Скопје. „Никаков напад на Скопје или Охрид, а ќе влезеш да ги обновиш организациите во Битолскиот округ, пријателе” му кажавме.
- Влезот ми внатре - та тоа е лесно: колку широка е Албанија! Слегувам во Валона и на третиот ден од таму сум во Охридско.
Навистина П. Чаулев слегол во Валона, отишол во Тирана, бил во Подградец и Корча , но внатре во Македониjа не влезе. Три дена не, три недели, три месеци, две години поминаа, но П. Чаулев не отиде во Македонија. Додека беше во Албанија, повеќе стои по кафенетата на Тирана, а српските весници пишуваа од време на време дека војводата П. Чаулев се подготвува со чета да помине низ Преспа и напаѓаат албанската влада. Последната конечно го избрка од Тирана, П. Чаулев се најде во Рим. И бидејќи не влезе, па го беше срам да бара пари, еден ден господството му се најде во советската делегација во Рим, го честеле со шампањско, даваал изјави за македонското прашање, а по неколку дена побарал и пари и му дали 500 долари.
П. Чаулев, и како излезе од Бугарија, беше почнала да се занимава со тенка дипломатија. Во Цариград се сретнал со Димко Ачков и таму двајцата нашле за мунасиб да убеди Димко Ачков Стамболиски во бугарската делегација за Генуезката конференција да влезе Димитар Влахов, кои бидејќи близок со Кр. Раковски, може да биде многу корисен и за Бугарија и за Македонија. И навистина, Димко Ачков, национал-либерал и голем националист, успеа да наведува на Стамболиски тоа и тој зеде Д. Влахов во Џенова. Бидејќи на Петрета Чаулев не му се најавите внатре, почна да пишува писмо до пријатели, наши и негови, на пример д-р Николов во Цариград, дека треба да се промени драматично тактиката и треба да се оставаат претходните револуционерни средства за борба. Препорачуваше некаква си нова легална, културна мглива борба. А кога му се каже дека и легалната борба да се води во Македонија, дека за неа е потребно упатство од интелигентни луѓе заплиташе се сиромахот. Тој беше тргнат да влегува во внатрешноста, за да подготвува, да организира населението за нелегална борба, член беше во Врховното тело на една револуционерна организација, а пишува за легалност. Конечно секое убедување заслужува почит. Но, П. Чаулев како чесен човек, штом се убедил во неможноста да се води нелегална борба или во пакоста од неа, требаше да си даде оставка од членството во Централниот комитет на ВМРО. Тој не го стори тоа, а почна да прави "дипломатија" со Московци, Италијанци и други во поменатото свое качество. А П. Чаулев беше со незавршена средно образование, VI клас и без некакви лични дарованија кои ќе пополнат недостатокот од знаење. Еднаш замине ли се по наклонена површина прекинувањето е тешко, а за некои и невозможно. Тоа се случи со Петре Чаулев. Еве, за да го внесе во вистинскиот пат, за да го убедат да оди во Битолскиот револуционерен округ, другите двајца членови на Централниот комитет, Ал. Протогеров и Т. Александров, отидоа да го најдат и да се разберат лично.


Изменето од Македон - 26.Август.2010 во 13:00
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,160 секунди.