IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што е Адвентистичката црква?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што е Адвентистичката црква?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 39>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 20:55
Originally posted by unitedMACEDON unitedMACEDON напиша:

Site pod edno neBOOO :-) Site vo edna Hristijanska Crkva(pravo,kato,protes,jeho,i site drugi) site zaedno poradi toa stoo vo nekoi delovi od evropa pa i kaj nas se gubat hristijanskite moralnosti do krajna smisla na zborottt ,vi se cudam se zamarate koj e podobarr site ucime od edna kniga :-) site veruvame vo eden bog GOSPOD NE NAPISA DASEPODELIME NA 100 CRKVI TRUKU DA BIDEME SEKOGAS EDNO !!!.... !!!!!



Biblijata treba da bide izvor za naseto znaenje za Boga.

Toa e najsiguren metod za zapoznavanje na vistinata.

Biblijata sto kazuva, toa e vecna vistina.


Ne treba da davame nasi mislenja i nasi prepotstavki nadvor od biblijata.


   POZDRAV
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2010 во 17:03
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:



Biblijata treba da bide izvor za naseto znaenje za Boga.

Toa e najsiguren metod za zapoznavanje na vistinata.

Biblijata sto kazuva, toa e vecna vistina.


Ne treba da davame nasi mislenja i nasi prepotstavki nadvor od biblijata.


   POZDRAV


Mu blagodaram na Boga shto ne daril so slobodna volja i shto ne zhiveam vo teistichka drzhava.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2010 во 13:17
Во Новиот Завет секоја од Десетте заповеди ги содржат истите зборови со исто значење како и во Стариот Завет.

Сите пишувачи на Библијата биле инспирирани од Светиот Дух и знаеле дека Законот кој бил даден на планината Синај е всушност напишан со " Божјиот прст" (Излез 31:18, Второзаконие 9:10) и НЕ Е УКИНАТ НИТУ пак ПОНИШТЕН со смрта на Исус на крстот.

Следната компарација ќе го разоткрие целиот ДЕКАЛОГ кој е пренесен од Стариот во Новиот Завет после настанот на крстот на Голгота, со намера да остане во сила и за следните времиња, во кои е вклучена и сегашноста, и ќе трае се додека Христос повторно не се врати за да го воспостави Своето вечно Царство.

Цитираните стихови од Библијата се земени од македонскиот превод на Стариот и Новиот завет од Душан Константинов.



ПРВА ЗАПОВЕД

СТАР ЗАВЕТ

Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене.

(Излез 20:3)

НОВ ЗАВЕТ

"...... На Господа, твојот Бог, ќе Му се поклонуваш и ќе Му служиш само Нему!"

(Матеј 4:10)

"но, ние имаме еден Бог, Татко, од Кого е се и за Кого сме ние, и Еден Господ Исус Христос, преку Кого е се, и преку Кого сме и ние. "

(1 Коринтјани 8:6)


ВТОРА ЗАПОВЕД

СТАР ЗАВЕТ

"Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото или долу на земјата, или во водата под земјата. Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто ЈАС, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог, Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение, а покажувам милости на илјадници кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди."

(Излез 20:4-6)

НОВ ЗАВЕТ

"Дечиња, пазете се од идолите. "

(1 Јован 5:21).

"И бидејќи сме Божји род, не треба да мислиме дека Божеството е како злато или сребро или камен; како творба на човековата уметност и замисла. "

(Дела 17:29)



ТРЕТА ЗАПОВЕД

СТАР ЗАВЕТ

"Не ќе Го изговараш напразно Името на Господа, твојот Бог, зошто Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото Име. "

(Излез 20:7)

НОВ ЗАВЕТ

"...... за да не се хули Божјото име и науката. "

(1 Тимотеј 6:1)



ЧЕТВРТА ЗАПОВЕД

СТАР ЗАВЕТ

"Помни го саботниот ден, за да го осветуваш. Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи. А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш; ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти. Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и се што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден. "

(Излез 20:8-11)

НОВ ЗАВЕТ

"И им рече: Саботата е воспоставена заради човекот, а не човекот заради саботата. Така Човечкиот син е Господар на саботата. "
(Марко 2:27-28)

"Зашто некаде за седмиот ден е речено вака: И Бог почина во седмиот ден од сите Свои дела. И пак на тоа место: Нема да влезат во Мојата починка. И така, ако останува некои да влезат во неа, а оние кои порано ги чуле Евангелието не влегле заради непослушност, пак определува некој ден денес, кога по толку време аборува преку Давида, како што е речено порано: Денес ако го слушнете Неговиот глас, не закоравувајте ги вашите срца. "
(Евреи 4:4-10)



ПЕТТА ЗАПОВЕД

СТАР ЗАВЕТ

"Почитувај ги твојот татко и твојата мајка, за да ти се продолжат дните на земјата, која ти ја дава Господ, твојот Бог! "

(Излез 20:12)

НОВ ЗАВЕТ

"Почитувај ги татка си и мајка си и ........ "

(Матеј 19:19).



ШЕСТА ЗАПОВЕД

СТАР ЗАВЕТ

"Не ќе убиваш! "

(Излез20:13)

НОВ ЗАВЕТ

"А Исус рече: Не убивај, .......... "

(Maтеј 19:18), (Римјани 13:9).



СЕДМА ЗАПОВЕД

СТАР ЗАВЕТ

"Не ќе прељубодејствуваш! "

(Излез 20:14)

НОВ ЗАВЕТ

"А Исус рече: .....не прељубодејствувај, ..... "

(Maтеј 19:18), (Римјани 13:9).



ОСМА ЗАПОВЕД

СТАР ЗАВЕТ

"Не ќе крадеш! "

(Излез 20:15)

НОВ ЗАВЕТ

"А Исус рече: ...., не кради, .... "

(Maтеј 19:18), (Римјани 13:9).

ДЕВЕТТА ЗАПОВЕД

СТАР ЗАВЕТ

"Не ќе сведочиш лажно против твојот ближен! "

(Излез 20:16)

НОВ ЗАВЕТ

"А Исус рече: ...., не сведочи лажно, "

(Maтеј 19:18), (Римјани 13:9).

ДЕСЕТТА ЗАПОВЕД

СТАР ЗАВЕТ

"Не ќе го посакуваш домот на твојот ближен! Не ќе ги посакуваш: жената на твојот ближен, ни неговиот слуга, ниту неговата слугинка, ни неговиот вол, ниту неговото осле, ни што и да е што му припаѓа на твојот ближен! "

(Излез 20:17)

НОВ ЗАВЕТ

"Сепак, јас го запознав гревот само преку Законот, зашто не би ја запознал страсната желба, ако Законот не рече: Не ќе посакуваш! "

(Римјани 7:7).


Завршна мисла

Од една страна секако дека е вистина дека ние сме спасени по благодат преку вера, но од друга страна е повеќе од очигледно е дека ни е потребно и нешто многу повеќе од Благодатта, за кое Библијата го вели следното:

"Ти веруваш дека има само еден Бог. Добро правиш; и бесовите веруваат и треперат. "

"Сакаш ли пак да сознаеш, суетни човеку, дека верата без дела е мртва? "

"Нашиот татко Аврам не беше ли оправдан од делата, кога го принесе на жртвеникот својот син Исак? "

"Гледаш дека верата соработуваше со неговите дела, и дека верата преку делата стигна до совршенството. "

(Јаков 2:19-22)

Следнава изјава лично Исус ја изјавил, во која вели:

"Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди. "

(Јован 14:15).

Авторот и Оригинаторот на нашата вера (Исус) ќе изјави:

" . . . А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите."

(Mатеј 19:17).
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2010 во 16:38
Site gi spomnuvaat zapovedite i zakonite... a ima tolku zapovedi i zakoni shto mozhe da se napishe cela kniga. Na koi zakoni misli Isus?


18 Му рече: „Кои?”А Исус рече: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно,

19 почитувај ги татка си и мајка си и љуби го својот ближен како себеси!”

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ Глава  19    

Tolku. Nishto povekje. I zbelezhuvate shto veli na krajot? Veli "љуби го својот ближен како себеси!". Dali ste go prochitale ova nekade vo zapovedite? Dali ste go prochitale kako evrejska zakon vo knigite na zakoni?

Duri i mladiot chovek bil iznenaden so ovoj odgovor bidejki vednash potoa prashal:

20 Момчето Му рече: „Сето тоа сум го пазел од младост, уште што ми недостига?”
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ Глава  19    

I Isus ne mu kazha nishto povekje za nitu edna druga zapoved i nitu eden drug zakon, nitu kniga zakoni. Edinstveno mu posochil ushte edna rabota - ako saka da go sledi Isusa treba da bide podgotven bez razmisluvanje, bez zhal i kaenje, da se otkazhe od seto onoa shto do togash smetal deka mu e najvazhno i najvredno vo zhivotot.

21 Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го својот имот и дај им на сиромасите, и ќе имаш благо на небото! Дојди и следи Ме!”
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ Глава  19    

So toa bi dokazhal deka navistina e spremen da go otfrli staroto, da se otkazhe od nasledenite indoktrinacii, da bide ispraznet i ischisten od zbirshtinata, kako shto se prazni i chisti malite deca, za da mozhe da go primi novoto i taka da vleze vo Carstvoto Bozhje.

Na onie na koi s'e ushte ne im e jasno shto veli, Isus doobjasnuva:

29 И секој, кој заради Моето име ќе остави: куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, ќе прими стократно и ќе наследи вечен живот.
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ Глава  19    

I toa e poentata na Isusovite zborovi:

14 А Исус рече: „Оставете ги децата и не им пречете да дојдат при Мене, зашто на таквите им припаѓа небесното царство.”
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ Глава  19    

Znaejki deka lugjeto nema lesno da go razberat ono shto go kazhuva i nema taka ednostavno da se otkazhat od dotogash prifatenite neshta, toj postojano napomenuva deka negovoto uchenje ne e za sekogo i deka samo nekoi kje mozhat da gi razberat negovite zborovi:

11 А Тој им рече: „Сите не можат да ги сфатат тие зборови, туку оние, на кои им е дадено.
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ Глава  19    

Oti mnogumina slushaat i mnogumina chitaat, mnogumina se povikuvaat na negovoto ime, mnogumina go citiraat, no malkumina razbiraat shto se krie pozadi slushnatoto i napishanoto. Zatoa, koga tie kje se povikaat na negovoto ime, toj kje im reche deka ne gi poznava.

Isus e potpolno vo pravo - samo malkumina kje minat niz tesnite porti.









Изменето од Messenger - 14.Август.2010 во 17:08
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2010 во 23:05
АПОСТОЛ ЈОВАН И ДЕСЕТЕ ЗАПОВЕД


   Јован 14:15 (Исус рекол)

Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.



Јован 14:21 (Исус рекол)

Кој ги има Моите заповеди и ги пази, тој Ме љуби, а кој Ме љуби Мене, него ќе го љуби Мојот Татко, и Јас ќе го љубам, и ќе му се јавам Сам.



Јован 15:10 (Исус рекол)

Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата љубов.



Јован 2:3-4

И по тоа знаеме дека сме Го познале, ако ги пазиме Неговите заповеди. Кој вели: Го познав, а не ги пази Неговите заповеди, лажец е и вистината не е во него.



1 Јован 3:22-24

И што и да Го замолиме, примаме од Него, зашто ги пазиме Неговите заповеди и правиме што а благоугодно пред Него. А Неговата заповед е оваа: да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал. И кој ги пази Неговите заповеди, останува во Него и Тој – во него. И по тоа знаеме дека Тој останува во нас: по Духот Кого ни Го дал.



1 Јован 2:3-6

И секој кој ја има оваа надеж во Него, се очистува самиот, како што е Тој чист. Секој кој врши грев, врши без-законие (без закон е), а гревот е без-законие. (гревот е кршење на законот). И знаете дека Тој се јави за да ги отстрани гревовите, а во Него нема грев. Секој кој останува во Него, не греши, секој кој греши, не Го видел Него, ниту Го познал.



1 Јован 5:2-3

По тоа познаваме дека Ги љубиме Божјите деца: кога Го љубиме Бога и ги пазиме Неговите заповеди. Зашто ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди, а Неговите заповеди не се тешки.



2 Јован 1:6

А љубов е ова: да одиме според Неговите заповеди, Тоа е заповедта, како што чувте од почетокот, во која треба да одите.



Откровение 12:7

И змевот се разгневи на жената и отиде да војува против другите од нејзиното семе, против оние кои ги пазат Божјите заповеди и го имаат Исусовото сведоштво.



Откровение 14:12

Тука е трпението на светите, кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса.



Откровение 22:14

Блажени се оние кои ги пазат Неговите заповеди, за да имаат право на дрвото на животот и за да можат да влезат во градот низ портите.

Лингвистичкото значење на зборот "ЗАПОВЕД",

односно "ENTOLE" во Јовановите списи

Опозицијата ќе рече: Јован во своите списи не се повикува на десетте заповеди!!!

Низ сите Јованови списи (Евангелието, двете посланија и Откровението) ќе ја забележите тензијата која постои помеѓу Еврејските заповеди и Новозаветната заповед базирана на љубовта.

Јован 13:34 Ви давам нова заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве љубев вас, така и вие да се љубите еден со друг.

Зборот "заповед" употребен во овој стих од страна на апостол Јован и низ целиот Нов завет, е еквивалент на грчкиот збор "entole" кој значи "давање на одговорност".

Зборот "закон" кој е употребен од страна на Јован е еквиваленет на грчкиот збор "nomos" кој значи закон, заповед, наредба, уредба.

Се зборува дека зборот "nomos" се однесува на десетте заповеди од Стариот завет, а зборот "entole" дека се однесува на Христовата нова заповед за љубов. (Јован 13:34)

Пред да донесеме било каков заклучок најпрво да погледнеме како зборот "entole" е употребен во Новиот завет.

Матеј 15:3-6

А Тој во одговор им рече: Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед (entole), заради вашето предание? Зашто Бог рекол: Почитувај ги татка си и мајка си, .........и така го укинавте Божјиот збор - заповед (entole) заради вашето предание.



Матеј 19:17-19

....А ако сакаш да влезеш во животот пази ги заповедите (entole)! Му рече: Кои? А Исус рече: Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татка си и мајка си и љуби го својот ближен како себе си!



Марко 7:9-10

Вие добро ја укинувате – продолжи Тој – Божјата заповед (entole), за да го држите вашето предание! Имено, Мојсеј рече: Почитувај ги татка си и мајка си!....



Марко 12:28-30

.....Го праша: Која е првата од сите заповеди (entole).

Исус одговори: Првата е: Слушај Израеле – Господ, нашиот Бог – е единствен Господ, и љуби Го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила!



Лука 23:56

Потоа се вратија и приготвија мириси и миро, а во саботата почиваа, според заповедта (entole).

Од она што го видовме во сите наведени цитати од Новозаветните книги е дека употребата на грчкиот збор (entole) се однесува на дессете Божји заповеди.

Апостол Павле истотака го користи овој збор (entole), за да посочи на 10-те заповеди.

Во Римјани 7:8-13 Павле ги користи и двата збора "nomos"(закон) и (entole) – заповед во дефинирање на гревот како кршење на законот односно заповедите.

Истата дефиниција за гревот ја дава и апостол Јован во неговото послание, и тоа:

1 Јован 2:3-6

....Секој кој врши грев, врши без-законие (без закон е), и гревот е без-законие.

Во Римјаните 13:9 Павле не само што го поврзува зборот (entole)-заповед со десетте заповеди, туку и десетте заповеди ги поврзува со т.н. "нова заповед" за љубов према ближниот.



Римјани 13:9

Зашто заповедите: Не прави прељуба!, Не убивај!, Не кради!, Не посакувај! – и ако има уште некоја друга заповед (entole) – содржани се во овие зборови: Љуби го својот ближен како себеси! (Јован 13:34, 1 Јован 5:2-3, 2 Јован 1:6, Матеј 22:39).

Значи, врз основа на лингвистичкото значење можеме да заклучиме дека Новозаветниот (грчки) збор "entole" заповед се однесува на десетте Божји заповеди. Но, можеби некои ќе речат дека заповедта за Љубов ги замнеува 10-те заповеди, но Библијата не учи на следното: Веќе прочитавме дека заповедта во Римјани 13:9 да се љуби својот ближен како себеси е всушност изразена во последните 6 (шест) заповеди од Декалогот.

Истотака, Исус вели во Матеј 19:17-19

....А ако сакаш да влезеш во животот пази ги заповедите (entole)! Му рече: Кои? А Исус рече: Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татка си и мајка си и љуби го својот ближен како себе си!

Исус прво Ги цитира двете најголеми заповеди а потоа ги поврзува со Законот, и тоа:

Матеј 22:36-40

Учителе, која е големата заповед (entole) во Законот (nomos)? А Тој му рече: Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла! Тоа е најголемата и прва заповед (entole); а втората е како и оваа: Љуби го својот ближен како себеси!

На тие две заповеди висат Законот (nomos) и Пророците.

Значи оваа "нова заповед" за љубовта и не е воопшто нова. Вистина е дека била малку запоставена, но во никој случај не е нова, а за тоа тврди и Јован во своето прво послание, и тоа:



1 Јован 2:7

Возљубени, не ви пишувам нова заповед, туку старата заповед, што ја примивте од почеток, старата заповед е словото, што сте го чуле.

Значи, оваа "нова заповед", всушност ја гледаме низ целиот Закон и Пророците (Стариот завет).



Второзаконие 6:5

Затоа љуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа и со сета своја сила!



Второзаконие 11:13

Затоа, ако навистина ги послушате заповедите што ви ги давам денес, и ако Го љубите Господа, својот Бог, и ако Му служите со сето свое срце и со сета своја душа,



Второзаконие 30:16

Ако ги послушаш заповедите на Господа, својот Бог, кои ти ги давам денес – ако ги послушаш љубејќи Го Господа, својот Бог, одејќи по Неговите патишта, вршејќи ги Неговите заповеди, Неговите закони и Неговите уредби, ќе живееш и Господ, твојот Бог, ќе те размножи и ќе те благослови во земјата во која влегуваш да ја земеш во сопственост.



Левити 19:18

Не се одмаздувај и немај злоба кон синовите на твојот народ. Љуби го својот ближен како себеси. Јас Сум Господ!



Левити 19:34

Туѓинецот кој престојува со вас, нека ви биде како ваш сонародник; љуби го како себеси; зашто и вие бевте странци во Египетската земја. Јас Сум Господ, ваш Бог!



Исаија 58:6-10

Ова е пост што ми е по вољата: да ги кинеш неправедните окови, да ги разврзеш врските на јаремот, да ги пуштиш на слобода угнетуваните, да ги скршиш сите окови. Да го поделиш својот леб со гладните, да ги воведеш под својот покрив бескуќниците, да го облечеш оној што ќе го видиш гол, и да не се криеш од оној, кој е од твојата крв. Тогапш ќе светне како зората твојата светлина и твоето здравје ќе процвета бргу. Твојата правда ќе оди пред тебе, а Господовата слава ќе ти биде заштитница. Ако викнеш, Господ ќе ти одговори, кога ќе извикаш ќе рече: Еве Ме! Ако ги отсраниш од својата средина, јаремот, испружениот прст и безбожната беседа.

Уште еднаш можеме да заклучиме дека заповедта за љубов е основа на Божјите заповеди. И тоа не е вопопшто нова заповед.

Многу е важно да се запази целиот концепт на држење на Божјите заповеди, а љубовта кон Бога дава смисла и сила на сето тоа.

Ние му искажуваме послушност на Бога, БИДЕЈЌИ ГО ЉУБИМЕ со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја сила , и затоа што оваа љубов и заедништво со Бога (првите четири (4) заповеди од Божјиот закон) не оспособуваат да ги исполнуваме и останатите шест (6) заповеди на кои основната порака е да го Љубиме својот ближен како себеси!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2010 во 23:08
     

АПОСТОЛ ПАВЛЕ И ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ

    

     Павловите посланија се основа за бескрајно долги дебати, но секој искрен ученик на Библиската вистина преку овие посланија биде предупреден дека Милоста Божја и Законот Божји, одат рака под рака, и во ниеден случај не се спротивни еден на друг.

Внимателното проучување на Библијата ќе ни ја осветли вистината дека почитувањето и исполнувањето на Божјиот Закон НИКОГАШ никого нема да го оправда. Бидејќи човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот. (Римјани 3:28).

Но Павле убрзано додава и вели:

Според тоа, дали го укинуваме Законот преку верата? ДАЛЕКУ ОД ТОА! Туку, со тоа ГО УТВРДУВАМЕ Законот. (Римјани 3:31)

Павле го подржува Законот, односно Десетте Божји заповеди како стандард врз основа на кој верникот ќе се оправда и освети. Но, на нас ни е потребно нешто повеќе од оправдување и осветување, а тоа е одвојување од гревот со тоа што ќе ни биде дадено ново срце и ум, трансформирани и осветени.

Павле го подржува Божјиот Закон:

Римјани 13:9

Зашто заповедите: Не прави прељуба!, Не убивај!, Не кради!, Не посакувај! – и ако има уште некоја друга заповед – содржани се во овие зборови: Љуби го својот ближен како себеси.

Ефешјани 6:1-3

Деца, слушајте ги вашите родители во Господа, зашто тоа е право.Почитувај ги својот татко и мајка – тоа е првата заповед со ветување – за да ти биде добро и за да живееш долго на земјата! А вие татковци, не дразнете ги вашите деца, туку воспитувајте ги во науката и опомената на Господа.

1 Коринтјани 7:19

Обрезанието е ништо, и необрезанието е ништо, туку извршувањето на Божјите заповеди.

Римјани 7:12

Затоа Законот е свет, а и заповедта е света, и праведна, и добра.

Римјани 7:7

И така, што да речеме? Дали е Законот грев? Далеку од тоа! Сепак, јас го запознав гревот само преку Законот, зашто не би ја запознал страсната желба, ако Законот не рече: Не ќе посакуваш!

1 Коринтајни 15:56-58

Осилото на смрта е гревот, а силата на гревот е Законот. Но, фала Му на Бога Кој ни даде победа преку нашиот Господ Исус Христос. Затоа мои возљубени браќа, бидете цврсти, непоколебливи, секогаш пребогати во Господовото дело, знаејќи дека вашиот труд во Господа не е напразен.

1 Тимотеј 1:8

Ние пак знаеме дека Законот е добар, ако некој го применува законски.

Забуната настанува околу фактот дека исполнувањето на Законот само преку дела не е доволно за праведност. Ова бил основниот проблем на Израел кој стремејќи се кон законот на праведноста, не стигна до Законот на праведноста. (Римјани 9:31).

Значи, тие се обиделе да ја постигнат праведноста со "правила кои биле надвор од игра", односно без вера, само со дела. И така Израел не успеал да го исполни Законот. Зошто? – затоа што не настојуваше да го постигне со верата, туку со делата на Законот, се сопна на каменот на сопнување. (а тоа е верата во Исуса Христа) (Римјани 9:32).

Законот сам за себе не е корисен, но кога Христос посредува и Светиот Дух го пишува Законот на нашите срца, (2 Коринтјани 3:3) ...... "не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочи, туку врз плочи – на човечките срца." не оспособува за служба на Бога.

Римјани 12:2

Немојте да се прилагодувате со овој свет, туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да дознаете која е добрата, угодна и совршена Божја воља!

Исто како што е ветено и во Новиот завет:

Евреите 8:10

Зашто ова е Заветот со кој ќе го заветувам Израеловиот дом по оние денови, вели Господ: ќе ги вложам Своите закони во нивниот ум, и ќе ги напишам на нивните срца. Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
alf Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 631
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alf Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2010 во 00:52
.


Изменето од alf - 19.Септември.2011 во 13:21
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2010 во 11:24


     Духовни дарови и служби !!!!




       

    Пред деветнаесет векови, откако ја воспоставил својата Црква на Земјата, Исус се вратил на небото. Со загрижено срце уечниците гледале како си заминува (Лука 25,50; Дела 1,9). Дали ќе бидат способни правилно да го престават? Дали ќе бидат способни успешно да го продолжат делото што им е доверено? Имаат ли таланти неопходни евангелието да му го објават на цел свет?

   Со исто разбирање и грижливост, што ги покажувал во текот на целиот живот, Исус ги предвидел нивните потреби и совршено се погрижил тие да се задоволат. Токму пред своето вознесение им реколнежно: И ете, јас ќе го испратам врз вас ветувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим, дури не се облечете во сила одозгора (Лука 24,49). Преку Светиот Дух на своите ученици ќе им го даде секој дар и секој талент што им е неопходен во работата.

    Тој го исполнил своето ветување. Пишувајќи за тоа, апостол Павле кажува: Затоа е и речено., Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето. А што означува издигајќи се, ако не тоа дека Он слезе пред тоа во најдолните места на Земјата. Слегнатиот е Истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса за да изгуби се. И Он постави едни за апостоли, други за пророци, трети за евангелисти, четврти за пастири и учители, за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело. (Ефес. 4,8-12).

     Во своето послание до црквата во Коринт, Павле понатаму расправа за истата тема: А за духовните дарови, не сакам , браќа да не знаете. Знаете дека, кога бевте незнабошци, се влечевте при немите идоли, како да ве водеа. Затоа ви кажувам дека никој, кој зборува преку Божјиот Дух, не фрла анатема на Исуса, и никој не може да го наречи Исуса Господ освен преку Светиот Дух. Постојат разни дарови, но Духот е еден и ист; има разни служби но Господ е еден и ист; и разни сили постојат, но Бог е еден и ист, Кој врши се во се. А на секого му дава да се пројави Духот за полза; оти, на еден му се дава преку духот збор на мудрост, на друг збор на знаење, Преку истиот Дух; на еден-вера, преку истиот Дух; на друг - дар за лекување, преку истиот Дух; - на еден - да чини чуда, на друг да пророкува, на еден - да ги разликува духовите, на друг - разни јазици,на трет - да толкува јазици. Сето ова го прави еден и ист Дух, распоредувајќи му на секому поодделно, како што сака. (1.Кор. 12,1-11).

Овде е важно да се забележат два факти: 1. Духот одлучува кои дарови ќе ги излее. Тој ја презема таа одговарност зашто единствено тој знае кои дарови и се неопходни на Црквата; само тој знае кој дарови кој христијанин ќе ги искористи на најдобар начин. 2. не примаат сите исти дарови, ниту сите дарови им се достапни на сите. Така, на пример, никој нема право да бара Духот да му даде дар на пророштво, дар на исцелување или дар на јазици. Вистинскиот христијанин исцело ќе му се предаде на Христа, сите свои природни способности ќе ги стави на неговиот олтар и ќе бара од Бога да му ги подари оние духовни дарови што ги смета за неопходни (Рим.12,4-8; 1.Петрово 4,10.11).

     До кога ќе се излеваат овие духовни дарови врз Црквата? Новиот Завет кажува дека тие ќе останат во Црквата се до Христовото доаѓање. Пишувајќи и на црквата во Ефес, апостол Павле кажува дека духовните дарови се дадени со цел за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело, додека сите не стигнеме до единство во верата и познавањето на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство. (Ефес. 4,12.13).

      На сличен начин и пишувал и на црквата во Коринт: Секогаш му благодарам на Бога за вас поради дарувањата ви во Христа Исуса Божја благодат, зашто преку Него се обогативте со се, во секое слово и во секое знаење, откако се утврди во вас Христовото сведоштво, така што да не се лишавате од никаков дар, вие, што го очекувате откровението на нашиот Господ Исус Христос. (1.Кор.1,4-7).

       И така Бог преку духовните дарови совршено се погрижил за сите потреби на Црквата - за своето семејство на Земјата - таа да биде во состојба да се одржи, успешно да ја продолжи својата телесна, душевна и духовна служба за се до денот кога Божјето семејство на Земјата ќе се соедини со Божјето семејство на небото.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2010 во 11:54

     

        ЖИВОТЕН ВОЗ





       Животот на земјата многу често личи на патување со воз. Во животот имаме многу постојки, на некои се качуваат некои луѓе со кои доживуваме пријатни пријателства, но мошне често ни се случува да се разочараме во нашите пријатели, ако тие се најдат во непријатна состоба некои се растажуваат, доживуваат несреќи. Иако на поглед сите во миг изгледаме среќни, низ патувањето сите доживуваме по нешто што ќе ни ги жигоса душите.

Кога се раѓаме се среќаваме со некои луѓе за кои мислиме дека нема никогаш да не напуштат како на пример нашите родители, но понекогаш ни се случува и тоа, но тоа многу боли. За жал на некоја постојка од нашиот животен воз, тие ќе се симнат, и не оставаат сами, незгрижени без нивната нежна љубов, незаштитени оставени сами на себе во топлите Божји прегратки, иако во тој миг ни се непознати. Бог како наш Творец ќе не згрижи под своите нежни крила. Иако видливото друштво и пријателство се симнале од нашиот воз. Но во некоја следна станица ќе се качат нови патници од кои некои ќе ни станат многу важни во нашето патување. Тоа се нашите браќа и сестри поблиски и подалечни пријатели, и други патници кои ќе ги засакаме со текот на патувањето. Други патници кои наидуваат на нас во текот на патувањето, се за наша тага и жалост. Но секогаш ќе има околу нас патници кои патуваат во тој воз и се спремни да ја подадат својата рака за помош на кого ќе му биде неопходна. Тие непознавајќи не ќе ја подадат својата хумана рака, да помогнат да застанеме на нозе, и да продолжиме понатаму во соето патување. Но некои кои попатно ќе влезат во животниот воз, и не ни обрнуваат внимание, на пределите низ кои се патува, ниту пак се зближуваат со никого, па на крајот од патувањето тие завршуваат осамени. Многу од патниците кои ќе наидат на нашето патување и се качат на возот, зад себе после симнувањето на некоја од следните станици, остават длабоки впечатоци на пријатни сопатници, и ни е жал што одлучиле да го прекинат патувањето. Некои од нив ќе ни направат и такви збрки, што се во состојба да го нарушат авторитетот и не вовлечат во непријатна состојба. Но многумина од патниците не ги ни забележуваме нити кога се качиле, нити кога се симнале.

Често се чудиме зошто некои од нашите многу драги и блиски се во други вагони и не патуваат со нас? Не оставаат сами во нашето патување, понекогаш се обидуваме да ги следиме, и по можност да се сместиме во нивното купе, но нечесто ни случува грешка. Бидејќи кога ќе ги пронајдеме местото покарај нив не е слободно, некој во меѓувреме го заземал. И едноставно таков е животот, полн со предизвици, мечтаења, надеж, соништа, преполн со состаноци и разделби за кои никогаш повеќе не постои можност за повторно среќавање. И затоа тие моменти никогаш повеќе нема да се дожвеат. Па својствено за човекот низ своето патување да создаде најдобро можна атмосфера, исполнета со радост и среќа доколку дозволува ситуацијата во мигот на тој период од патувањето. Да се потрудиме во текот на нашето патување со секој патник да бидеме во пријателски и добри односи со посебна љубов која ќе биде секому поделена без предрасуди како брат со брат, и сестра со сестра. И секогаш да се трудиме во нашите сопатници да го видиме она најдоброто.

Можеби кога ќе наидеме на некоја раскрсница некој може да се слизне од вагонот, а токму во таков момент е потребна наша помош, но како ќе помогнеме ако не сме подготвени, за да можеме некому да подадеме рака во такви ситуации, важно за нас во нашето патување да сме и самите ние спремни. Себеси да сме позицирани на добро место во нашиот животен воз, да не би и ние самите сакајќи да помогнеме станеме жртва навидум на случајноста, но тоа е голема замка во која ако немаме силна духовна поткрепа, ќе се најдеме заедно со лицето на кое сме се понудиле да му помогнеме. Но се надеваме дека во такви ситуации и самите ние ќе имаме потреба да бидеме од некој прифатени, и имајќи потреба од неговата подадена рака не станеме жртва на околноста. Најголема тајна во нашиот животен воз, е кога ние ќе слеземе, и како ќе слеземе? Но се прашуваме и за нашите сопатници кога и како ќе се симнат и тие и каде води понатаму нивниот пат, а не знаеме ниту за оние кои седеле до нас за време на целото наше патување? Сигурно ќе бидаме многу тажни кога ќе мораме да го напуштиме својот животен воз и мораме да се симнеме од него, при тоа разделувајќи се од некои кои биле наши најблиски, многу драги некои од нив можеби и единствено нешто на нашето патување. Верувам дека самата разделба со некои наши пријатели стекнати во текот на патувањето ќе ни нанесе многу болка. Меѓутоа се надевам дека на некој крај има крајна станица за сите патници, кои ќе треба да се симнат од возот на последната станица заедно со сите свои куфери кои додека се качувале во возот ги немале. И искрајно и од срце ќе бидеме среќни што ќе имаме можност повторно да се сретнеме и заедно да се радуваме во Божјата милост која ни овозможила да имаме уште една можност да се сретнеме со сите наши мили и дараги , блиски пријатели сопатници кои патувале заедно со нас, и сите заедно ќе учествуваме на една голема свадба. На која е поканет секој кој ќе ја облече свечената облека која ќе ни биде дадена на самиот влез во свадбената просторија. На самата станица кога ќе ги видаме со полни куфери уште повеќе ќе бидеме среќни што и ние сме имале допринос, да ги наполнат своите куфери. Секогаш треба да се трудиме да имаме прикладно и умерено патување кое ќе ни носи повеќе радост отколку тага. И кога ќе видиме дека нашето патување стократно го зголемило бројот на патниците кои, патувале низ нашиот животен воз повремено, некои и се симнувале на своите станици. Да се потрудиме симнувајќи се од нашиот животен воз да оставиме едно слободно место кое ќе им остане во сеќавање на оние кои после нас ќе го продолжат своето патување. После нас ќе продолжат со сеќавање кое со возбуда ќе го пренесуваат на следните сопатници кои ќе патуваат понатаму. На сите им посакуваме пријатно и незаборавно патување. А СРЕДБАТА ДА БИДЕ ШТО ПОСКОРО НА ВЕТЕНАТА СВАДБА КАДЕ ЌЕ СЕДНЕМЕ СИТЕ ВО ИСТА ОБЛЕКА, КОИ ЌЕ ЈА ПРИФАТАТ ПОКАНАТА, И ЌЕ ИЗДРЖАТ ДО КРАЈ НА СВОЕТО ЖИВОТНО ПАТУВАЊЕ. ИСУС Е НАШИОТ ПАТ, ВИСТИНА И ЖИВОТ СЕГА И ВО ВЕЧНОСТА....
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2010 во 11:10


       БИБЛИЈА



    Живееме во посебно време од светската историја во кое печатените страници заземаат истакнато и значајно место. Книги, разни списанија и многу други изданија, се издаваат во големи тиражи. Секој ден на јавноста и се нудат стотина нови наслови. Од тие нови книги многу се добри и корисни, но во историјата на човештвото ниту една книга немала такво значење, ниту во толкава мера влијаела врз неговиот развој – одредувајќи и обликувајќи ги неговите токови - како Книгата над книгите, Библијата. Таа до денеска е преведена на над две илјади јазици и секоја година се распростанува во милиони примероци, а сосема е сигурно дека уште ни оддалеку не го завршила својот величествен поход.

Тоа е книгата што влијае силно - врз општеството и врз поединците. Во текот на историјата едни ја прифаќале, ја сметале за извор на вистината, за правило на верата и на животот и ги усвојувале нејзините барања и совети, а други стравувале од неа и од нејзините барања и ја прогласувале за непотребна и невистинита, ја спалувале и се бореле против сите оние што ги прифаќале нејзините совети. Не е мудро да се отфрли нешто, а пред тоа да не сме наполно сигурни дека треба да се отфрли. Токму тоа го прават мнозина. Ја отфрлаат ова Книга иако не ја познаваат и не ја испитале вредноста на нејзината содржина и на нејзината порака.



Денеска постојат многу книги што го прошируваат човековото знаење, но ниту една од нив не може да ги задоволува внатрешните човечки потреби, да донесе душевен мир, трајна радост и задоволство, како што може Библијата. Сигурно тоа била причината што Јохан Волфганг Гете, еден од најголемите германски поети на сите времиња, изјавил вака: “Кога би бил фрлен во затвор и кога би можел да земам само една книга со себе, би ја избрал Библијата.’’ Абрахам Линколн, легендарен претседател на Соединетите Американски Држави, за Библијата ги кажал овие вдахновени зборови: “За таа голема Книга можам да кажам само едно: таа е најубавиот дар што му го дал Бог на човекот; сето добро на Спасителот на светот ни е откриено во неа!” Библијата ја овозможува општествената и духовната егзистенција; таа е светлина среде мракот, светлина што му ја осветлува патеката на уморниот патник. Светлината мора да свети постојано, а Библијата го задоволува тоа високо барање.



Вредноста на Библијата се состои и во тоа што таа ни помага да изградиме свое лично мислење и уверување за вистината. А “неисцрпен извор на секоја вистина, што не може да се пронајде никаде на друго место, е Евангелието”, му напишал прочуениот филозоф Имануел Кант на својот добар пријател, писателот Штилинг. Прва и најголема должност на секое разумно суштество е од Библијата да дознае што е вистина, да живее според неа, потоа другите да ги охрабри и тие да појдат по трагите на светлината откриена во ова света Книга. Затоа би требало од ден на ден сите трудољубиво да ја проучуваме Библијата, да се задлабочуваме во секоја нејзина мисла, зашто само на тој начин ќе ги откриеме нејзините вистински и сеопфатни вредности.
Библијата е мерило на карактерот, како за оние што живеат според нејзините начела, така и за оние што не ја прифаќаат како извор на вечните вистини. Поради тоа треба се повеќе да ја проучуваме за да сфатиме каков карактер очекува Бог да изградиме за да можеме да доживееме еден подобар свет најпрво во самите себеси. Ниту една друга книга не е во состојба на човекот да му ги издигне мислите и да му го закрепне духот како што може да го стори тоа Библијата. Кога би ја проучувале Библијата со желба да оствариме подобар свет, би постигнале широчина на духот, благороден карактер и би оствариле постојаност на своите цели, што денеска луѓето толку ретко успеваат. Големиот американски државник и книжевник Бенџамин Френклин на еден свој пријател му напишал вака: ”Момче, запознај се со Светото писмо и цврсто верувај во него, зашто тоа ќе ти биде на благослов!”



Најголемата вредност на Библијата се состои во тоа што таа не доведува во врска со најблагородното Суштество што постои, со нашиот Бог и Творец. Еден духовен писател тоа го опишува вака: “Со Божјата реч во рака секое суштество може да има жива врска со Бога и во него да најде Пријател каков што му е потребен. Од страниците на Библијата можеме да разговараме со Најблагородниот и да го чуеме гласот на Вечниот кој им зборува на луѓето. Така можеме да живееме во атмосфера на самото Небо...приближувајќи се се повеќе кон влезот на вечниот свет, додека не ни се отвори бисерната врата, низ која можеме да влеземе во небото. Тогаш ќе видиме дека не сме биле странци во тој свет. Гласовите што ќе не поздрават таму сме ги познавале како гласови на невидливите придружници и сме знаеле да ги разликуваме од другите гласови. Оној што низ Божјата реч знаел да живее во заедница со Небото, ќе се најде во небесниот дом, чиишто жители знаел да ги сака уште на оваа земја.”
Тоа е само мал дел на вредноста на Библијата што од срце им ја препорачуваме на сите добронамерни луѓе. Нашиот живот секој ден ќе станува поубав и посреќен ако покажеме поголем интерес за нејзините вечни вистини и за нејзината неуништива вредност!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
alelus Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alelus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2010 во 23:56
Еве една интересна информација во врска со екуменизмот:

Папата на чело на сите христијани?

Римокатолиците и православните теолози, на штотуку завршениот состанокот во Виена, најавија напредок во усогласувањето на двете христијански цркви, кои наскоро би можеле да станат "сестрински" и да го признаат папата за врховен поглавар.

Учесниците на состанокот во Виена

Претставниците на Српската православна црква на Вселенскиот состанок во Виена, беше предводена од епископот бачки Иринеј Буловиќ.

Состанок во Виена, е продолжение на состанокот од минатата година во Кипар, кој заврши без завршен документ, бидејќи претставниците на православните цркви кои учествуваа во работата на Мешаната меѓународна комисија за Богословски дијалог меѓу Православната и Римокатоличката црква, не го прифати документот на римската к*рија за приматот на Ватикан во водењето на спомнетото заедништво .

Папата признат одамна

На самитот во Равена во Октомври 2007 г. сите учесници, освен на Русите, кои ја напуштиле седницата, на Ватиканскиот Папата кој е епископ на Рим, го признаа правото да биде прв меѓу еднаквите поглавари и епископи на локалните православни цркви.
Претставниците на двете главни христијански цркви во Виена минатата недела зборуваа за надминувањето на големиот раскол од 1054 и постигнувањето на целосно единство на двете најголеми христијански деноминации, известува Ројтерс.

Експертите во Виена се согласија дека на Римокатоличката и Православната црква можат да станат "сестрински цркви" кои ќе го признаат папата како своја титуларна глава, со одржување на својата различна црквена структура, литургија и обичаи, кои се развиени во текот на последниот милениум.


Јован Zizjulas
"Не стои облак на недоверба меѓу нашите две цркви. Нашите претходници, особено лидерите на двете цркви, католичката и православната страна, го подготвиа патот за пријателски и братски разговори. Можам да ве уверам дека тој дух преовладуваше во нашите дискусии. Затоа сакам да ве уверам дека ако така наставиме, Бог ќе најде начин да ги надминеме сите останати проблеми и дека двете цркви, најстарите цркви, кои ја делат истото соборно (екуменско) минато, на истата традиција, исто значење за црквата, ќе ги доведе до целосно единство ", рече пергамскиот митрополитот Јован Zizjulas.

Архиепископот Karl Koh го цитираше коментарот на папата Јован Павле дека двете цркви се двата бели дробови на христијанството, велејќи дека тие треба да вежбат да дишат заедно.

"Ова е тешка, но неопходна тема затоа што заедно живеевме во различноста, но и во единството на првиот милениум, со тоа што вториот милениум, во кој се дистанциравме едни од други, лежи измеѓу нас", рече архиепископот Koh.

Во Виена, се одржа 12 седница на мешаната Комисија за богословски дијалог меѓу католиците и православните. Со комитетот копредседаваше Митрополитот Јован Пергамски претседателот на папскиот советот за унапредување на Христијанско единство на епископи к * рт Koh.
Работата на секоја локална Православна Црква е претставена од двајца заменици. Московската Патријаршија ја представува претседателот на Советот на црквите за однос со јавноста, епископот Иларион Волколамски професор на Православниот Хуманитарен универзитет Тихон. Исто така, и заменик директорот на Одборот за образование на Руската Православна Црква архимандритот Кирил. Пред почетокот на средбата учесниците ги поздрави архиепископот, кардиналот Kristof Sonmporn и епископот цариградски за Виена и Австрија Митрополитот Михаил.


Движењето кон единство доби јасна динамика со доаѓањето на престолот на Рускиот Патријарх Кирил во февруари 2009 година. Двајцата поглавари, и рускиот Кирил и римскиот папа се конзервативна богослови, кои сакаа да работат заедно за да се слушне гласот на христијаните во Европа, континентот за кој и обајцата мислат дека треба да се врати на христијанските корени.

Тие сè уште не се состана на врвот, но новинарите од Европа очекуваат назначување датумот на нивниот прв разговор на врвот.

Русите не се сами во играта, но нивната големина им дава еден вид на право на вето, кои мора да бидат земени во предвид во оваа позиција. Ватикан има добри односи со Вселенскиот патријарх во Истанбул и Српскиот православен патријарх го покани папата во Белград.

Еве откаде го цитирав:
http://www.vesti-online.com/Vesti/Tema-dana/24755/Papa-medu-Srbima-2013-godine



Сега нека ми каже некој дали „Равенскиот документ“ има некакво значење за нас или не?

Изменето од alelus - 27.Септември.2010 во 19:55
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2010 во 00:17
alelus, kako na nov chlen imam obvrska da te izvestam deka osnovniot jazik na komunikacija e makedonskiot. Site drugoi jazici se smetaat za stranski, vkluchuvajki gi i onie od bivsha Jugoslavija.

Zatoa, zamolen si ovoj tekst da go prevedesh, inaku kje bide izbrishan. Znam deka toa ne e konvencionalno i prichinuva problemi so preveduvanje, prepishuvanje, upotrebeno vreme i t.n., no pravilata se pravila i tuka nema protekcija.

Za sega testov ne go brisham i kje ti ostavam nekolku dena vreme da go sredish kako shto treba.

Bidi pozdraven i ti pozheluvam prijatno pominato vreme so nash*te chlenovi.

Messenger
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
alelus Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alelus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2010 во 00:25
Благодарам за известувањето.
Тек се вклучив во форумот и не сум во тек. Ќе се потрудам да ги испочитувам правилата.
Поздрав до модераторот.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2010 во 12:10
Oslobodeni sme od prokletstvoto na zakonot, a ne od zakonot


Vo Biblijata imame primer - zena preljubnica koja zgre- sila i padnala pod prokletstvo ili pod osuda na zakonot koj go prekrsila i kako gresnica zasluzila smrt.
Hristos ja otkupil od prokletstvoto i ja oslobodil od smrtnata kazna.
Taa sega e oslobodena (Galatite 3,13), no oslobodena od prokletstvoto ili od osudata pod koja padnala koga napravila preljuba, a ne od obvrskata da ja drzi sedmata zapoved koja kazuva “Ne vrsi preljuba!” Hristos zapoveda: Ti pros- tavam, no “odi i ne gresi veke!” Nemoj pak da pravis preljuba, za da ne ti bide uste poloso, zasto, ako pak ja gazis sedmata zapoved i ako pak pravis preljuba, ti pak ke padnes pod prokletstvo, povtorno ke se najdes pod udar na zakonot, odnosno pod udar na grevot koj ke te osudi na smrt i ke te ubie.


Изменето од Blagoj_s - 06.Октомври.2010 во 12:10
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 39>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,656 секунди.