IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Научни вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Научни вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 14>
Автор
Порака
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 00:06
Поларната светлина ќе се гледа ширум светот

Жителите ширум планетата во наредните неколку дена може во текот на ноќта да ја видат поларната светлина.

Причината за ваквата појава се двете мали бури на Сонцето кои блеснаа во неделата, праќајќи илјадници тони сончева плазма право кон земјата.

Научниците велат дека жителите на американските држави од Мејн до Мичиген и кон северот може да забележат необична ноќна светлина на северниот дел на небото.

Географската ширина на Мејн е 44 степени северна ширина, а на Мичиген е 43 степени.

Географската ширина на Македонија е меѓу 40º 50' и 42º 20'.

Обично поларната светлина Aurora Borealis се гледа само во пределите во близина на Северниот пол, а изгледа како брзо променливи снопови со црвена и зелена боја како минуваат низ небото.

Сепак, бурите на Сонцето може да ги пратат и појужно. Американскиот центар за прогноза на времето во Вселената во Колорадо вели дека плазмата ќе стигне на Земјата веројатно вечерва или во среда пред зората.

Помалите бури на Сонцето, какви што беа забележани во неделата не претставуваат закана за сателитите и за електро-мрежата.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 03:10
Сончевата бура направи фантастично светлосно шоу

Жителите на северната хемисфера утрово имаа шанса да видат ретка глетка кога сончевата бура продолжила со масивна ерупција на површината на Сонцето која што заблеска на некои делови од Земјата.

Магнетската радијација предизвика преубаво светлосно шоу, јавува Fox News. Во вселената се исфрлени 10 милијарди тони плазма, која до Земјата патувала три ипол дена.

Еден од канадските фотографи имаше шанса да го забележи овој несекојдневен настан.

- Отсекогаш сонував да видам аурора. Синоќа конечно успеав, изјави Оливие Ду Тре.

Драматични аурори можеа да се видат во Данска, Норвешка, Германија, Грендалнд и долж северниот дел на САД и Канада.

Научниците од НАСА соопштија дека сонцето eруптирало не еднаш, туку веќе четири пати. Бурата не е опасна по луѓето, бидејќи Земјата е заштитена со нејзиното магнетско поле, па радијацијата се апсорбира во атмосферата.

Сепак, штетата би можела да биде нанесена на сателитите кои орбитираат околу Земјата, како и на астронаутите во Меѓународната вселенска станица (ISS).

Портпаролот на НАСА, Вилијам П Џефрис истакнува дека според неговите проценки, скоро е неможно соларната бура да предизвика евакуација на станицата.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 23:40

РОБОТ ЌЕ ГИ РЕШАВА МИСТЕРИИТЕ НА КЕОПСОВАТА ПИРАМИДА


По 4.500 години постоење на Големата пирамида во Гиза, се уште не е познато што се крие зад двете камени врати што се наоѓаат длабоко во нејзината внатрешност.

Долга низа години Големата пирамида, поточно пирамидата на фараонот Кеопс, со својата мистериозност ги привлекуваше, фасцинираше и фрустрираше многумината кои сакаа да ги откријат нејзините тајни.    

Пирамидата е изградена по наредба на фараонот Кеопс, пред 2.500 години п.н.е. Во срцето на пирамидата се наоѓаат две простории што претставуваат одаи на фараонот и неговата кралица.

 

Тим од универзитетот во Лидс, што соработува со египетскиот Врховен совет за антиквитети, подготвува робот што ќе треба да ја реши една од најстафрите мистерии во светот.

 

Двата тунела, што под агол од 45 степени се издигаат над одајата на фараонот водат надвор од пирамидата и за нив се верува дека се направени за да може душата на фараонот да стигне до ѕвездите.


Тунелите што се наоѓаат во одаите на кралицата се откриени во 1872 година и тие не водат надвор од пирамидата туку во нејзината внатрешност, До денеска не се дозна зошто служат овие тунели.

 

Во 1992 година истражувачите се обидоа да провлечат камера низ тунелите, но по 60 метри камерата беше блокирана од камена врата со две бакарни рачки. Со натамошни истражувања и бушења, во 2002 година, е откриена уште една врата, 20-тина сантиметри оддалечена од првата.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2010 во 12:06
Дожд од метеори ќе го осветли небото

На небото ќе се види единствена појава која астрономите ја нарекуваат Персеиди - метеорски дожд. Појавата трае повеќе од една недела, а оваа година врвот ќе го достигне ноќта помеѓу 12-ти и 13-ти август, кога максимално, во еден час од ноќта, на небото ќе може да се видат стотина метеори.

Станува збор за остатоци од кометата Swift-Tuttle, откриена 1862 година, видливи секоја година кога Земјата поминува низ остатокот од опашката на кометата.

Астрономите објаснуваат дека Земјата тогаш влегува во облак од прашина и гасови, па тие честички се судираат со атмосферата на нашата планета во брзина од 200 илјади километри на саат и додека горат оставаат светлосни траги на небото.

Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2010 во 20:01
Ферми откри енергетски светлински сигнал


Светлинскиот сигнал 3C 454.3, сјаен извор на гама зраци од галаксија која е 7 милијарди светлински години далеку од нас, неодамна стана уште посјаен. Набљудувањата направени со телескопот за гама зраци Ферми потврдија дека од 15 септември 2009 година кај овој светлински објект значително е зголемено емитувањето на гама зраци (за околку 10 пати повеќе од претходните мерења), со што овој објект стана најсветол извор на гама зраци на небото.




Споредба на сликите од Ферми, направени на 3 ноември и 2 декември 2009 година, на кои се забележува осветлувањето на објектот 3C 454.3



Споредба на сликите од Ферми, направени на 3 ноември и 2 декември 2009 година, на кои се забележува осветлувањето на објектот 3C 454.3

3C 454.3 е светлински сигнал, објект т.н. блејзер (анг. blazer - не како палтото, туку како објект кој зрачи со интензивна светлина и се наоѓа во центарот на активни галаксии), кој всушност претставува млаз од енергетски честички кои се создадени од супермасивната црна дупка во центарот на галаксијата. Се смета дека повеќето галаксии во својот центар имаат супермасивни црни дупки, кои како што ја впиваат материјата од акрециониот диск кој ги опкружува може да создадат млазеви светлина и енергија во фантастични количини. Во случајот на 3C 454.3, еден од овие млазеви е насочен кон Земјата, па затоа може да го видиме и проучуваме.

Овој објект почнал да сјае и повеќе од пулсарот Вела (Vela) кој, со оглед на тоа што од нас е оддалечен само 1.000 светлински години, е најсветлиот извор на гама зраци на небото. Но, сега 3C 454.3 е скоро два пати посјаен од Вела во спектарот на гама зраците, иако е дури 7 милиони пати подалеку од Земјата. Исто така, 3C 454.3 значително сјае и во спектарот на инфрацрвените зраци, рентген зраците, радио зраците и видливата светлина.

Ова не е прв пат светлинскиот сигнал да покаже зголемување во интензитетот на светлината - забележан е скок во сјајот во мај 2005 и повторно во јули и август 2007.

Д-р Ерин Велс Бонинг (Dr. Erin Wells Bonning) од Центарот за астрономија и астрофизика при Јејл (Yale Center for Astronomy and Astrophysics) за ова вели: „Во 2005 објектот достигна 12-та магнитуда преку црвен филтер (R-band). Најголемата магнитуда која ја регистриравме сега е 13,83, што значи дека сè уште не е достигната сјајноста од 2005 година (помал сјај за фактор околу 5). На 19 јули 2007 достигна R-band магнитуда 13, повторно не толку сјаен како во 2005 година, но сепак посјаен од сега. Во 2005 не постоеа инструменти за гама зраци за набљудување на 3C 454.3, но блесокот во 2007 година беше набљудуван од AGILE со променливост над 100 MeV од 3+- 1 * 10^-6 cts/s/cm^s. Мерењата на Ферми и AGILE од 2 и 3 декември 2009 се за 6 до 9 пати повисоки. Интересно е тоа што, иако оптички објектот не е сјаен како во 2007, доста е посјаен во спектарот на гама зраците.“

Телескопот за гама зраци ФЕРМИ (претходно познат под називот GLAST) следи повеќе извори на гама зраци на небото. 3C 454.3 е само еден од десетте најсјајни извори на гама зраци кои се видливи за сателитот.

Иако објектот 3C 454.3 не е најсјајниот извор на гама зраци набљудуван од телескопите Свифт и Ферми, сепак во моментов е најпостојан сјаен извор на небото. Бонинг вели дека „и покрај тоа што изливите на гама зраци (Gamma Ray Bursts) и блејзерите се енергетски сигнали насочени кон нас, Лоренцовиот фактор (брзината на честичките во млазот) кај изливите на гама зраци е многу повисок од оној кај блејзерите, заради што тие изгледаат посјајни како резултат на специјалните релативистички ефекти“.

Набљудувањата на 3C 454.3 продолжуваат во сите бранови должини со цел да се регистрира светлинската крива на настанот и подобро се разберат периодичните блесоци во сјајот. Бонинг вели: „Изворот е релативно пасивен откако се појави од зад Сонцето и почна да го зголемува сјајот околу крајот на јули 2009. Потоа навлезе во сјаен период со доста брза варијабилност на сјајот и достигнување на врвот на секои 20 дена. Најскорешниот интензивен блесок започна кон крајот на ноември. Од 21 ноември 3C 454.3 го зголеми сјајот за фактор 3 и во оптичкиот и во инфрацрвениот дел од спектарот. Слично, и флуксот на гама зраците се зголеми за фактор 3 во опсегот 0,1-300 GeV во истиот период“.

Причината за наизменичните блесоци во сјајот на 3C 454.3 и другите слични објекти на небото сè уште е мистерија, но овој најнов настан ќе им даде на астрономите подобри податоци за откривање на можната причина.

За потенцијалната причина Бонинг вели: „Ова е поле на интензивни истражувања. Постојат бројни модели и можно е некои честички во определени региони на млазот да се возбудени или млазот можеби поминува во близина на нашето видно поле. Или, пак, постои друго објаснување.“

Повеќе телескопи во светот веќе се насочени кон овој блесок. Овие објекти зрачат во повеќе бранови должини, па 3C 454.3 е набљудуван од повеќе различни телескопи: покрај Ферми, и италијанскиот сателит AGILE го набљудува објектот во спектарот на гама зраците, телескопот Swift започна со набљудување на почетокот на декември, а мониторинг групата од Универзитетот во Бостон на чело со Алан Маршер (Alan Marscher) го набљудува објектот со VLBA (радио; 13GHz). Исто така, постои и радиоастрономска група во Мичиген, која набљудува со VLBA, како и група предводена од Јури Ковалев (Yuri Kovalev) од Институтот „Макс Планк“ во Германија.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2010 во 13:48
mozebi nekoj "ruchka" nesto tamu...
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2010 во 16:25
Зошто има живот на Земјата?

zosto-ima-zivot-na-zemjata-povekjeАтмосферата на Венера е премногу топла и тешка за да може да се створи и одржи живот, додека пак атмосферата на Марс е премногу тенка и ладна.

 

Тоа ја остава Земјата избалансирана помеѓу двата соседни екстреми.

Кои се карактеристиките што ја прават Земјата совршена за создавање и одржување на живот?

zosto-ima-zivot-na-zemjata

  • Правите состојки: На планетата и треба вода, извор на енергија и хемиски градливи елементи како јаглерод, кислород, водород и хидроген, за да можат нам познатите живи форми да успеат.

  • Правата кора: Гасовитите џинови и растопените светови не се сметаат. За среќа, Земјата поседува соодветна дистрибуција на елементите за да обезбеди загреано јадро и карпеста ‘прекривка’.

  • Правата температура: Потребата за вода во течна состојба исто така значи дека температурата на планетата треба да и овозможи на водата да остане во течна состојба.

  • Правата месечина: Нашата голема месечина ја обезбедува стабилноста на климата намалувајќи го влијанието на промените од планетарниот нагиб. Доколку нашата планета нема нагиб, тогаш нема да има ни годишни времиња, и спротивно, доколку има поголем нагиб тогаш би се соочиле со екстремни годишни времиња.

  • Правата ѕвезда: Сонцето и ја обезбедува на Земјата потребната енергија за живот, и можеме да кажеме дека таа енергија е доста стабилна. Замислете како би било да печете нешто во рерна која во секој момент може да качи температура или да експлодира.

  • Правото јадро: Земјиното цврсто внатрешно јадро и течното надворешно јадро играат клучна улога во заштита од смртоносна соларна радијација. Разликите во температурата и составот на овие две јадра го создаваат заштитното електромагнетно поле на Земјата.

  • Правите соседи: Јупитер ја штити Земјата од постојаните ѕвездени бомбардирања. Научниците предвидуваат дека без овој гасовит џин, Земјата ќе биде изложена на 10.000 повеќе напади од астероиди и комети.

Па затоа, бидејќи немаме каде на друго место да одиме, време е да се посветиме на заштита на околината во која живееме и да создадеме поубав живот за нас и за идните генерации!

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2010 во 13:32
Пи на пет трилиони децимали?!?!

eehh,...valjda nekoj mu gi proveril,..site decimali...    

Изменето од brza - 01.Септември.2010 во 13:37
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2010 во 02:22
Откриен нов астероид околу Нептун


Астрономите открија нов објект во регионот на орбитата на Нептун. Објектот, кој ја носи ознаката 2008 LC 18 е тројански астероид, што значи дека ја дели орбитата на некоја планета, во овој случај Нептун, и е лоциран во една од двете Лагранжови точки на стабилност долж орбитата. Кај Нептун, веќе беа познати шест астероиди во регионот на точката L4, но овој објект е првиот астероид откриен во регионот на Нептуновата L5 точка.



Новооткриениот астероид е означен со зелената стрелка. Другите светли точки на оваа фотографија се ѕвезди од позадината


Астероидот е откриен од тим од Институтот Карнеги, предводен од Скот Шепард (Scott Sheppard), кој при набљудувањата користел нова техника со која се блокира заднинската светлина што потекнува од галактичката рамнина и на тој начин полесно се набљудуваат помалите објекти во околината на надворешните планети од Сончевиот систем. Според проценките, новооткриениот астероид има дијаметар од околу 100 километри, а во Нептуновиот L5 регион може да има и до 150 други објекти со слични димензии. Досега се откриени толку мал број од овие тела затоа што тие се многу бледи и многу далеку од Земјата.


Шематски приказ на Лагранжовите точки на Нептун


Регионите L4 и L5 се области во орбитата на некоја планета на растојание од 60° пред и зад планетата, соодветно. За разлика од другите три Лагранжови точки, овие две се значително постабилни, па правта и другите објекти кои може да ја следат планетата се собираат во тие два региони. L5 регионот на Нептун е доста тежок за набљудување, затоа што се наоѓа во линијата на погледот во близина на галактичкиот центар.

За сега, Јупитер има најголем број на познати Тројанци – 4.076 (од февруари 2010).
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2010 во 06:33

Вселената би можела да доживее крај за 3,7 милијарда години

Вселената и се што е во неа може да згасне за 3,7 милијарда години, сметаат американските и јапонските астрофизичари, кои ја преиспитуваат теоријата на повеќето истражувачи на вселената за вечното ширење на просторот и времето.

„Не постои веројатност дека вселената ќе доживее крај во текот на нашиот живот, но шансите се 50 проценти дека времето ќе застане за 3,7 милијарда години“ - оценуваат истражувачите.

Научниците истакнуваат дека некои методи и хипотези кои астрофизичарите одамна ги заговараат, а се однесуваат на временската граница со чија помош се пресметуваат можностите за ширењето на вселената во недоглед, всушност ги доведе до заклучок дека времето еднаш ќе застане.

„Со други зборови таа временска граница, која се истражува исклучиво во функција на статистичките пресметки, се однесува всушност како вистински физичко случување“ - вели Рафаел Боусо астрофизичар од калифорнискиот Универзитет Беркли.

По општо прифатената теорија, вселената настанала благодарение на „Биг Бен“ пред околу 13,7 милијарда години и продолжува да се шири со брзина која постојано расте, а ја забрзува енергија на празниот воздушен простор и тоа до бескрај

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2010 во 17:02

Откриена најстарата галаксија

 Астрономите ја забележаа најстарата галаксија видена досега, создадена 600 милиони години по Биг бенг. Во нивниот извештај објавен во списанието "Нејчр" потврдуваат дека далечната заматена дамка која прв пат била забележана со вселенскиот телескоп "Хабл" е најоддалечената и според тоа најстарата галаксија фотографирана до сега. Галаксијата носи прилично негламурозно име УДФу-38135539, изјави тимот европски научници.
"Пишуваме извештај за забележувањето на фотони кои биле испуштени нешто помалку од 600 милиони години по Биг бен", пишуваат астрономите.
Светлината патува со брзина од 300.000 километри во секунда или околу 10 илјади километри годишно. Астрономите ја користат брзината на светлината како еден вид временска машина и забележувањето на светлина која била испуштена од објекти што се многу оддалечени им дава слика за тоа какви биле во минатото.
Во овој случај, галаксијата прв пат почнала да се движи пред 13 милијарди години, непосредно по Биг бенг. Оддалеченоста се мери со таканаречената "црвена промена", нешто слично како Доплеровиот ефект, само со светлина. Како што звукот на сирената на возот се менува во висина кога возот се приближува и се оддалечува, така се менува и бојата на светлината. Галаксијата има црвена промена со вредност 8,5 што значи дека е најоддалечената и најстарата видена до сега.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2010 во 13:42
Диносаурусите биле вегетаријанци

Повеќето диносауруси биле вегетаријанци отколку страшни месојадци како што ги прикажуваат во филмовите, покажа последното истражување.

Повеќето теропод диносауруси, оние кои потсетуваат на птици, кои се движеле на две нозе, а често имале и пердуви, преферирале да јадат лисја и трева. Научниците кои работеле на исхраната на 90 теропод видови откриле дека повеќето од нив биле вегетаријанци.

Научниците сега веруваат дека супер-месојадците, како на пример тираносаурусот рекс и велоцирапторот, двете ѕвезди на Jurassic Park филмовите, биле исклучок од правилото.

Ваквото откритие фрла нова светлост врз досегашните конвенционални погледи, според кои тероподите го ловеле својот плен, особено за оние чии предци се блиски до птиците.

- Повеќето тероподи без сомнение биле адаптирани на предаторскиот животен стил, но некаде во линијата кон птиците, вели авторот на студијата др. Линдзи Зано од Field музејот во Чикаго.

Исхраната на диносаурусите веројатно не била едноставна. Некои како на пример тираносаурусот рекс со клиновидни заби очигледно биле предатори. Други пак, како рогатите трицератопи, со сигурност биле адаптирани за растителна храна.

Но повеќето тероподи јаделе и месо и растенија. Овие животни најчесто имале клинести заби во предниот дел на устата, или пак воопшто немале заби.

Други докази за исхраната на диносаурусите, покрај забите и вилиците се фосилните остатоци од изметот или стомакот на животните. Научниците идентификувале уште дваесетина анатомски показатели дека станува збор за тревопасни животни, како на пример клунот без заби. Тие заклучиле дек видот со вакви карактеристики може да се смета за вегетаријанци.

Според една теорија тероподите станале сештојади при потрагата по нови места за живеење на континентот кој се распаѓал. Оние кои развиле повеќе вкус за растенијата ги загубиле своите заби и еволуирале со клунови и подолги вратови.

- Новото истражување цврсто го потврдува тоа што веќе долго време го шпекулиравме. Време е да започнеме да ги гледаме овие животни во нов еволуциски контекст, соопшти др. Зано.

Сепак останува мистерија зошто пердувеститете диносауруси се насочиле кон небото и станале вистински птици.

- Не знаеме што ги натерало предците на птиците да полетаат. Потрагата по храна по дрвата е едно од можните причини, вели Зано.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2011 во 15:47

Пронајден можеби најстариот модерен човек




ako ovoj nema nekoj gen od segashnive makedonci...ustvari obratno.намигнување...si go secham!

...arno vika ...prvion komentator!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2011 во 16:04
Создадена екосвиња која не смрди
 

Изгледа како свиња, звучи како свиња, а нејзините творци, канадските научници, тврдат и дека има таков вкус. Сепак, не станува збор за обично прасе, туку за специјална, генетски модификувана сорта Јоркшир, именувана како Екосвиња, чие одгледување е поевтино и помалку ја загадува животната средина.

Тајната е во тоа што нејзиниот измет, односно ѓубривото од овој вид свињи содржи помалку фосфор, поради што ја нема вообичаената силна смрдеа и помалку ги загадува реките и езерата во кои се излеваат отпадните води од фармите.

Канадските научници кои на нејзиниот развој работеле речиси десет години веруваат дека оваа свиња би можела да стане првото генетски модифицирано животно во синџирот на исхрана на човекот. Тие сметаат дека во нејзините колбаси, месо и сланина еден ден ќе можат да ужива целиот свет.

Владата на Канада го одобри експерименталното одгледување и размножување на овие животни, но до официјално одобрување за вклучување во синџирот на исхрана сигурно ќе поминат уште неколку години.
---------------------
 
многу ги сакам свињетељубовљубовкога се печени се толку вкусни мечтаење
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,268 секунди.