|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика | страница <1 9394959697 146> |
Автор | |||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Jас можам со истата категоричност да кажам дека е поблизу до бугарскиот, коj ке биде во право?
Човекот jасно си напишал за што се смета без значение каков е неговиот диалект. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас никаде не го негирав неговото национално чувство. Напишал - во ред е. Повели, најди карактеристични црти во бугарскиот стандарден јазик во костурскиот дијалект во писмото, па може и ќе бидеш во право. А такви има во македонските дијалекти, колку и да сакаш. Особено во битолскиот говор, кој пак е речиси идентичен со леринските говори. |
|||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не, не , jас ништо не реков, немаше заклучок коj jазик до коj е поблизу, додека ти беше отеднаж категоричен за нешто, кое мора да биде предмет на долг разговор. И зошто треба да биде близок до стандартниот бугарски? А ако е близу до западнородопскиот диалект што ке биде? |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не е работата кој што мисли па да тропа глупости / битен е почетокот,каде и кој од каде отекнува
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Лавче, самиот кажа дека јазикот е доста поразличен од македонскиот стандарден јазик, неколку поста погоре. Секако дека ќе сум категоричен за дијалект кој сум го слушал од малечок, па и го говорам, иако не совршено. Ако според тебе е доста поразличен од македонскиот стандарден јазик, колку ли би бил близок до бугарскиот стандарден јазик?! Сепак, во разни книги, па дури и во една енциклопедија од Харвард,костурскиот дијалект е дел од македонскиот јазик. За западнорилскиот дијалект не коментирам поради тоа што не го познавам како бугарскиот стандарден јазик. |
|||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кажав дека е поразличен, но не и до коj стандартен е поблизу.
Како и да е, мислам да прашаме Буги за арбитар- он беспристрастно ке пресуди. |
|||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Почина Хорас Лант, познат македонист
Деновиве од САД академик Виктор Фридман испрати писмо, тажна вест, во кое на колегите и на пријателите им соопштува дека на 11 август почина професорот Хорас Лант, име што ќе остане запишано со златни букви во македонистиката. Академик Лант е автор на првата граматика на македонскиот јазик напишана на англиски јазик, што претставува и прва научна граматика на македонскиот јазик напишана од странец: Лант Х. Г.1952. „A grammar of Macedonian literary language“. Скопје: Државно книгоиздателство на Македонија. Лант доаѓа во Македонија во 1951 година и со поддршка на Универзитетот во Харвард престојува тука три месеци. Престојот го користи за собирање материјал за Граматиката, како и за интензивни контакти со македонските лингвисти, а особено со Блаже Конески, кој му помагал постојано, во сите фази на подготвувањето на Граматиката. Ова е една од најчесто цитираните книги во врска со македонскиот јазик во светската славистика и балканистика. Граматиката на Лант одигра огромна улога во меѓународната афирмација на македонскиот јазик и беше поттик за многу слависти од северноамериканскиот континент и од Европа да се зафатат со проучувањето на одделни аспекти на македонскиот јазик. Во неа се дава структуралистички опис на македонскиот јазик. Лант е еден од првите странски слависти што покажаа интерес за македонскиот јазик и многу придонесе за негово изучување во светот. Тој беше еден од најзаслужните странски македонисти, знаеше да го оцени вистинското место на македонскиот јазик во словенското јазично семејство, да ги издели сите негови специфики во однос на другите словенски јазици и преку бројни студии и статии да го популаризира во светската лингвистика. Хорас Г. Лант, еден од водечките американски слависти, е роден во Вестон (САД) 1918 година. Високо образование стекнува на универзитетите во Харвард (1937-1941), Беркли (1941-1942), Прага (на Карловиот универзитет 1946-1947) и на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Во Прага го посетувал првиот универзитетски к*рс по македонски јазик организиран во странство што во 1946/1947 година го водел професорот Антонин Фринта. Беше професор емеритус на Харвардскиот универзитет и долгогодишен шеф на катедрата за словенски јазици и литератури. Негов потесен предмет на научен интерес беше палеославистиката, историјата на словенските јазици, социолингвистиката. Има напишано бројни трудови во кои го разгледува социолингвистичкиот статус на македонскиот јазик и поради тоа може да се смета и за еден од основоположниците на македонската социолингвистика. Автор е на голем број книги, на статиите за словенските јазици, меѓу кои и за македонскиот, во изданијата на Енциклопедија Британика. Објавил повеќе студии и статии од областа на македонистиката: Морфологијата на македонскиот глагол, 1951; Преглед на македонската литература, 1952; Создавањето на македонскиот стандарден јазик: некои факти и ставови, 1959; За загубата на деклинацијата во бугарскиот и во македонскиот, 1965; За старословенското Асеманово евангелие,1982; Некои социолингвистички аспекти на македонскиот и на бугарскиот, 1984; Времето и македонскиот јазик, 1992 и други. Лант беше член на МАНУ надвор од работниот состав. Во 2007 година, по повод 40-годишниот јубилеј на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура беше одликуван за неговиот придонес во областа на македонистиката со Медал за заслуги за Македонија. Славистиката и македонистиката загубија голем специјалист. Македонија загуби голем пријател. Нека му е вечна слава! Изменето од mungos80 - 25.Август.2010 во 01:31 |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дали ја најде и прочита книгата на Прибојевиќ, како што кажа, или повторно ќе тврдиш дека станува збор за меур од сапуница, а потоа дека има малку вистина? Како што можеш да видиш, Винко говори за Македонци и македонски јазик во XVI век. |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Анализа на книгата да, ама не и самата книга.
Значи од Филотас до 16 век Македонците секогаш зборувале славјански, а Македонија се нарекувала и Булгарија. |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во однос на самата книга, ќе видам што ќе можам да сторам истата да биде поставена овде, иако не ветувам зсега ништо, но и да успеам да го сторам тоа, нема да биде на македонски јазик, туку на хрватски. Винко актелната состојба ја поврзува со Античка Македонија, затоа кај него Александар Македонски е Словен, како и јазикот негов славјанки. Најважното за нас е што неговата книга е сведоштво за постоењето на македонскиот јазик и македонски народ во XVI век, односно 1532 година, независно што тој го трасира истиот од времето на Александар Македонски. Бугарија не значи и држава туку тема,место,регион, кој се наоѓал на местото на она што е историска Македонија. Изменето од Македон - 07.Септември.2010 во 12:59 |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Jasno, samo treba da se znae dali vo vremeto na Vinko mestoto se narekuvalo Bugarija i naselenieto Bugari so jazik bugarski ili Makedonija i naselenie Makedonci so jazik makedonski.
I ti sam kaza deka Бугарија не значи и држава туку тема,место,регион, кој се наоѓал на местото на она што е историска Македонија. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Доколку Винко пронашол Словени, македонски Словени, односно македонски словенски народ, јасно е дека населението било македонско, а не бугарско. Јас кажав дека тој регион бил познат како Бугарија, затоа што неколку векови таму се наоѓала темата Бугарија, што несомнено оставило историски последици. Терминот историска Македонија го употребувам за да го разликувам од Македонија која се протегала до Смедерево, Софија и слично. Сепак, ќе оставам книгата, доколку успеам да ја пронајдам, да го има последниот збор. |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Барај ја, јас не успеав.
Сите кои пишале во 16 век виделе таму Бугари, а не Македонци. Ајде да видиме Винко што ќе каже. |
|||
Внеси реплика | страница <1 9394959697 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |