|
Филмски вести ... |
Внеси реплика | страница 123 5> |
Автор | |
XStrongAngelX
Сениор секојдневна форумџика Регистриран: 15.Август.2010 Локација: Argentina Статус: Офлајн Поени: 126 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Август.2010 во 13:35 |
Izleze nov film Dolina na volcite Irak vo koi glavni ulogi se Seherezad od 1001 nok i Polat od Dolina na volcite ne e laga ako postoi vakva tema slobodno izbrisete ja
eve video http://www.youtube.com/watch?v=RUUZi9tjnbI&feature=related http://www.youtube.com/watch?v=6NaO6DU4D3I&feature=related Изменето од zamislena - 16.Август.2010 во 19:29 |
|
Дедо мраз злато
мое љубов неверна неможам без тебе за нова година Дедо мраз злато мое жива превара сал не моташ пак не заеба |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве нека има и една ваква тема ....во која би
ги ставале најновите вести од областа на филмот...
... актери..актерки ..кој, која, и каква улога има ....кој со кого снима .................
.............
Betsy Russell.... глумицата која играше во последните пет филмови
од областа на хорор жанрот ..најавува дека е можно снимање и на
осмиот дел од ... Saw .....серијалот ....
..Сепак сценаристите кажуваат нешто друго .. двете последни
приказни ќе ги спојат во ..... 'Saw 3D' .... и тоа ќе биде последниот
филм од овој серијал ..... барем сега за сега .....а во кино салите ќе
биде пуштен Октомври месец 2010 ....
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..Една трач..вест за ... ... Мојот Омилен Актер .....
Во последно време Mel Gibson е во центарот на внимание поради препукувањата со својата поранешна жена Oksana Grigorieva со која се бори за старателството над нивната 9 месечна ќерка Lucia.
Покрај многуте конфликти со полицијата, и со неговите расистички изјави сега повторно е на првите страни на медиумите поради сообраќајната несреќа во која го искрши своето Maserati во Малибу! Актерот кој има 54 години бил сам во автомобилот кога ја загубил контролата во еден од опасните свиоци и излетал во надвор од патот во карпите. Иако автомобилот го искршил тој е неповреден, полицијата направила алхо-тест на кој се покажало дека Gibson е трезен, поради неговото минато кога често возеше под дејство на алхокол. |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
filmot,..t.e....bioskopite,...odamna se izumreni,....tuka!
ochigledno deka ,..na ovdeshnava maldina,..vishe im lezi tegnebje coca-cola ili malo pivo,..dva saati,... ...otkolku gledanje film ,.. Изменето од brza - 17.Август.2010 во 17:43 |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
XStrongAngelX
Сениор секојдневна форумџика Регистриран: 15.Август.2010 Локација: Argentina Статус: Офлајн Поени: 126 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nov film na TV1000 sniman vo 2009 god a pusten 2010(nezz tocno koj datum)
|
|
Дедо мраз злато
мое љубов неверна неможам без тебе за нова година Дедо мраз злато мое жива превара сал не моташ пак не заеба |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Една од најубавите жени на светот, популарната американска актерка Анџелина Џоли не изгледа лошо ни како маж.
Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли поминувала неколку часови пред огледало, маскирајќи се во маж со помош на лажни уши, нос и врат од латекс за потребите на филмот ’Salt’. Ефектот бил толку уверлив што ни нејзиниот син Медокс не ја препознал за време на снимањето на филмот, а нејзиниот сопруг Бред Пит одбил да ја бакне, пишува Дејли меил. Го викнав Медокс да се поздрави, а не му кажав која сум. Кога дојде, не ме препозна. Дури кога го повикав со прекарот ’Мед’, тој сфати која сум и беше избезумен. А Бред одби да ме бакне. Не се осуди“, вели Џоли.
Во акциониот трилер 35-годишната актерка го глуми оперативецот на ЦИА,Евелин Солт, која е обвинета дека е руски шпион. Во еден момент, таа се преправа во маринец, за чија улога беше неопходна успешната трансформација.
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски, кој со работен наслов „Како бебе“ се снимаше лани во Скопје, Мариово, Кичево, Тетово и во Гостивар, светскатапремиера ќе ја доживее на 13 септември наИнтернационалниот филмски фестивал во Торонто, еден од најголемите во светот од А категорија. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..Невозможната Мисија ...Продолжува ....
Официјално е потврдено дека ќе има и четврт дел од шпионскиот серијал „Мисија: Невозможна“, повторно со Том Круз во главната улога.
Официјалната изјава гласи дека во четвртиот дел, наводно и последниот, Том Круз ќе ја репризира својата улога како агентот Итан Хант. Повторно ќе го видиме и Винг Рејмс како експертот за технологија, Меги Кју, Џонатан Рајс Маерс и Сајмон Пег (сите имаа улога и во третиот дел).
Новите членови на екипата ќе бидат Џереми Рајнер, кој имаше главна улога во оскаровецот „The Hurt Locker“ , додека пак за женскиот дел од екипата се шпекулира помеѓу Пола Патон од „Deja Vu“ и (преубавата) Кристин Крук, која најдобро ја паметиме од серијата „Smallvile“. Но, најверојатно улогата ќе ја добие Пола.... Сè уште не е потврдено, но ова може да биде сосема нов „Мисија: Невозможна“ филм - акцентот во филмот да не е на Итан Хант, туку на ликот на Џереми Рајнер, кој би требало да ја продолжи „традицијата“. А како да го направат тоа? Па, со нов наслов. Имено, насловот на четвртиот дел ќе нема да пишува „Мисија: Невозможна“, туку нешто сосема друго, исто како во случајот на „Dark Knight“ - во насловот го немаше зборот „Batman“.
Сè уште нема информации за заплетот на филмот, но се вели дека одново ќе се измисли шпионскиот жанр - со идеи какви што досега немаме видено. Со оглед на успехот на претходните филмови, не би се сомневале во тоа. Четвртиот дел ќе се снима во Ванкувер, Прага, Дубаи и некои делови на САД.
На режисерското столче ќе биде Бред Бирд, режисерот на „The Incredibles“, на кому ова е му е прв акционен проект. Но, мислењето на овој автор е дека Џон Ву бил бил подобар во таа улога - тој и Том Круз беа одличен тим во вториот дел на „Мисија: Невозможна“. Тука е и Џ.Џ. Абрамс (креаторот на феноменот „LOST“), кој беше режисер на третиот дел - овојпат во улога на продуцент. Тоа што четвртиот дел го прави толку очекуван е екипата. Имено, овојпат агентот Итан Хант ќе има и машки и женски помошници - како и што треба да биде. Во првиот филм екипата на Итан беше убиена, па наредните два дела тој најчесто беше соло агент, со помош на Винг Рејмс, кој во овој филм ќе има многу поголема улога. Сега, повторно ќе имаме чест да гледаме шпионска екипа - како во старите сериски филмови.
Старите „Мисија: Невозможна“ филмови почнаа да се емитуваат во 1966 па се до 1973, со Питер Грејвс во главната улога (освен во првата сезона). Заштитен знак на серијата беше главниот агент, Џим Фелпс, каде добиваше инструкции на касета која се самоуништува. Заплетот во сериите беше Impossible Missions Force (IMF) тимот, мал тим на тајни агенти кои се впуштаат во опасни операции. По успехот на серијата, во 90-тите почнаа да се снимаат и филмовите кои ние ги знаеме.
Премиерата на најновата мисија ќе биде на 16 декември 2011. |
|
FANTASMA
Нов член Регистриран: 24.Август.2010 Статус: Офлајн Поени: 18 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
SALT - Премиера: 23.Јули.2010
Улоги: Анџелина Џоли,Лив Шрајбер... Евелин Салт (Анџелина Џоли) е ЦИА агентка која се заколнала на должност,чест и служба на татковината.Кога еден бегалец ја оптужува дека таа е руски шпион,Салт започнува битка за да докаже дека е верна на татковината и дека не ешпионка. Но за тоа мора да ги употреби сите свои способности и искуство на таен агент за да притоа го заштити и својот сопруг,бидејќи во спротивност и најмоќните сили ќе ја избришат секоја трага од нејзиното постоење. филмот „SALT„ е преведен на македонски како „Солт„ и на страницата на кино „Милениум„ пишува дека ќе започне со прикажување од 10.Септември. Јас го гледав дома пред некој ден на ДВД снимка,и филмов премногу ми се допадна и едвај чекам во кино да го гледам.А дали ќе ви се допадне и на вас - сами погледнете. http://www.youtube.com/watch?v=z41H8J4k-jM Незнам зошто не се појавува ова од you tube промото на САЛТ.Али како и да е ако не сте го погледнале филмов,според мене многу сте пропуштиле. А тие што го имаат изгледано филмов и што се воодушевени, им препорачувам да одат во Милениум на 10 Септември до го доживеат филмов целосно. Изменето од FANTASMA - 06.Септември.2010 во 01:09 |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
TITANIC ВО 3Д РЕАЛИЗАЦИЈА Филмот Titanic на James Cameron конечно ќе добие и своја 3Д верзија. Се очекува да излезе во април 2012 година со што и ќе ја одбележат 10 -годишнината од реалното тонење на бродот. Според извештајот Los Angeles Times филмот е веќе официјално во изработка. Критичарите и публиката не се секогаш задоволни од фимовите кои имале 3Д римејк. Иако “Clash of the Titans“ и “Alice in Wonderland“ поминаа добро во кино салите, имаше поплаки дека не се баш по мерка на 3Д фимовите, за разлика од “Аvatar“.
Cameron изјавил дека снимањето на некој филм со 3Д камери е супериорно во однос на конвертирањето на филм во 3Д во пост-продукција. Всушност тој сака комплетно да го отфрли процесот на конвертирање, но ете сепак веќе работи на Titanic 3Д а можеби и на “Terminator“ 3Д. Cameron не е еднинствениот кој конвертира филмови во 3Д. Peter Jackson неодамна откри дека и тој работи на трилогијата "Lord of the Rings" исто така и Christopher Nolan изјавил дека ќе го конвертира "Batman 3" |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Клинт Иствуд го одбил 007 Легендарниот актер, продуцент и режисер Клинт Иствуд откри дека во текот на својата кариера одбил да ги игра...
... едни од најпознатите улоги на филмското платно. Холивудската легенда открива дека му било понудено да го замени Шон Конери во улогата на "агентот 007", откако тој во 1976 година се откажал од снимање на следното продолжение. Иствуд за "Los Angeles Times" изјавил дека му била понудена солидна сума за да го одигра ликот на Џејмс Бонд, но тој одбил сметајќи дека тоа не е вистинската улога за него. "За мене овој лик беше препознатлив за некој друг, тоа беше улога на Шон. Не сметав дека е правилно јас да го заменувам", изјавува актерот. Но, освен оваа улога 80-годишниот актер открива дека не сакал да биде ни Супермен, улогата која подоцна му припаднала на Кристофер Рив. Клинт Иствуд вели дека не се чувствувал пријатно во хеланки и наметка, па така решил дека и оваа улога не е доволно добра за него. "Отсекогаш повеќе ми се допаѓале ликови кои се поврзани со реалноста", додава актерот, кој свесно ги одбил светски познатите улоги. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве добра манифестација...за кој сака Руски филмови
Вториот дел од "Ние сме од иднината" го изгледав пред некој ден вреди да се види интересно филмче... |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВЕЧЕРВА ВО КИНОТЕКАТА ФИЛМ НА РЕЖИСЕР СО ЗЛАТНА ПАЛМА
"Цар" од Лунгин во Неделата на руски филмови На Неделата на руски филмови во Кинотеката на Македонија, вечерва (20 ч.) е филмот "Цар", произведен минатата година, од режисерот Павел Лунгин. Лунгин Павел Семјонович (61) е руски сценарист и режисер, добтник на Златна палма во Кан во 1990 година за режија на "Такси блуз". Тој е роден во Москва, каде што на Државниот универзитет завршил на одделот кинематографија. Од почетокот на 90-тите живее во Франција каде што снима филмови, но работи и во Русија. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Мајки“ селектиран за Берлинскиот филмски фестивалУште еден огромен успех на филмот “Мајки“ на Милчо Манчевски по светската премиера на филмскиот фестивал во Торонто, филмот е селектиран за Берлинале, еден од трите најголеми филмски фестивали од А класа во светот (покрај Кан и Венеција). 61-то издание на Берлинале ќе се одржува од 10 до 20 февруари 2011 година. “Мајки“ на Берлинале ќе има европска премиера и тоа во
престижната програма Панорама, која заедно со програмата Кензен во Кан е
убедливо најсилната селекција за авангарден уметнички филм во светот. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, продукциски дизајнер Дејвид Манс, костимограф Елизабета Монталдо, дизајнер на маска Марио Микисанти, монтажер Жаклина Стојчевска, дизајнер на тонот Питер Балдок, кастинг директор Маја Младеновска, а музиката е на Игор Василев Новоградска. Продуцент е Кристина Калас, а копродуценти се Тиери Ленувел, Мари-Пјер Масиа и Методиус Петриков. |
|
Внеси реплика | страница 123 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |