IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Како новинарите ги преживуваат последниве денови?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како новинарите ги преживуваат последниве денови?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
Автор
Порака Обратен редослед
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2010 во 17:02
Originally posted by novace novace напиша:

Точно е дека тонеме...но не е сега.... и одсега!?
Ама ...во меѓувреме и овој  Гацов претера(л)...со тоа сликите..
Аааа ...дури сега ми е ЈАСНО...ЗАШТО комуњарите (во секоја прилика и насекаде) ги „штитат„ педерите, лезбејките и другите... „надарени„ суштества...кај нас???голема%20насмевка
не,не сега и не од сега...20 години тонеме...последниве години забрзанонамигнување
и по сиот резил и мизерија која не снајде, и по сите гафови и глупирања по кои не научија во светот ние продолжуваме да се делиме на комуњари и патриоти ... мизерија...и од новинарите... и од Гацов...и од СДСМ...и од ВМРО...ама и мизерии од народ
алоооооооо  има ли бе некој во оваа држава што сериозно се залага за напредок или сите се фатиле за фотељите ко пијан за плот???
а новинарите им помагаат...колку подолго на власт твојата партија толку поголемо џипче ти пред зграда


Изменето од Анастеа - 12.Август.2010 во 00:42
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2010 во 12:27
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

тонеме со брзина на светлината...а политичариве и новинариве ко да имаат меѓусебен договор бре.... не замајуваат со секакви глупости

ова ми личи на онаа народната-не гледај ме што правам,слушај што зборувам....
 
Точно е дека тонеме...но не е сега.... и одсега!?
Ама ...во меѓувреме и овој  Гацов претера(л)...со тоа сликите..
Аааа ...дури сега ми е ЈАСНО...ЗАШТО комуњарите (во секоја прилика и насекаде) ги „штитат„ педерите, лезбејките и другите... „надарени„ суштества...кај нас???голема%20насмевка
ПИХ...и тоа (на)секаде ЈАВНО го (по)кажуваат???
ЈАЗК.....БЉАК...
намигнување


Изменето од Анастеа - 12.Август.2010 во 00:41
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2010 во 08:29

тонеме со брзина на светлината...а политичариве и новинариве ко да имаат меѓусебен договор бре.... не замајуваат со секакви глупости

ова ми личи на онаа народната-не гледај ме што правам,слушај што зборувам....
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2010 во 08:18
Па лично мислам дека новинарите ( и медиумите) и не се во некоја голема опасност за да се прашуваме ние како ги преживуваат последните денови. Зошто?
Па тие се новинари во Македонија кде се може и се смее!!!
А веројатно или нема доволно закони или медиумите ни се бајаги богати па не се плашат од тужби.
Поконкретно- овие денови објавувајки слики од поранешниот потпарол Гацов, случајно или не стојат на сликите и други луге. Лично не сум многу запознаена како оди процедурата, па затоа прашувам тука ако некој знае да објасни- Може ли дечково до Гацов (од сликата) на пример да тужи или сликата е објавена со негова дозвола?збунетост
ГАЦОВ ГИ ПОТВРДИ ФОТОГРАФИИТЕ НА ВЕЧЕР, ПА ВМРО-ДПМНЕ ПРАШУВА:
Кој се од СДСМ, освен Гацов, милува да се облекува во јамболии и женска облека?!
 И најискрено тек сега не ми е ништо јасно
- Дечково , потпаролов бивши на местот беше од СДСМ или како ВМРОвски кадар?збунетост
Сликиве се од период кога тој се “дружел“ со ВМРОвци или СДСМовци?
Оти ако до одењето од функцијата бил член на ВМРО тогаш нормален човек се прашува кој и од која партија милува да се облекува во јамболии и женска облека и како тоа Гацов од ВМРО одел на “јамболиски забави“ во СДСМ?
Впрочем, убаво би било- овие нашиве новинари “кои ги преживуваат последните денови“ да објават уште некои фотографии (можеби Гацов има и со некои други довчерашни (или сегашни)  партиски другарчиња, не за друго, да ја видиме слободата на медиумите во презентација на милувањето разноразни јамболија-забава на нашите политичари-ако ги има, нормално.намигнување

Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2010 во 17:22
"Најтивки беа тие што требаше да бидат најгласни, Здружението на новинари испрати само штуро соопштение, а т.н. иницијаторите за реформи наместо слобода, од власта побараа да испраќа инспекции во медиумите".збунетост
По повод отпуштањето на новинарите од Канал 5, неколкупати побарав ин­спек­ции по медиумите. Да се види колку се исплаќа плата на рака, а кол­ку преку сметка, кој дели месо, а кој бум пакети како дел од плата, кој кол­ку должи за пензиско осигурување, кој не плаќа ДДВ на рекламите на сопс­тве­ни­те производи во сопствените телевизии, кој незаконски по­се­ду­ва и телевизии и весници, кој поради политичка функција и не смее да има те­ле­ви­зи­ја, кој исплаќа дневници, а кој не, кои новинари поради тоа што газ­ди­те не им даваат дневници, молат за кафе од разни шефчиња на ка­би­не­ти, сервилни од благодарност оти ги прошетале во странство.
Е па, јас сум тој од тие таканаречените иницијатори за реформи на ЗНМ што побарав инспекции. И младиот колега не морал да се плаши од мене. Сло­бод­но можеше да ми го каже името. Не сум му газда за после да му се од­маз­ду­вам. Само што досега сум мислел дека се борам за слобода на но­ви­нарс­тво­то. Ама надежните новинари што се против инспекции за нив­ни­от газда ме убедија дека сум бил во заблуда со моето сфаќање за сло­бо­да­та на медиумите.
Е па драги мои колеги, друг пат не барајте ми изјави за каква бил сло­бо­да, ако не сакате да се почитуваат законите.
 
Не сме ние зрели ...ни за по­ доб­ри газди ...ни за подобра Влада.тага
намигнување 
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 19:11
Еве ќе преживеат новинарите, Велија ќе ги прими кај него, ем ќе си имаат слобода на говор:


Избрканите новинари од Канал 5 ќе бидат вработени во А1 ТВ



Додуша ова може и на другата тема да се дискутира, оти заличува веќе на нов, свеж премиер. голема%20насмевка



Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 08:06
Симпатично е, ама дури трагично симпатично кога новинарите (кои работат на црно) информираат за работење на црно, за непочитување на законите за вработување, пријавување...
Трагично, ама ептен трагично е што газдите кај кои работат новинарите се во власта, учествуваат во донесувањето на законите за казни на прекршителитеизненадување
Трагично ама трагедиски трагично е што за да се забошотат ваквиве работи, да се одвлече вниманието многумина новинари (медиуми)  бомбасто ке “откријат“ афери со кои верглаат, верглаат и ја замајуваат јавноста одвлекувајки го вниманието од ваквите ситни нелогичности.
Војна на медиумите или Зинго VS Велија!

па сега другите-новинарите  против Стојменов, против ЗНМ,Дневник  против Време, Шпиц (или тие  против негозбунетост).
Како и да е јасно е дека македонското новинарство е расуло, неорганизирано, раскарани, разјадени.
Го слушам вчера Симон Илиевски- 30 ГОДИНИ во новинарството...ехеееј еден работен век...работел на црно ...што да се каже понатамуизненадување
Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 07:51
Што има за преживување, секој квалификуван, искусен и способен новинар ке си најде работа.Може да е дописник на некоја надворешна агенција, па како тогаш власта ке го контролира? Што ако напишат нешто по своја рецепта за странците, па се дознаат некои скриени вистини?

Арно им направија што ги отпуштија!Ги ослободија!
Кој бара ќе најде.
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 07:06
Беше Роберт Поповски...но се сеќавате на акцијата ГО ОБРАВМЕ БОСТАНОТ..?? Но денес ниту бостанот не го берат...Никако да се организираат...Она со бостанот...тогаш и Латас го береше...денес некои жнеат пари а некој го бере бостанот...да
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2010 во 17:41
Ние онака по женска линија намигнување а оваа големо%20гушкање за тебе.

Од она што го пишуваш во постот, се замислив дали беше Чолаковски кој ја спроведуваше акцијата „Еве сме - тепајте“ или Роберт Поповски? Јас мислам дека беше Роберт, сегашниот претседател на ЗНМ?

Инаку, дали некој се сеќава на јавниот конк*рс од пред година-две од Сорос фондацијата преку Милчин, за вработување новинари во неколку јавни медиуми (А1, Утрински, Време, Алфа ТВ...), кои тие ќе ги обучуваат и плаќаат, да не бидат на товар на куќите во кои ќе бидат вработени, така некако беше. Што стана со тие новинари, тогаш некако се забошоти работата и не знам како заврши случајот, кој е уште еден класичен пример за упад на еден (инкриминиран) центар на моќ во слободата на новинарската мисла?


Кон врв
DameMak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 617
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DameMak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2010 во 17:11
Тууу ама се испогушкавте вие двете (Анастеа и Маманд), а за мене ништо

Шпац и А-нула и Дреме се многу гласни за одбрана на правата на отпуштените новинари од Канал 5, а истото се случи во Шпац и Дреме кога отпуштија 20-тина новинари пред 2-3 години.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2010 во 16:47
Mamamd големо%20гушкање знаеш како е: си го имаат медиумот (алатотголема%20насмевка) во свои раце па си ги објавуваат писмата, си отстапуваат простор едни на други за коментари и колумни, богами понекогаш си придаваат многу поголемо значење отколку што самите новинари за кои се зборува го заслужуваат.
Ама не е важно, важно да има скандали за кои ќе се зборува...

А политичарите суетни, не верувам дека некој би се впуштил во ваква јавна преписка со некој обичен работник, доколку не се засегнати лично нели нивното “гооооолемо“ достоинство и чест.намигнување


Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2010 во 08:40
Анастеа   Е ај да си жива и здраваголемо%20гушкање точно во сржта на  нашата реалност. Затоа и прокоментирав некаде наназад- се чудев и не верував дека премиерот лично и се јавил, па потоа и Мартин Протогер и пишал (нека е и преку медиуми де). Не ми е за друго, почнав сама да си зборам па ке мислат лугето дека се шекнавизненадување - ЗАР ЗАВРШИЈА СИТЕ ПАМЕТНИ РАБОТИ НА ВЛАДАТА- СЕ НИ Е ПОТАМАН па премиерот од што нема што да прави се занимава со јавување на телефон на отпуштени новинари (ако не сум јалнаш од досегашново искуство убедена сум  за некоја година-а не ке оди ни толку дотичната  ке ја гледаме како портпарол или директор на некој медиумтага)
Па зарем ТРЕБА ПРЕМИЕРОТ да им одговара на сите кои го оговараатзбунетост Се чудам зошто тогаш не земе адреси и да им се јави на сите кои го критикуваат по медиуми???? Зошто ја избра САМО дотичнава новинарка? Зарем новинарите се нешто подруго од другата раја?
Јас пак ке повторам она што рече Ида Протугер- Иако мене никој не ми даде подршка кога бев во иста ситуација, јас ним ке ги подржам во ова што ги снајде (парафраирам оти ме мрзи да ја барам изјавата-нека ми прости Ида која посебно ја ценамголемо%20гушкање)
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2010 во 04:12
Како и многу други работи кај нас, и случајот со новинарите се претвори во пародија.не

Да не излезе ова ФАБРИКА 2, да гледаме реприза на стариот филм со нови глумци?

Јасно им е и на новинарите дека уредувачката политика на медиумот ја определува сопственикот на капиталот од кој се финансира самиот медиум и неговиот персонал, јасно им е дека живееме во капиталистичко општество каде “отказ од работа“ е нешто што на секој вработен може да му се случи, посебно ако не си ги исполнува работните обврски, јасно им е и дека ако притоа постои прекршување на законите, мобинг, политички или друг вид на притисоци и неправилности - постојат судови каде за неправилностите треба да се покрене постапка и конечно да се расчисти со овие состојби, би требало да им е јасно и дека новинарството е специфична професија која си ги носи сите свои ризици, како што би требало и да им е јасно дека не постои држава на светот каде политиката, капиталот и лоби-групите не се обидуваат секојдневно да влијаат и да вршат притисоци врз новинарската мисла, преку своите центри на моќ.
Или сеуште не им е јасно, па и новинарите тргнувајќи по теркот: “извори блиски на...“ даваат анонимни изјави за своите колеги од други медиуми,  како изворот на кој пред некој ден се повика Шпиц:

Откако Мартин Протоѓер од ВМРО-ДПМНЕ се појави во телевизијата почнаа да се прават списоци на неподобни новинари и почнаа политичките притисоци и опструкции врз сите оние кои сакаат да работат неутрално и објективно, вели за „Шпиц“ еден од новинарите, кој инсистираше да остане анонимен.


Зошто анонимен? Зошто и овој новинар како и колешката му не излезе со име и презиме да каже што знае, та нели треба овие притисоци врз новинарството еднаш веќе да се разобличат, со анонимност ли ќе се решава проблемот? А се бориме за независно новинарство, бидејќи политичките притисоци и влијанија се и повеќе од очигледни? збунетост
Низ медиумите пак се известува различно за случајот: колку новинари толку приказни. Па дури и коментарите од читателите на вестите се како наштанцани, во зависност во кој медиум се коментира.

Изјавата од новинарката која се допишуваше со Груевски и Протуѓер е посебно сериозна и не знам ако ова што го тврди го слушала со години, зошто досега не прозборела? Тоа што е самохрана мајка сигурно ја става во незавидна ситуација, но и премолчувањето на вакво нешто не и оди во прилог на новинарската чест за која зборува (се до моментот додека не дошла опасноста од отказ):

“Во обраќањето таа тврди дека Редакцијата на Канал 5 на интерфон ги слушала директивите што на новинарите и на уредниците им ги давал Мартин Протоѓер, шеф на Кабинетот на премиерот Груевски.“

Овие пак тврдат дека во просториите воопшто немале интерфон, па се прашуваат кај слушала и што слушала Весна?
Од друга страна, во истиот медиум колега и е претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Р.Поповски, кој воопшто не важи за новинар наклонет кон власта и едно време знаеше и со свирчиња да протестира за неправди кон новинарите. Сега од ЗНМ писмена реакција и бесплатен адвокат, “а зад отпуштените новинари од Канал 5 не застанал никој од колегите.збунетост

Канал 5 со својата верзија: отпуштената новинарка не добила отказ туку и било понудено спогодбено раскинување на договорот, не си ги исполнувала работните обврски, не доаѓала на работа и дека била толерирана токму поради нејзината ситуација.

Ако таа не си ги исполнувала работните обврски, што е со другите отпуштени?

И сега, независно новинарство - што беше тоа? Какофонија од звуци, како ова што се случува веќе 2 децении со нашето новинарство?!?

Убаво кажа еден комуниколог: демократијата треба да се освојува, посебно кога притисоци се очигледни од сите страни. Новинарите треба да излезат и чесно да прозборат за она што го знаат, сами да се изборат за достоинството на својата професија, за некаков идеал на слободно, независно и професионално новинарство за кој постојано зборуваат, а никако да посегнат по него. За вакви сериозни обвинувања за притисоци од власта во уредувачка политика на медиум треба и спремност јавно да се прозбори, а не со изјави на анонимци и тоа дури кога ќе им дојде јајцето на газот.

Се разбира дека и нивната ситуација е тешка како и на мнозинството во државата, трпат притисоци од многу страни, мораат да почитуваат уредувачка политика на медиумот (штом на тоа се согласиле, за да си го извадат лебот) иако понекогаш и не се согласуваат, но и поделеноста меѓу нив не е мала. Кога нема колегијалност и едни со други се напаѓаат наместо да се поддржуваат за да си ја подобрат ситуацијата, тешко дека нешто повеќе ќе се постигне.
Ќе се замачкаат очи, ќе слегне прашината, некое трансферче ваму-таму и ќе заборавиме на случајот...

 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.