|
Природни маски за лице, коса и тело |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | ||
Evenstar
Сениор Вечен оптимист Регистриран: 09.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3388 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако имате слаби и кршливи нокти, може да ги држите 10 минути во маслиново масло - применувајте го тоа еднаш неделно и вашите нокти за брзо време ќе бидат поцврсти.
За кршлива и ретка коса - еден лимон исечен на парчиња сварете го во две чаши вода. Кога ќе проврие, исцедете го низ газа и ставете ја течноста во шише со прскалка, па прскајте ја косата после капење... има неограничен рок на траење ако го чувате во фрижидер. |
||
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Redovno si pravam maska od pcenkarno brashno i jogurt...mi ja osvezuva kozhata,mi ja pravi ,meka i nezna (ovaa maska e za normalna i masna kozha),vredi da se proba..
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Inaku za dlabinsko chistenje na kozhata,na porite koristam maska na Freemen..na baza na avokado,zelena glina i oves,mnogu e efikasna za chistenje na porite i osvezuvanje na liceto...ja ima vo Vero okolu 310 denari..
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
•
Како маска против брчки употребете две лажици мед и една белка од
јајце, помешани во каша. Нанесете ја смесата на лицето, оставете ја да
делува 15-20 минути, а потоа измијте го лицето прво со топла, а потоа и
со ладна вода. Но внамавјте, оваа маска не треба премногу често да се
употребува
• Ако сакате да ја освежите и матирате кожата употребете смеса од еден свеж изгмечен компир и малку свежо млеко. Нанесете на лицето, оставете да делува неколку минути и измијте со ладна вода • За нечиста коже користете квасец помешан со млако млеко. Нанесете на лицето и оставете да делува додека да се исуши, а потоа измијте со топла па потоа со ладна вода. Со редовна употреба на оваа домашна маска, кожата видливо ќе се исчисти • За осетлива кожа употребете младо сирење помешано со една лажица мед во кремаста смеса. Нанесете на лицето во обилен слој, а посебно околу очите и усните. Оставете да делува 20 минути,а потоа отстранете ја смесата со памук натопен во топло млеко • За освежување на секаков тип на кожа употребете една изгмечена банана. Нанесете ја на лицето и оставете да делува 20-30 минути, а потоа измијте го лицето со чај од камилица. Оваа маска може да се применува еднаш до два пати неделно |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...две лажици мед и една белка од јајце...а потоа измијте го лицето прво со топла, а потоа и со ладна вода... Ce si imate maka dodeka medot da go 'odmiete'... |
||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еј го имам тоа пробано...баш ми е ОК..и лесно се вади...топлата вода ...помага
|
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Go imas probano......aauuu a ja mislev mlada baba si...dobro ajd neka ti bide...ce ti veruvam...samo nemoj kiseloto mleko i krastavici da gi potrosis za maska, utre nema taratur... Изменето од gonzo - 24.Јули.2010 во 00:02 |
||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mlada baba sum bre ama batali tuka sto pisuva...ne e samo za toa...mnogu e dobro za pothranuvanje na kozata...posle toa e meka...kako na bebe a krastavici ne stavam...auu begaj bre...toa se jade |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
A medot ne se jade aaaaa??
|
||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ааа колку сиииии никогаш не сум јадела мед..затоа така изреагирав..дека краставицата се јаде...нема врска..моја грешка..во чекори
еве една маска за коса За расцветани врвови 1 јајце и неколку лажици јогурт (зависно од должината на косата - за кратка коса 2-3 лажици јогурт, за долга коса до 1 филџан јогурт) |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mаска за сува кожа. За мешовита кожа: |
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Маски за нормална кожа
Маски за сува кожа
Изменето од sneska_v - 07.Август.2010 во 20:42 |
||
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
6 домашни пилинзи за совршено мека кожаТелоСол и бадемово маслоСолта е можеби најевтината состојка која често се користи како дел од домашните пилинзи за лице и тело. Таа има способност за детоксикација и за релаксирање на мускулите. Единствено треба да внимавате да не ја користите солта ако имате отворени рани или исеченици. Во никој случај не користете пилинг со сол ако претходно сте се депилирале или пак бричеле. За овој пилинг наместо сол може да се користи и шеќер. Бадемово масло лесно можете да го најдете во сите супермаркети, а добро е да знаете дека помага и за разубавување на косата. Често се користи за масажа на телото, погодно е за сите типови кожа, лесно се апсорбира, ѝ дава влажност и мекост на кожата и се бори против чешањето и иритацијата. Како да го подготвите? Измешајте 2 шолји сол со 1 шолја бадемово масло и додајте 15 капки етерично масло по ваш вкус. Најдобро е да употребите масло од лавандула. Не користете масло од нане (пеперминт). Нанесете ја смесата по телото. Започнете го масирањето од долниот дел на нозете па нагоре. Кафе и етерични маслаКафето не само што може да ви послужи како пилинг за отстранување на мртвата груба кожа, туку ќе ви помогне и во борбата со целулитот и за зацврстување на кожата. Повеќето скапи креми против целулит содржат кофеин којшто го има во изобилство во кафето. Како да го приготвите? Измешајте 1 шолја кафе (по можност крупно мелено), 1 супена лажица готварска сол, 1/3 шолја бадемово масло и 1 кафена лажичка цимет. Додека мешате додајте 8 капки масло од грејпфрут, 8 капки масло од нане и исцедете четвртина портокал. Смесата треба да изгледа како густа каша. Ако е премногу сува, додајте уште малку сок од портокал или бадемово масло. Масирајте ја кожата по телото со смесата, а потоа можете да ставите повеќе смеса на местата засегнати од целулит и да ги завиткате во најлонска фолија. Оставете да делува 15 минути. ЛицеСмокви и маслиново маслоБлагодарение на антиоксидансите и витамините кои ги содржат смоквите, а исто така и на нивната способност да ја навлажнуваат кожата, тие се исклучително корисни за подобрување на изгледот на вашата кожа. Малите семки кои се наоѓаат во нив овозможуваат ефикасна ексфолијација. Од друга страна, маслиновото масло го забрзува обновувањето на клетките, а дури помага и во негата на кожа засегната од сончевите зраци. Затоа, маслиновото масло и смоквите се одлична комбинација. Како да го приготвите? Во зависност од тоа дали сакате да го употребите пилингот на лицето или на телото, количините кои ви се потребни варираат. Пример: за да направите ексфолијација на лице потребни ви се 4 пасирани смокви и 1 супена лажица маслиново масло. Во смесата пасирани смокви додајте го маслиновото масло и промешајте. Нежно тријте ја кожата, а потоа оставете ја смесата да делува на лицето 10 минути. Јагоди и кафеав шеќерАко имате мрсна кожа, јагодите се идеален природен избор за вас. Освен што се борат против акни, тие содржат и AHA овошни киселини кои помагаат за отстранување на мртвите клетки на кожата и за свеж изглед. Исто така, јагодите содржат антиоксиданси кои се борат со просецот на стареење и ја обновуваат оштетената кожа. Гранулите на кафеавиот шеќер се многу ефективни како пилинг. Како да го приготвите? Пасирајте 4 големи јагоди и кон нив додајте 2 супени лажици кафеав шеќер. Масирајте го лицето со кружни движења. УсниМед и маслиново маслоЗаборавете ги испуканите усни и неколку пати неделно користете пилинг. Усните се многу понежни од останатата кожа, па затоа бараат дополнително внимание и нега. Медот не само што е здрав да го ставите во устата, туку убаво е и да го употребувате на усните. Тој ја прави кожата мека и нежна и придонесува да омекнат и паднат мртвите клетки. Како да го приготвите? Измешајте 1 кафена лажичка маслиново масло со 1 кафена лажичка мед, 2 лажички шеќер и малку лимон. Промешајте ги состојките за смесата да наликува на паста, а потоа со врвовите на прстите тријте ги усните. На крајот можете да ги премачкате усните со вазелин, гел од алое вера или пак балсам. Сода бикарбона и медСода бикарбона е одличен продукт кој долги години се користел за избелување на забите и за ексфолијација. Ако ви е потребна понежна ексфолијација на усните, тогаш нема да погрешите ако ја направите со сода бикарбона. Можете едноставно да ја помешате со малку вода, но медот е многу подобрата варијанта. Како да го направите? Измешајте 1 кафена лажичка сода бикарбона и 1 кафена лажичка мед. Ставете дел од смесата на стара четка за заби и со кружни движења масирајте ги усните 2 минути. Ако сметате дека четката е многу груба за вашите усни, масирајте со врвовите на прстите. Содата нема да ги навлажни вашите усни, па затоа на крајот премачкајте ги со маслиново масло или вазелин. |
||
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mаска за коса од павлака - за уништена коса.Да
се измешаат 2 лажици павлака со 1 лажичка сок од цеден лимон и 1/2
лажичка пченкарно масло. Мешавината ја нанесуваме на сува или влажна
коса, масирајќи. Покриваме со фолија и оставаме да дејствува 10 - 15
минути. Плакнеме со чиста вода. Маска за коса од невен и млеко- за сува коса.1/2
филџан млеко да се измеша со 1 жолчка и 1/2 чај од невен. Да се нанесе
на сува или влажна коса, масирајќи. Покриваме со фолија и оставаме да
дејствува 10 - 15 минути. Плакнеме со чиста вода.
Изменето од sneska_v - 13.Август.2010 во 21:12 |
||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |