IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Штосеви, вицеви...
  Активни теми Активни теми RSS - Вицови за политичари
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вицови за политичари

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 14>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 09:06
Некој обичен човек, толку многу изнервиран што не добил унапредување минатата недела, отишол во болница да бара да му пресадат доволно мозок за да стане за 20% попаметен. После 10 саати интензивни тестови, лекарите конечно решиле дека човекот е достоен кандидат за трансплантација на мозок, па му дале на човекот ценовник со различни видови на мозок:
- Кило мозок од економист – 1000 евра.
- Кило мозок од професор – 5000 евра.
- Кило мозок од доктор на науки – 10.000 евра.
- Кило мозок од политичар – 50.000 евра.
Човекот, нормално, се изненадил на скапотијата, велејќи им на лекарите: - Па добро бре, луѓе, како може кило мозок од еден политичар да е 50.000 евра, тоа не го сфаќам? На што докторите му одговориле: - А вие, господине, знаете ли колку само политичари ни требаат за да собереме кило мозок?
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 19:22
Секретарката му кажува на еден македонски политичар:
-Тука е еден новинар, сака изјава.
-Ма нека одат у бестрага тие чкрабала, стално ме прават лажов.
-Па, што да им кажам?
-Кажи му дека не сум тука
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 15:01
Одлучил Никола Груевски да се прошета низ Скопје и да види како живее народот. Ги разгледувал продавниците и на крајот застанал на еден излог и почнал да плаче. Дошол еден полицаец и го прашал:

- Г-не, Премиер, зошто плачете? Што се случи?
- Ги гледам цените на излозите, како ли нашите пензионери воопшто живеат со тие јадни пензии? Ова е страшно нешто? со плачење му одоговрил.
Во тоа време доаѓа еден пензионер, го гледа Приемиерот како плачи и го прашува полицаецот:
- Извините г-не, да Ве прашам зошто плаче Премиерот?
- Заради тебе, пи*ка ти матер, заради тебе!!! - го извадил пендрекот и почнал да го тепа пензионерот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 05:48
Двајца пензионери седнале во градскиот парк да ги хранат гулабите и си разговарале:
- Знаеш, овие гулаби многу ме потсеќаат на нашите политичари!
- Зошто, како мислиш?
- Па дури се на земја се толку кротки и мили, а штом се издигнат високо на небото, ќе ти се посерат на глава!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 06:14
- Тато, тато! Што прават политичарите по завршувањето на изборната кампања?
- Не знам сине, најверојатно одат во црква да се исповедаат.
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 16:09

Колку СДСМ-овци се потребни за да сменат една расипана светилка?


– 99 и Бранко. Бранко да вети дека ќе направи сè што е во негова моќ за да ја смени и останатите 99 да стојат до него и да се смешкаат.

Колку ВМРО-вци се потребни за да сменат една расипана светилка?

- Ниту еден, тие едноставно ќе ја обвинат претходната Влада заради слабата електрична енергија, па ќе спроведат нов закон со кој се предвидуваат 100 милиони евра од буџетот за споменик од Никола Тесла, и на крајот ќе им замерат на СДСМ и Бранко затоа што тие го изгласале законот за споменикот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 16:16
Нашиот министер за финансии ја посетил швајцарската Влада и се зачудил затоа што тие имале министер за морепловство.Онака збунет го прашува нивниот министер : Па како тоа имате министер за воздухопловство а немате море ?
А овој му одговара : - Па исто како и вие што имате министерство за финансии , а немате финансии
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 16:25
Македонска делегација на чело со Никола Груевски заминала во посета на Кина. На аеродромот во Пекинг го пречекал кинескиот претедател и им рекол:

- Сега баш зборувавме за популацијата кај вас, кажете ми колку жители има Македонија?
На тоа Груевски гордо им одговара:
- 2 милиони.
На тоа претседателот им рекол
- Ееееее, па што не дојдовте сите?

Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 16:39
Караманлис умира од срцев удар и одма оде во пеколот каде го чека дежурниот ѓавол...

Ѓаволот: - Не знам што да правиме со тебе. На листата си, ама нема место за тебе, но сепак мора да останеш овде.
Еве што ќе направиме: овде има уште неколку личности кои се лоши како тебе. Ќе пуштиме една, а ти ќе го заземеш ослободеното место. Дури и ќе ти дозволам САМ да одлучиш кој сакаш да го замениш.

На Караманлис ова му се допаднало и така тргнале до првата просторија. Во неа бил Ричард Никсон кој се фрлал до длабок базен и испаѓал со празни раце, и цело време така од почеток: тоа му била досудената казна.

Караманлис: - Не, неможам ова, не сум баш добар пливач и нема да издржам ниту еден ден.

Ѓаволот го однел Караманлис до втората просторија. Таму бил Милошевиќ, а тој по цел ден држел говори за тоа како Србија итн...

Караманлис: - Не, неможам ни ова, грлото ме боли, а и кога зборувам се случува да кажам глупости.

И ѓаволот го однел до третата врата. Таму на подот бил заврзан Бил Клинтон со раширени раце и нозе, а над него била Моника Левински и го правела она што најдобро го знае.

На Караманлис не му се верувало што гледа и рекол:
- Еве ова мислам дека ќе можам да го правам.

А ѓаволот се насмеал и рекол:
- Добро Моника, слободна си. Сега можеш да одеш.



Изменето од sneska_v - 05.Август.2010 во 16:39
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2010 во 02:55

 Kandidat za gradonacalnik vo nekoe selo drzi miting i veli :

- Do vaseto selo ke napravime asfaltiran pat! Ke napravime i vodovod ! Ke izgradime i uciliste !

 A nekoj od nasobranata tolpa rekol:

- Ama vo seloto nema deca !

  Kandidatot izvikal:

- I deca ke vi napravime !!!
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2010 во 14:19
Додека одел по улицата македонски пратеник во собранието го удира камион и тој трагично загинува.
Неговата душа пристигнува во рајот и е пречекана од Св.Петар.

"Добредојде во рајот", му вика Св.Петар. "Пред да се сместеш, изгледа дека имаме проблем. Ние тука имаме процедура кога ни доаѓа некој "големец" како тебе, така да мора да бидеме многу официјални со вас политичарите, и затоа сега не сме сигурни што да правиме со тебе."

"Нема проблем, само пушти ме внатре", му вика политичаров.

"Па, јас би сакал, но имам наредби од "горе". Она што сега ќе го направиме е следново: ќе те пратиме да поминеш еден ден во пеколот и еден ден во рајот, па после тоа можеш да се одлучеш каде сакаш да ја поминеш вечноста."

"Но, навистина. Јас веќе се одлучив сакам да одам во рајот.", вели парламентарецот.

"Жал ми е, но ние тука си имаме наши правила."

И после ова Св.Петар го испраќа до лифт и парламентарецот оди доле, доле, доле во пеколот. Се отвараат вратите од лифтот и тој се наоѓа на средина од зелен голф терен. Во далечината се гледа клубот за голф играчите и пред неа се застанати сите негови стари пријатели и други политичари кои работеле за него.

Сите се многу среќни и во нивната најдобра облека. Се затрчуваат на кај него за да се поздрават, и се потсетуваат на старите добри времиња кога се богателе на сметка на другите луѓе.

Играат една пријателска игра во голф, и вечераат во ресторанот, со кавијар и шампањ.

Истотака, присутен тука е и ѓаволот, кој е многу пријателски тип, и се забавува играјќи со нив и кажувајќи шеги цело време. Сите заедно поминуваат толку  добро време, што пред да осети, веќе е време да оди.

Сите го испраќаат со жално срце, и му мавтаат додека лифтот се искачува нагоре.

Лифтот оди нагоре, нагоре, нагоре до рајот каде Св.Петар го очекува и му вели: "Сега е време да се посети рајот".

И така 24 часа поминуваат со парламентарецот кој е во друштво на други добри души, скокајќи од облак на облак, свирејќи на харфа и пеејќи. И овде има супер дружба и пред да свати веќе 24 часа поминале и Св:Петар се враќа и му вели: "Ете така. Помина по еден ден и во рајот и во пеколот. Сега одбери каде сакаш да ја поминеш вечноста."

Парламентарецот се замислува една минута и вели: "Па, порано не би ни помислил на ова, мислам, рајот беше супер немојте да ме разберете грешно, но сепак мислам дека пеколот ќе биде подобар за мене."

И така Св.Петар го испраќа до лифтот и тој оде надоле, надоле до пеколот.

Сега вратите се отвараат и тој се наоѓа на сред јалова земја прекриена со измет и ѓубре.

Ги гледа сите свои пријатели, облечени во наметки, како го собираат ѓубрето додека уште ѓубре паѓа одозгора.

Ѓаволот доаѓа над него и ја става раката над неговото рамо. "Не разбирам", -извикува парламентарецот. "Вчера бев овде и се беше прекрасно, со голф терен, шампањ, кавијар, играње и си поминавме прекрасно време. Сега има само земја - отпад, полна ѓубре и сите мои пријатели изгледаат мизаерно. Што се случи?"

Ѓаволот го погледнува, се насмевнува и му вели : "Вчера имавме кампања... А денес? Ти гласаше!"

Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2010 во 20:58
Владимир Путин, Џорџ Буш и Бранко Црвенковски се расправаат кој има најголема војска. Прво одат кај Владимир Путин и тој им вели
-Ја гледате касарнана?...

-Да.
-Е во неа има 2 000 војници сега замислете колкава војска е тоа.
Одат во Америка кај Џорџ Буш.  Им покажува 5-6 касарнии и им вели:
-Во секоја касарна има по 20 000 војници, па замислете си колку војска е тоа.
Одат во Македонија кај Бранко Црвенковски.
Со хелихоптер го прелетуваат Тетово.
Бранко Црвенковски паметен му рекол
-Ги гледате долу луѓено со бели капи?
- Ги гледаме.
- Сите тие ни се кувари па замислетеси колкава
војска ние имаме..

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 05:59
- Ало, дали е тоа Парламентот?
- Да повелете...
- Сакам да станам пратеник. Кој е условот за тоа?
- Ти бе, будала да не си???
- Да. Друго нешто треба?
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2010 во 19:15
Како Бранко ќе го победи Грујо на избори?
- Ќе ја стави Шехерезад за носител на листа. 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.