|
Власи |
Внеси реплика | страница <1 4344454647 66> |
Автор | ||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во контекс на вчерашниот празник и историјата на Власите убаво е за да се доживее вистинската порака убаво е да се чуе изворно...на влашки може да севклучи тука http://scd-lunjina.org/jezik_cincara/index.html и да ја чуе изведбата на Томе Караџиуа Иако реално пораката на Беламаче може секој да ја доживее и прими, подзамисли кога се откажува од своите корења..потеклото Изменето од mamamd - 24.Мај.2010 во 10:01 |
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Neka e cestit praznikot Dzua Natsionalâ iako so zadocnuvanje |
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Aleksandar Matkoski "Makedonskiot polk vo Ukraina, st.141
|
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
PROGRAM NA SREDBATA NA ARMANITE - MOSKOPOLE 2010.
12 - 15. AVGUST 2010. MOSKOPOLE - KORČA - ALBANIJA 1. ČETVRTOK, 12.avgust 11:00-12:30 h Otvaranje Sredba na Armanite- Moskopole 2010. Mesto: Grand Hotel Palace - Korča 14:00-17:30 h Simpozijum na tema: ’’ Moskopole - znacenieto so aspekt na identitetot na Armanite i negovoto mesto na Balkanot’’ Mesto: Grand Hotel Palace - Korča 18:00 – 20:00 h Galerija na umetnost – Armanski umetnici od cel Balkan Mesto:Memorijalna kuća Korča 2. PET0K, 13. avgust 13:00-16:00 h Simpozium na tema: "Pravoslavna duhovnost na Balkanot i nejzinata uloga i mesto vo razvojot na moskopolskata kultura" Mesto: Armanska crkva - Korča 20:00-22:00 h Spektakl armanska muzika vo izvedba na Armanite od Balkanot Mesto: Plostad vo Korča 3. SABOTA, 14. avgust 10:00-13:30 h Simpozijum na temu: Aktuelnata polozba na regionalnite narodi vo Evropa i posebno na Balkanot. Studija za Armanite Mesto:Grand hotel Palace - Korča 15:00-18:00 h Sostanok Sovet na Armanite Mesto: Grand Hotel Palace - Korča 19:30-2:30 h Teatarska pretstava ( na armanski jazik) Mesto, Dom na kultura vo Korča 4. NEDELA, 15. avgust 9:00-10:30 h Liturgija Bogorodična Mesto: Armanska crkva vo Mokopole 11:00- 18:00 h Golem sobir na Armanite vo Moskopole Mesto: Padini na Moskopole 5. PONEDELNIK, 16.avgust 11:00-12:00 h Konferencija za novinari Mesto: Grand Hotel Palace - Korča Изменето од ADVISOR - 22.Август.2010 во 16:22 |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од Каснакоски - 05.Август.2010 во 11:03 |
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Interesno bas ke istrazuvam na ovaa tema fala Kasnakoski |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Koga veke istrazuvas, vidi i tuka
http://www.revista22.ro/deportari-in-baragan-limbaj-morala-si-moravuri-2117.html |
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од ADVISOR - 22.Август.2010 во 16:21 |
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Враќање на митот за Москополе - Влашки Ерусалим Преданието за славата и богатството на Москополе како трговски, културен и образовен центар на Власите се пренесува од генерација на генерација, како спомен за трагедијата што во 18 век го снашла овој град, кој според сите карактеристики можел да стане престолнина на влашка држава "Бие камбаната. Света Марија е во Москополе" - стои испишано на влашки и на албански јазик на транспарентите со кои низ цела Корча во Албанија се најавува голем народен собир на Власите. Во Москополе, или Воскопоје (на албански) што го посетивме пред неколку дена очекуваат да дојдат дури 3.000 Власи од Албанија, Грција, Македонија, Србија, Романија, па дури и од Австрија и од Унгарија за да го оживеат митот за нивната неформална престолнина од 18 век.Влашкиот Ерусалим, или Мека - митското Москополе е село сместено во висорамнина на 1.160 метри надморска височина, на околу 20 километри западно од Корча. Денеска од она што пред два века било културен и економски центар на Власите останало село со околу 600 жители. Преку летото доаѓаат и семејства што живеат во други делови на Албанија и Грција, а тука имаат имоти, па ги обновуваат разурнатите куќи во викендички. Сите што ги сретнавме, покрај албански зборуваат и влашки јазик. Од Македонија до Москополе се стигнува многу едноставно. Преку граничниот премин Свети Наум, во Поградец се фаќа патот за Корча, кој освен неколку километри серпентини над Охридското Езеро е проширен и релативно брз, а потоа пред Корча се врти лево кон планините. Патот е тесен, но обновен со фондовите на Европската унија. Селото Москополе е исто така под заштита со намера тука да никне современ туристички скијачки центар. Според проект на Европската унија и УНДП градот треба да го врати автентичниот изглед од крајот на 18 век. Куќите се обновуваат на старите парцели кои се видливи од остатоците на урнатините, исклучиво со камен. Средсело има канцеларија на Италијанската техничка помош чии експерти ја надгледуваат обновата. Во селото нови се само таблите до културните знаменитости, но патиштата се оние што останале од пред два века. На северниот рид над градот се изградени два хотела, а зад нив во близина на манастирот Свети Јован Крстител уште еден со името "Академија" затоа што во врвот на процутот на Москополе градот имал и Академија. Освен манастирот, зачувани се и градбите на шест цркви, од седумдесетте што ги имал градот во времето на економскиот бум во втората половина на 18 век. Сите цркви се руинирани, без фрески и мебел, оти во времето на Енвер Хоџа биле претворени во магацини. Активна е само црквата Свети Никола изградена во 1721 година. Во неа се зачувани и фреските и иконостасот во длаборез и олтарот и престолот, но се во многу лоша состојба. На влезната порта стои и грбот на старото Москополе од средината на 18 век. Остатоците од градбите, пишуваните документи на различни јазици, како и усмените преданија сведочат дека Москополе во 18 век бил стопански, културен, образовен и верско-христијански центар на Балканот и неформална метропола на Власите. Од мала населба на овчарите во 17 век, Москополе во 18 век станал најважен стопански, културен и образовен центар на Власите. Во најдобрите денови градот имал околу 25 илјади жители, претежно Власи. Покрај болница, училишта, библиотека и висока школа - Академија, во Москополе имало и печатница, која, освен во Истанбул, била единствена на Балканот. Градот имал и стотина чешми, со три блока водоводи и резервоари на околните ридови. Делови од ќерамидите од тогашниот водовод, како и камените улици и денеска можат да се видат на повеќе места низ селото. Москополци тргувале со Германија, Венеција и Истанбул. Основна дејност била преработката на волна од овците, но како што растеле потребите на населението, покрај ткајачниците се отворале и други работилници. Според книгата "Трагедијата на еден град" на Дори Фало, Влав што е роден москополец, интелигенцијата и првенците на градот, свесни дека немаат татковина, согледувајќи ја јасно разликата меѓу нивната култура и грчката се обиделе од Москополис, како што го викаат Грците, да направат главен град на една идна татковина. Но, од тоа останал само влашкиот јазик кој претрпел големи промени. Се создал москополски дијалект на влашкиот кој бил поинаков од оној на првите жители - овчарите од планината, стилизиран, педантен и облагороден што го зборувала аристократијата. Пишани документи сведочат дека преродбата во Москополе била во духот на либерализмот и се гледала во облеката на жителите и уредувањето на домовите. Москополската аристократија ги напуштила овчарските облеки. Според записите на патеписците, жените носеле фустани од увезен штоф и кадифе, блузите им биле затегнати за да ги истакнат градите, а ракавите ги покривале рацете само до лактите. И куќите на богаташите претрпеле измени под надворешно влијание. Се користела свила, мангали од црвен бакар, слики на ѕидовите, фотелји, кревети со орнаменти, украси од злато и бронза, тешки орнаментални килими, увозни садови од порцелан и кристал. Заедничка карактеристика била потребата за убав изглед надвор од домот, па градот бил познат по цвеќиња, вазни и дворови опкружени со ќупови. Власите биле редовни плаќачи на данок на султанот и на везирот од Берат, и со пари си ја купувале слободата и независноста. Но, нивното богатство станало привлечно за локалните албански банди што ги напаѓале трговските карвани кои минувале низ градот. Првите напади почнале во 1769 година, а градот бил целосно уништен и населението протерано во 1788 година од војската на Али Паша Јанински. Има многу влашки песни кои ја опеваат суровоста на Али Паша и неговите јаничари. Историчарите велат дека на уништувањето на градот влијаела нетрпеливоста на москополската цивилизација наспроти заостанатите соседи. Силниот економски и културен развој и прифаќањето на филозофските гледишта на Западна Европа биле во спротивност со конзервативизмот на исламот. Начинот на живеење и верската поделба станале причина за меѓусебна омраза меѓу градот и локалната отоманска елита. Се појавила и алчноста за натрупаните богатства. И покрај тоа што редовно плаќале данок, тие ја изгубиле поддршката на Истанбул оти изразиле симпатии кон Русите во Руско-турската војна во 1769 година и дале поддршка за востаниците. Тогаш зајакнале и локалните таканаречени "господари на патиштата". Тие биле лути оти богатите москополци полни со злато трошеле многу пари за цркви, академија и библиотека, а ним не успевале да им ги испорачаат "договорените суми". Фало во својата книга за Москополе има забележано: "Богатството, цивилизацијата и омекнатиот карактер од првите храбри овчари направи луѓе кои не се дружеа со пушката и повеќе ја претпочитаа жолтата боја на златото, отколку мирисот на барутот. Имаа богати куќи и пари, но немале војнички дух". Сите јавни институции биле уништени. И библиотеката и Академијата, цели населби биле запалени. Но, црквите останале нечепнати, оти според верувањето на локалните отомански водачи "вакафите" треба да се почитуваат. Населението избегало кон Корча. Од таму се раселиле насекаде низ Балканот, а некои семејства завршиле и во Будимпешта и Виена. Семејства со исто презиме како оние што биле во Москополе, како Пескара, Пампера, Сина, сега може да се најдат во различни европски градови. Во близина на Корча има села со имиња на познати влашки семејства: Моцани, Нича, Полена... И тамошните села се со исти имиња како македонски села во кои живеат Власи. На пример, има три места со име Крушова, па Гопеш, Доброшани... Зошто во вицовите Власите се скржави? Од генерација во генерација се раскажуваат легендите за москополецот и за ќуповите полни со злато, како и жедта за оплодување и штедење. Има и многу вицови за скржавоста на Власите. Зошто? Во влашката традиција, која повеќе се темели на усно раскажување, како аманет стои дека богатството не треба да се покажува, а парите треба разумно да се трошат. Тоа е поука од трагедијата на Москополе. Во Москополе Власите си го покажувале богатството и затоа настрадале. Поради парите и богатството што го покажувале станале цел на прогон. Дори Фало во книгата за Москополе пишува: "Парата е оружје со две сечила и претставуваше главна закана за градот. Парата ги запалуваше, им го поматуваше умот, ги поттикнуваше страстите на господарите на планинските патишта". Но има бројни докази дека Власите во Москополе дарувале и големи суми, не само за цркви и културни установи, туку и за општо добро и од солидарност. Во градот имало сиропиталиште за мали и возрасни деца, па дури и старски дом. Дори Фало пишува дека Власите не биле скржави, туку мајстори за строга дисциплина во семејните приходи и расходи. Не дозволувале бесцелно да оди ни еден грош. Со калем се заведувал секој трошок. Со таква дисциплина живееле и сиромашните и средните семејства за да не создаваат долгови и ризични финансиски дупки. Па дури и богатите ги крателе сопствените трошоци кога биле во прашање пороците и претераното благородништво. |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За жал не успеав да отидам заради редицата за пасоши.
Она што го видов на ТВ покажа дека очигледно Албанија отиде многу напред во демократските процеси. После 10 века собир на оние чии пра пра дедовци биле убиени, масакрирани, протерани а оглиштето уништено. Убаво беше да се чујат сите тие податоци кажани таму,за историјата на Власите, но изгледа и за иднината. Како што кажа европратеникот и самиот Влав, Албанија дозволила археолошки ископувања и отворање пред очите на јавноста на зидините на 70 цркви, првата печатница на Балкант, првата детска градинка и многу други градби кои ги имало во тоа време во минатото. |
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Tokmu taka tamu se investira , patot do Moskopole e asfaltiran moderen podobar otkolku na primer Pogradec-Korca.Preubav sobir bese , nemase vreme se da se poseti , site crkvi bea ubavi golemi no vandalizirani.So pomosta od Evropskata unija konecno ke se restavrira ova neprocenlivo bogatstvo za Armanjite. S-banedza Armanamea |
||
g-1
Сениор Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
multi mileniumski kontinuitet
http://www.youtube.com/watch?v=40ZvwpbwGMo |
||
g-1
Сениор Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
не би се сложил со тоа што е изнесено. Робе не се бугаризирани кој знае од кога. Во 1895 при посетата на Вајган кој престојувал кај нив во Битола, истите биле далеку од бугаризирање. Исто така дел од родот Робе (Гроапа) уште од раниот среден век како владетели на Охрид и Гопеш, до ,неодамна живеел во Гопеш (овие си го имаат сочувано својот македон-армански идентитет). Добро е да се прочита делотo "Власите во Охрид" од Тодор Трајаноски, Охрид 1999. Кое е мислењето за етимологијата на населбата Канео или Месо Кастро, или можеби за потеклото на фамилиите Пирузе, Тунте,.....е,..е. |
||
Внеси реплика | страница <1 4344454647 66> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |