![]() |
|
Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4142434445 61> |
Автор | |
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ova se samo izolirani incidentni majmunlaci na poedinci (kako sto i se gleda na slikata), koi sakaat da si gi pokazat svoite naviki od po doma... Ako na stadion so 20000 publika eden vikne nesto nedolicno, ne treba da go kaznat klubot za toa |
|
![]() |
|
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
па точно и јас се прашувам зошто не го казнат овој на сликава
![]() Изменето од Schatzii - 30.Јули.2010 во 23:36 |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
![]() |
|
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
ZOTE ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 627 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еве го и на Internews.Нашиов "среќник" стана светски познат расист ![]() http://www.fcinternews.it/?action=read&idnotizia=24276 Изменето од ZOTE - 01.Август.2010 во 13:05 |
|
![]() |
|
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ..." Il tabloid prima si scatena contro l’uomo, definito scimmia pelosa e ritardato mentale,"... ne razbiram Italijanski, ama poslednoto go razbrav... |
|
![]() |
|
stigma04 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ТОП 5 КЛУПСКИ ВЕЛИКАНИ ВО СКОПЈЕ
Македонските фудбалски клубови во најдобар случај минуваат едно или две кола во европските купови секоја сезона и оттука многу ретко имаат можност да играат со реномирани противници. Па, сепак, меѓу традиционалните ривали од Кипар, Летонија, Ерменија и други слични држави, одвреме-навреме знаеше да се погоди и тим од Серија А, Англија или Франција. Ова се петте најзвучни европски фудбалски екипи кои гостуваа во Скопје на официјални натпревари. 1. Ливерпул Можеше Рој Хоџсон да доведе и деца од младинскиот погон на "црвените" на дуелот со Работнички, сепак, ќе останеше митот за Ливерпул, најтрофејниот англиски клуб и петкратен европски шампион. Можеби, не доведе деца, но за повеќемина од оние кои настапија ова, бездруго, беше деби на официјален натпревар. И тие беа доволни за рутинска победа од 2:0. 2. Рома По убедливата победа од 4:0 во првиот меч во Рим, Фабио Капело на македонската јавност и го ускрати задоволството да го види Франческо Тоти во Скопје. Неговото место го зазеде тогаш анонимниот Даниеле де Роси и против Самуел, Емерсон, Мансини, Касано... Вардар во 2003 година извлече чесни 1:1 со прекрасниот погодок на Захариевски од далечина. 3. Парма Иако, објективно, никогаш не спаѓаше во самиот врв на италијанскиот фудбал, ова е, можеби, најквалитетниот тим што некогаш настапил кај нас во рамките на еврокуповите. Во сезоната 2000/01, Победа против себе ги имаше Буфон, Канаваро, Турам, Милошевиќ, Дино Баџо, Сержо Консеисао, Ди Вајо... Последните двајца дадоа по еден гол на "Градски" за рутинска победа од 2:0. 4. Хамбургер Во конк*ренција на Борусија (М) и Шалке, Хамбургер е најреномираниот бундеслигаш кој гостувал во Македонија. И, како што тоа обично бидува, Хамбургер не ја сфати сериозно Победа како противник (или, зашто тоа беше само Интертото куп), па во Скопје испрати еден од своите споредни состави. И тоа беше доволно да ја растури Победа со 4:1. 5. Бордо И да истрчаше тогаш на теренот на "Градски", дали некој воопшто ќе знаеше кој е Зинедин Зидан. Зашто, тоа беше есента 1995 година. Зидан и Лизаразу не наврнаа тогаш на силниот дожд во Скопје и во тимот на Бордо против Вардар се појави само еден иден светски првак - Кристоф Дугари. Бордо славеше во Скопје со 2:0 и подоцна стигна до финалето на Купот на УЕФА. |
|
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
|
![]() |
|
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Реал Мадрид дава 20 милиони евра и Ван дер Варт за Тиаго Силва![]() Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид е подготвен веднаш да му плати 20 милиони евра на Милан за централниот дефанзивец Тиаго Силва, пишува денешниот број на италијанското електронско издание „Ита Спорт Прес“. Во гореспоменатиот износ ќе биде вклучен и холандскиот плејмејкер Рафаел Ван Дер Ваарт, кој и не успеа да се промовира во Реал, откако премина на Бернабеу во 2008-та година од составот на Хамбургер. Холанѓанецот одигра неколку поважни натпревари за актуелниот шпански вицешампион, но тоа беше тоа. Неговата цена во овој момент изнесува околу 10 милиони евра. Од своја страна, Милан бара 30 милиони евра за Силва и не е исклучена можноста тимот од Сан Сиро да ја прифати понудата на мадриѓани која е доста атрактивна |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
![]() |
|
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Баџо се враќа во италијанската репрезентација
![]()
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
![]() |
|
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Плетикоса на позајмица во Тотенхем![]() Според пишувањето на руските медиуми, хрватсикот репрезентативен голман, Стипе Плетикоса наредната сезона ќе ја помина на позајимца во редовите на Тотенхем. Лондонскиот клуб, односно нивниоттренер, Хари Реднап, веќе долго време го сака Плетикоса во своите редови, но Спартак не сака да го продаде, па поранешниот голман на Хајдук ќе го испрати на едногодишна позајмица во Тотенхем. Плетикоса е член на Спартак Москва од 2007-та година, а претходно беше член на Шахтјор Доњецк каде помина 4 години, но сепак не се снајде најдобро. Сепак, официјални нема потврдувања за ваквиот епилог од двата клубови, но се очекува тоа да биде во наредниот период. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
![]() |
|
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Маикон ја прифатил понудата на Реал
![]() Според информациите на шпанскиот весник „Ас“, десниот бек на Интер нема ништо против за годишна плата од 5,5 милиони евра да заигра за тренерот Мурињо, новиот стратег на Реал. Истиот извор наведува дека кај управата на италијанскиот и европскиот шампион има волја да ја спушти цената од 28 милиони евра за овој трансфер. По овој повод во Мадрид се сретнале раководните луѓе на "кралскиот клуб" и менаџерот на Маикон, Антонио Калиендо, кој успеа да успеал да се договори од преселбата на дефанзивецот во редовите на вице шампионот да му припаднат дури 3,5 милиони евра. Останува уште само Реал и Интер да се усогласат околу конечниот износ па овој трансфер да се официјализира, наведува „Ас“. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
![]() |
|
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Торес останува во Ливерпул!
![]() "Мојата посветеност и верност кон клубот и навивачите е иста како и првиот работен ден кога потпишав за Ливерпул. Се радувам на предизвиците кои ни претстојат. Од првиот ден во Ливерпул се чувствував како дома. Чувствувам дека навивачите ме сакаат и сите знаат колку сум среќен што играм на Енфилд. Трофеите со Ливерпул и понатаму се моја цел како што и секогаш биле", изјави шпанскиот репрезентативец на официјалната интернет-страница на Ливерпул. Медиумите шпекулираа дека Торес, како и капитенот Стивен Џерард, во летниот преоден рок ќе го напуштат клубот бидејќи тимот е далеку од борбата за шампионската титула, а лани не успеа ниту да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Двајцата екстра-фудбалери јавно се пожалија на недостигот од квалитетни играчи во екипата поради што Ливерпул последните сезони не може да им парира на ривалите иако во 2009 година за малку не ја освои титулата бидејќи беше лидер во поголемиот дел од сезоната, а на крајот Манчестер Јунајтед заврши со предност од три бода. Двајцата, меѓутоа, во меѓувреме истакнаа дека ќе останат во Ливерпул без оглед на заминувањето на Рафаел Бенитез од менаџерската позиција и назначувањето на Рој Хоџсон. Ливерпул за следната сезона се засили со српскиот репрезентативец Милан Јовановиќ и со Џо Кол кој дојде од Челзи. Токму од него навивачите на "црвените" очекуваат многу во новата сезона. "Џо е токму таков фудбалер каков што ни е потребен. Сакам да играм со такви фудбалери, со играчи кои можат целиот тим да го подигнат на повисоко ниво. Џо име неверојатно додавање и се надевам дека ќе ми создава шанси и ќе биде мошне важен дел од нашиот тим", заврши Шпанецот. Засега од Ливерпул си замина единствено Емилијано Инсуа, но и неговиот трансфер во Фиорентина се соочува со проблеми од непознати причини. Од друга страна, Хавиер Маскерано најави дека ќе си замине во Интер, но се уште нема официјални реакции од двата клуба |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
![]() |
|
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Италијански фудбал во недела напладне
![]() Она што е интересно е дека од новата сезона натпреварите во италијанското првенство ќе се играат во пет термини место во четири како што тоа беше случај до лани. Новина е терминот 12:30 часот во недела кој треба да понуди дополнително возбудувања на љубителите на Серија "А". Шест натпревари ќе се играат од 15 часот, а дербито на колото најчесто во вечерниот термин од 20:45. Исклучок ќе бидат август и септември и тоа од оправдани причини. Поради високите температури, во овие два месеци нема да има фудбал во раниот неделен термин, туку натпреварите ќе се играат од 15 и 19 часот. Што се однесува до првото коло, поради настапот во Супер-купот на Европа, Интер ќе гостува во Болоња дури во понеделник (30 август), а неделните натпревари ќе бидат во други термини. Таа недела (29 август) од 18 часот ќе се сретнат Бари и Јувентус, а другите шест дуели се од 20:45 часот. 1. КОЛО САБОТА (28.08.2010) -УДИНЕЗЕ - ЏЕНОВА 18 ч. -РОМА - ЧЕЗЕНА 20.45 ч. -НЕДЕЛА (29.08.2010) -БАРИ - ЈУВЕНТУС 18 ч. -КИЕВО - КАТАНИЈА 20.45 ч. -ФИОРЕНТИНА - НАПОЛИ -МИЛАН - ЛЕЧЕ -ПАЛЕРМО - КАЉАРИ -ПАРМА - БРЕША -САМПДОРИЈА - ЛАЦИО ПОНЕДЕЛНИК (30.08.2010) -БОЛОЊА - ИНТЕР 20.45 ч. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Селекторот на Шпанија, Винсенте дел Боске, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за пријателскиот натпревар со Мексико, закажан за следната среда. Дуелот со Мексико ќе биде прв натпревар на „црвената фурија“ по освојувањето на титулата светски првак. Поради натпреварот во Суперкупот на Шпанија, на програмата е на 14. август, селекторот не ги повика играчите на Барселона и Севиља, додека поради повреди ќе отсуствуваат Торес, Реина и Иниеста. Дел Боске во репрезентацијата го врати Санти Казорла од Виљареал, а нови имиња се Игнасио Монреал од Осасуна и Бруно Сориано од Виљареал.
Селекторот на Белгија, Жорж Лискенс за пријателскиот натпревар со Финска го повика напаѓачот на Андерлехт, 17-годишниот Ромелу Лукаку. Одлуката на селекторот не им се допаѓа на челниците на Андерлехт кои сметаат дека Лукаку има повреда на коленото. Ромелу Лукаку, минатата сезона беше најдобар стрелец во првенството на Белгија. Белгија квалификацискиот циклус за пласман на ЕП во 2012 година ќе го започне на 3. септември, противник ќе биде Германија. Чо Кванг-Реј, како селектор на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја ќе дебитира на 11. август против селекцијата на Нигерија. Во однос на екипата која настапи на СП во ЈАР, Кванг-Реј повика шестмина нови фудбалери. Од играчите кои настапуваат во Европа, натпреварот ќе го пропушти само фудбалерот на Болтон, Ли Чунг-Јонг. Јужна Кореја и Нигерија играа во групната фаза на Мундијалот, натпреварот заврши без победник 2:2.крај |
|
![]() |
|
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СО НАСМЕВКА НА ЛИЦЕТО
Фабрегас се приклучи на тренинзите на Арсенал ![]() Барса, од чија фудбалска школа излезе Фабрегас и пред седум години дојде во Арсенал, летово испрати понуда од 30 милиони фунти за него, но тоа е премалку за челниците на лондонскиот клуб кои по никоја цена не сакаат да се откажат од својот капитен. Освен тоа, во јавноста наизменично излегуваа ѕвездите на Барселона: Карлес Пујол, Лионел Меси, Чави и Иниеста кои постојано повторуваа дека очекуваат ова лето како партнер на теренот да го имаат Фабрегас., А, 23-годишниот Шпанец вчера во одлично расположение тренираше со фудбалерите на Арсенал на својот прв тренинг во пресрет на новата сезона. На почетокот од оваа недела тој пристигна во Лондон, а откако имаше една средба со менаџерот Венгер, вчера почна и да тренира. На стадионот на Арсенал, каде што вчера се одржа тренингот, присуствуваа десетина илјади навивачи на "топчиите" кои со овации го пречекаа Фабрегас и со неколку транспаренти јасно му ја искажаа својата љубов замолувајќи го да остане. Фудбалерот не даде изјава, но беше очигледно дека е среќен поради ваквиот пречек од навивачите. Инаку, новата сезона во Премиер-лигата почнува идниот викенд, а поради доцното приклучување на подготовките, Фабрегас најверојатно нема да игра на отворањето против Ливерпул. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4142434445 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |