IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Научни вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Научни вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 14>
Автор
Порака
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2010 во 12:04
...ke ispopagjame site,...kako krushki prezreani...намигнување

zoshto obichni lugje ,..se zamaraat so takvi "problemi"...ich ne mi e jasno !изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2010 во 19:07
највероватно за да ја разбијат монотонијата на „обичниот“ живот голема%20насмевка
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2010 во 19:08
Originally posted by d4 b3 d4 b3 напиша:

што би се случило кога Земјата би престанала да се врти околу својата оска

pa oskata e definirana bash poradi vrteneto

nema vrtene - nema oska


i nishto ne e recheno za Koriolisovite sili


slaba rabota, pak nekoj barta pari




ту бре ... ама си ситничар плазење
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2010 во 19:14
Вонземјаните твитуваат со нас изненадувањеизненадувањеизненадување

Вонземјаните можеби користат космичка верзија на Twitter за да комуницираат со нас, но ние ги испуштаме нивните пораки со декади. Методот на комуникација се поврзува со социјалната мрежа Twitter каде корисниците контактираат меѓу себе со помош на кратки пораки или твитови.

Калифорнискиот физичар Џејмс Бенфорд заедно со својот брат Грегори верува дека научниците со години имаат погрешен пристап кога станува збор за комуникацијата со вонземјаните.

Пишувајќи за списанието Astrobiology, тие тврдат дека доколку вонземската цивилизација сака да воспостави контакт со нас ќе користи начин на комуникација кој е ефикасен и не троши премногу енергија, наместо да се расфрла со бесмислени сигнали.

Браќата Бенфорд веруваат дека вонземските сигнали би биле насочени во една насока додека сигналот би се движел од еден до 10 гигахерци. Според нив потрагата по вонземјани се фокусира во погрешна насока во смисла дека не се анализира вистинскиот тип на сигнали.

Бенфорд сугерираат дека антените наместо да бидат насочени кон околните ѕвезди, треба да се насочат кон центарот на нашата галаксија- Млечниот Пат.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 06:59
Откриена ѕвезда 10 милиони пати посветла од Сонцето?

Британските астрономи објавија дека ја откриле најголемата ѕвезда видена во Универзумот. Според податоците, најголемата ѕвезда, која 320 пати е помасивна од Сонцето и која свети 10 милион пати повеќе се наоѓа во маглината Tarantula, која е сместена во Магелановиот облак, мала галаксија која што е сопатник на нашиот Млечен Пат, објавува британскиот весник, Telegraph.

Научниците со помош на снимките од телескопот Hubble, како и од Големиот телескоп (ELT), кој се наоѓа во Европската јужна опсерваторија во Чиле (ESO) ја открија ѕвездата која што ја нарекоа R136a1.

Најголемата позната ѕвезда до сега беше околу 150 пати поголема од Сонцето, и за неа се сметаше дека е на самиот космички лимит кога станува збор за големината на ѕвездите. Имено, што е ѕвездата поголема, поголема е и количината на енергија која таа ја создава, па така ниту гравитацијата не е во состојба таа енергија да ја одзема и да ја одржи ѕвездата слободна. Вакви ѕвезди порано или покасно експлодираат и стануваат супернова.

- Температурата на оваа ѕвезда е поголема од 40.000 целзиусови степени и таа е околу 10 милиони пати посветла од Сонцето, изјави др. Пол Кровтер, кој го предводи ова истражување.

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 02:02
Половина милион галаксии - ваше е да ги истражите!


Дури повеќе и од фотографија „Хабл Дип Филд“ (анг. Hubble Deep Field) на вселенскиот телескоп Хабл! Канадско-француско-хавајскиот телескоп направи нова фотографија на длабокиот Универзум, на која се гледаат, ни повеќе ни помалку, 500.000 галаксии, на далечина до околу 7 милијарди светлински години. Низ целата фотографија во висока резолуција буквално може и да се сурфа со интерактива интернет алатка на веб страната на опсерваторијата.



Оваа нова фотографија е резултат на акумулирање на неколку стотици часови светлинска енергија во период од пет години (2003 - 2008), при што е користена камера од 340 мегапиксели, наречена MegaCam.

Фотографираната област, како и уште три слични на неа од други делови на небото, биле систематски набљудувани секоја трета ноќ, за да се забележат бледи супернови, кои се создаваат во далечните галаксии, со цел да се проучи ефектот на мистериозната темна енергија, која е причина за забрзаното ширење на Универзумот.

Со стакирање на поединечните фотографии направени со MegaCam била создадена една главна фотографија на густо распоредени далечни галаксии. Со примена на посебна техника на набљудување, било овозможено покривање на видно поле поголемо од она на самата камера, што довело до фотографија од 370 мегапиксели. На целата фотографија може да се избројат приближно половина милион галаксии.
 
Со оглед на тоа што покрива област од еден квадратен степен на небото (околу 5 пати поголема површина од големината на полна Месечина) фотографијата и така е импресивна. Ултрависоката резолуција на фотографијата овозможува да зумирате дури и нејзини ситни делови за да видите неверојатен избор на галаксии на растојание до околу 7 милијарди светлински години, што е околу половина од растојанието до крајот на видливиот универзум. На фотографијата видливи се и неколку поблиски ѕвезди од нашата сопствена галаксија. Но, речиси сè останато што може да се види на оваа фотографија се далечни галаксии.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 06:43
 Пронајдени остатоци на цивилизација постара од Инките
 

Перуански археолози на северот од земјата, во археолошкиот комплекс Лас Вентанас пронајдоа остатоци од скелет на човек за кој се верува дека припаѓал на цивилизација постара и од Инките.

Археологот Карлос Елера изјави дека остатоците се откриени во северниот дел на регионот Ламбајек, и оти потекнуваат од периодот меѓу 700 и 1375 година.

Меѓу пронајдоците, ископани пред две седмици во археолошкиот комплекс Лас Вентанас се наоѓа и некој вид на саркофаг за возрасни со прекривка за глава и маска за очи кои се карактеристични за културата на градот Сикан.

Меѓу најдените предмети има и нож ш
 
то се користи при церемонијални обреди, парчиња керамика, текстил и бакарни чинии.

Од април, од кога се започнати истражувањата во Лас Вентанас, пронајдени се остатоци од најмалку 20 скелети. Меѓу нив има и скелет на дете на возраст од три до четири години, за кое се верува дека живеело во периодот од 1100 до 1150 година.
 
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 15:46
Откриен микроорганизам - извор на животот

Научниците открија микроорганизам, кој претставува извор на биолошкиот живот на Земјата и во целата вселена. Научници од Рио де Жанеиро по серија експерименти,откриле дека бактеријата Deinococcus radiodurans е всушност "семето на животот".

Се смета дека овие бактерии имаат практично неограничена способност да преживеат различни екстремни ситуации - во текот на експериментите тие издржале смртоносна радијација за разлика од сите други живи организми, агресивни хемиски средини, екстремно ниски температури, но и топлината, како и подолг престој во вакуум.

- Високиот степен на преживување на оваа бактерија ја прави главен кандидат за извор на биолошки живот во вселената, вели раководителот на тимот.

Бактеријата била откриена случајно од бразилски научници пред 5 години. Граничната способност на оваа бактерија се објаснува со фактот дека може да има до 10 целосни копии на својата генетска структура.

Вообичаено другите живи организми имаат само една копија.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 15:49
Откриена уште една ѕвезда во Големата Мечка


Опашката на Големата Мечка стана посилна! Астрономите пронајдоа уште една дополнителна ѕвезда лоцирана во Големата Мечка, која е невидлива за голото око. Алкор (Alcor), една од ѕвездите кои го прават искривувањето на опашката на Големата Мечка, како придружник има едно мало црвено џуџе, кое орбитира околу неа. Новата ѕвезда, сега позната како Алкор Б, е пронајдена преку иновативна техника наречена „вообичаено паралактично движење“ (анг. common parallactic motion).

Првата фотографија на Алкор и неговиот придружник Алкор Б

„Употребувавме сосема нова техника за определување на тоа дали некој објект орбитира околу блиска ѕвезда“, вели Бен Опенхејмер (Ben R. Oppenheimer), к*ратор во Музејот за историја на природата во САД. „Галилео покажал голема напредност во негово време. Пред 400 години, тој сфатил дека доколку Коперник бил во право, и Земјата орбитира околу Сонцето, тогаш може да го прикаже тоа со набљудување на ‘паралактичното движење‘ на блиските ѕвезди. Неверојатно, но Галилео се обидел да го искористи Алкор за да го види ова, ама ја немал потребната прецизност.“

Доколку Галилео можел да ја види промената во позицијата на Алкор со текот на времето, тогаш ќе можел да докаже дека Коперник бил во право. Паралактичкото движења е привидно годишно движења на блиските ѕвезди во однос на подалечните ѕвезди, со оглед на тоа што набљудувачот од Земјата кружи околу Сонцето и ги гледа овие ѕвезди од различни места во текот на годината.

Ѕвездата ја пронајдоа членови на меѓународниот тим „Проект 1640“ (Project 1640), кој вклучува астрономи од Американскиот музеј за историја на природата, Институтот за астрономија на Универзитетот Кембриџ, Институтот за технологија во Калифорнија и Лабораторијата за мотори на млазен погон на НАСА.
 
Алкор е релативно млада ѕвезда со маса два пати поголема од таа на Сонцето. Ѕвезди со оваа маса се релативно ретки, сјајни и со краток животен век. Тој и неговите „роднини“ од Големата Мечка се оформиле од ист облак од материја пред околу 500 милиони години, што е доста невообичаено за едно соѕвездие, бидејќи најчесто соѕвездијата се само случајно поврзани ѕвезди на небото. Алкор го дели своето местото во Големата Мечка со една друга ѕвезда, Мизар. Овие две ѕвезди се користат како тест за добар вид - оние кои можат да ги разликуваат овие две ѕвезди имаат добар вид. Еден од колегите на Галилео забележал дека Мизар, всушност, е двојна ѕвезда, што го прави првиот бинарен ѕвезден систем откриен од телескоп. Многу години потоа, беше откриено дека и Мизар А и Б се двојни системи, што значи дека системот, всушност, е составен од четири ѕвезди.

Во март 2009 година членовите на Проект 1640 го поврзале својот коронограф со адаптивната оптика на 200 инчниот Хејл телескоп во Опсерваторијата Паломар, во Калифорнија, и го насочиле кон Алкор. „Веднаш забележав слаба точка на светлина веднаш до ѕвездата“, вели Нил Зимерман (Neil Zimmerman) од Универзитетот Колумбија, кој работи на својата докторска дисертација во Музејот. „Никој не го беше пријавил овој објект претходно, а и се наоѓа премногу блиску до Алкор, па заклучивме дека најверојатно се работи за непозната ѕвезда придружник.“

По неколку месеци, тимот повторно го набљудувал истото место и открил дека ѕвездата го има истото движење како и Алкор, со што се докажува дека се работи за ѕвезда придружник.

Алкор и неговиот помал придружник, Алкор Б, од нас се оддалечени околу 80 светлински години и комплетираат една орбита околу себе на секои 90 години. Тимот, исто така, одредил дека Алкор Б припаѓа на ѕвездената класа М, т.е. црвено џуџе, кое има маса околу 250 пати поголема од масата на Јупитер или грубо како четвртина од масата на Сонцето. Придружникот е многу помал и поладен од Алкор А.

„Црвените џуџиња не се наоѓаат често околу посветли и помасивни ѕвезди како Алкор, но претпоставуваме дека ова е доста вообичаено“, вели Опенхајмер. „Ова откритие покажува дека дури и најсјајните и најпознатите ѕвезди на небото имаат тајни, кои допрва ќе се откриваат.“
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2010 во 18:16
НАСА пронајде 140 нови планети слични на Земјата

Вселенскиот телескоп Kepler, пратен во вселената пред само шест дена, пронајде нови 140 планети слични на Земјата, што ја поттикна надежта дека постојат светови слични на нашиот.

Мисијата на масивниот телескоп е тој да пронајде планети слични на Земјата, кои орбитираат околу другите ѕвезди. Со камера од 95 пиксели, Kepler ги снима и ги анализира планетите.

Новите резултати се спротивни од раните теории кои тврдат дека мали планети слични на Земјата се многу ретки.

- Процените укажуваат на тоа дека нашата галаксија, Млечен Пат, содржи 100 милиони планети на кои е можен живот. Нашиот мал телескоп во следните две години ќе може да ги пронајде најмалите 60. Има тука уште многу работа, но статистичките резултати се јасни и гласни, а тие кажуваат дека планети како Земјата навистина постојат, изјави за CNN, астрономот Димитар Саселов, професор на Харвард.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 13:52
Опасен астероид ќе ја погоди земјата во 2182. година?

Шпанските научници утврдија дека астероидот наречен 1999 РЉ 36 има веројатност да удри во Земјата од еден спрема 1000, а ако тоа се случи најверојатно ќе биде во 2182. година.

Тие користејќи математички модели го пресметаа ризикот дека астероидот ќе удри во земјата до 2200. година. Двата математички модели кои се користени покажале дека веројатно тоа ќе се случи во 2182. година. Деталите од истражувањето се објавени во списанието „Икарус“.

Астероидот 1999 РЉ36 е голем 560 метри и е откриен во 1999. година. Удар на ваков астероид во земјата би направил огромна штета на местото на ударот.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2010 во 07:09
Фосилизирани остатоци пронајдени на Марс

При истражувањата на пространствата на планетата Марс научниците пронајдоа карпи за кои се верува дека содржат фосилизирани остатоци од некогашни живи суштества, јавува BBC.

Тимот предводен од научниците од Калифорнискиот институт за пронаоѓање на вонземски цивилизации (Seti) објавува дека хидротемални процеси се исти како и на земјата кои ги зачувале остатоците на животот на Марс во неговата област позната како Nili Fossae.

Тие карпи се стари околу четири милијарди години. Карбонатот на нив прв пат е откриен во 2008-ма година, а тоа откритие ги воодушеви научниците бидејќи претставува дефинитивен доказ дека црвената планета некогаш имала услови за постоење на живот.

Адријан Браун од институтот Seti го предводел ова истражување. Тој го користел инструментот на НАСА познат како Crism за да ги проучува карпите во областа Nili Fossae со помош на инфрацрвен зрак. На ист начин биле проучувани карпите во Пилибар во Австралија.

- Со ова добиваме увид во тоа што се случувало во првите фази од настанувањето на Земјата, вели Браун кој додава: Само живот може да формира вакви облици, а не геолошките процеси.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2010 во 12:47
Пронајден брод кој во Артикот бил заглавен 150 години

Канадските археолози го пронајдоа бродот „HMS Investigator“ кој пред повеќе од 150 години се изгубил во потрага за експедицијата на сер. Џон Френклин во легендарниот Северозападен премин. Бродот се заглавил во мраз во 1853-та години, а истражувачите го пронашле во заливот на канадскиот дел на западниот Артик.

- Бродот беше во исправена положба и во многу добра состојба. Водата на местото на кое го пронајдовме беше длабока околу 11 метри, изјавија истражувачите, истакнувајќи дека нивното откритие е од голема важност.

„Investigator“ бил еден од многуте американски и британски бродови кои биле пратени за потрага на HMS „Erebus“ и „Terror“, а кои биле под заповедништво на сер Френклин во неговата несреќна потрага по Северозападниот премин во 1845-тата година.

Британската влада е известена дека е откриен еден од нивните бродови, како и тела на три морнари.

Археолозите од агенцијата „Parks Canada“ пристигнале во заливот на 22-ри јули. Три дена покасно, мразот во заливот се стопил до таа мера да тие успеале да го забележат врвот на дрвениот брод, кој за чудо останал во многу добра состојба.

Следниот чекор ќе биде поставување на видеокамера на далечинско управување со цел да се добие подобар увид во состојбата на бродот. Исто така, археолозите најавија дека ја продолжуваат потрагата по „Erebus“ и „Terror“, јавуваат британските медиуми.


Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2010 во 00:43
Предвидувањата за земјата

После 6 месечното бушење на ледот на Гренланд, научниците дојдоа до примероци стари 130.000 години кои ќе им помогнат при утврдувањето околу тоа...

 

.. каква била климата во тој период и според тоа - да ја проценат нејзината иднина и тенденции.

Примероците од лед се наоѓаат во јадрото на длабочина од 2,5 километри, а првите анализи покажуваат дека тогаш на Земјата било 3-5 степени потополо отколку сега. predviduvanjata-za-zemjata

Начиниците предупредуваат дека доколку не се намали испуштањето на стакленички гасови, би можеле да се соочиме со зголемување на глобалната температура за 6 степени во однос на пред-индустрискиот период, со што на поголемите делови на нашата планета ќе биде невозможно да се живее.

Санта ледот кој е извлечен во вторникот ќе им помогне на тимот составен од научници од 14 земји, да одговорат на главното прашање: колку ледената површина на Гренланд се има стопено во последните 120.000 години, како последица на глобалното затоплување, односно - колку е зголемено нивото на морињата и океаните.

Она што вистински заплашува е фактот дека климатските промени продолжуваат така што во последниот век, глобалната температура ќе се зголеми за 0,8 Целзиусови степени. Некои научници предвидуваат дека набрзо нивото на морињата и океаните ќе се зголеми за повеќе од метар, така што многу градови ќе бидат потопени, а милион луѓе ќе мораат да бараат посигурни места за живеење.

Ледената површина која денес постои на Земјата, во случај на топење, ќе го подигне нивото на морињата и океаните за вкупно 7 метри.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.